Две години седев Скопје со цимерки и нормално поради различни карактери доаѓало до конфликти. Ама се се решавало со разговор, мораш да разговараш. Сепак живееш со неа, мора да најдите заеднички јазик.
Да ми се погодела и мене некоја апла будала, можи ќе ја фатев и јас. Шала настрана, или го решаваш проблемот или си одиш од таму и бараш нова. Полошо си прајш ако трпиш и собираш во себе. Можиш да пукниш и да го истуриш бесот на лош начин.
Еве јас повторно да кажам што си имам на душата. Прекинав 6 годишна врска, свршувачката се растури затоа што ова беше единствното решение на се досега. Тешко ми е ама мора да издржам за себе. Премногу црвени знамиња не сакав да ги гледам ама сега мораше дс се разбудам пред да е касно. Тој сакаше да бидам само со него и никогаш не го прифати она што јас го носам со себе и не прифати ниту еден мој пријател/ка роднина апсолутно никој.Пред други луѓе ме срамеше често пати со недолично однесување, ме направи да ми е страв и срам од грешка за да го кажам моето мислење. Преголем нарцис. Многу шанси беа дадени но никогаш не застана сериозно да ги реши. За неговите родители нема ни да коментирам. Последните пати не ме ни перцепцираја дека постојам кога бевмте во иста просторија. Главата ми е како во еден балон, не ми се ни плачи, туку осеќам како една голема голема дупка. Сега останав сама во местото каде што живеевме и тој се отсели. Ова прашање се одолговлекуваше можеби половина година и други пати сум пишувала тука дека ќе се разделиме ама сега ете дојде моментот и навистина се случи. Како да не можам да си поверувам дека се ова се случи и толку ми е нереално. Се повеќе сфаќам дека можеби се ова ми беше една навика него ли љубов према него. Постојано осеќав страв од тоа да останам сама дека нема да можам без него дека имам грижа на совест за неговите емоции ама сега што сака нека биде бидејќи овој пат се избирам СЕБЕ и бришам се негативно затоа што не сакам да си го уништам животот уште толку доволно ми е и ова.
Ова што го поминуваш не е лесно. Периодот кој доаѓа исто така не е лесен. Биди спремна психички да се носиш со сите предивици пред тебе. Од искуство кажувам, тагата знае да дојде и подоцна, нормално е. Драго ми е што си храбра и што си се одбрала себе. Ќе биде се океј, верувај.
Премногу ми е тешко ама морам да издржам не сакам никој да се грижи за мене и да си прат сите околу мене нервози то уште толку ме погодува. Никогаш не мислев дека вакво нешто можи мене да ми се случи ама веќе се случи. Премногу ми е се празно и сите луѓе ми изгледаат далечни и како странци мислам дека имам изгубено доверба во секого. Фала богу што ја имам сестра ми вчера денес барем да ми го одвлекува вниманието. Прв пат во животот вака се осеќам како многу длабока огорченост, не ми се плаче, преуморено се осеќам и како да сум сама во универзумот.
Јас бев сестрата. Знам низ што минуваш. Солзите ќе дојдат подоцна, ќе дојде и нова љубов, нови пријатели, нов ден. Ќе видиш дека после многу време кога ќе гледаш назад на оваа одлука, ќе знаеш зошто си ја донела, и што ти донела таа. Дај си време. Ќе помине. Едит: ако ти треба совет, посвети се на себе и работи кои не си можела да ги правиш предходно (недостаток на време итн) Шетај, вежбај, читај, ако треба и прави грешки, искачај, ново хоби, животинче. Нешто што на краток рок ќе ти одземе внимание.
Како да се преболи некој? Сум прошла низ фази на преболување неколку пати у животов ама овој пат нејќе и нејќе..
Нека ти биди оваа мисла во главата „Не е само тој на светот, не им се знаи бројот на машките на планетава“. Размисли колку работи можеш и без него, за колку работи си поуспешна од него и дека многу поуспешна можеш да си и без него. Плати му за сѐ со друг!
Ќе ги гледаш сите негативности што ти ги нанесол, сите болки, сите солзи по него, ќе разбереш дека не си била среќна со него. Да те сакал немало да дозволи да бидеш несреќна.
Со тоа што ке си најдеш друг кој што негативните мисли ке ги претвори во позитивни. Кој што ке ти го окупира времето и мислите. Со кој што ке немаш време да мислиш на глупостите од минатото. И заради кој ке си речеш " будала за што сум се нервирала".
Верувај во себе, работи на себе, фокусирај се на работи што ти значат, а што си ги запоставувала, поради него. Ќе ти треба време да се „преосмислиш“, подолго отколку што мислиш, ама ќе ти помине и ќе продолжиш. Многумина сме поминале низ истото ова. Нема да ти биде лесно, ќе поминуваш низ разни „фази“, ама на крајот, ќе бидеш добро, ќе изнајдеш други „решенија“, и ќе бидеш повторно своја, побогата со едно искуство... Пиши ми кога ќе сакаш да зборуваме за тоа, или ако ти е е тешко, во меѓувреме.
Епа овој ми беше тој. "Лекот" после две неуспешни врски. И си реков овој пат тоа е тоа. Не вредел никој пред него, тој беше човекот ради кој сфатив дека сум била будала што сум се нервирала за претходните. А на крај најмногу ме повреди истиот тој..и тоа ме боли. Што не очекував дека тој што ми беше спасот уствари испадна најлошата болка.
Тоа ти е лекција. Никој не треба да ти биде спас. Ти си доволна и заслужуваш среќа. Ако не со тој со некој следен. Една врата ти се затворила ќе ти се отвори нов свет. Верувај во себе и тоа дека вредиш.
Ти си храбра и силна. Ти честитам што си се избрала себе и секогаш да се избираш себе и својата среќа. Имаш поддршка од мене за што и да треба.
Очигледно не бил. Според крајот на приказната. Или бил само на почетокот. Не смееш да си дозволиш да паднеш психички. Цени се себеси. Не дозволувај да бидеш уништена од некој што можеби веќе нашол друга. Грешките се составен дел од животот но важно е да се извлече поука од нив. Што се сака и што се бара во животот. И не заборавај дека успех е и да паднеш..ако станеш посилна после падот. Затоа излези од периодов уште посилна.
И тој бил господин погрешен.Речи си дека си се спасила и од него. Пренасочи си ги мислите на нешто друго,на нешто што секогаш те развеселува.