Пешачиш доволно? Пробај со минимум 15000 чекори дневно. Со ритам од два-три чекори во секунда, ти требаат помалку од два саати. Не мора толку во старт наеднаш, почни со 2000-3000, па зголемувај постепено.
Ох, камо да можеше така лесно да пренасочиш мисли и чувства. Те разбирам, на иста страница сме. Пробај да најдеш музика, медитација, нешто минимално, суптилно што душата ќе ти го препознае и што ќе ја смири. Тешко е многу, знам. Ама како викаат што и да е, ќе помине. Не може да се чувствуваме вака вечно. Ти праќам healing energy, чувај се.
Зошто живееме сеуште во 19ти век кај што сите мислат дека ако си родил ти завршил животов? Толку другарки, другари за искачање за кафиња за се а сега никој да се јави да ти напраи муабет ако не да дојде... Жално...
Прежално. Тоа се случува дури и кога не си станал родител, мене лично со коронава со карантините на почеток ми станаа јасни некои работи. Така да барем сега си знаеш кои ти биле вистински пријатели, а кои не.
Значи на добар пат си. Пробај осветлувај повеќе во просториите во кои се задржуваш почесто. Тивка неутрална музика, може и некоја лесна класика. Лесна облека, со нагласок на слобода околу вратот, да не те затега некоја јака. Без алкохол и сокови со многу шеќер. Со напишан распоред на дневни активности. Пожелно за цела недела. Може и мени за храна да се прави за цела недела. Што повеќе е познато тоа што ќе се случува, полесно е.
Што се прави кога имаш црни самоубиствени мисли ради домашни проблеми, нервози? Што се прави кога стануваш не трпелив, избувлив?
Да, и да ми пише 200 лекарства па на крај у Бардовци да ме испратат. Нека, арно ми е вака. Ќе ми помине некогаш.. можда.
Ќе ти помини само ако го прифатиш такво какво што е, да не си земаш при срце, да се научиш да живееш сама и да знајш дека утре, некое утре во блиска иднина стварно ќе ти се подобри ситуацијата. Верувам дека живееш во токсична средина, барем такви вајбс ми даваш.. ако некогаш имаш потреба од муабет би те ислушал. Паталец сум, не гаталец.
Психијатрите не секогаш препишуваат лекови. Ако проценат дека треба, да, ќе препишат. Но, може и со психотерапија да се работи. Тоа е буквално разговор. Ќе ти помогне.
Кога ќе си долу во дупката треба да не се предаваш. Да се сетиш дека има излез од неа. Излезот е многу пати некој да ти подаде рака за да почнеш да излегуваш од дното. Не се плаши да побараш помош. Не останувај сама во тие моменти, туку побарај некој за разговор. Од секоја ситуација има спас и ништо не е безнадежно. Без разлика на моментот, ако проаѓаш низ тежок период разговарај со психолог. Тој еве не препишува апчиња ако ти е страв апчиња да земеш. Ама секако ти имаш право да одлучуваш дали и каква терапија ќе земаш. Можеш и на психијатар да му кажеш дека не сакаш медикаменти само разговор. Не знам дали општо се плашиш од етикетирање и сригматизација или стварно мислиш дека некој може да те затвори во Бардовци, ама никој веќе не бива затворен во психијатриска болница без своја согласност. Законски не е дозволено.
Не препишуваат те така лекарства. Ама доколку го игнорираш проблемот, нема да најдеш решение за истиот. Јас кога бев, не ми земаа повеќе од 200 денари. Со упат од матичен бев.
Мојата болка е огромна и болна.. Никогаш нема да имам потомство бидејќи сум стерилен.. Ми се сруши светот.. Не знам како да продолжам
Да си жив и здрав. Не си само ти.. Има дечиња по домовиве што чекаат некој да ги вдоми Не мора да е по крв само потомството
Отиди на психолог ,немора на психијатар.Црни мисли(не самоубиствени) кога имам јас одам на прошетка,некогаш седам сам и слушам музика.Ако можеш прошетај на планина,во шума,искочи на кафе.Не биди затворена во себе и не чувај ништо во себе.Направи си ручек,вечера,измиј садови,некоја физичка работа исто така.Кога го активираш телото и умот ќе си ги пренасочиш мислите кон други нешта и подалеку од проблемите. Ништо страшно,биди благодарен пред се' што си жив и здрав,имаш некои работи што други ги немаат.Не треба да си ја уништиш сликата за себе бидејќи имаш таков недостаток.Не си создавај комплекси и прави добри работи.
Се проретчуваат и кога си во врска, одма те гледаат со други очи. Затоа кулирај си, не се оптеретувај, ќе си најдеш подобри пријатели со поубави односи.