Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. SiMona Lisa

    SiMona Lisa Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Јас сум целосно одвоена, физички, финансиски, во секој можен аспект.

    Мене не ме замара, но им прави проблеми на комшиките, кои пак од страв мене ми се јавуваат, демек татко ми бил, да сум превземела нешто. Од друга страна пак, тој си има добиено храброст од психијатриските документи што ги има, си мисли дека никој ништо не му можи и дека полицијата ќе му прогледа низ прсти како секогаш што правела досега. Спремен е и во затвор да оди, ми го има кажано тоа многу пати.

    Искрено, и многу добар глумец е, многу знае да глуми пред мене дека е најчесниот, најпоштениот човек на светот со најчисти намери. А јас го знам каков е, му имам правено многу финти за да му го откријам највистинското лице и намерите.

    Сум читала многу психијтриски дијагнози, искрено не можам да му ја најдам најсоодветната. Тежок психијатриски случај е (од оние интелигентните, тивките, посматрачките, опасните.... )
     
  2. SiMona Lisa

    SiMona Lisa Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    А што ако науми да направи нешто, на улица има еден куп млади комшиски девојчиња.
    Мене најлесно ми е да кренам раце и да се откажам од него, но како ќе живеам со таа тежина ако недај боже направи нешто ?
     
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Го разбирам тоа, не сакаш да имаш грижа на совест после цел живот. Ама не можеш ти да бидеш одговорна за постапките на татко ти. Само он е одговорен за тоа. Твојата одговорност се сведува на тоа убаво да им ја објасниш ситуацијата на нив и дека повеќе луѓе да реагираат е подобро.

    Прво, на што основ ќе го пријавиш во полиција ако тебе не те малтретира?
    Второ, зошто би се сменило нешто сега кога веќе институциите раце само креваат?
    Трето, пак ако се случи нешто после пријава од твоја страна дали ќе има разлика како ќе се чувствуваш?

    Не знам што би можела да превземеш нешто друго освен ова. Можеби да се консултирате со некои правници ако има некои други правни постапки што може да бидат превземени.
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Сосема те разбирам. Уште првиот пост кога го читав јасно ми беше дека чуствуваш одговорност, па и желба да му помогнеш (да заштитиш и некој трет што може да е во опасност). Татко е, крв е, не е некој странец од улица. Го разбирам конфликтот меѓу желбата да се заштитиш себе си и чуството на вина ако се повлечеш и дозволиш нештата да се одвиваат како што ќе се одвиваат. Но, мораш да прифатиш дека тој е возрасен човек и сноси полна одговорност за своите дела. Гледај вака на работите - ако нешто лошо тој направи во иднина, голема веројатност е дека тоа ќе го направи независно од тоа дали ти ќе се вклучиш или не. Не е возможно да имаш 24/7 контрола врз некого. За таква контрола треба да е затворен во институција и да е под надзор. Да носиш туѓ товар на плеќи е претешко и со време ќе те истроши, како што било со мајка ти. Можеби сакаш да постапиш морално исправно, но овде не е само чистата совест на вагата, туку и твојата безбедност, твоето здравје, ако немаш семејство или деца сега, утре ќе биде и тоа на вагата - нивната благосостојба, здравје и мир. И покрај добрите намери, некои цени се прескапи за да ги платиш...и не треба да чуствуваш вина ако одлучиш да не ги платиш. Прво мораш да мислиш на себе.
     
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Ова го прочитав подоцна
    Значи сосема е пресметлив. Ми го потврдуваш она што го пишав претходно - дека ако реши да направи нешто, ќе го направи, независно од казната за тоа и од цената што ќе треба да ја плати за тоа. Ти неможеш да го спречиш. Можно е да се работи за пореметување на нагон, можно е да е психопатско растројство според ова што го кажуваш, сеедно. Мораш да повлечеш црта до каде ти е ок да се вклучуваш и колку поддршка и внимание треба да добива од тебе. Не смее да дозволиш да ти ги премине тие црвени линии. Ако е манипулативен ќе се обиде сигурно некогаш тоа да го направи. Тоа е самозаштита, а не себичност.
     
