Одвај дишам понекогаш.Баш сум психички исцрпена, а луѓето околу мене не ме разбираат и ми ствараат дополнителен стрес и притисок. Не сакам да живеам вака, слаба сум и емотивна, не знам да се справам со ситацијата во која што сум.Сакам се да сменам од корен, ама не знам како а и се плашам.Не знам да кажам не, и тоа е плус, секогаш сум тука за сите и за се.Не сакам да живеам вакаа :'(
Пак ќе ти речам се е до мислата и како ја насочуваш. Ако си исцрпена спијај, одмори се убаво , опушти го телото, применувај јога дома или во група, запиши се на јога многу ќе те опушти. Не знам дали сакаш на пример на психолог да појдиш, онака да разговараш, да те насочи. Пробај прво да размислуваш малце позитивно. И исклучи го тоа Не Насекое , Не можам, Не сакам, Не знам кажи си јас можам , јас сакам , јас имам се во позитна смисла. Ако се насочиш така позитивно, така ќе ти биди и денот и се ќе ти тргни убаво. Испушташ позитивна енергија привлекуваш позитивна. Ако луѓето шо велиш не се тука за тебе кога еве сега вака тие тешко, а ти си тука за нив за се, или разговарај да се сменат работите или исклучи ги од животот, бидејќи те исцрпуваат, и мала енергија шо ја имаш ти ја одземаат. Луѓето одоколу можат да влијаат ите како за ти да се чувствуваш постресно и понестабилно. Време е да му речеш не.
Еве ме мене со дијагноза депресија со куп лекарства барем да ме успиваја ама не сите нерви по телото ми лазат. Психијатарот вели рано е за подобро веќе 10 ден од терапија јас 2 месеци ни јадена ни спиена се трудам ама неоди еден куп негативни мисли и стравови и пак не замене за на некој да не му однесам нешто или наштетам. Кога ќе прекини неможам појќе исцрпена максимално. Многу ми е жал за децата неможам да си ги гледам како што треба. Дали ќе помини и кога. Незнам кај да го барам чарето еве и в црква ќе одам да се молам да плачам некој да ми помогни. Шо да напрам појќе некогаш си велам да одам на психијатрија ама пак ми е страв еве пијам шо би ми дале уште освен да ме задржат а и од тоа ми е страв и страм.
Толку се чувствувам лошо, себично, незадоволно и неблагодарно, не знам да ги ценам убавите работи во животот. Од една страна си викам секој човек има себична страна и нормално е и таква некоја негативна емоција да не јаде од време на време, сепак секој сака се најдобро за себе, ама па не сакам да сум таква. Имам прекрасни нешта околу мене а ништо не ценам и не ми е доволно и се окупирам со негативни работи, случки и личности од минатото и ме кочат во се моментално ...се плашам од иднината и од сегашноста, се нервирам за минатото...Премногу премислувам се, едноставно сакам да уживам во моментот и да не се замарам со никој ама сум многу емотивна и ми се вртат 1000 мисли за се и сешто ...Блокади во мозокот имам секој ден што ми влијаат и на расположение и на односот со луѓето..И знам дека така не треба ама не знам како да се сменам и како да научам одредени работи корисни за мојата психа..А што е најстрашно се плашам дека тоа ми е карактерот и никогаш нема да се променам и цел живот ќе ме јадат глупости..И не сакам да се наречам себе си лош човек, имам доста емпатија кон другите ,доста сум емотивна и баш зошто се премислувам , сметам дека имам квалитети ...Ама со некои мисли толку се чувствувам себично и злобно и ми е криво за тоа ама тоа е така зошто се случиле работи не по моја желба и мислам дека уште не можам да се помирам со истите. И не знам што ќе правам со животот, од една страна си викам остај времето ќе донесе се и ќе нареди така како што треба да биде , од друга страна си викам ако не превземеш ти нешто да смениш тоа ќе те кошта во иднина, од трета страна си викам ако превземеш нешто можеби и најверојатно ќе се каеш во иднина...Значи сакам само да не размислувам ништо ама баш ништо.
Многу ми е тажно тоа што луѓето не му обрнуваат внимание на менталното здравје, тоа што не сфаќаат дека тоа е еднакво битно. Исто што како кога не се чувствуваш добро одиш на лекар ,треба и кога не се чувствуваш добро психички треба да одиш на психолог. Светот би бил многу поубаво место на живеење доколку луѓето би обрни се внимание и на психичкото здравје.
И јас мислам така.21 век е и нема од што да се срамиш и нема да бидеш осудувам. Пре би отишле на гатање,бајачки..
Во последно не можам да трпам луѓе. Не ни осеќам некоја потреба да пополнам слободно време. Се чувствувам презаситено, рамнодушно.. со еден збор чудно. А да, безобразни се (збор кој ми ја означи 2019 посебно, па до сега). Ми фали времето на искрено дружење и разговор. Мора некаде да си кажам. Не реплицирајте.
