Немам сила за ништо. Ова највеќе го воочувам кога имам за учење. И сама се имам убедувано дека сум мрзлива и дека не сакам да учам, ама сепак сметам дека проблемот лежи многу подлабоко од ова. Од секогаш сум била "мрзлива", ама доволно способна да си ги завршам обрските кога знам дека морам. Сега за жива глава не можам. Немам воопшто концентрација, не можам никако да се фокусирам во рок од 1 час правам 200 различни работи и остануваат недовршени. Одма кога ќе отворам книга осеќам неопислив замор, не ми се спие, туку едноставно тешко ми е а предметов што го спремам конкретно, 5 пати го имам поминато до сега. И буквално нивото на знаење ми е подолу 0, а го имам учено. Не знам како да си помогнам..
Никако, пробувам да се сконцентрирам на обврските, но тешко ми оди. Сега за сега немам најдено решение. Пробав со прошетки навечер, со подолг сон, но пак немам сила, како да ме има прегазено воз, а си врви времето и обврските си стојат тука се, али јас сила немам. Прв пат се чувствувам вака можеби и од жешкото да е
А да пробате да мислите дека вашата моментална обврска е само да учите. Направете список со желби, планови од кога ќе завршите со учење. Мене кога ме мрзеше да пишувам, се тешев дека полесно ќе ми биде од кога ќе напишам, кога ќе стигнам повеќе од пола ќе имам уште многу малку.
Ова колку и да е добро, толку е и лошо, според мене. Бидејќи јас искрено не можам да учам ако не ми е добро. Немам која енергија да ја вложам. Сум правела и правам планови за учење, награди за положен испит и пак е џабе. Коа нејќе, нејќе..
Ме интересира ваше мислење и какви чувства би ви побудило доколку.. родители како родители не го однеле на лекар своето дете навреме и ризикувале да остане неплодно? Дали ви побудува гадење, жалење , нервоза итн?
Би се чувствувала разочарано. (прашањето е ако тоа дете сме ние а тие родители се нашите родители?) Родителите можеби не знаеле и не ни очекувале или мислеле каков ризик може да има. Но, проблемот може и да бил доволно сериозен за да се преземе нешто. Зависи детето со што точно се соочувало...
Крипторхизам односно неспуштен тестис иако напраен операција од таа страна. Неколку пати му се имаше речено дека има проблем и дека треба да се оди на лекар, се добиваше викање, пиштење од типот "Ништо не ти е, шо бараме на лекар итн", па потоа дека се немало пари итн.
Тие не се родители. Како можат да дозволат такво нешто? Па тоа се решава и нее страшно толку доколку е на почеток. Зарем не помислиле што понатаму? Што со нивниот син? Што со продолжување на родот? Баш ваквите родители не заслужуваат да имаат деца!
Тоа е од простотилок и не едуцираност. Тоа е неодговорност и таа личност реаално не е за да биде родител.
Читајќи ти ги мислењата низ форумов, не знам дали повеќе заслужуваат презир или жалење. Во секој случај, за конкретната ситуација, неодговорност. А од кај тоа неплодност сега?
Затоа велат не заслужува секој да биде родител. И тука не се работи за неедуцираност туку за негрижа. Има родители кои не се едуцирани ама ќе го завртат целиот свет за да му помогнат на детето, ќе чукнат на секоја врата само да се реши проблемот. Тешко на децата кои не се виновни што имаат такви родители што не им е гајле за сопственото дете
Глупа си? Како можеше да си зезнеш ваква шанса, како можеше??? Мразам што се преопуштив, се занесов во успехот и не видов вакво глупаво ситно камче. Сепак, нема да дозволам да ми влијае на самодовербата, ќе го свртам ова во моја корист и ќе си го истерам своето. Ќе најдам погодно време за да се види сѐ во вистинското светло и нема да дозволам да се засени мојот квалитет!
Не бе просто се чудам на простотилукот што го прави и стварно не можам да разберам дали јас сум толку строг и ептен фер, па испаѓаат овие караници или треба да им попуштам и да се правам на будала и мислат дека стварно не разбирам и ме лажа и крада. Ме имате читано последно време во каков проблем сум со оставинската постапка со тетка ми, но ајде последниов период олабави малку па прајме муабет итн. Некни вариме ракија, значи грозјето е на мене и баба ми, ние си го одлгедуваме и обработуваме, ај се понуди тетин ми да ја земи ракијата од казан и донеси дома, за да не сум се мачел јас со количка или да барам други луѓе. Во ред... Значи секоја година го дозираме, истата килажа, истите бурина, кофи ги носиме, секогаш вадиме по 26-27 кила ракија, оваа година 21. Јас не бев дома, баба ми ништо не му рекла пошто е таква како што е, но и рекла на братучеда е пошто блиску живее до казанџијава и одоколу вака така го потпрашала колку всушност кила ракија излегло и имало 25 кила. Јас стварно не разбирам која е потребата да лажиш и крадиш. Јас на баба ми и викам, јас да бев тука или место тебе одма ќе и спомнев како испадна вака олку малку кила ракија кога секогаш вадиме многу поголеми бројки и ако нешто не е во ред ќе му се јавиме на казанџијата да не направил грешка. Јас искрено да ви кажам разочаран сум општо од фамилијава и од одредени личности и секогаш си викам поарно сам или со еден близок вистински и чесен да е отколку 10 души лице да ми прават. Едвај чекам да заврши оставинската постапка да си земам тоа што ми следува и што подалеку да се од мене. ШТО ПОДАЛЕКУ!
Хах колку е нечесно тоа. Кратат во кила за што да ги продаваат или за нив. Колку се значи луѓето дојдени да си ја лажат сопствената фамилија. Дај боже да се среди побрзо со оставинската и тргни се од нив не ти требаат такви роднини
За нив е, ама оти прават некого будала, ко прв пат да варам ракија и да те лажи и кради. Ми се гади едноставно, поубо ми е сам. Искрен сум чесен, мразам да правам лице, едвај чекам да заврши се и шо подалеку да се од мене.
Премногу го разбирам ова,истото ми се случува. Единствено стигнувам до степен кај што стварно немам веќе време и мора да се научи колку-толку.Не верувам дека си "мрзлива" туку сигурно има подлабоки нешта кои ти предизвикуваат така да се чувствуваш. А може и конкретно за предметов си демотивирана. Мојот совет е само да не се обвинуваш.Имај си разбирање за себе. Различни животни ситуации, услови, пандемија, обврски, секој различно реагира на тоа. Не си ставај екстра притисок и осуда. Ќе биде океј