  6. SiMona Lisa

    SiMona Lisa Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на искрените совети.
    Искрено и јас така размислувам, морам да се поштедам и да ставам граници, во спротивно штетата ќе ја трпам само јас. Морам да чувам енергија и нерви бидејќи еден ден и јас ќе бидам мајка, сопруга и сл.
    Луѓето однадвор, индиректно, мојата незаинтересираност или мојот ладен однос, го преименуваат во себичност, лоша ќерка, незаинтересирана, демек моја била одговорноста околу него, а индиректно и тие сакаат да се ослободат од тој проблем и да си живеат спокојно во маалото, што сосема ги сфаќам.
    Нема кој не ми се јави, а да не ми даде "совет" како најдобро било да сум го земела со мене.
    Но, како што кажав претходно, јас не сакам да се жртвувам и да постанам негова трета 'мајка', затоа што прво тој не заслужува, второ и покрај сите грешки јас од негова страна не гледам покајание и подобрување во однесувањето.

    На ум имам како некоја алтернатива да го сместам во старечки дом, доколку неговата пензија му ги покрива трошоците за таму, плус ете јас нешто да додадам.
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Да, претпоставував дека така ти прават. Таква ни е културата, дека децата треба да се грижат за старите кога ќе остарат, демек да вратат за услугата што ги израснале. Не. Децата треба прво да си ги прашаш што тие сакаат. Тие треба да се грижат за старите ако сакаат и можат и се согласни за тоа, а не затоа што се должни нешто и зошто им е наметнато. Башка еве што викаш, не секој добил грижа и љубов од родителот додека растел. Што па на него му должиш? Не велам дека е нашата култура лоша, а западната култура е подобра. Се си има добри и лоши страни. И живот во заедница и живот посебно, ама треба човек сам да може да бира без да му судат другите. За машко дете па уште повеќе му се натураат вакви идеи- демек родителите со него треба да живеат, па макар и на другиот крај од светот да е преселен. Голем притисок е тоа за детето.
    Јас лично сум кажала, дека децата не сум ги родила за да го живеат животот како што јас сум замислила, ниту за да ме чуваат кога ќе остарам. Ми нема посебична причина за станување родител од оваа. Децата не се моја сопственост. Тие се посебни индивидуи и имаат право на избор. Дури и би живеела во дом за стари лица, ако можам да си дозволам некој попристоен, и ако децата се самостојни и не ми кажат дека имаат потреба од мене. Имаш се обезбедено што ти треба, храна, лекарска грижа, анимација и врсници за друштво имаш. Ќе си отидам кај децата на гости, ќе си поиграм со внуци, без да им се натурам и кога нив ќе им одговара. Ниту ти оптеретен со обврски со кои не можеш да се носиш со годините, ниту тие оптеретени со родителите.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    12.191
    Пол:
    Женски
    Ти не си должна никому. Без разлика што тој ти е родител на хартија, тој тебе не ти е родител во вистинска смисла. За во дом да се смести ќе мора согласност од него, и не ми се верува дека таква личност би примиле. Најдобро решение е да се смести во психијатриска установа. Ако ги вознемирува нека го пријават во полиција, а не тебе да те замараат. Ти и да сакаш да помогниш, не можиш кога тој е таков.
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе звучи контрадикторно ,но прво заштити се себеси.Штом си одвоена финансиски,одвој се и физички од татко ти ,кој освен другите и тебе може да те нападне.За болни во мозокот да страдаш и глава да си лупаш не вреди и само ќе загазиш да го ставиш товарот на твои плеќи.Бегај подалеку мила од таков човек мој најискрен совет​
     
  10. Maremama

    Maremama Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам многу лошо периодов.паднав психички и се плашам многу до кога вака,имам многу обврски постојано сум во трчање но сепак мислам дека сум во голема депресија плачам за се..секој ден ... син ми ќе ме гушне ќе ксже нешто и јас солзи ми идат некој ако ми викне јас исто одма се расплачувам,премногу сум чуствителна, добивам силно чукање на срцето мислам ќе ми излезе и раце ми се тресат при најмал стрес веќе приметливо и на работа кога имам некоја обврска кија морам да ја завршам ми се тресат рацете кога ќе фатам да ја вршам кога брзам некаде исто така срцето ми чука силно раце ми се тресат...ссмо мислам колку е тежок животот и се негстивни мисли ми досѓаат дека јас не сум храбра личност за да го живееам овој живот...се чуствувам дека немам сили во мене никакви.. мислам дека ми е потребнс помош...
     
    На Ugly Duckling и Осе им се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Исто се чувствувам...
     
