Знаете што ми се деси? Еве нека бидат другарка А и другарка Б. Вчера дознавме со другарка Б дека А воопшто не била у школо. А има дечко. Јас разговарав со дечко и, дека можеби е кај другар, може со другарка, сестра и. И сега дечко и и се лути што била со другар, ја нарекол расипана. А мене другарката А ми се лути што сум ја издала за другарот. Од нејзина страна си добив секакви закани, зборови, што вчера си легнав со грутка во грлото паники и анксиозност. Ми се умира, може смешно да Али неможам да издржам да ме напаѓа. Јас само бев загрижена, сите ја бараа, и пред се бев искрена не лажев. Зошто искрените луѓе секогаш патат? Зошто искрените луѓе сите ги газат? Зошто? Како да се понашам кажете ми. Разговарав со класниот, тој ми рече "игнорирај ги нејзините пораки, мој совет".
Здраво на сите, Подолго време сум во контакт со дечко што се мував пред неколку години, се погодивме да работиме на исто место ,и кога ќе се видиме флертуваме, понекогаш се бакнуваме, проблемот е што сега има женска, а сака и со мене да биде, ве молам за совет ,како да постапам во ваква ситуација. А многу ми е убав, мислам и дека не постои поубав од него во МК
Да го баталиш. Зошто се потценуваш и се ставаш во позиција да си 2-ра. Да си некому само занимација и потполнување на време? Го имаш ли прашано зошто пример не ја остави девојка му за да е со тебе? Не? Не сака да ја остави? Exactly. Цени се повеќе.
Знам и сум свесна за тоа, само што овој период немам ни другарки ни ништо и така некако додека флертував со него интересно ми беше ,ама знам дека не е во ред. Ти благодарам за советот , ќе го искористам .
Ако сакал да биде со тебе, ќе бидел, немаше да има женска. Ако ти е за да си пополнуваш време не е во ред, ни од негова страна, ни од твоја. Треба да си рашчисти со женската, а не да се бакнува со тебе. Како прифаќаш свесно некој што вара? Ниту тебе те сака ниту женската
Мислам дека нормално е другарки несвесно да се издадат сте се скарале разговарај со другарка А сигурно ќе се смирите. Незнам какви закани и какви зборови ти кажала ама не го ставај тоа при срце некој кога ќе се налути често избувнува и се кара ги навредува други, разговарајте и средете се, колку да си олесниш на душата не мора пак да ти биде другарка ако често се однесува лошо кон тебе.
Неможе да биде со две во исто време остави го не е важен само надворешниот изглед, најверојатно не те сака ниту тебе ниту другата девојка.
Последниот пост во скриената тема е од мене па да не бидат 2 еден по друг... Тука ќе пишам. Spoiler Ова ми беше јасно од секогаш. И сега, каде е мојот дом? Оваа тишина, оваа празнина, ова веќе не е тој дом. Мајка ми целиот живот, сиве овие години откако знам за себе си ја бараше и сакаше мајка си. Сега се заедно. Сега јас сум таа што целиот живот ќе носи една празнина во душа и на срце. До следно видување мамо.
Spoiler Ќе се видите пак, само не сега, мацку подоцна, само Бог знае кога. До тогаш остани девојка за пример како што беше.
Другарка ти има право да се лути нормално треба да се снајдеш у тие ситуации и да претпоставиш дека може дечко и да се налути ако е со друго машко без разлика што и е другар. Треба да и се извиниш по мене, она сигурно те навредила во афект. И друг пат внимавај со искреноста сигурно ситацијата не била дојдена до степен да ја тражите со полиција како исчезнато лице па да мораш да кажеш дека е со другар.
Занимација си му. Си го пополнува времето со тебе. А и не знам вие како можете да се мувате и да флертувате со дечко што има женска. Ајде тој што е расипан, расипан е ама не знам вие како се чувствувате кога ќе ви текне дека сте му во втор план. Стави се малку и на нејзино место. Секако дека и на тебе нема да ти биде сеедно ако дознаеш дека дечко ти те изневерувал.
