Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    На форумов е се нормално уживај не си смешна.
    Мислам дека е во ред твоево. Не е страшно ништо.
    Не може човек секогаш да е хепи. Најчесто глумиме пред другите.
    Немаш некој конкретен проблем или нешто трагично да ти се случило.
    Најверојатно здосадено ти е од школото. И мене ми било немај гајле.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Баш си срце.И смешна си у позитивна смисла, не као да те исмеваме.
    Нормално е некогаш да не ти се искача, да ти се лежи.Еве ја два дена од времево сум..не сум јас.Глава ме боли, колено ме боли, ми се врти, ми се спие.Ко издрогирана сум.
    Можеш времето шо го седиш дома да го искористиш паметно.Учи си, учи некој јазик, вежбај, работи на подобрување на самодовербата.Веруј ми ако почнеш да вежбаш, одма после вежбањето ќе си посреќна и ќе се чувствуваш поубаво.Ако не е така, ќе ти дадам број ела удри ме.Пред да вежбаш ќе си го наштелаш мозокот со ,,вежбам за себеси, да бидам здрава, и убава и згодна за себе.Како можат другите можам и јас, ајде нека не ме мрзи” и почни си со некои полесни вежби, не мора како бодибилдер да вежбаш.Малце по малце.
    земи учи после школо лекциите, па прочитај книга.
    Искрено од коа почна пандемијава и ја не искачам толку.Кога немам многу за учење, или кога сум расположена и е унаво времето, искачам секој ден.
    Кога е ладно, или вак сеа коа ми иде колоквиумска, само петок и сабота искачам.Другите денови работам на себе.Се надоградувам физички и психички, и ништо не губам.И ја неам кузнае колку другарки, со истите 4-5 искачам цело време, со другари.Вака зимно време како мечка сум, нигде ме нема, со ептен малце луѓе се гледам.Сеа да затопли уште повеќе, повеќе ќе шетам, секој ден, со различни луѓе.Здружи се со некој од школо, со на дечко ти друштвото, или негови другари ако имаат женски, седи си овде, овде бар нонстоп има некој.Створи на крај краева, виртуелно другарство.
    Као стварно е океј да не ти е денот некад, макар и да се поише дена или недели.Човечки е.Не може секад да сме среќни, фул енергија и сѐ да нѝ е под конец.Мора да има баланс.
    И не се стегај пред другите, пред оние шо знаеш дека ќе те разберат, ќе ти дадат совет, биди своја.Ама гледај као да речам, да не ги труеш со негативната енергија кога ја покажуваш.
    За да може они позитивната да ти ја пренесат.И сум ти рекла, пак ќе кажам, ако ти треба муабет слободно пиши ми.Ја може одма нема да вратам, сеа периодов помалце ќе ме има, ама еднаш дневно бар гледам.
     
    На NoirSerpentine, Maryy. и edna_malecka им се допаѓа ова.
  3. Moni_____

    Moni_____ Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум била таа што никогаш не плаче, секогаш е силна и секогаш се борела за среќата на најблиските, ама се осеќам како да заборавив на самата себе. Јадам нездраво, не се грижам за себе, немам мотивација за факултет, за излегување за ништо, собата ми е во хаос, мислите ми се во хаос, не спијам навечер, не можам да се разбудам на сабајле, едноставно се запоставив и психички и физички.
    Сакам да можам да бидам задоволна од мојот живот и од самата себе, сакам да почнам да слабеам, да се ангажирам повеќе за факултетот, да бидам мотивирана, да имам своја рутина во денот и сакам да го нема ова сега што го осеќам во мене а не знам како да го дефинирам.
    Не е депресија, не сакам да умрам, ама исто така не сакам да го живеам животот ваков каков што ми е, а немам никаква мотивација и сила да го променам тоа.
    Требаше да гледам повеќе за себе од самиот почеток за да не докдам до ова..
    Задоволувајќи ги потребите на најблиските цел живот се изгубив себе си

