Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    2.528
    Пол:
    Женски
    Порано цело време ги пратев темите "Симптоми на бременост" и "Дали сум бремена" во надеж дека ќе препознаам некој од нив и кај мене и дека конечно ќе излезе дека сум трудна. Сега, по сите разочарувања и негативни тестови и да ми доцни претпоставувам дека е вообичаеното: стрес, хормони, промена на животни навики итн.
    Сите кои сакате бебенце нека ве израдува Бог, нека ве избави од чекања и разочарувања, од се срце ви посакувам.
     
    На GRIN, TeodoraMJ, buba4e89 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ми е за тука ,ама ај тука ќе го ставам...
    Дома (кај мајка ) не бев дојдена од октомври лани... Дојдов со бебуш ,2 месеци имаше. Првиот ден и така и така. Првата ноќ паничен напад :(,го надминав брзо заради бебето ама одма другиот ден барав превоз за назад. :doh:И си заминав третиот ден ,наместо да седам една недела. За проблемите дома (кај мм ) имам пишувано доста ,горе долу знаете сѐ. (facepalm)Во понеделникот ми почна одмор и решив пак да дојдам. Дојдовме вторникот овој пат со мм и бебето (добро де тодлер(не го користам зборов зошто не е наш) ). Едвај чекав да дојдам ,да одморам од страна на свекрва ми. Ама едно влегување пак паничен напад... :(
    Ми фали премногу татко ми.;(
    Плус што и многу е запуштено сѐ.
    Пример знаат бебе доаѓа ,да ја средат собата кај што ќе спиеме(мојата соба) ,чиста постелнина ,правосмукалка прашина.... Ништо брат ми си спиел таму и во моментот кога стигнавме спиеше. Ако не побарав да ставам постелнина така ќе оставеше мајка ми... :@И се лути зошто не доаѓаме почесто .:swear: Не знам не можам да ја(ги) разберам.
    А мора да останеме до 29 ти сестра ми и зет ми упорно запнале за веридба... |(
    А страв ми е и да се групираме... :@
     
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Како се кажува дома дека сакаш да се шишаш? (живеам со ненормални, вие тоа дисфункционално семејство го викате)
    Имам пробано со све, дека ми пречи, дека сум грда така, дека ако не ми дадат сама ќе се очкрапам.
    Или кажете трик од јутуб сама да се ишишам.
     
  4. Escape83

    Escape83 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    152
    На колку време се шишаш?
     
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    18г немам стапнато во фризерски салон.
    Претходно мајка ми ме скаруваше чат-пат, сега неќе. Лани јули месец ме скати последно.
    Сите девојчиња низ град сакале убави долги коси само јас не.
     
  6. Escape83

    Escape83 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    152
    Имав братучеди дома ги шишаа.
    Ама како мали.
    Сама ако немаат разбирање
     
  7. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Не мора да кажеш. Излегуваш од дома и директно во фризерски салон. Не е скапо, верувам имаш соберено од џепарлак. Кога ќе се вратиш ќе видат дека си шишана и готово. Имаш 18 години, не си должна да прашуваш за дозвола за ваква обична работа, се работи за твојот изглед, а не нивниот.
     
    На oblace1, cresa-jagoda, shekerna и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Кога чувствував дека не ми се живее повеќе, дека сум помеѓу животот и смртта и сакав само оваа болка во душата да престане, малото дојде до мене и ми кажа. "Не се плаши мама. Јас сум тука секогаш. Те сакам." И ме гушна. Иако е само 4 години го кажа тоа што ми требаше да го слушнам. Ме врати во живот. Јас секогаш му ги кажувам тие зборови и дојде време кога и тоа мало ме тешеше со истите зборови. И сега ми доаѓаат солзи.
     