Прв роденден без твоето физичко присуство моја најсакана. Да знаеш само колку многу ми недостасуваш секој божиј ден. И вечерва ќе си плачам тивко, ништо не е по присутно од твоето отсуство.
Нема да ми биде сеедно секако, ама доколку ме изневерува се знае дека врската не чини, па секако нема да барам кривица во третата личност. Иначе прекинав, секако несакам да бидам втор план.
Здраво Ве молам за совет Имам страв дека ке останаам сама незнам како да си помогнам многу се плашаам од самотија Имам другарки ама како да ги немам се јас ги слушаам нивните потреби нивните плачки се мене ми се жалаат а кога ке дојде време за мене никој нема време или едно едноставно ке помине се се осејкаам како досадна нонстоп да им пишааам свесна сум и пак си продолжуваам по исто темпо немам свое јас
Немој да се плашиш, најпрво научи да се сакаш себе си и своето друштво. Знам дека ти звучи чудно ама лугето барем во денешно време доагаат и заминуваат повеќето. Зарем секогаш така ќе паничиш. Научи се сама со себе најубаво да ти биде, а за другарки па смени ги. Спонтано пиши на други, братучетка, па пак ќе запознаваш други, кругот ќе се шири. Ехее низ колку луге поминува дружбата. Дружбата сама со себе е најважна, не се паничи сама нема да останеш, сите минуваат низ таков период.
Штом сите другарки тебе ти ги кажуваат маките, значи дека си добар слушател. Тоа е убава и корисна особина кога станува збор за градење на релации со другите, и треба да си ја цениш. Не ја има секој. А што се однесува до тоа да имаш свое јас, тоа значи прво да знаеш која си ти реално, а второ да се заложиш за тоа што си ти. И овие две нешта се учат и се доградуваат цел живот. Ситуацијава со пријателките ти е прилика да пробаш се заложиш за себе. Тешко ти е во моментот, па ако си во ситуација да разговараш со некоја од нив, сама почни да раскажуваш за проблемот што те мачи. Ако другарката те прекинува, не ти дава збор или се обидува да го пренасочи вниманието на нејзините проблеми, најотворено сопри ја. Кажи и дека секој пат кога си и била потребна, си ја ислушувала и дека сега треба таа тебе да те ислуша. Што ќе се случи понатаму не е толку битно. Битно е дека ти ќе искусиш како треба да се заложиш за себе и да поставиш некои граници, па и услови, а второ ќе имаш проверена информација дали ти е вистинска другарка или не ти е. А ако испадне дека си во право, дека не им е грижа за твоите чуства, само продолжи си понатаму. Има многу риби во морето, ќе си најдеш нови другарки. Мислам дека стравот од самотија ќе ти проаѓа како што постепено ќе добиваш сигурност во себе и како што ќе си ја градиш самодовербата. Идејата дека ти сама по себе, таква каква што си, не си доволна, не си способна, забавна, силна, не си ова, не си она, па мораш да бидеш со некој друг кој ќе го надополни се тоа што ти мислиш дека не си, треба да почнеш да ја тргаш од мислите. Па полека ќе се справиш и со стравот, и ќе отидеш и чекор подалеку - ќе ти биде пријатно сама со себе. Би ти предложила да си даваш позитивни афирмации во себе, секогаш кога имаш прилика. Тоа значи во својата глава да си зборуваш позитивно за себе (јас сум добар слушател, јас сум лојален пријател, јас сум силна, и сл.) и да го смениш малку во друга насока начинот на кој си се обраќаш себе си внатрешно, во мислите.
Зошто се плашиш? Секогаш треба да се потпреш на себе првенствено, не на некој друг. Среќата и задоволството од себе доаѓаат. А односите, во случајов другарството, се давање и примање. Меѓусебно, заемно, не еднонасочно. Ако еден се труди, а другиот не, не е во ред. Најдобро знаеш самата што е и како е, само немој тоа да те онерасположува. Нека ти биде прво добро со самата себе. Од другите не зависиш. А како ќе одиш напред и ќе се менуваат околностите, едни луѓе ќе заминат од твојот живот, други ќе дојдат. Нема да бидеш сама.