Форумџика на годината

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. ThePharmacist

    ThePharmacist Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Машки
    Некој за ЛП. Ми треба мислење.
     
  2. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Пиши ми
     
  3. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Јас пак тука..
    Ама морам некаде..
    Ајде уште малку се надевам ќе помини овај период.
    Како човек без дом се осеќам.
    На работа на спиење. Така од ден за ден колку да помини денот.
    Ми треба одмор од се.
    Во истовреме барам и ново живеалиште со цимерка пошто така ми е поефтино инаку би живеела сама мислам иако понекогаш ми с страв.
    Краток ми е рокот за да најдам ново место ама се надевам ќе испадни нешто солидно иако ми се прај анксиозност од запознавање нови луѓе морам да поминам преку тоа.
    Не можам да ви опишам колку имам потреба од дистанца од се.
    Зошто почетоците се толку тешки?
    Налет тоа сите луѓе како да очекуваат дека треба да им објаснувам што ми се случило во животот, зошто ја растурив свршувачката итн..
    И тоа луѓе кои никогаш ги немало, луѓе кои не се интересирале за мене сега ете ги да слушнат дека не ти успеало и да се изнаситат.
    Ситни души.
    Е*ати менталитетот..
    Шо народ ќе бевме.. само на арно да не те видат.
     
    На warrior, Snowflake97, Youknow и 8 други им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.215
    Пол:
    Женски
    И да ти е убаво тебе на душата, секогаш ќе се најде некој што ќе проба да ископа демек не ти е, па страдаш за нешто.
    Остави ги другите нека се ситат ако тоа ги храни. Тоа се ситни души кои во животот ни сопствената среќа не ги радува толку, колку туѓата несреќа.
    Или не им одговарај и објаснувај или кажи им се заљубив во друг!
    Најтешкото беше да си најдеш решение, ти веќе го најде, сега нормално е дека вака ќе ти биде на почеток ама ќе се вратиш за кратко во нормала, после ќе бидеш среќна за новиот почеток.
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Така сакав јас - кажи им.
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.720
    Пол:
    Женски
    Заморот ти е знак дека треба да го префрлиш фокусот кон себе. Раскинување, селење, се е тоа стрес натрупан врз секојдневните работни обврски.
    Земи си одмор и наполни си ги батериите во првата прилика што ќе ја имаш и штом се сместиш. Одмори се и од луѓето што не сакаш да ти досаѓаат. Батали ги, исклучи ги социјалните мрежи ако треба за кратко, избегни ги негативците:D. Не се мачи ни да објаснуваш, не си троши сила да задоволуваш нечија љубпитност. Не се согласувавме, така решивме и толку.
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda, Teofil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    @edna_malecka Дали имаш желба да почнеш да работиш за да се иселиш од дома, да си плаќаш кирија? Ако да, како стоиш со англиски и што би работела?
    Би сакала да ти помогнам околу наоѓање работа и стан, доколку се согласуваш. Мислам дека пола форум би се заангажирал.
     
    На Snowflake97, edna_malecka, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.276
    Знам дека не бараш совет, ама се осеќав дека треба да пишам. Многу ми е жал што си го доживеала ова. Стварно е многу лошо и трауматично искуство кое може да придонесе кон последици во иднина. Не треба да се чувствуваш виновно илии лошо, си била дете, тие ае криви за се. Не се гледај повеќе со нив и разговарај со психијатар, кога ќе споделиш со некој може ќе ти олесни малце. Се прашувам дали некогаш го искомуницира ова со брат ти...

    Те молам немој да дозволиш ова да те дефинира во иднина и негативно да ти влијае на одлуки, постапки. Ти праќам гушка.

    Само да се надоврзам, кога бев исто мала, кумовите кои беа постари од мене исто пуштаа порничи во соба дури бевме кај нив на гости. Толку се вознемирив а тие се смееја чекаа реакции, избегав кај моите во дневна и досаѓав да си одиме.
    И многу е комплицирана детската психологија, никогаш не кажав дома срамајќи се како јас нешто лошо да направив. Одтогаш не одев кај нив на гости се вадев дека се машки и не ми е интересно со нив.
     
    На edna_malecka, KittyAgnes и Jana06 им се допаѓа ова.
  9. KarmaEKucka

    KarmaEKucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2016
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Не знаеш колку ме боли. Стискам заби и се смешкам за да не покажам пред тебе дека се распаднав. Твојата тежина и себичност не ти даваат да видиш дека ме скрши. Еден ден можеби ќе разбереш.
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Најмила моја,најсакана моја прости и на мама што секој ден ја гледаш со солзи на очи и грутка на срце..
    Прости и на мама што те вознемирува со своите немири,знам дека ме осеќаш најмила моја ама сепак ми се смееш ми гугаш и заспиваш во мои прегратки.
    Мама за тебе сакаше совршенство,затоа е толку тажна.
    Се надевам дека еден ден ќе успеам да си простам,дека ќе живееме хармоничен живот што ти го ветував дури беше во мене!
    Слушаш ли господи? Те има ли???
     
