Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Сите што ги познавам имале ваква или онаква криза. Било зашо немаат деца , било имале деца сакаат слобода. Ако имаш деца не значи дека си успеал у животот, исто важи и за дипломирање, магистрирање и наоѓање работа. Ништо од ова не е покажател на тоа дека си успеал у животот и дека си заостанат.

    Секој има свој пат и не значи ако некој напуни 30 толку е треба да се утепа, уште помалце на 25 години. Реалноста е дека сите ова сме го помислиле дека сме назад у ова “нормално” општество.

    Ќе тргнам од себе и она што мене ми беше укажано( коа мене ме фати криза на 25/6) прекини да мислиш за далечна иднина! Мислиш мислиш и пак ништо не смислуваш .. Што фајде имаш? Нервоза сеа, нервоза тогаш, луѓе ќе ти зборат и да имаш добра работа, и да не си вработен, и да имаш деца и да немаш, да имаш дечко а не сопруг и да си поштена и да си отоспија. Луѓе се луѓе мислат дека со нивно паметување ти “ќе се опраиш” нема везе колку дисфункционални се нивни животи, врски а богами и нивните деца.

    Што и да сакаш за себе направи го и истрај го, објасни го, најискрено и нај реалистично за да сфатат ,пошо инвестицаја у себе ти е најдобра ствар. Да, сослушај што ти зборат и стави на кантар колку се вклопува у твојот план.
    На дечко ти си му кажала поштено и отворено што и како се осекаш, негово е дали ќе се вклопи у негов план( ваш план). На вас двајца е како понатаму и дали ете ќе се сретнете на “средина”.

    И да се е океј со тебе, браво што студираш у ова општество не е на одмет да се заврши факс и да се надоградиш себе си на професионален план( не е ни ненормално да немаш факс кој како си сака).

    Не си неуспех, човек си, живееш живот, животот не е рамна линија и не е бајка. 25 години не се лесни години , односно 20 ка се тргаат розовите наочари и ја гледаш реалноста, одеднаш сите бараат нешто, кажуваат нешто , одговорности , не знам чудна декада растеш, созреваш , кризираш, прифаќаш и профолжуваш.. бар ја така ја укапирав. И не не значи дека све ми е ок, све сум прифатила и сум позитивна сеа 365 дена, него сум at peace многу енергија ми цица мислењето не можам повеќе, правам чекори кон тоа што сакам , мали, минијатурни ама правам.

    Имам пријатели у брак и сингл, и врска и one night stands сите имаат нешто што не се задоволни и што другите ги тераат да направат girl it never stops… just live life on your own terms
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Milaa111

    Milaa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Одам на "работа" со цело работно време ама не сум вработена туку само одам на пракса
    Има уште една колешка со која одиме заедно, верувајте толку се прави главна како да е вработена таму. За се вели "јас го направив, јас вака, јас така" КАКО ЈА ДА НЕ ПОСТОЈАМ ТАМУ. Менторот и сите останати се насочени само кон неа. Да посочам дека јас почнав прва да одам, ја научив работата и ја знам повеќе од неа, ја научив и колешката како да работи ии сега веќе не можам да дојдам до збор од неа буквално во се се меша. Секој ден ми поставува чудни прашања зошто не си земам слободни денови, зошто не останам дома да спијам и сл. Како јасс да издржам уште 9 месеци покрај луѓе кои и со поглед ме избегнуваат, забораваат дека постојам, сум како отфрлена таму поради колешката која не ја сеќаваат и дека се облекува провокативно и флертува со сите оженети мажи и сепак повеќе ја ценат од мене... многу сум гневна, не можам да трпам вакви неправди и не знам што да правам!!:worried: Ве молам совет некој
     
    На MariNina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.719
    Пол:
    Женски
    Welcome.
    Првото работно искуство (макар и пракса) е отварање очи за суровоста на реалноста. Вакви проблеми се составен дел од работата. Секогаш има некој кој се кити со туѓите успеси. На секое работно место. Добар менаџер знае да го увиди тоа и да го цени оној што навистина работи. Секако знае кој кого вовел во работата. Каков и да е тој, ти не очекувај колешката да ти признае пред претпоставен дека ти носиш заслуга, дека ти работиш, зошто тоа би значело дека таа ништо не прави. Никој нема да те фали. Ако сте си конкуренција (пример подобриот практикант добива договор за работа) очекувај и местенки и сопки. Некои луѓе се покомпетитивни иако не значи дека се подобри. Тоа што флертува со оженети, може им се допаѓа на колегите ама не знам колку му се допаѓа на шефот/директорот и ич не значи дека ја ценат. Баш напротив. Професионалноста не вклучува провокативно облекување туку почитување на дрес код ако го има фирмата или ако го нема тогаш подразбира пристојност во надворешниот изглед. Направи делата и завршените задачи да зборуваат во твое име. Ако се работи на нешто и можеш да ставиш свое име, стави го. Ако имаш простор за изразување свои идеи и за иницијатива прво сподели ги со претпоставениот а не со неа. Не и се жали и не се впуштај во разговор за лични работи со неа. Може да ги искористи информациите против тебе. А на нејзините провокации не наседнувај никако. Ниту еден шеф не сака лични кавги меѓу колеги. Може и да не го занима кој прв почнал и кој е крив. Не и враќај со емотивни одговори, не и ни покажувај дека те тангираат зборовите. Не и дозволувај да види дека со дофрлање те нервира и вади од контрола. Со прашањава сака да ти ја разниша самодовербата, дека си послаба, незрела за работа, помалку спремна или посветена. Не мораш ништо да и одговориш, ако не сакаш. Само погледни ја со израз - сериозна си со прашањето? Ако случајно те клевети нешто пред шефот, во твое присуство, што може да се случи, без драма, со одлучност во гласот, ќе си ја кажеш вистината, јасно и концизно. Немој да си и преќутила. И треба да издржиш да останеш и да се бориш. И работната средина е пред се за работа. Не мора да си со колегите најдобра другарка, немора да сте блиски и да контактирате после работно време, немора ниту да разговарате за теми вон работата.
     