    И најбитното, што и да правам никогаш моето не е доволно, се трудам и пак не е доволно.. за моите дома за другарки за дечко за факултеет за се сум се трудела и секогаш наоѓаат маана секогаш наоѓаат нешто лошо а јас сум таква глупача што одам ставам се на срце и давам се од себе за што на крај? За што? Вреди ли… многу сум глупава тоа ми е дијагнозата
     
    Последна измена од модератор: 1 мај 2022
    На Bananki023 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Фаза ти е во животот, ти пукнало филм, што е сосема океј.Човек си, и камен да трпи ќе пукне.
    Убаво е што имаш воља да го промениш тоа.Прво, престани да се замараш за тие околу тебе.Речи ,,доста беше"
    не враќаш, не креваш, на вршиш услуги на сите.Наместо тоа, фаќаш праиш генералка во собата, смени си и декорации некои, земи предипли се, скоцкај.
    После, правиш план за исхрана.Гарантирам дека можеш да си јака женска и да изгледаш топ, нека не те мрзи!
    за учењето исто, види што како имаш за учење, напрај си план, подели си и почни, паметна си, искористи го капацитетот кој го имаш!
    и води си евиденција, секој деншто како да правиш.Пример утре: да вежбам саат време, да средам соба и да научам математика, и за секој ден така.

    абе ти е гајле, нека зборат остај ги.
    И ја си ставам некогаш при срце, и мене дома ми коментирале некогаш, не учиш доволно вака така.И сам им викам ,,вашето си заврши, јас за мене си учам"
    и толку, нема расправање понатака.
    и не се замарај, стварно за нас учиме.А за другарки и дечко па ич не вреди да се нервираш, се` е тоа пролазно во животот, до 30 кузнае уште што ќе видиме
     
    Последна измена од модератор: 1 мај 2022
  5. Moni_____

    Moni_____ Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Во право си.. Ова ме мотивираше сега многу да знаеш
    Ке си направам скриншот од пишаното и ќе си се потсетувам секое сабајле:inlove: Се надевам ќе помине за брзоо
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    i did it :D
    :l::l::l: со среќа, можеш ти :smoke:
     
  7. WindyWind

    WindyWind Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    120
    Што ли имам згрешено, на кој му имам згрешено за да ми се случи ова, во време кога требаше да сум најсреќна, да бидиме најсреќни. Почина мојот татко. Мојата омилена личност, омилениот родител, оној со кој споделував се, најгрижливиот за мене секогаш што ми угодуваше и подржуваше. Кога бев мала на смеа ќе речеше.. “тебе тато те роди” а јас и во еден момент во животот верував дека е така, е толку бев поврзана со него. Среќата ми се смени со тага. Јас бремена 9ти месец редам алишта за бебушка кога маж ми ми соопштува дека татко ми починал. Се скршив но бев силна за мене, за бебуш, за мајка ми, за мојата сестра бремена 2 месеци. Издржав 10 дена и се роди Инес пуфка на мама но со доаѓањето дома секој ден потажна и безволна. Што и да правам ме подсеќа на тато. Имав неколку епизоди со не јадење, без никаква воља за живот. Има денови кога грижата за моето дете ја осеќам за обавеза. Не ја осеќам среќата да се има дете и потоа ми е криво зошто да е така и сум уште поуништена. Ми сметаат сите а најмногу родителите на сопругот, се иритирам што ги гледам, слушам не можам да ги поднесам. Почнаа караници со сопругот многу брзо се нервирам и сум избувлива а не е тој крив што свекор ми незнај да џвака и нема никаква општа култура. Не е фер детето да ми расти во некултура а тој што беше пример за мене, тој што ме роди не стигна да види што родив јас. Го родив него очите, челото, главчето се е тато. Ми фали. ;(

    извинете за долгиот пост
     
    На Ouravanture, Madrugada, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ruby123

    Ruby123 Нов член

    Се зачлени на:
    3 април 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да изгубиш родител верувам дека е една од најтешките нешта на светот, не можам ни да замислам низ што поминуваш. За жал лоши работи се случуваат и на најдобрите луѓе на светот. Пробај да бидеш силна, имаш за кого. Сега ти треба да бидеш родителот, оној што угодува и подржува, ти треба да ја научиш Инес се она што те научил тој. Тоа нека ти биде движечка сила. Таа и твојот сопруг се твето семејство фокусирај се на нив, не на родителите на твојот сопруг. Не знам дали епизодите со нејадење и никаква желба за живот ти се случувале по породувањето и дали е можно да се работи за постпородилна депресија.
     
