Па игнорирај ја. И јас се прашувам зошто го кркам стапот понекогаш кога никому ништо не сум ни рекла ни згрешила. Инаку не е до искреноста на луѓето, туку до интелигенцијата на другиот како ќе го сфати искрениот.
Девојчето недела дена го немаше у школо, буквално се препородив без нејзе. Кога беше се правеше како ништо да не било.
Е ништо страшно де. Обиди се да поразговараш зошто ти е толку лута, ако ти се смири во ред, ако не тогаш нема што да се замараш со нејзе.
Ти викам дека поубаво ми е без нејзе, си уживам не се замарам. Сега јас глумам "жртва" пошто многу тешки зборови паднаа од нејзина страна, на некој начин ја избришав од животов.
Не ми се верува каков ми е животот овие денови. Хаос. Во еден момент ми се плаче, ми се вришти. После го погледнувам син ми. Имам читано дека бебињата ги осеќаат емоциите на мајката, па се смирувам. Една работа ми помага моментално додека сме само јас и он сами. Он е златно бебе до сега, во најтешкото ми олеснува. Го читам форумов, читам глупости на интернет, слушам било што само да тргнам мисли од најлошото. Не ми е добро. Имам огромни болки. Се ме боли физички, а уништена сум психички. Страв ми е од панични напади, а сама сум, маж ми не е тука да го чува бебето додека се распаѓам. Но, никој околу мене не приметува. Таа фасада е толку тешка, а толку олеснувачка во исто време. Поддршка сум им на оние на кои им треба, викам ќе биде ок, се ќе помине, но секој ден е се полошо. Најлошо е кога еден ден конечно тргнува се на добро, си велам еве помина, а утре пак удар.
Само да не се оствари лошово претчуство што го имам. Дај боже се добро да се заврши. Конечно да се заврши. А и да не се заврши, Господе само не ми го одземај мирот и спокојот во моето семејство. Тоа ми е повредно од се...
Пријателите си живеат свои животи со семејства, очекувано и нормално, долгата врска замина во бестрага, нешто ново ниту на повидок... Ќе морам да учам да живеам сама. Изгледа така е судено. Ништо друго не ми преостанува, освен една тажна воздишка.
најубава терапија само дали ке најдеш рамо за плаченје или тапканје по рамо ,да се исказес секако ке ти е полесно
извини а омазена си или дечкото те оставил, зошто велиш ке останеш сама ?ако е второто има многу немој веднаш да си мистер скрсено срце ,јас колку протеглав за пола година па се дрзам,има подобро утре и за тебе
Скогаш е добро кога има на кого да се отвориме и да се потпреме, да ги искажеме нашите емоции, стравови, мисли што ни се вртат низ глава. Потребна ни е поддршка од најблиските, најсаканите, потребно ни е некој да не сослуша, некој да ни биде ветер во грб. Немој да ги криеш сите тие заробени емоции во себе, сподели ги, секогаш кога ќе споделиш со некого олеснува.
Сакам да создадам нешто. Да најдам некоја... За радост, не за тага. За смеа, не за плачење. За среќа, не за кавги. За брак, не за разводи. За шетање по светот, не за љубомори и дремење дома. Осаменост, тепа.
pak kekazam najdobra terapija samo poslushajte patalci vo ova volco vreme osven ako si spremen da istraes i predavstvo i licemerie i dvolicnos slobodno zbori i iskazi se na site ako ne si dovolno hrabar-a i spremna da nekoj namesto pomosh ti stavi sol na bol so toa shto ke te ozboruva,pozadi grb kuti si ovie cizmi proshle niz dolg i trnliv pat sepak vnimatelno birajte
teshko drugar na nikoj na celo ne mu pishe a i moze da najdesh a posle nekoj period duplo da te skrshi a po nekogash osamenosta e i dobra da iskulirash ali ne da se zatvorish vo sebe malku da oladish glava ne e losho primer sam na ribarenjeedno dva tri dena taka
Јасенче, никот ти е нели дрво јасен, а дрвата се дел од заедница, само дрво исто и сам човек е подложен на пропаѓање, затоа биди дел никако сама, а плодот на тоа сам ќе дојде.
Нема што да има тажна воздишка. Ќе си се наредат коцките и за тебе. Баш тогаш кога најмалку очекуваш. Затоа сега уживај во животот ќе видиш дека се ќе си дојди на свое место.
