Кој месец си? Во бременоста и хормоните малце маваат а после порагај малце повеќе само што ќе немаш време толку да мислиш како се чувствуваш. Уживај си со мешето, гали го и не мисли на лоши работи. Помисли само на очињата кои ќе ги видиш наскоро. Не си прави без потреба стресови. Земи читај некоја книга да те опушти, мисли само на моментот кога бебе ќе земеш за прв пат. Моментот е нај најубав на свет
Сега влегов во 6ти месец... Психа и хормони ме убиваат....А знам дека не е така но сепак.Час сум супер час хаос....Го сакам тоа што го кажа и се трудам не ми успева,стравот од загуба не дај боже ме убива.А знам дека не дај боже вака е полошо.
Вака со стресови непотребни можеш само да му наштетиш на бебенцето, оди редовно на гинеколошки прегледи за да се увериш самата дека се е океј, и уживај во бременоста, тоа е дар од Господ треба да си среќна.
Многу ми е тешко.. го варам дечко ми со кој сум у врска 3 год.. запознав еден тип кој одма ме привлече и отидов на кафе со него. Од тогаш се гледаме веќе 1 год со пауза од 5 месеци зошто сакав да прекинам меѓуѕоа поле 5 месеци пак ми пиша и неможев да одолеам да не му вратам. Најголем проблем е што незнам кого сакам.. Дечко ми е предобар не заслужува вакво нешто, од друга страна другиот повеќе ме привлекува иако незнам дали сака нешто повеќе со мене.. многу комплицирана ситуација
Раскини му на дечко ти. Не заслужува да му набиваш рогови. Остави да си ја пронајде својата среќа. А со тебе очигледно не може да биде среќен. Џабе и да му раскинеш на вториот, не знам како ти е мирна совеста и пак да го гушнеш, бакнеш и да спиеш со дечко ти. Сакал или не нешто посериозно тој вториот дечко со тебе, ти треба да си ги сносиш последиците од неверството, треба да ставиш крај на врската со дечко ти. Не знам како го гледаш во очи. Дури и да престанеш да го изневеруваш, нема поправање на тоа што си го направила. Факт е дека си го правела будала, додека тој ти верувал и те сакал.
Да си го сакала првиот, немало ни да помислиш на вториот. Според мене, подобро е да раскинеш, не е фер кон дечко ти.
Тешко ти е, а веќе година изневеруваш некого. Ако ти значи дечко ти, и ако го почитуваш досега ќе му раскинеше. Сепак повредуваш некого иако тој не е свесен за тоа. Некогаш љубовта се губи, го нема тој сјај како што било пред некое време али сепак заради тоа поминато време не си смеела една година да не одлучиш со кого сакаш да бидиш. Или играш на сигурна карта, еве го имам дечкото тој е покрај мене па ако не успеј со другиот, ќе имам пак дечко. Ако е така тоа не е во ред. Расчисти си ги мислите. Дечкото сигурно не го заслужува ова, раскини, нека си ја најди среќата кај некоја друга
Што ти е тешко? Со двајцата да се гушкаш љубов да водиш, подароци да добиваш? Раскини им на двајцата и спаси ги. Ти утре и во брак да си, ќе те викне некој ќе искочите пак ќе си тераш со двајца. Ма коронава е крива, ви олесна работа со маскиве, не со двајца уште малце да потрае со 9 души ќе варате.
Утрински го пијам кафево, излежувајќи се во кревет. Дома. Отворени сите прозорци, еден проврев да се направи, свежо е иначе. Рекоа ветер викендов ќе го освежи островот и пониски температури. камо да го освежеше народов и пандемијата да ја одвееше. Камо. Да ви кажам дека сум преуморна од пандемијава, од луѓево, од работата. Уморна сум од се! Да си купам билет во еден правец и да ме нема, таму каде што нема интернет, ни луѓе. Таму каде што преживувањето е адреналин, каде што знаеш дека за да опстанеш мораш да направиш нешто. Каде би било тоа? Во некоја тропска шума или сува пустелија. Веќе година и пол трае оваа пандемија, веќе година и пол страв и трепет, веќе година и пол бум вести, скандали, број на смртни случаеви. Аман! Сакам да заврши, сакам да можеме да се разминеме со луѓето без да се погледнемe попреку, без да се плашиме. Сакам да се измешаме во диско со нив, сакам слободен живот, слобода на движење, слобода на изразување. Сакам еднакви права, многу ли барам. Сакам да не читам како на оној му ускратиле право, на овој му дале поголемо право. Сакам да не читам како некој некого убил од умисла, како некој силувал, како некој извршил педофилија. Сакам луѓето да имаат добра душа и здрав разум, да се почитуваат меѓу себе. Ништо не смени пандемијава, ниту нас не смени. Ниту природата се смени, само на полошо тргна. Уморна сум и од себе, од патувањето до работа,од расправиите со колегите, доаѓа некој нов му објаснуваш како треба,што треба и на крајот испаѓаш безобразен зашто му кажуваш дека долго време работиш тука и повеќе знаеш од него. Уморна сум од интриги и сплетки,овој така,оној така. Уморна сум од оговарање,уста не затворија за мене. Боже, колку внимание ми посветија толку ни дома не ми посветиле. Уморна сум да слушам овој ваков,оној таков… овој не работел,оној работел. Уморна сум да објаснувам,уморна сум веќе!!! Уморна сум да се прилагодувам на другите, да давам се а тие за мене ништо. Кога јас ќе сакам да се прилагодам веднаш сум лоша,гледам лажни насмевки,фолирање и лицемерие. Уморна сум да давам оправдание зашто сум давала информации врзани за работата на шефот, додека други си преќутуваат. Никој не ги сфаќа озбилно работите. Е сега кога ми прекипува од се и кога не ме занима ништо и тогаш сум лошата. Сега и зашто не идам порано на работа е проблем,а не е проблем кога тие ми доаѓаат покасно. Енергијата ми ја исцицаа. Сакам мачка да сум се е полесно,баш те боли брига за се. Вака како човек треба да се мачиш и измачуваш ништо повеќе! Тоа “never give up” e секогаш за*би.