    На Ouravanture и WindyWind им се допаѓа ова.
  9. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.427
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам сакам да се запишам или архитектура или градежен, ама џабе никој не ме подржува,биле тие факултети за машки, не било тоа за мене, со градежен ќе сум се расправала со пијаници незнам што, цел живот на градилиште ќе ми поминел, архитектонски до 30 год немало да завршам, тешко било, имало многу предмети, жел живот со книгите во раце ќе сум трчала, немало да имам време деца кога да чувам. :mm:
    Па неможело во Скопје да одам на факултет, многу било гужва секаков народ имало голем град било, да сум одела во Штип имале луѓе таму имале врски.....
    Зошто не разбирате не ми требаат врски, одам за да учам и да научам, а не само колку да се каже дека имам диплома. (facepalm)
     
    На Bananki023, MeowMeow, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ич да не слушаш.
    Истото го поминав јас и еве, си терам со тоа што го сакам.
    Не ти треба поддршка од никој друг освен себе:D
     
    На _Naumche_ и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.715
    Пол:
    Женски
    Многу убава професија. И креативна и ќе имаш работа со неа. Сум имала прилика да гледам CV или портфолија на архитекти од регионов кои работеле на големи, милионски проекти и буквално си градат кариера. Да ти е мерак да ги читаш. Секако кој колку го бивало, толку напредувал. И она што имам забележано за оваа струка е колку подобро школо толку подобра работа и кариера. Оние кои имаа финансии да се школуваат во струкава надвор, во европскиве земји, се изградија во професионалци на кои цел свет им се отвори.
    Мислам дека вреди да го следиш сонот. Имам тетка архитект, која веќе е во пензија. Уште пред 50 години баба ми и дедо ми кога им соопштила ќерка им што сака да студира и дале поддршка и не сметале дека е машка професија. Единствено баба ми ја жалеше што долго морала да црта згрбавена над бирото до доцна навечер..ама па секој факултет си има тежина. И на потеоретски факултети може да поминеш ноќи седнат над книгата...секој факс си има своја тежина.
    Не дозволувај да не си ги следиш амбициите зашто требало да имаш деца утре. Децата се раѓаат и растат и си тргаат по свој пат во животот. Ти ќе треба да си го следиш својот пат без разлика дали ќе се одлучиш да имаш деца или не. И на тие деца ќе им дадеш утре пример дека треба да се стремат кон нешто подобро, да работат и да бидат амбициозни.
     
    На cresa-jagoda, etoile, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  12. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Ќе си се запишеш тоа ти што сакаш, нема утре они да дојдат да учат за тебе или место тебе да работат. Цел живот кога ќе се будиш за да одиш на работа треба да сакаш да одиш со насмевка, не со фразата ,, пак на работа треба ".
    Убави факултети се и двата, архитектонскиот е потежок, се учи 5 години една насока е сите учат исто, да има многу предмети ама не се изучуваат и не се полагаат сите одеднаш поделени се на два семестри секој семестар има посебни предмети (мислам на сите факултети е така). Градежен има повеќе смерови, 4 мислам, учиш 3 или 4 години во зависност од смерот кој ќе го избереш, се оди и на градилиште ама не седиш да работиш заедно со мајсторите одиш само за да ги контролираш, да видиш до каде е работата,.. Градежен има помалку за цртање од архитектонски и полесно е да се запишеш, за архитектонски врски малку требаат... Кој и факултет да го избереш си носи своја тежина, според мене ако ти одат добро математика, информатика, физика оди на технички факултет, ако полесно ти е да учиш теорија оди на факултет со повеќе теорија и избери нешто што тебе ти е интересно да го учиш што кога ќе слушаш ќе те заинтересира затоа што полесно ќе ти биде за учење ако тоа што го учиш го сакаш. За деца има време на 24-25 год ќе завршиш, дури и да остане испит не положен ќе го положиш и ако си мажена, познавам што имаат неположен испит па се имаат омажено, а по една година си го положуваат. За се има време во животот може деца да се чуваат и на 30 год има луѓе што на 30-35 год уште не се ни мажени ни ништо, ете немале среќа, ама никогаш не е касно, може да се забремени и на 40/45 год...
    Што и да одлучиш да студираш посвети се на тоа учи добро 4-5 години после уживај, ќе си станеш и финансиски независна, за време на лето работи ќе си имаш свои пари, и уживај има време за све.
     
