Се сеќавам кога пишуваше и ти дававме совети. Браво, ти честитам на храброста и одлучноста, мислам дека донесе многу добра одлука, но секако ти треба време да помине се и да се соземеш од сите случувања, не е лесно после толку години таква промена секако. Со тек на време се ќе си дојде на место.
Благодарам за поддршката, се надевам се ќе биде во ред. Сакам да сум пример и за други жени и девојки никако да не остануваат во токсични врски. Можеби периодот кој го поминувам и ќе го поминувам е тежок, но подобро ова него ли да нема поврат од дното на кое може да се најдеш со некој кој ти ја цица енергијата и те прави да се осеќаш најлошо во врска со себе.
Душата ми е уморна од премногу чувства неискажани, од премногу зборови грутки во грлото останати, оддамна многу оддамна не сум се чувствувала среќно, предолго време стојам на раскрсница и не знам кој пат да го одберам, собирам сила да ја сменам играта а со тоа и самата себе во некои аспекти затоа што вака веќе не иде...
Ај вака, имам сериозен проблем. Ми требаат мислења и совети како да постапам. Имам постар брат од мене и малку карактерно тежок човек. Кога е нервозен сите му се виновни, на сите ја истура нервозата, некогаш и поради ситница. Е пред некоја вечер имав непланирани гости, јас требаше да излезам а исто и тој, меѓутоа се задржија и тој поради сета таа ситуација со гостите целата нервоза ја истури на мене, се јави на татко ми кој има мал проблем со срце и не смее да се нервира му кажувал измислици за мене. Погодете што? Сега татко ми не зборува со мене иако пробав да ја средам ситуацијава ама беше безуспешно заради приказните на брат ми. Напната сум, не се чувствувам добро и не знам како да постапам. Не сакам да се расправам баш поради здравствената ситуација на татко ми но и не можам да оставам така, тешко ми е.
Кажи си ја твојата страна на приказната, што се случувало, кои гости биле. Кажи му дека тоа што измислил тој е непостоечко.
Разговарај, ќе дознаеш. Ама сигурно и твоите не замериле го осетиле дека е нервозен. Сигурно го знаат, дете им е.
Да. Ме сфатил погрешно плус нервозен и мене ми се истури, за тотално небитна работа. Проблем е што не му е прв пат ова.
Имам лично искуство со човек кој има карактер како брат ти. Исто така дома, во семејството. Јас и после толку години не најдов решение затоа што тој едноставно е таков, нервозен, избувлив. Сфатив дека со таков човек нема разбирање и пробувам колку можам да се дистанцирам и да го игнорирам колку можам. Е сега, во твојот случај се важни некои работи. Каков карактер има татко ти. Каков однос имаш ти со татко ти и каков има брат ти со него. Доколку татко ти е поблизок со брат ти и му попушта е тука не можеш ништо, само ќе си ја трошиш енергијата. Доколку ти си блиска со татко ти, верувам дека зборовите на брат ти немаат големо влијание. А како да постапиш ти лично со брат ти заради ова и општо заради неговото однесување, како што реков јас не најдов начин освен да се дистанцирам. Тежок карактер е тоа што не се менува, посебно како што рече и повозрасен е брат ти што значи не е тинејџер па да речеш период му е.
