Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.682
    Пол:
    Женски
    Прво ќе се извинам кон @cresa-jagoda пошто после се шо се изнапиша, од долно, подолно, имам потреба да се обратам директно кон @edna_malecka.

    Прво, жал ми е за сите коментари. Ме револтораа јас кога ги читав, не можам да замислам како ти беше тебе. Најважно нешто шо ти треба е одделување од дома и терапија. Со причина повеќето беа согласни на ова, иако радо се фиксираа на работи кои не се релевантни. Терапија е ефективна, ама дур си во токсична средина ќе одржуваш симптом под контрола, нема да го решиш. Тргање од таа токсична средина ќе ти годи. Ама како то? Неколку идеи: работа на пола работно време можи да ти овозможи трошкови за твоето ментално здравје дур си во домот, со работа и повеќе цимерки ќе добиеш 2в1 - социјализација плус самостојност. Можиш да добиеш помош на апликации како разговори.мк или со упат од матичен на државно, тука цената веќе е и многу симболична.

    Следно, сакам да дам краток коментар за осаменоста и потребата за социјализација. Луѓе сме. Природно е да ја имаме таа потреба и за жал најчесто кога велиме дека сме среќни без неа - се лажиме себеси. Сум била на место кога сметав дека сум така посреќна. Од сегашен аспект знам дека не било така. И океј е да менваш пријатели и да имаш луѓе само за кафе, само за прошетка. Да смениш. Еј, дури и виртуелно е подобро од воопшто социјализацијата. Пробај играј некоја игрица, ќе запознајш луѓе така, ќе се дружите виртуелно и ако се блиску и ирл.

    Барање помош, потпирање на друг човек - не е слабост.

    И за крај делот за кој беше критикувана, неосновано. Едино пази шо им велиш на домашните за да не те снајди нешто лошо. Не за да добиеш милост од нив, или да им дајш почит која не ја заслужуваат. Ама ако ти олеснува? Вели шо сакаш. Во незавидна позиција си. И подобро да извикаш шо те мачи него и то да е дел од многуте работи кои ги истиснуваш. А, добив впечаток дека истиснуваш голем дел од себе кога реплицираше на друга членка тука. Истиснување на проблем не те прај помалку емотивен, ни помалку несреќен. Туку само то го криеш. И то скриеното необработено расти, и расти. Така да ако ти олеснува да викаш - викај! Ако ти олеснува да пишиш дека ти е тешко - пиши! И ако некој то речи дека се поставуваш како жртва, потсети го дека си. И имаш право барем дел од товарот да истуриш негде, особено на форум, на место дури и наменето за то.

    Така да те молам. Пиши почесто. Важно е товарот негде да го извајш. Советите - тие се. Сите треба да сме свесни дека преку ноќ не се наоѓа ни работа, ни цимери, ни се има финансии за терапевт. Ама во меѓувреме, важно е да ти олеснува.

    Се најдобро. :hug:
     
    На Kaja991, chokova93, IRBBB и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.786
    Допаѓања:
    19.621
    Пол:
    Машки
    Го гледам како се распаѓа психички и физички, и ми плачи душата. Вчера два пати паднал ја расцепил глата, третиот пат веќе баба ми не можеше да го крева ми се јави мене.

    Се испомочал на паркет, лежи тука и не кажува... го кревам вика ме боли итн. Си размислувам во себе, вријам зошто секогаш го прави она што не чини, секогаш погрешниот избор и си размислувам за себе си, џабе е се што ќе му зборувам. И така го седнав/легнав на кревет, повторно стана повторно ги слекува алиштата и само го следам и гледам... и си плачам во душата.
     
  3. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам пренапорно, изморено од сите и од се. Преполна со негатива, грди чуства, љубомора неможам да се исконтролирам повеќе... никогаш ваква не сум била и ми смета неможам повеќе да издржам неможам луѓе не ми се живеј е до толку..
     
    На Ladyy* и Hortenzija им се допаѓа ова.
  4. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми пиши? Ми треба разговор и доколку може и совет. :)
     
  5. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    3.614
    Пол:
    Женски
    Поминав низ истото и нема утеха. Нема утеха за човек кој ме израснал во раце, човек кој скришно ми купуваше чоколада за да јадам иако мајка ми не ми даваше, лицето кое го гледав после секое последно ѕвонче од прво до четврто. Повеќе не е меѓу нас ама останаа спомените за него, онаков каков што беше пред болеста. Биди му благодарен на Бога за секоја минута со него и утеха најди во фактот дека имаше таков човек покрај себе во детството со кој си изградил спомени.. некои и тоа не го доживуваат, за жал.
     
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Мислев дека го направив правилниот избор кога се запишував на факултет, ама еве 3 години подоцна сфаќам дека не можам да се замислам како го работам тоа што го учам. Искрено, ни самата не знам што ме влече, само сум сигурна дека ова што го учам сега, не е тоа тоа.
    А што е најлошо, не смеам ни да помислам да го паузирам/откажам факултетот. Не дека сум престарена, 22 години имам, се надевам не сум ни прва ни последна што не знае што сака да прави во животот. Се нервирам што се уште се немам запознаено себеси, не знам што посакувам, не знам кон што 100% би се насочила и дала се од себе..
     