    На cresa-jagoda, Ouravanture, Just_a_kid и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.681
    Пол:
    Женски
    Ти си најдволичното нешто поголема идиотка од тебе не сум сретнала,те мразам од ден на ден се повеќе и повеќе, колку треба да е несреќен човекот за толку подло да се однесува толку никакво те презирам, неможам да те поднесам не знам како ке те истрпам жими све...
    Господ сила нека ми даде пошо при крај сум со живците ќе те наапрам лом.
     
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Жалам што морам да го поделам постот, не го бере цел во едно :drunk:.

    1/2

    Коментарите што ти ги дале се многу без врска и многу дискриминирачки, почнувајќи од тоа дека има машка/женска професија, па сè до тоа како ќе чуваш деца (ако беше машко немаше да треба да чуваш деца демек?). Значи батали ги тие филмови, друга генерација се, поконзервативна и не можат да замислат дека поинаку функционира светот денес отколку во нивно време.

    Е сега, во однос на твојот избор околу факултет, можам само да ти понудам искуство затоа што завршив Градежен факултет. Значи првично, за да се одлучиш за било кое меѓу двете, треба да ја знаеш разликата меѓу архитект и градежен инженер. Можеби ја знаеш, но знам дека луѓето најчесто мислат дека тоа е едно исто, па затоа тргам со претпоставка дека не знаеш. Подетално можам да кажам за градежен инженер, додека за архитекти имам поограничено знаење, може да се надоврзе некој архитект на форумов за да го дообјасни опсегот на работа кој можат да го вршат архитектите.

    Значи, која е разликата? Архитектот е оној кој ја дава идејата, односно го смислува концептот, дизајнот, изгледот (форма, димензии, распоред на соби и сл) на објектот. Градежен инженер е оној кој го добива проектот од архитектот и врз основа на него прави пресметки дали димензиите на носивите елементи на конструкцијата/објектот (столбови, греди, носечки ѕидови и плочи) се во ред како што ги замислил/предложил архитектот или треба да се коригираат. Потоа, градежниот инженер продолжува да црта технички цртежи кои служат кои треба да се предадат на терен, за да знат изведувачите како да го изведат објектот (кои димензии на елементи, колку арматура (тие вертикалните шипки ако си ги видела што излегуваат од столбовите) треба да се стави и во кој распоред). Ова се работните обврски на еден градежен инженер кој се занимава со проектирање, односно канцелариска работа - пресметка на конструкција, технички цртежи кои ќе служат понатаму за изведба (design на англиски, но од аспект на градежништво не значи дизајн ко на македонски).