Луѓе, никогаш не подлегнувајте на психолошка манипулација. Јас сум жртва на психолошка манипулација од страна на мојот сопруг. Нормално, психолошкото малтретирање не е физичко, па да се види модринката и затоа никој не верува. Читав многу за психолошката манипулација gaslighting и се пронајдов во тоа. Имено, кога ќе прашате нешто што ве повредило наместо да се одговори се кажуваат разни напади: што ти е тебе, што измислуваш, што фингираш, пак со твоите бубачки, дури до зборови како шизофрена си, луда си, не си нормална. Истото подразбира и да ве оговара пред други луѓе и заедно да заклучат дека сте за на психолог. Заради тоа почнав да ги мразам сите, затоа што не ја ислушуваат мојата страна, само неговата и останувам недоречена. Исто така, она што го направил или го кажал го релативизира до степен да ти го полуди мозокот. Имено, еве денешна ситуација: Го прашувам нешто, бега не сака да одговори, го фаќам посилно за рака за да застане и во тој момент ми вели уште еднаш стегни ме ќе видиш што ќе ти се случи. Го прашувам што сакаше да кажеш со тоа, и ми вели: дека јас сум добар човек, ти можеш да ме стегаш јас ќе ти возвратам со љубов. Му викам ајде кажи, знам дека не е тоа, туку дека ќе ме тепаш. Ми вика не, туку дека ќе те стигне Божја казна, на тоа мислев. И ова е само пример, и за други работи посериозни во врска со живеалиштето ме врти. Од мирна, стабилна девојка, која факултетот и работата и' беа приоритет, ме направи депресивна. Не можам нервозата да си ја контролирам. Кога ќе се изнервирав порано знаев само да подвикнам и толку. Сега се тресам, имам панични напади. Дури и потајно го мразам. Инаку, пред луѓе секогаш сум јас лошата, а тој е тој што е мирен, дружељубив, фин. Сакам психички да се средам, пред се' заради бебето.
Чуството на супериорност си го искажал во кавгата (за да компензира за слабата самодоверба и моменталната навреда): Ако се однесуваш лошо со него,кој е толку многу добар и заради тоа не заслужува таков однос, Господ ќе те казни тебе а него ќе го заштити. Се става над тебе во секој случај. Во случај на расправија ако реагира со лутина или дефанзивно, се повлекува, не се вознемирувај. Остани смирена и не настојувај да се зборува тогаш. Ако треба и повлечи се, замини. Може да се обидеш во друга прилика да се дообјасниш ама секако ќе треба да биде на начин што нема да му ја загрози сликата за себе ако сакаш да не изреагира на ист начин. Кога те напаѓа тебе при расправија, не се докажувај со него дека греши. Колку и да си рационална во образложувањето, нема да го прифати. Само кратко кажи му дека му е лоша проценката и продолжи понатаму. Врската со нарцисоиден човек не е како нормална врска каде што кога ќе се повредат нечии чуства следи расправија и објаснување па на крај решавање на проблемот и смирување. Во ваква врска проблемите не се разрешуваат еднаш-засекогаш. Ако се работи за навреда кон него, наместо повлекување, лутина, обид да се решат проблемите, реагира со казнување, потценување, бркање, се заканува со крај на врската. Значи реакцијата на навредата е несразмерна со неа, претерана, место лутина, реагира со бес.
Најдобар совет што го имам добиено во животов!!! Ти благодарам! И, да, станува збор за нарцисоидна личност, тоа го влече од лошото воспитување на мајка му. За неа нејзините деца се најдобри, најпаметни и најубави. Пр. за брат му, има завршено Правен факултет и работи во администрација. Познавале некоја сосетка којашто исто така била правник, но вработена како правник за една од попознатите синџир аптеки. И велам јас сигурно многу добар правник е, а мајка им враќа: ,,О, неее, не е до тоа, син ми е уште подобар правник, ама нема среќа ко оваа". Или еве пример за маж ми уште кога учел во средно. Класната ја викала мајка му за да и' каже дека многу зборува на час, и пречи, упаѓа во збор за да се направи интересен и да го смират дома. Свекрвата кажува одам јас дома, му кажувам што ми рекоа и го гледам ми вика мамо не е така и ја наведнува главата и трепка со очињата, си викам јас син ми не би лажел,што и е на класната. Колку пати само пред него ми велеше дека имал холивудска ,,лепота", сум имала среќа што токму него сум го пронашла. Така што, таа нарцисоидност влече корени од таму, според мене. Мислам дека со одговоров твој како да сум била на психолог (што толку ми треба разговор), и е најдобро нешто што сум слушнала од кога ми почнаа лошите денови.
незнам кај да фатам ,кога на човек му е тешко и му е потребно она знаете да се искаже ,работиш се смееш а не си ја сватил шалата зошто умот ти бил на друго место идеш поминуваш низ местото кај сте се збирале гледаш останале двајца а бевте 15 другари кој заминал џедем кој се иселил пола си ги погребал умреле од луциферови пороци ,кој го убиле ,добивасх луцидна реалнос идеш дома бараш релаксација на мозокот да се испукаш ,да кажеш што се си прошол да не оди во гроб со тебе дека и од што да се пазат ,зошто е волцјо време уклуцувасх п.ц пушташ музика а таму или стар хит кој ке ти врати спомени или новокомпонирани кои се смесхни за твој слух ,бараш читаш википедии учиш што веке го знаеш едвај наогаш виртуелно друштво и таму ,нема место за тебе спремасш храна,уклуцуваш перална ,доагаат деца од школо разговараш ,и денот прошол мора да легнеш за рано да станеш за корка леб ,а таму инзомија кога замина времето како мене ми се слуци ова од кај да почнам сега одново а никого да не повредам имам ли надеж,треба ли,вреди ли а немаш кому да се ослониш наидува по некој колега некогаш звонат хамбург,дубровник веке и не кревам слушалка како да е кажано се има ли подобро утре за мене