    На Ladyy*, Acronia, ушко и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Како да се справам со помислата дека повеќе нема да те видам, слушнам, гушнам...
    Како ќе течи животот без тебе...
    Кој сега ќе ми биди поткрепа...
    Зошто се случи ова, зошто повеќе да не си ги видиш твоите внуци, кои постојано те бараат..
    Зошто да не поуживаш во животот конечно...

    Најдобриот човек што го познавав, замина...толку млад...

    Не сакам ова да е вистина... Како да продолжам понатаму...
     
    На Ugly Duckling, BlackNight и pikabu5 им се допаѓа ова.
  8. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Како доста повозрасна од тебе, но и со искуство и работно и животно, би те советувала веќе во оваа фаза да не го откажуваш факултетот, но размислувај понатаму за наобразба, наградба, во форма на постдипломски, понатаму докторски студии или некој курс, обука во поле кое би те интересирало и како би ги вклопила, комбинирала обете. Друго, јас премногу си го сакав факсот и песна ми беше, работам по проблематиката од студиите која најмалку ја сакав, најдов убавина и во тоа, сега овој период работата и работното место ми е премногу актуелно, а доста придонесувам за организацијата во финансиска смисла. И докторатот ми е мошне сроден со она што го работам иако кај нас не се реализрал сеуште проект по таа област, додека во регионот е доста актуелна тема, а во Европа и светот премногу разработена со бројни примери. Магистратурата ми беше од сосем трета област, но апсолутно спојлива со примарната струка. Е, сега конкретно би рекла дека за жал во нашава ни држава мојата примарна струка не може да засјае ни приближно во полн сјај, заради неорганизираноста, хаосот и правната несигурност која владее на ова тло што буквално го уби секој атом ентузијазам кај мене, а сигурна сум и кај многу други.Накратко, никогаш не знаеш какви точно шанси ќе ти се отворат со она што го студираш и секогаш имаш можност да го надополниш своето знаење и во друга насока, зошто човекот учи додека е жив.
    Да се надополнам , во оваа фаза кога уште не знаеш што сакаш терај со факултетот, а смерниците за надградба понатаму животот ќе ти ги покаже. Полека и смирено.
     
    На SkarletOHara, Dream-Girl, SnowWhite8 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    5 година по ред како ќе го седам летото дома. Со душа го чекав летото, му се радував, веќе не
     
    На BlackNight, edna_malecka и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  10. ThePharmacist

    ThePharmacist Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Машки
    Одмор е и дома седење, пуштање музика,јадење сладолед, пиење коктел, бањање во базент, шетање до Водно, кафе со другарки и слични работи со кои си го релаксираш мозокот. Одморот не е само Грција и Охрид.
     
    На Hortenzija, SnowWhite8 и Elf им се допаѓа ова.
  11. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Фала, како не ми текна на тоа..
     
    На Hortenzija, MeowMeow и ThePharmacist им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    18г езеро, море незнам што е.
    На карта незнам да покажам а не па да сум била.
    Не си единствена.
     
    На Hortenzija, macor24, Elf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Ставам лајк, а всушност ми е знак на поддршка. Ви посакувам убаво лето и убава промена да ве изненади. Инаку и јас сум имала години кога од разни причини не сум одела на летување или цела година никаде. , па и ми се заредиле две едно по друго, со тоа што едната имав повеќе службен пат надвор од државата. Но, кај нас премногу се потенцира тој одмор, некои не прифаќаат ништо друго освен надвор од државата, а реално имам читано странски форуми каде луѓе истакнуваат дека со години не биле на одмор и тоа многу побогати од нас. Па , тој презрив, со доза на сожалување тон во коментар за тоа како не одиш никаде. Мајко мила, полно луѓе знам што скокале одмор поради разни причини и никогаш не сум и реагирала така, ниту солела памет. Камо, како народ да бевме погласни на други теми. Работните односи ни се очај, ама битно по секоја цена на море да се оди.
     
    На Ivanna23., cresa-jagoda, st-el и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lunar

