И јас имам исти вакви зборови слушнато и слични ситуаии со кои уште се расправам.Мислам дека не ти ги почитуваат границите.Еве на пример мене ми замериле како не сум споделувала, ама од друга страна и они подолго време не ми кажувале нешто, што не е логично.Ти одлучуваш до каде ќе бидеш искрена, секако не да лажеш и да прекриваш големи работи ама твоја одлука е колку од твоите интимни работи ќе споделиш.Љубопитни се, можеби немаат лоша намера, можеби мислат дека нешто криеш од нив, ама исто така може и да го искористат тоа што ќе им го кажеш како материјал за оговарање(особено ако се поблиски меѓу себе).Искрено мислам дека ако се прави другарки треба да го прифатат твојот карактер каков што е, а не да бараат да се менуваш за нив.
Твој живот, твоја работа. Не се толку наивни, сакаат да знаат за после да оговараат. За жал денес ретко се наоѓа вистинско пријателство. Понекогаш е подобро да си ги чуваш и среќните и тажните мигови за себеси затоа што не е секој за се да знај. Јас секогаш сум одела по принцип ако сака некој да сподели нешто самиот ќе ти кажи без да прашаш, а не да го буцкам, па од околу, па да се лутам.
Дали добивате некогаш некоја голема желба да и пишете на некоја личност со која веќе со месеци не сте во контакт?
Мене некако чудно ми е. Пошто јас ја нагло прекинав комуникацијата, и сега најверојатно ќе добијам игнор од другата страна.
Зависи зошто сте прекинале, ако е као едноставно сте прекинале со муабет , пиши, и ја имам пишувано и ми имаат враќано . Примеров е за другарки
Па да, ама се си мислам будала ќе испаднам, не знам. Се видовме во град и ме изигнорира убаво, така да исто ќе да е и виртуелно. Прекинав пошто реално имаше многу red flags, не е за другарки инаку
@GirlRose Што и да сакаш да направиш, направи го без многу размислување. Без overthinking дали ќе бидеш будала. И да е така, и да те стави на игнор, барем ќе знаеш дека од твоја страна е направено се што требало да се направи. Ова го кажувам како совет за сите кои читаат. Ако има нешто за што се каам во животот, тоа е бидејќи никогаш не сум била доволно отворена, никогаш не сум знаела да ги искажам чувствата баш заради тоа да не бидам будала. Не бидете будала како мене, нема ништо полошо од каењето.
Сосема се согласувам. Некои ситуации не треба да се со overthink. Само што ко да имав преголеми очекувања, а истата особа ко да се оладуваше постепено. И сега ми е криво, ама некако тешко ми оди да соберам храброст.
Been there, done that. Кај мене не завршило со добро никогаш. Мислам, не дека ќе ме изигнорира другата страна, него после некое време пак ќе ми го начука. Затоа искрен совет, размисли дали вреди. Стави некои работи на вага и уште побитно, види дали ти е моментално чувствово. Дали си нешто екстра сензитивна периодов, носталгична, емотивна. Ако е само до периодот, не ти треба повторна комуникација.
Види, не знам во колку блиски односи сте биле, колку сте биле поврзани, ама, доколку навистина сакаш да обновиш комуникација, do it. Немаш што да изгубиш. Доколку гледаш дека повторно не оди, без разлика дали проблемот си ти, или другата личност во секој момент можеш да прекинеш. Да, сум имала такви ситуации, и подоцна сум сфатила дека не вреди. Ама пак, сум била и во обратна ситуација. Ќе се воздржаш да не направиш нешто, и после ќе се прашуваш, што ако. За мене, второто е потешко.
Паметно правиш што не споделуваш многу. И јас никогаш не сум сакала во детали да раскажувам за врската на другарки, тоа си е помеѓу 2ца луѓе, не секој да дознае. Не сакам ни кога некој цела интима ми ја раскажува. Очигледно се некои сеирџики, па сакаат материјал за муабет да имаат кој што правел, затоа толку се распрашуваат. Не вреди да се нервираш поради такви личности, не заслужуваат толкаво внимание.
Никогаш не сум им раскажувала на другарки премногу лични работи. И кога ме прашувале нешто, тоа што сметам дека не е многу битно им го кажувам, другите работи си се лично за мене. Стварно не треба многу лични нешта да се кажуваат на другарки, не знаеш која ќе те издаде. Другарките што цел живот се дружевме заедно, многу пати ме имаат продадено за секудна, па слободно можам да кажам дека вистинска другарка во денешно време НЕМА.
секогаш мене ме оставаат, никад не научив да оставам пред да бидам оставена, не можам веќе, немам никој покрај мене, сите викаат ајде ќе си најдеш друг. други , за дечко и другарки, ама нема нови, само старите се чистат и еве официјално сум скроз сама, да животот продолжува, секад има некој бла бла, како да верувам во тоа кога од дно паѓам во поголемо дно................
кога ке се помириш со тоа ќе запознаеш и нови другарки и дечко, затоа најбитно е да не се окупираш со тоа, опушти се и ке видиш дека се ќе дое на свое место
Тие тебе те изгубиле, изгубија личност што секогаш беше тука за нив. Ти не губиш ништо. Гледај од таа страна.