    На Snowflake97 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Девојки,сакам да се искажам и воедно ми треба совет.Имам бебе скоро е еден месец.Моментално живеам со мажот ми и свекрва ми.Свекрва ми ми помага но не многу затоа што е постара и неможе многу дс помага околу бебето,а мажот ми колку што може заради што работи.Е сега мене ме мачи еден проблем.Незнам дали е постпородилна депресија ама од време на време многу ми се плачи,се плашам дали добро се грижам за детето.Се плашам да не правам нешто што може да мј наштети.Прво дете ми е и многу ми е страв.Се само го гледам се плашам да не нешто му де случи едностсвно не уживам.Како да го сменам тоа како да сватам декаа сме здрави живи и се е во ред и да си уживаме заедно.По 10 год го добивме мислам дека е срамота спрема Бога за ова што го правиме.Некој совет решение и сл.Даа напоменам немам друга активност освен со бебето.Неможам да излезам не можам да го оставам со свекрва ми а и неможам да го земам со нас по студот сеуште е мало.Некаков совет ве молам што да направам. Плус посетувам психолог. Позжздрав девојки убав ден на сите
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Имам желба.
    Неќам кирија да плаќам сакам да соберам пари и да платам еднаш за секогаш.
    Англиски незнам, би работела у некоја продавница, бутик зависи.
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    На пример, да си купиш свое живеалиште мислиш? Кој не сака... Ама екстремно е тешко со платите и стандардот во Мк да си го овозможиш тоа во скоро време.
    Муабетот ми беше да преземеш нешто за да излезеш од дома, па за понатака ќе му ја мислиш.
    Во која населба би ти одговарало да работиш? Зашто знам за едно место кај што бараат девојче/жена за работа.
     
    На cresa-jagoda, Bella ••• и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.720
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai:
    Супер што одиш на психолог, многу ми е мило што имаш стручно лице за поддршка.
    Кога стануваш родител за првпат е многу нормално да го чувствуваш се ова што го пиша. За прв пат во животот стануваш одговорен за некој друг освен за себе. Стануваш свесен колку е целосно зависно бебето од твојата грижа, колку е беспомошно и колкава е големината на твојата улога како мајка. Сето ова го знаеме и пред тоа, го разбираме, ама кога ќе се роди детето првпат го искусуваме. Од таму се и стравот за неговата безбедност, здравје, добросостојба, несигурноста, чувството на сопствена неспособност, сомневање во себе како родител, па згора на се и вина дека се осеќаш така, сите овие емоции се многу нормални. Значи од една страна е психичкиов момент, а од друга страна е физичкиот т.е. променетите хормони кои прават во периодот после пораѓај и за време на доење да ти се смени расположението. И колку и да се тапа за жената, хормонските промени си имаат функција во однос на продолжувањето на видот и опстанокот - да и помогнат на мајката да се приврзе емотивно за детето, да го заштити и да се грижи за него, зашто емотивната врска и физичката близина (attachment) се најбитни во првиот период од животот и се неопходни за неговиот опстанок и понатаму за правилен развој на детето. Затоа си пречувствителна, емотивна, плачлива. Кога доиш се лачи хормон, кој освен за млекото, влијае и врз психата -те прави поспана. Целта негова е да ти помогне ноќе после доење, да заспиеш побрзо, да се одмориш, а не да се расониш.
    Пробај да го тргнеш чуството на вина на страна. Никој друг не те обвинува, ни некој околу тебе ни Господ над тебе. Само ти. Одлично се снаоѓаш досега и без помош, појди од тоа и дај си признание. Искрено, почетокот е можеби за мајката и најнапорен: физичкиот замор, промените во сите погледи не само во однос на телесните промени, па сепак се носиш со се.
    Разбирањето на емоциите ќе ти помогне да се справиш со нив и да ги прифатиш како променлива работа. Ќе поминат верувај и ќе се заменат со други, како ќе расте бебето и како ќе стекнуваш искуство. Ќе имаш и моменти на уживање со детето, допрва ќе имате безброј такви прилики и моменти. За второто дете затоа обично се мајките посамоуверени, заради искуството.
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda, KittyAgnes и 2 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот прекрасно ми објасна.... Се трудам да не мислам да се концентрирам на други работи, да не мислам на лошите работи. Ми успева но малку а и психологот ми помага доста...Благодарам уште еднаш
     