    Последна измена: 9 февруари 2022
    На Cherryblossom9, sunshinebabe, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  4. anon12345

    anon12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Дали некој друг е опседнат со своите години? Ја имам 24 и се осеќам како да сум старец кога ке видам помлади од мене и како да ми поминала младоста. Покрај тоа исто се осеќам како да сум неизживеан, во смисла "имам 24 години а немам ништо направено во животот" иако имам доста постигнувања. Може е страв од пропуштање, а може и стварно не сум изживеан...
     
    На cutieee123 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Многу мои познаници ги имаат истите мисли како тебе. Без разлика што постигнале.
    Вниманието обрни го на други поважни нешта.
     
    На WildMk и anon12345 им се допаѓа ова.
  6. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Голема анксиозност и поради тоа ми се поремети начинот на живот.
    Не можам да функционирам вака, ни лекар а ни апчиња не ми помагаат.Осеќам дека тонам.Страв од буквално се, кој што ќе речи,дали правам грешка,анализирање на секој разговор со било која личност, па потоа дали тоа што го правам е исправно или не, дали некаде грешам и набивање себе си кривица дека јас сум виновна за секој исход и за се што се дешава околу мене.Се преиспитувам секој ден, секоја минута и секунда, монолози во главата,милион што ако и зошто.Побудалев, и мислам дека почнаа да ми идат црни мисли, не можам да избегам од сопствената глава и мисли.Не сакам да живеам вака.САКАМ СЛОБОДА !
     
    На Ugly Duckling, christinnn, Elf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Па ако продолжиш вака и стварно ќе побудалиш. Едноставно мисли на тоа шо го сакаш и шо тебе те прави среќна, држи се до тоа и се друго шо те вознемирува исфрли го од мислите и дури и од животот. Секој немил настан, ситуација, одредени личности. Така ќе почнеш да се сакаш себеси, ќе заборавиш на кој шо ќе речи, ако згрешиш нешто си згрешила, па и ти си човек, од грешките се учи и тераш понатаму. Не мисли многу не анализирај, ангажирај се со нешто друго, читај книга пример, прај ги работите шо те исполнуват, хоби нешто. Мисли позитивно и така.
     
    На lilly57 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Јас така се осеќам, од 30 наваму...
    It's a state of mind.
    Разговарај со психолог... можеби ќе ти помогне со некој совет.

    Роденден ми се ближи... језа ме фаќа :D
     
    На anon12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.078
    Пол:
    Женски
    На крајот,ќе пукнам .Сакајќи да помогнам на другите,ни на себе нема да си помогнам тоа е факт и ќе си трпам и болки во стомакот и стрес и несоница .
     
    На lilly57, tamche995 и prashinka им се допаѓа ова.
  10. anon12345

    anon12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    охооо па ја ако сум почнал уште сега вака, на 30 ке се спремам за умирачка :D. колку полниш?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Сведи го на минимум разговорот со нејзе. Година време имав онаква колешка, трпев што ја трпев, ми пукна филмот и ја ставив на игнор. После нешто го носеше муабетот на карање, зедов да ѝ појаснам (никако надмено, туку баш културно). Ситуацијата се пренесе до горе, ме местеше дека сум јас крива т.е проба да си сврти во нејзина корист. И тука верувај дека веќе некој гледа дали ти работиш стварно или не. Затоа гледај си ја работата и искулирај. Не ти треба сатисфакција од луѓе што не ти се ништо.
     
    На Milaa111 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    44 :worried:

    Не се умира од ова, само се стресира :D
     
    На anon12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kris°

    Kris° Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Хеј
    Не сум многу активна на форумов, но ми треба искрено мислење од некој непознат. Доколку некој има слободно време многу би ми значело доколку ми пише.
    Фала
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    39.491
    Пол:
    Женски
    Ее и јас имам скоро 22 па често размислувам вака...не знам ни јас зошто, ама како да ми прелетува времето. :D
     
    На anon12345 и christinnn им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Внимавајте многу со колешки/колеги се изгорев двапати и благодарение на такви луѓе не верувам никому.
     
    На cresa-jagoda и BlackNight им се допаѓа ова.
  16. anon12345

    anon12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    сакав да кажам ако сега се осеќам стар тогаш што ке биде на 30 :D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Частиш? :smirk:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Исто така се осеќав коа напунив 25, не само ја него и сите околу мене. И не само тогаш и на 30 години луѓе се осеќаат така.
    И сеа се осеќам некад али не обрнувам внимание пошо веќе не ми се мисли, премислува, замара, анализира со се, така кукајќи ми летнаа 4 години ( драма у празно , ова за мене си зборам).

    Една тететратка и пиши што сакаш да исполниш и работи кон тоа, не глеј на инста фб кој шо постигнал него што постигнал минат ти и ти во сегашноста. Искрено дневник е најбооље нешто коа кризираш од било која причина, ќе читнеш и ќе сфатиш дека напредуваш. ( нели тоа е поента да работиш на се што те кочи, и фа сфатиш дека уствари нишо не те кочи и не ти фали него се е до мајнсетот).
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Се разбира :inlove:
    Како да не частам оти ми поминала уште една година од животот? :D
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Пиши ми.