Повторно разочарана, како да издржам не знам. Повеќе ветувам нема да имам никакви очекувања од никоја ситуација, добро сега барем не очекував кизне што ама барем ... Секој неуспех го доживувам трагично, како дел од мене да си заминува. Ми треба денес одмор од се , да се одморам и да започнам од ново Ако некој сака разговор во ЛП нека пише, тука сум
Девојки јас сакам да прашам нешто и конечно да се ослободам од тоа...Во принцип не се плашам многу но сега во оваа состојба сум ептен страштана.Бремена сум после 10 год. и сега ми кажуваат секакви совети од типот пази се од ова од она.Моментално ме мава на психа тоа што ми кажуваат за мачките за влакна од мачките.Немој да ја факаш ако не дај боже лапнеш влакно после вака така страшно.Почнав од ср да се плашам.Мијам раце по 20 пати на ден пазам што правам кај одам и што јадам.Сама неможам да се поднесам.Како би се спасила од тие мисли.Значи на гости кај што има мачки јас не одам избегавам од страв.Па нр дај боже да видам влакна,цел ден ќе осеќам како нешто ми стои во грлото.Страшно...Можам многу да пишам на оваа тема ама неќам се да објаснувам зато што и ќе треба да пишам реферат.Се плашам од инсекти од бубачки од се.Некаква помош да излезам од тоа???
Не сум психолог за да те советувам правилно, а не сакам да ти пишувам од мое искуство само ќе ти кажам ништо не може да ти се случи од мачки. Треба само да не бидеш во контакт со нивниот измет зашто може да ти се пренесе токсоплазма која е навистина опасна за плодот. Ќе си измиеш раце после тоа и готово. Јас дури и краток период во бременоста чував едно маче од улица и гомцата му ги чистев, па ништо не се случи со правилна хигиена. Запамти, ти си во најубавиот период во животот и треба да уживаш, да се релаксираш, а не да ти биде број 1 извор на стрес. Само продолжи да живееш како досега, нормално без пороци, немаш потреба никакви посебни промени да правиш. Јади редовно, пешачи, дружи се да се смееш што почесто, редовни контроли и се ќе биде во ред
Ти благодарам на одвоеното време и советот.Јас искрено мачката не ја ни допирам а камо ли друго.Незнам многу ме исплашија со тоа влакно од мачка.Иначе да гледам да се опуштам и да не се оптоварувам со тоа,но има денови кога ќе се случи нешто и ме држи два три дена беспотребно.Од пуста мисла ми се чини дека мачето само што ќе прошета околу мене ќе пушти влакно и ее плашам замисли до каде ми е замината понекогаш психата.А толку го сакам мачето а и тоа мене и замисли знај дека нешто се случува и е натажено.. Ми е жал но тоа е ќе се издржи уште некој месец.Ти благодарам уште еднаш и ќе гледам да сум што повеќе со позитивна мисла и повеќе да уживам.Поздрав убав остаток од денот
Оддалечи ги луѓето што ти го прават тој муабет или прекини ги само што ќе почнат. Има испитување за токсоплазма мислам тоа е ТОРЧ, не знам точно кога се прави, ќе си направиш и ќе бидеш мирна. Колку повеќе луѓе толку повеќе коментари као демек на бремена само за бременоста и се прај муабет. Прекинувај ги уште не почнати инаку главата тапан ќе ти стане, нема да знаеш кај тераш, ќе влезеш во триста филмови наместо да си уживаш. Матичен гинеколог затоа постои. Ако немаш доверба во него најди некој во кој ќе имаш. Луѓето може да те збудалат само, еден едно друг друго и наместо да уживаш ќе збудалиш до крај на бременоста.
Не ги слушај.Кога ти зборат,пробај да смениш тема или излези од просторијата. Не си дете,па да дозволиш да ти влезе мачешко влакно во уста. Веројатно ги тргаш влакната од мачето од облеката и мебелот. Ко што ти рече Јана,не фаќај измет. Возрасна си.Не треба они да ти кажуваат што да правиш. Ако си пазиш,присуство на мачка може само да ти годи. Нема ништо посмирувачко од нивното предење.
Од каде да најдам сила кога мислам дека се е против мене? Не можам да издржам периодов. Од толку голем стрес ми жежи во градите, во мозокот, ме чеша кожата.. Осеќам како друг човек да ми живее во телото и не можам тоа да го поднесам. Не бев свесна колку мирот е најбитен, а сега кога го немам сфаќам колку ми е потребен. Што е уште потешко кога сакам да зборувам со некој за ова, зборовите како да ми се згрчуваат и ниеден глас не можам да извадам
Видов се, те испратив... но сѐ уште не сум спремна да те пуштам, сакам да верувам дека си жив... Но сепак знам, дека никогаш повеќе нема да те видам, да те гушнам, да те слушнам...нема ништо да видиш, да дочекаш... Ми фалиш многу
Тежина . Осеќам голема , огромна тежина .. Како некој да ми седи врз градниот кош .. Не можам да дишам , немам доволно воздух .. Најлошо е , што не знам зошто ...
Девојки јас денес поминав ден значи незнам,безвезен стресен.Пошто лежам заради бременоста си увртив во главата дека стомакот не ми е така голем како претходно.Луѓе ова состојба мене ќе ме убие.....Сабајле бев депресивна,успеав да го надминам тоа но сега пак ме фака нешто такво....Аман