Не знам што да ти кажам само за да ти биде подобро. За муабет ми е секогаш отворено сандачето. Пред извесен период и јас така се чувстував. Ми беше преку глава од се. Нa крајот си ветив дека ќе ги превземам работите во свои раце и ќе гледам да си направам да ми биде мене а и на останатите околу мене блиски луѓе да ни биде убаво. Престанав да читам за пандемијата но секако, се придржувам околу мерките. Не знам колку ќе ти помогне ова но те советувам да намалиш со читање околу пандемијата, вакцините и сите тие работи. Многу читање околу тоа ептен набива негативна енергија. Би ти рекла и патувај некаде, промени нешто од твоето секојдневие, макар кратко патување. Јас заминав кај моите и многу ми годи моментално таа промена на средина, клима, храна, запознавање на нови луѓе и сл.
Ти благодарам Се едитирав јас, покрај пандемијата и на работа само проблеми. Тие одамна постоеја само си ги собирав. Година и пол водев битка со еден колега,уста не затвори за тоа колку е над мене,чукна час го избркаа. Дојде и такво време да ме замоли за услуга и јас глупа прифатив,а знам не требаше и уште уста не затвори. Кој нов да дојде да се запознае со него, тој во уста ме става и нормално луѓето ме гледаат попреку,не ми даваат шанса да се прикажам. Со друга колешка си го имав муабетот, се зближивме, и се отворив и ете прво скокни па речи оп беше. На крајот и нејзе ја избркаа. Го сретнав маж и на станица,му велам здраво тој врти глава мислиш фамилија му утепав. Не можам веќе најсериозно. Луѓево се
На луѓето никогаш нема да им погодиш. Каков сакаш биди, секогаш ќе ти најдат маана. Проблем е што си имала доверба во луѓето дека можат да бидат поинакви и поразлични ама всушност се истите. Ама дојде време да си гледа секој за себе, да биде себичен и да прави сплетки и да кодоши мислејќи дека добива поени кај колегите и шефот. Јас на работа секогаш гледам да одржам дистанца, и гледам да не се дружам многу баш поради сличните проблеми кои ги опиша. Злобни се луѓето, не можат да се помират со фактот дека има некој над нив па се ќе сторат за да наштетат. Знам дека звучи клише ама игнорот е пола здравје. Но, гледај во одредени ситуации и да се соочиш со останатите. Паметам дека брат ми имаше проблеми на работа со такви луѓе. Трпи, ќути, трпи ќути, на крај на сите до еден им очита лекција, не гледа кој е во прашање кога знае дека е во право. И да, почни да си угодуваш повеќе на себе а помалку на другите, ако не им се допаѓаш тоа е нивен проблем, не твој. Се додека си во ок односи со шефот и има доверба во тебе другите и не се толку битни. Во најлош случај и краен, промени работа.
Сите си даваат за право да одлучуваат наместо мене, да ми поставуваат ултиматуми по цена на мојата среќа и мојот мир, а јас немам никакво право на збор... Ова не е живот веќе.
Ве молам за помош Толку сум без волја ништо не ми се прави ништо не ми оди од рака немам пријатели сама сум имам маж ама и тој како да не ме разбира ми е страв да почнам на работа имам страв од неуспех мислам дека ке ме исмејаваат дека нема да ме прифатат сакам да си го одземам животот барем така нема да се чуствувам толку потиштено неволно , неможам да останам бремена имам проблем и се други работи
Здраво Јована,колку години имаш?Прво мора да се прифатиш самата за и други да те прифатат.Мораш сама да се избориш со себе ,прво.Со маж ти излегувајте ќе стекнете пријатели заедно .За бременост обиди се повторно и провери се на гинеколог .Не очајувај ,се е во нашата глава.Ако имаш потреба за разговор пиши ми лп