Super odgovor za situacijata. Nemozam da razberam zasto vozrasni luge nemozat da go resat toj 'tezok karakter' koj jas mislam deka e samo razgalenost i cisto sebicno odnesuvanje. Zal mi e za site okolu nego sto se prinudeni da stradaat radi negovata sebicnost. Opsto zboruvam za ova, bidejki kaj sekoja familija ima nekoj takov
Не барам совети. Незнам дали сум раскажала некогаш за ова. Незнам ништо. Незнам што ме натера пред спиење да мислам на ова. Очиве полни солзи ми се. Беше 2011г. Моите прв пат купија компјутер со интернет со све. Јас осум години. Тогаш дедо ми се разболи, во куќава немаше никој од постарите, бевме јас, брат ми, братучед и братучедка. Они средно, почеток. Хормони до плафон им вријат. Пуштаа порно. Јас не ни знаев што прават, мастурбираа пред мене, ја ги гледав како теле пред шарена врата. Што е најтрагично и мене ме допираа. Јас незнам како да реагирам, некогаш се тргав, некогаш не помагаше ни тоа. Се сеќавам оној пат кога бев со братучед ми во веце, мастурбираше пред мои очи и искочи она белото, сврши ваљда. Јас не ни знаев што се дешава само така гледав. Па бираше кое клипче да го пушти се сеќавам за едно рече "не ова ова веќе мачење е". Тој период братучедка ми доаѓаше спиеше кај нас, пишуваше домашна. Спиеше со мене у ист кревет. И секако едната рака во моите гакички. Ме прашуваше уште "убаво ти е?". Јас смотана детенце уште викам "да". Па препрашува "колку?" и јас и викам "многу". Колку пати ги тргав рацете, џабе. Се сеќавам го тераше брат ми да легне врз мене. Незнам што се случуваше тогаш најискрено. Мислам ништо само така лежеше. Се сеќавам мрдав со нозете барав спас. Се сеќавам бев поголема имаа они базент, бев се бањав нај нормално, сигурно имав 10-12г. Братучед ми ми рипна у базенот тргна да ме пипка ја се тргав. Уште ми вика "ако сакаш позади куќа да идеме". Не отидов. Не се случи ништо фала богу. Братучедка ми исто у сред базент ме пипкаше. И викам "Немој не сакам". Џабе. Колку пати сме биле само уште ми вика "А*о сака да ти го стави" тогаш почнав да разбирам реков "јас не сакам" и излегов. Еднаш и викам "немој ме боли" ми вика "рашири нозе нема да те боли". Неможам да си простам. Никако. Плачам како смотана. Душа ме боли. Бог знае можеби ме повредиле некако и затоа кога го имав "првиот пат" немаше крв. Еднаш и кажав на мајка ми "А*о ме пипка". Рече "ќе му кажам јас убаво кога ќе дојде". Ништо не се случи. Душа ме боли. Незнам како сега на нивни 27,24,22г имаат лице да ме погледнат во очи. Незнам како се уште имаат уста за зборење против мене. Незнам како сеуште не им е срам. Понекогаш си велам Господе не им давај деца и нив вака ќе им прават. А некогаш си викам ако Господе дај им. Ужасно се чуствувам. Мислам дека допрва стигаат траумите, недај боже да попуштам скроз психички. Јас денес кога ќе видам мало дете не ни помислувам да го допрам. Го гледам со љубов. Го гледам нормално, како обично суштество, како мило нешто. Си играм со нив. Колку пати сум останувала сама со деца не ни сум помислувала да им соблечам гакички. Сум била и у вц сум ги бришела и тоа све нормално, нежно, внимателно да не ги повредам. Не ги гледам со тие очи. Или пак кога некој е болен се молам како смотана господ здравје да му даде, не зимам и порно да пуштам и да маст. Душа ме боли луѓе. Ме корне.
Немој да се нервираш за тоа, тоа е веќе завршена работа.. Штом така ти правеле немој да се гледаш со нив повеќе бидејќи секогаш кога ќе ги видиш ќе се присетуваш на тие ужасни моменти... Инаку, рече дека немало крв првиот пат можеби заради тоа што кога те допирале можеби те повредиле, дали си сигурна??? Нема врска прашањето со темава, сакав само да знам дали е можно навистина тоа..
Не мора да значи, кај некои има кај некои нема крв али ако знаеш дека можеби те повредиле поголеми се шансите да е од тоа
Знам дека не бараш совет, но според мене треба да идеш да си разговараш со психолог, приватно, никој да не знае дека имаш закажано. Мнг ми е жал што си поминала низ нешто вакво, душава ме боли.... те молам спаси си го разумот, зборувај со професионалец за да можеш да си продолжиш со животот и да си изградиш нешто стварно убаво
Уште сум заглавена на шо ако муабет од вчера. Шо ако речев „да“. Шо ако немаше корона. Шо ако после преќин и каење, прифатев и речев „ок маци дојди пак да те гушнам“. Шо ако, шо ако. Најголем напријател.