    На Maremama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Мислам дека одмор ви треба прво. Ако имате можност да земете одмор, не се мислете. Да се наполнат прво повторно батериите, да се одморите навистина, да јадете и спиете прво колку што треба, и без многу обврски и да си посветите малку време на себе. Па потоа да се работи на мислите и емоциите. Кога не ни се примарните потреби средени, физичките и физиолошките, нема да бидат ни другите.
     
    На Среќа и Maremama им се допаѓа ова.
  13. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    I'm Fine.
    Is usually the codeword for I'M BROKEN
     
    На Jana06 и black-angel им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Незнам дали да пишам.
    Барам совет а и не барам.

    4та средно сум, иам две другарки ме напаѓаат зошто не сум била опуштена со нив да им кажувам све што правам во животов.
    Знаат дека имам секојдневни проблеми со моите. Кога јас имам проблем они се часни сестри а јас сум таа што не знае да се понаша со родители, а рецимо завчера они имале проблем и уште полошо од мене се понашале.
    Започнав контакт со еден дечко.
    И сега наеднаш ги интересира што правам со него.
    Јас не сакам да кажувам све до детал, додека они кажуваат како воделе љубов до најситен детал.

    Едната другарка кажува за братучедите нејзини дека биле к*ви.
    Другата за другарка нејзина кажува дека била оро*ја, а цело време се дружеа додека не го намести дечко и да ја истепа.
    И како можам после ова јас да стекнам доверба во нив кога за други личности кажуваат секакви глупости без нивно присуство, а кога се тука се улижаваат.

    Пред некој ден кажав како сум се запознала со дечкото, не ми веруваа сум лажела, све било како на филм, зошто не сум имала потреба одма да се фалам кога се десил првиот бакнеж.

    Многу пати ми го споменуваат бившиот како сум успеала толку лесно да го преболам.
    Молам? Лесно?
    Самата јас знам низ што се поминав за да го избришам од животов.

    Што да праам?
    Може грешката во мене е што не се фалам, може ја сум намќор.
    Незнам.
    Сабајле ради ова добив паничен напад.
     
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    @edna_malecka душо, добро правиш што не кажуваш.
    Самиот факт дека се такви кажува дека не смееш а и не мораш да им кажуваш.
    Тргни се од нив, не ти требаат.
    А за муабет знаеш дека секогаш можеш да сметаш на мене. :hug:
     
    На Осе, Guns N` Roses и edna_malecka им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    Никогаш премногу лични работи не сум споделувала со другарки.
    Не мора да бидеш како нив. А и подобро е така. :) Кој многу зборува, и зад грб зборува (најчесто, не генерализирам). Приватните работи чувај си ги за себе.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Јас не сум споделувала вакви работи со другарките. И чудно ми било кога некои си споделуваат меѓу себе. Можеби зошто најдобрата другарка ми беше слична како мене, па не сме правеле муабет за интимни теми. Не викам дека е правилно, ама од карактерот тешко да си избегаш. Ако не осеќаш дека треба да споделиш, немој. А и погрешно е од нив да ти префрлаат за тоа.
     
    На Осе и edna_malecka им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.510
    А да си најдеш други другарки?
     
    На Cherry333 и anggell им се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    16.486
    Пол:
    Женски
    И немој да споделуваш премногу лични работи со овие другарки. Не е до тебе, едноставно чувствуваш дека немаш потреба да споделиш со нив затоа што немаш доверба. Јас сум премногу затворена личност, со никого не споделував ништо се додека не ја запознав мојата најдобра другарка од средно. Единствено со нејзе споделувам се затоа што имам доверба и таа со мене исто.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SiMona Lisa

    SiMona Lisa Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Не се нервирај заради другарките, не вреди, се гледа дека не се вистински другарки општо. Ништо не споделувај со нив, затоа што еден ден ќе го злоупотребат тоа. Терај си по својот пат самостојно и разумно и не потпаѓај под туѓи влијанија, низ животот луѓето ќе пробуваат да ти наметнат свои размислувања, но ти секогаш имај си граници за што можеш да прифатиш, а што не. Биди си своја, таква каква што си.

    И секогаш запамти, ако некое друштво ти праве да се осеќаш незгодно, под притисок, да ти го паѓа расположението, тогаш менувај го друштвото. Другарките треба да те расположат, да ги помогнат, да се осеќаш убаво во нивно друштво итн.
     
    На edna_malecka, Cherry333 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.