    На GRIN, Vasilija Posilev, BayernKa и 16 други им се допаѓа ова.
  9. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    мнг сум уморна...буквално од се
     
    На GRIN, Vasilija Posilev, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  10. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Премногу притисок од сите страни, се' оди во лош правец...
    До кога вака? : (
     
    На MeowMeow и Kikiccc им се допаѓа ова.
  11. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Машки
    Додека не стиснеш на кочница и го свртиш воланот каде што ти сакаш, во твоите раци е
     
    На Kaja991 и venus♡ им се допаѓа ова.
  12. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Ми треба некој или нешто, не знам што, ама нешто што ќе ме врати во живот и ќе ми ја врати онаа моја вистинска насмевка од дното на душата која никој, барем јас знам дека ја нема видено веќе многу долг период.
    Иако сите се лажат благодарение на совршената маска која ми е научена до перфекција.
    Се чувствувам толку празно.
    Сакам и јас конечно да видам нечија рака како посегнува во мојот бунар и конечно ја исполнува празнината која буквално досега никој не се ни осмелил, не ни пробал да ја исполни.
    Сакам да почувствувам како е некој да те сака со секоја негова клетка, со целото битие, да бидам истовремено негова пропаст, но и негов спас.
    Да бидам негов хаос, но и мир.
    Звучи глупаво и не требаше ова да го напишам, ама денес ми е еден од тие денови кога си дозволувам самата на себе да си признаам дел од желбите против кои секојдневно се борам...
     
    На Traveler91, Осе, Glowy и 6 други им се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Ме расплака. ❤️
     
  14. Lost angel

    Lost angel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2016
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    12.853
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене во темава,да ми олесни душата и совет да добијам од вас.Работев во образование 12 години во едно Прилепско село и супер ми беше.Но целото семејство на сопругот се пресели во Скопје па да не останеме сами со сопругот ,за среќа или несреќа се вработив и јас,се е ок државна инстутуција,но не е тоа тоа не ме исполнува.Осум чада затворена во канцеларија ,нема многу дружба.Цело време се едно исто што ме убива.За жал сопругот засега треба да се врати во селото оти не најде тука работа ,јас кај моите ке одам.Овие дена не сум при себе ,не можам ни да јадам ,едвај дишам.Се трудам да мислам на убави работи ама бадијала.Не знам како да постапам сама со себе?Ми фали старото работно место,колегите ,децата ....А да се вратам нема шанси ,знаете како е се политика во нашата пуста држава....
     
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.246
    Допаѓања:
    103.203
    Пол:
    Женски
    :hug: :hug::hug: толку силно да ти крцнат ковчињата те гушкам :hug:.
     
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Не сум во депресија но моментално се чувствувам глупаво, тешко, имам некоја тежина во душата.
    Мисли на сите страни пропратено со страв.
    На многу личности им дадов шут карта бидејќи не сакав да ги трујам со мојата негатива која ја имам на моменти.
    Денски некако ми е ок, ќе имам занимации, работа плус, па книги, и домашни обврски кои некогаш ме опуштат.

    Мислев дека имам другарка која ја сметав за сестра, која на мене сметаше 24/7 но не го добив тоа за возврат, ми заби нож во грб и ја отстранив.
    Прекинав врска со личност која ми значеше, поради многу причини и искрено, добра одлука беше.
    Не се каам за тоа воопшто.
    Ко да ја изгубив емпатијата во мене, чувствата, искрено за се ми е сеедно.
    Неодамна на татко ми му открија воспаление на срцето, за среќа, на време е откриено и не е толку страшно, проблемот наскоро ќе се среди се надевам но ете живеам во страв иако докторите кажаа дека нема запушени места и нема ризик од инфаркт и најверојатно ќе вградува дефибрилатор, но и не мора, за тоа тек ќе се одлучува.

    Знам да уживам во самотијата но има моменти кога ќе почнам да плачам, не можам да се смирам и имам црни мисли.
    Ете, сега е ок, но не знам како ќе биде подоцна.

    Не барам совет, само сакав да се искажам.
     
    На Bellaa1234, edna_malecka, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Dani Ristova

    Dani Ristova Нов член

    Се зачлени на:
    29 август 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Многу е неубаво да си во дисфункционално семејство каде што ти љубоморат за се
     
    На hermosa и MeowMeow им се допаѓа ова.
  18. SiMona Lisa

    SiMona Lisa Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    Овде гледам дека има доста активност во дискусиите, па ми треба вашето мислење.

    Значи очајно ми треба СОВЕТ, ПОМОШ, НАСОКА....

    Накратко ќе пробам да објаснам бидејќи во спротивно има многу за пишување.

    Цел живот го поминав во дисфункционално семејство, научив како да се борам и живеам и покрај тоа, наоѓав мотивација и утеха дека еден ден ќе се отргнам и нема веќе да ми влијае, дека ќе си градам свој живот. Јас сум од провинција, завршив факултет во Скопје, цел живот учев, имав и просек на факултет, се вработив уште како студент, си купив кола, стан. Јас цел живот напорно се борам да излезам од калта и покрај дисфункционалното семејство. На некој начин успеав да се спасам од проблемите. Ја зедов и мајка ми со мене неколку години чисто и таа да види малку раат.