    Кога се однесува на проектирање, од тоа што слушам од колеги, има многу работа и секогаш се бараат луѓе за тоа, но ретко кој е задоволен од платата. Често се работи турбо и со тесни рокови. Добрата страна е што би можела да подработнуваш сама дома на помали проекти како куќи или дури и обични згради, особено ако познаваш луѓе кои „фаќаат“ такви проекти, но за тоа сепак ти треба искуство... Значи, мораш прво некоја година да поработиш во проектантско биро, да стекнеш искуство, пожелно да добиеш овластување (ќе објаснам подолу) па потоа да имаш опција да работиш самостојно. Повеќето тоа го прават дополнително на работата што ја имаат, значи како side job. Сакам да кажам, не можеш баш да си самостоен по завршувањето на факултет, да речеш еве јас сега ќе пробам сама да добивам проекти или да работам онлајн, мораш прво да се помириш дека твојата вредност после факултет е многу мала (практично и не вреди ништо што си завршил факултет, затоа што не знаеш да работиш без туѓа помош), односно претежно си помошник, не си самостоен. Впрочем, така и почнуваш, ти си инженер соработник, а проектот го води и контролира овластен инженер со повеќе искуство.

    Друга можност како градежен инженер е работата на терен/градилиште, каде ќе ја менаџираш и надгледуваш работата на градилиштето, ќе правиш евиденција што кога се прави, колкави количини на материјал се потребни, кога што ќе се изведе итн. Генерално и јас сум слушнала дека тоа не е „пријатна“ работа за женско, но од друга страна, имам доста колешки кои работат на терен, така што полека се менува и тоа. Од она што сум слушнала, точно е дека ќе треба да се расправаш со мајстори. Може не се сите пијаници, но може да се посебен калибар на незгодни луѓе, ако можам така да се изразам. Макар што, сум слушнала од колешка дека со остар тон и неплашење да се поставиш „шефовски“ и грубо, можеш да се справиш и со тоа, зависи каков карактер си. Инженерите кои работат на терен се генерално поплатени од тие кои работат во канцеларија, меѓутоа недостатоци се подолгите работни часови, работењето во саботи (некаде е две саботи месечно, некаде е секоја сабота итн), некогаш и недели, фактот што зависно од фирмата, може да те пуштат да работиш надвор од град, работиш во различни временски услови, дишиш прашини и нечистотии од градилиште итн. Сигурно ќе ти е неопходна возачка дозвола доколку работиш на терен, така што имај го тоа предвид. Кога ќе видиш, може да испадне дека по час да си платена исто како тие што работат во канцеларија.

    Останато што може да се работи е ревизија и надзор. Јас сум почетник и сè уште немам многу искуство во професијата, меѓутоа од тоа што сум слушнала, многу сакаат да работат како надзор, затоа што се повеќе платени, а како што знам, не се под таков стрес како проектантите и не работат цело време во потешки услови како инженерите на терен. Не сум имала можност да запознаам инженер кој работи како надзор, затоа што и онака тоа го работат многу поискусни инженери, но мислам дека работата им се сведува на посетување на објекти и следење дали сè се изведува по прописи, дали се изведува објектот согласно проектната документација итн. Исто не познавам никој што работи ревизија и не им ги знам условите и теретот на работа, но работата би требало да им опфаќа контролирање на проектите што ги добиваат од проектантите. Значи, проектантот го прави проектот, но потоа тој треба да биде исконтролиран, т.е. проверен од инженер што прави ревизија (затоа и се вика ревизија - преглед, одново погледнување итн). Не можам да тврдам со сигурност, но мислам дека не би требало да е толку напорно, затоа што тие само го разлистуваат проектот и можат да даваат забелешки за работи што сметаат дека не се во ред и треба да се коригираат. Не можам да кажам дали ова исто го прават само искусни инженери или можат и понеискусни инженери да го прават тоа.

    Генерално најмногу понуди/можности за работа сум гледала за проектирање и работа на терен. Уште една опција на која не се обрнува многу внимание/не се споменува толку на факултет е можноста за работа во лабораторија. Работата во лабораторија вклучува испитување на материјалите кои ќе се користат или веќе се искористени за објекти. Се тестира бетон, челик, арматура, малтери, цемент, лепаци и многу други материјали што се користат во изведба, а зависи и од можностите што ги нуди фирмата. Потоа се прави извештај за добиените резултати. Испитувањата генерално ги прават техничарите, не инженерите, меѓутоа инженерите мора да ги знаат сите постапки, стандарди и услови што треба да се исполнат.