    На mal.ecka и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.784
    Допаѓања:
    169.650
    Пол:
    Женски
    Те молам закажи си терапија. Не си крива. Не си сама. Дури и си кажала и било џабе. Те молам оди на терапија. Да ти олесни. Вака го носиш товарот, не мора да го носиш. Оди, и пушти го. :hug:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Сегде.
    Само школово да го баталам чекам.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Значи ми ѕвонеше пак и не знам зошто осеќам како обврска дека после толку години што сме биле во врска дека треба да му кренам. Тоа ми е прва грешка.
    Втора работа откако му кренав почна некој општ муабет како сум била како на работа и после ми вика те молам само кажи ми зошто прекинавме и јас му викам то треба ти сам дс го ставиш прстот на глава и да размислиш.
    После почна да плаче како изгубил во животот се дека јас му сум била се сега сфатил работи кои тогаш не ги сфаќал да сме се виделе..
    После тоа уште ме молеше да му кажам зошто не сме заедно и му пратив цела листа со затоа што одговори што сум ги пишела за да се потсеќам во тешки моменти зошто сум ја донела таа одлука.
    Ги прочита на глас, плачеше и ми вика свесен сум сега за се знам дека така праев тогаш не знаев, многу големи грешки направив и се ќе направам да се вратам назад.
    Почна да ме моли да плачи за уште една шанса, да сум се вратела кај него, или да сме живееле на друго место.
    Нема шанси викам јас одам понатаму најден ми е нов стан вртам нова страница.
    Плачеше, викаше дека родителите го упропастиле како личност, никогаш немало да најди некој како мене, никогаш не било крај ако ние не сме одлучиле така, дека не можел да живее така и дека имал суицидални мисли само немал храброст за такво нешто.
    Значи не можам да ви опишам..
    После тој разговор откако му кажав дека нема веќе за нас шанси и готово е засекогаш, плачам како ненормална и душевно ме боли.
    Не знам зошто осеќам обврска дека после толку години има барем разговор со мене заслужено, дека не треба да го блокирам од сегде.
    Му викам зошто овој муабет го правиш сега?
    Каде беше пред месецеи/години со овој разговор?
    Одговор е те молам дај ми уште една шанса да разговараме недалава.
    Аман господе..те молам дај ми сила ова да го издржам.
    Зошто се осеќам на овој начин…
    Се молам за тронка мир и за себе и за сите на кој ни е потребен
     
    На Snowflake97, x.Daisy.x и Ljubova им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е можно сеуште да ме дрма мал страв... Знам досадна сум и вам а и на сама себе.Повторно ме надвладуваат мисли што не ги сакам, можеби што сум цел ден дома со детето, само го гледам и само си наогам нешто, оти прави вака оти така да не му е нешто и сл.Зарем сите го прават тоа или само јас сум таква уплашена.Синоќа сонував сон со некое бебе нешто без врска и станав уплашена за моето бебе. Безвеза е знам но таква сум будала.Незнам зошто тоа нешто не ме остава да уживам со семејството се само да мислам нешто неубаво. Можеби вистина е што велат да поминат 40 ден да се врати се во нормала па ќе биде подобро.Извинете на долгиот пост
     
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.720
    Пол:
    Женски
    Осеќаш дека заслужува објаснување и те боли што него го боли зашто си имала искрени и длабоки емоции за него долго време. Зошто навистина си се грижела за него. Зошто во некој период си го гледала како некој со кој би живеела до крај на животот. И дел од тие емоции може да ти останат и понатака во животот. Во најмала рака веројатно секогаш ќе му посакуваш среќа, без разлика што те повредил во минатото.
    Се сеќаваш кога пишуваше овде додека бевте во врска и кога ти сфати дека работите не се како што треба и кога сфати дека е крај? Ти го доживеа тој шок додека уште бевте заедно. Тој го доживува сега. Во различен момент од тагувањето се наоѓате ти и тој. Ти веќе почна да застануваш на нозе и да се консолидираш. Тој сеуште не е стигнат до тој момент. Можеби ќе му треба нечија помош за да стигне до таму или малку повеќе време, ама ќе стигне. Верувам и дека сега му се јасни грешките, дури верувам и дека стварно ќе се обиде да се смени и да го смени и односот со своите родители. Дека ова ќе му биде лекција на некој начин (за некои идни врски и лично за него). Но во право си и за тоа- каде бил пред месеци и години да разговара за сето тоа? Зошто дозволил да дојде до тука? Зошто сега те прашува за причините?
    Се надевам дека ќе излезете секој на својот пат, посилини и поискусни од претходно и дека ќе бидете во состојба, во иднина, кога ќе погледнете наназад на врската што некогаш постоела, да видите убав спомен. Зошто без разлика што покрај добрите моменти имало и лоши моменти, и од нив нешто добро ќе произлезе. :f:
     
    На IRBBB, christinnn, JoanaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.