    Татко ми е насилник, агресивен, не знае да се контролира со агресијата, манијак, цел живот ни правеше разно-разни проблеми, ја тепаше и понижуваше мајка ми, има многу дијагнози меѓу кои и психијатриски. Има нападнато човек со нож (за среќа човекот со лесно помина), но заради прихијатриските болести некако од полиција му прогледаа низ прсти, се има сексуално нафрлено кон жена-мед. сестра во една од медицинските институции.
    Има многу пати лежено во психијатриски болници, но јас мислам дека е за џабе, не му помагаат, некако состојбата му се влошува, не оди кон подобро.
    Мајка ми го носеше по доктори, институции, го лекуваше, негуваше, пробуваше да го изнесе на прав пат, но попусто.
    Мајка ми беше жртва која го трпеше цел живот и го покриваше за пред народот се да изгледа во најдобар ред. Не се охрабри да го остави, секогаш велеше да не ме засрамела, да го зачувала угледот. Секогаш ги покриваше неговите глупости и го вадеше од калта.

    Мајка ми за жал почина и сега ми го остави проблемот мене.

    Татко ми во последните неколку години, од агресивен премина кон сексуален манијак.
    Лежеше скоро на ЈЗУ Психијатриска болница, во Бардовци не го примаат, демек не бил случај за кај нив.
    Манијачи по жени, млади девојчиња, тинејџерки, дури и по моите другарки.
    Имам приметено дека има нечисти мисли дури и кон мене.
    Мене искрено ми е страв од него, ми е страв да не направи некоја глупост, да не силува некоја жена/девојче.
    Почнаа комшики од провинцијата да ми се јавуваат и да ми се жалат од него, им се нафрлал.
    А јас искрено, не сакам да ја продолжам судбината на мајка ми, не го сакам, не сакам да се оптеретувам со него. Едноставно сакам да кренам раце од него, сакам да си продолжам со мојот живот, не сакам повеќе да ме влече кон пропаст.

    Но едно знам, а тое е дека тој е институционален и општествен проблем.
    Потенцијална опасност по луѓето !!!
    Веќе нема кој да го контролира, а очигледно ниту психијатриско лекување не помага.
    Што можам да направам во ваков случај ?
    На која институција да ја префрлам одговорноста, затоа што јас одговорност околу него повеќе не сакам да носам.
    Каде можам да побарам помош ?
     
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    @SiMona Lisa Жал ми е низ се што си поминувала и поминуваш. :hug:

    Дали ти си конечно целосно тргната на страна од него, во смисла дали те замара по дома? Почни од таму, пресечи ама баш секаков контакт со него. Ако те замара, ќе го пријавуваш.
    Што се однесува до другите луѓе што ги вознемирува, мора и тие исто да постапат. Ако ти се јавуваат тебе ќе им објасниш дека немаш ти ништо повеќе со него и дека ќе мора тие да го пријавуваат.
    Ако има поголем број пријави така, ќе мора нешто повеќе да превземат од институциите.
    Би рекла да пријавувате во полиција за вознемирување, па сега дали ќе оди во затвор или во психијатриска болница нека проценат тие.
     
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Прими сочуство за мајка ти. Жал ми е што си во ваква ситуација.
    Штом ни психијатриско лечење нема ефект, и велиш само на полошо оди, навистина е потенцијална опасност. Бидејќи велиш дека се нафрлал врз жени, најдобро е да пријават самите жени во полиција. (Претпоставувам дека не го прават тоа од личен срам прво, а второ зошто мислат дека тебе ако ти кажат ти ќе го решиш проблемот без да се прави поголема работата и да се вика полиција).
    Убаво ти пиша членката погоре, насочувај ги да го пријават во полиција, дека така е најдобро за сите во ситуацијата зошто ти немаш контрола врз него, и нека се држат настрана од него. Ако уредно пријават и во иднина нешто недај Боже им се случи на тие жени, полицијата прво него ќе го побара.
    Ако макар и вербално ти се заканил дека ќе ти стори нешто, можеш да одиш и сама во полиција да го пријавиш. За закана по живот или здравје, секако ќе му тропнат на врата.