    Сигурно некоја опција за работа превидувам, затоа што и јас сè уште не сум сигурна што сè можеш да работиш, но мислам дека најголем дел од инженерите се наоѓаат во овие сфери што ги споменав. Евентуално можеби можеш да работиш како комерцијалист или нешто слично во некоја фирма за продавање на градежни материјали. Како последна опција ја ставам работата на факултет како демонстратор, а потоа и асистент и професор. Да станеш демонстратор (ќе прегледуваш домашни и во зависност од потреба, можеби ќе држиш часови за вежби) не е толку тешко доколку се истакнеш и оформиш некоја поврзаност со професор кој би ти го понудил тоа, но е крајно неблагодарна работа. Надоместокот што го земаш е мизерен - дали беа 18000 ден. за цел семестар, нешто така; всушност, повеќе ќе го работиш тоа чисто заради можноста да останеш на факултет отколку заради „платата“. А сепак, никој не ти гарантира дека ќе се вработиш како асистент, затоа што слободните работни места ги диктира министерството за образование, а потоа и катедрите (професорите се групирани во повеќе оддели наречени катедри) си играат политики за кој ќе оди тоа место. Така, се случувало демонстратори со години да чекаат место за да влезат како асистенти и на крај пак не успеале. Така што, не би ти го препорачала тој пат освен ако немаш јака позадина/врски зад себе.

    @Just_a_kid

    2/2

    Значи ова ти е целосно објаснување за работата што можеш да ја вршиш како градежен инженер (конструктивна насока). Но тоа не се сите опции кои ги нуди Градежен факултет. Можеби требаше прво да почнам така што би ти ја објаснила студиската програма, ама нејсе. Значи, да речеме сакаш да се запишеш на Градежен факултет. Студиската програма е 3+2, односно дипломираш по 3 години и потоа имаш уште 2 години магистерски студии. Официјално, можеш да работиш и со 3 години, но ја губиш привилегијата да добиеш овластувања за надзор и ревизија во иднина, а не сум сигурна дали и за проектирање. Со други зборови, најчесто тие што не продолжуваат на магистерски студии работат на терен и можат да добијат овластување за изведба. Така што, на некој начин и си приморан да запишеш магистерски студии, што и го прават повеќето студенти кои дипломираат.

    Позитивното кај Градежен факултет е што нуди поголем број на стипендии (односно, те ослободуваат од годишната партиципација - не го плаќаш факултетот таа година) во споредба од другите факултети. Колку што знам, другите факултети ја покриваат партиципацијата на само на 10 студенти и тоа само во првата година од студирањето. Кога студирав јас, партиципацијата им беше покриена на првите 20 „идни“ студенти од ранг листата што се прави после упис (во зависност од успехот од средно), но покриваа партиципација и во следните години од студирањето (втора, трета, четврта, петта година), само на помал број на студенти (никогаш не сфатив на колку). Значи, за покривање на партиципација во првата година од студирањето, важни ти се поените од уписот (просек во средно и матура), додека за покривање на партиципација во следните години исто треба да го имаш еден од најдобрите просеци и да ти се положени сите претходни испити пред почетокот на новата учебна година.

    Прво нешто што треба да го одлучиш при запишување е одбирање на смер. Има 3 опции: градежништво, геотехника и геодезија. Градежништво опфаќа сè што досега ти објаснував. Геотехника се однесува на изведувања со земјени работи (насипи, потешки темелни конструкции, испитувања на карактеристики на почва итн). Геодезија се однесува на мерења на објектите - дефинирање на парцели на имоти, означување на места на изведба, мерење на закривеност на конструкциите (може да се забега при градба) и слични такви работи. Бројот на студенти што се запишуваат по смерови е следен: градежништво (најмногу), геодезија, геотехника (мислам дека максимум 10 души во генерација се запишуваат). Геодетите исто не верувам да се многу платени, а за геотехничарите не би знаела да кажам, може и да се поплатени затоа што не се запишуваат многу луѓе таму.