    Lunar Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Една малечка , јас те читав неколку страници на темата и премногу се сочувствувам со тебе затоа би сакала да одговорам... Јас како личност која израснала во дисфункционално семејство ( немало физичко насилство но многу психичко ) би те советувала од се срце како да си мое ќерче дека мораш од некаде да почнеш и да се спасиш од таа токсична околина. Прочитав дека е вршено физичко насилство , да беше тука во Германија да знаеш дека твојте родители ќе ги гонеа кривично , но за жал во Македонија е поинаку. Прочитав дека ниту на одмор не си била , навистина ми е жал и верувам дека ти е тешко посебно затоа што си сама во ова како што видов нема поддршка ниту од брат ти ... Но колку и да е тешко доколку навистина сакаш да се спасиш од тоа мораш да стегнеш заби и навистина да се потрудиш ,на почетокот ќе ти биде тешко но ќе се навикнеш . Најдобро би било да најдеш работа ,многу е поразлично доколку финансики не си зависна , уште еднаш ќе кажам може и не е така лесно но ете веќе имаш 18 години малда девојка со верувам дека полна со енергија можеш да побараш работа во бутик ,продавница имаш избор . Немој да се налутиш ниту да го сфатиш како навреда но навистина мислам дека речникот треба да си го поправиш , такви зборови верувам дека си ги научила од домашните но ти мораш да го прекинеш тој круг на насилство и омраза и они нека ти бидат еден голем пример како ти не треба да бидеш ... Многу е тешко кога родителите ти се пример за тоа како не треба да бидеш , но ти имаш шанса да го смениш тоа а промената почнува од себе си.. Се додека само се жалиш и ништо не превземаш во врска со тоа така ќе остане ... Затоа душичке мораш да стиснеш заби и да се избориш за себе ... Најважно од се доколку имаш услови да посетиш психолог , знам дека во Македонија порано го гледаа тоа како глупост не знам дали е уште така но верувај ми многу помага ,ќе те упати на правиот пат ќе согледаш реално на работите. Јас почнав да работам многу млада откако станав финансики не зависна од родителите веднаш поинаку беа работите , потоа се преселив кај тогашниот дечко (сега веќе сопруг со кој успеавме да заминеме во странство) и односите навистина ни се подобрија со еден збор си станав сама своја личност , слобода е кога си финансиски не зависен . Јас и покрај се што прочитав за твоето семејство не верувам дека не те сакаат , мислам дека проблемот е многу по длабок и дека они не знаат подобро затоа што најверојатно така се израснати си го прифатиле насилството како нешто нормално .. Затоа ти не пробувај да ги смениш туку поработи на тоа ти да се смениш и да си заминеш од таму , нема да биде лесно но ќе вреди . ... Овие работи се кажани од срце се надевам дека не се навреди од нешто и дека ќе го прочиташ мојот искрен совет :)
     
    На Hortenzija, ani23, Brinetka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Моите дома не ме сакаат, никогаш не ме сакале немале доверба во мене, за најмала работа ќе се фатат и ќе ме караат.
    Преска мајка ми ми кажала да ги измијам садовите не ја слушнав гледав нешто на тел, после пак ми кажа и јас ги измив и почна да се расправа зошто сум седела на тел ништо не сум помагала не било тоа добро за мене... Инаку постојано помагам се дома, сега она не оди на работа по цел ден нешто надвор си седи јас дома се работам чистам, простирам алишта.. И сега криви ми падна зошто така ми вика се расплачам, и она веднаш сум се лутела зошто ми кажала да ги измијам садовите јас реков не се лутам и си излегов..
    Пред некој ден одев во школо да ги вратам учебниците после тоа ме викнаа од клас на кафе да одиме отидов и не им се јавив ми беше срам зошто никој друг не се јави дома после дома ме викаа зошто не сум се јавила требало они постојано да знаат каде сум со кого сум ќе праќале луѓе да ме следат..
    Од дома не излегувам, дечко сум имала ако земам тел веднаш до мене некој ќе седне да види што гледам...
    Кога им кажав дека сакам да работам некаде ми кажаа "малку работа има дома?"..
    Само чекам да дојде вечер да можам да се исплачам...
    Не мора да ми давате совети само ми требаше да се искажам некаде.
     
    На Linka9, Stark и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Влези си во свој свет.
    Постави си свои правила.
    Кога сакаш ти чисти си, кога сакаш одмарај си. Кога ти се збори нешто прави се како да не е за тебе.
     
    На GirlLove, Just_a_kid и steela.honey им се допаѓа ова.
  17. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Шо да кажам нека ви служи на чест , се шо напраивте докажавте дека сте 0 од луѓе!
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    16.489
    Пол:
    Женски
    Неизбежно е да направам нешто, да кажам нешто, да помислам на нешто а да не ме потсети на тебе. Прееска сосема случајно кажував нешто, нешто што секундарно ме потсети на еден момент со тебе, за еден момент мислите ми одлетаа таму, се вратив во минатото, кнедла ми стоеше во грлото, очите се наполнија со солзи, но за миг си ги средив мислите никој да не примети. Вечерва, како и секоја вечер од кога те нема спомените навираат како непресушен извор, немам веќе солзи со кои можам да те исплачам. Ги затворам очите и за момент те гледам тебе насмена, како се смееме пред спиење, си кажуваме смешки, импресии од денот, си пиеме чај пред спиење, а за момент пред очи ме е твојот лик од последните твои денови и веќе чуствувавм како некој да ми го корне срцево од градите. Да беше сега до мене знам што ќе ми речеше, како што и секогаш ми викаше кога бев тажна, ми викаше ти немој за ништо да се нервираш. И сега би ми го кажала тоа, знам, а јас ќе те послушам како и секој пат.
     
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.786
    Допаѓања:
    19.621
    Пол:
    Машки
    Deneska pocina dedo mi... vo nepolni 8 meseci otkako zamina taa i ti. Se spasi od stradanjeto...
     
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Биди силен, се спасил и себе а и вам треба да ви биде полесно.
    Многу мака видовте и вие, а и тој.
    Лесна му земја.
    За муабет сум тука.:hug:
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.