Здраво можеби не е за во оваа тема но не знам каде да напишам. Порано бев многу опуштена, забавна и комуникативна личност, но скоро веќе 2 години не сум баш социјализирана и немам контакти со многу луѓе. Се осеќам како да ми е закржлавен мозокот, и не знам да се вклучувам во муабет, да се надоврзувам во актуелни теми, немам контакти со многу луѓе со 2-3 личности само и тоа многу ретко. Најчесто седам и гледам филмови или серии, и со дечко ми кога сум на дејт ме фаќа некоја таква повлеченост едноставно како да не сум јас, се губам, се тресам и не можам да бидам опуштена, лабава и вистинска јас. Не знам што ми бидна али као да се склучи преокрет. Можеби е невкусно ова да го кажам и срам ми е навистина но како да се губам, да немам 2 чисти од животот, стегната сум, повлечена. Е сега ми треба совет и помош како да се социјализирам, да се опуштам, да се надградам, да го збогатам речникот, иако ова ми е проблем кој што го имам последниве 2 години ( иначе не сум била ваква). И со физичките особености сум падната, заглавив со факултетот, ослабев, го сменив личниот опис, едноставно не се препознавам. А одсекогаш порано сум била паметна, интелегентна личност, сум разбирала се. Дали можеби активна посета на форумов, читање на темите, читање книги, дружење би ми помогнало? Особено невкусно ми е со дечко ми кога ќе излезам и како да се повлекувам у себе, се стегам, не можам да бидам таа вистинската, мислам дека и он ме смета за глупава( индиректно се има така у неколку наврати изјаснето) , не знам како да објаснам што ми се случува ама како од ништо да не се разбирам, како да сум во лавиринт заглавена, што не било случај до пред 2 години. Порано во друштовото сум била најоткачена, позитивна и весела особа, полна со самодоверба. Секој совет е добредојден, благодарам
Сите во периодот на изолација се сменивме, беше процес на создавање нови навики и откривање себеси. За интровертите беше добредојдено, но екстровертните личности (вклучувајќи те и тебе) општо имаа проблем со ситуацијата бидејќи имаше потешкотии да бидат она што се. Така да, ситуацијата ти е сосема нормална и дефинитивно не си единствена и е океј. Јас ти давам совет што повеќе да почнеш да излегуваш, без разлика колкав круг на пријатели имаш, дури и да имаш малку пријатели сигурно имаш еден куп колеги, прашај за некоја задача, предавање, зборете за факултетот и без да си свесна ќе стекнеш уште еден другар. Покани ги на кафе, 90% ќе прифатат. Ако имаш некој близок, другарка, сестра, мајка, довери им се. Не е страшно да се поминува низ ваква фаза, сите сме биле низ ова. Пушти си музика, танцувај, прави ги работите што те прават среќна, пробај да уживаш во малите работи. Прочитај книга, пешачи, зготви го омиленото јадење и пак, ќе се пронајдеш. Единствено што не ми се допаѓа е тоа што велиш дека дечко ти те смета за глупава, а не пак да кажал на некој начин нешто такво. Ти си знаеш најдобро, не можам од 2 реченици да проценам, но во никој случај не смее да биде така. Размисли си подлабоко во однос на ова. Доколку ти треба совет или разговор, слободно пиши ЛП. Среќно
Како да се најди храброст да се изглуми уште една насмевка, да се скријат црвените очи, кога се‘ шо сакам е да лежам и убо да се исплачам. Не знам ни за шо ќе разговараме, не знам шо ми е, се' ми е. Ми олеснува кога ќе напишам барем една реченица.
Здраво, имам еден проблем може да се каже, можеби со години. Не знам дали на некого му се случило, ама многу често откога ќе зборувам со блиски другари/ки (после средба на кафе), чувствувам како да ми земале нешто - како да се каам за тоа што сум им го кажала (така се осеќам после некое време кога ќе ми текне на средбата). Нели често и даваме совети и споредуваме нивни со наши случки во животот.. Не знам дали се работи за енергија што ја трошам, ама се чувствувам како нешто да имам дадено многу повеќе ,односно дека сум им кажала повеќе од што требало (како еден вид каење), а сепак станува збор за блиски луѓе. Ама како да не сум сигурна во нив, во сама себе, како да осеќам дека ќе ми тераат сеир и дека ќе ми се ситат зад грб. Знам дека е ова и еден вид ниска самодоверба, сакам да прашам дали некој бил во слична позиција и како се справил?
Помалку зборувај за себе. Гледај да правиш опуштени муабети на други теми (а ги има доста). Ова не мора да значи дека е проблем со самодовербата. Едноставно има такви карактери, каде низ споделување ќе се осетиш безврска, а всушност ти го врткаат разговорот за да дојдеш во ситуација да споделуваш (иако првобитната намера не ти била таа).
Дали со нешто ти ја нарушиле довербата? Дали се ситат за други луѓе пред тебе? Оти ако се ситат за еден, голема е веројатноста тоа да го прават и за тебе, карактер. Можеби се многу радознали па само те буцкаат да кажуваш? Или можеби други другарки од минатото ти ја нарушиле довербата, па сега не можеш да веруваш на никој. Пример од мене, вака се чувствувам кога ќе кажам на една другарка. Причината е тоа што, нема да ме трачари, нема да ми се смее зад грб, само знам дека во иднина во прва прилика ќе ми го шлепни во лице со осуда. Значи не е искрена, туку многу осудува. И затоа гледам да не споделувам. Другите две другарки, знаат за мене повеќе од сама шо знам, ама имам преголема доверба и многу години зад нас, па искуството ми покажало дека можам да се отворам. Расмисли која е причината. И, 100% доверба во никој, бирај до кој степен можеш да споделуваш. Според мене вистински пријател не би направил да се чувствуваш вака.
мнг интересно, бев сигурна дека само јас се имам почуствувано вака. Ни на сон дека некој друг би го пишал ова.. Дали после средбите ти треба и малку време за себе, мала одалеченост од блиските? Мислам дека ова со текот на годините се среди кај мене...мнг сум емотивна, чуствував пресилно и мислам дека очекував премнг од блиските мои кога споделував лични работи...некогаш имав чуство дека I cheapen myself кога се отварав и до ден денес за некои работи ми е криво шо сум ги споделила.... Кај мене се среди ова со годините.. Не се сфаќам сеа толку сериозно, мнг работи се пролазни и не треба да очекувам работи од луѓето, исто така сум мнг посамоуверена