    Доколку си избрала градежништво, во третата година на студирање, треба да одбереш насока (нов смер): конструкции, хидротехника, патишта и железници и менаџмент во градежништво. Конструкции значи дека ќе се фокусираш на работа на „класични“ објекти како куќи, згради, мостови, стадиони, трговски центри и сл. Хидротехника значи дека ќе се фокусираш на брани, водовод и канализација, работа со речни корита и подземни води и сл. Патишта и железници само кажува за себе. Менаџмент во градежништво е нова насока, ама како што гледам, се однесува на другите аспекти поврзани со градежништвото (регулативи, водење на проекти, недвижнини итн). Бројот на студенти што се запишуваат по насока е следен: конструкции (најмногу), патишта и железници, хидротехника (најмалку), не сум запознаена со новиот смер. Мислам дека тие што завршуваат хидротехника брзо наоѓаат работа која е добро платена, затоа што многу малку луѓе се запишуваат на таа насока (во мојата генерација немаше ни еден студент). Геодезија и геотехника не се поделени на дополнителни насоки.

    По дипломирањето, веднаш се продолжува на магистерски студии, во соодветната насока што си ја избрал во третата година од додипломските студии. Веројатно можеш и да смениш насока, но би ти било потешко да си во тек, ќе пропуштиш основи од други предмети. По магистрирањето, се вработуваш и собираш работно искуство со цел да добиеш овластување за проектирање, изведба, надзор или ревизија. Овластувањата се однесуваат на две категории на објекти: А (големи објекти како стадиони, мостови и сл) и Б (пообични објекти како куќи и згради). За да добиеш овластување за А категорија на објекти, ти треба прво 5 години искуство работејќи ја таа дејност (проектирање, изведба итн) на такви објекти, односно работиш само како соработник на инженерот што има овластување за вакви објекти. Повеќето инженери имаат овластување за Б категорија на објекти, за кое треба 2 години работно искуство работејќи ја соодветната дејност.

    Значи, целокупниот процес од почнување на студии до стекнување на било какво овластување трае најмалку 7 (3 додипломски, 2 магистерски, 2 искуство во Б категорија) или 10 (3 додипломски, 2 магистерски, 5 искуство во А категорија) години, и дури потоа можеби можеш да се чувствуваш способен да водиш цел проект, односно да работиш целосно самостојно.

    Да напоменам за архитектура, во пократки црти: студирањето исто се води како 3+2 години, со таа разлика што мислам дека се сметаат како интегрирани студии. Тоа значи дека на крајот на трите години, не мора да спремаш дипломски труд (во Градежен мора), туку директно на крајот од 5-те години спремаш магистерски труд. Мислам дека се води како 3+2 затоа што на пример, ако сакаш да продолжиш магистерски студии надвор од Македонија, можеш да изготвиш дипломски труд на крајот од трите години. А ако си тука, не сум сигурна дали можеш да завршиш со 3 години или дури и ако завршиш, дали воопшто можеш да работиш нешто поврзано со тоа. Покрај работата што ја напоменав горе (изготвување проекти за објекти), архитектите можат да работат и на ентериер, а мислам дека и учествуваат во изготвувањето на планови за урбанизација.

    Што се однесува до платата, не би можела да тврдам со сигурност, но тие неколку архитекти што ги познавам не се добро платени, дури се и помалку платени од градежните инженери-проектанти (а веќе напоменав дека и тие не се задоволително платени). Верувам дека како и во секоја професија, доколку работиш на капитални, поголеми проекти, сигурно се добро платени, но кои се можностите за да се стигне дотаму не би знаела да ги кажам. Мислам дека повеќето архитекти, како и градежните инженери, работат на пообични објекти - згради, а имајќи предвид дека не живееме во некоја држава со wow градби, можеш да претпоставиш колкава слобода со креативност имаат архитектите и дали го користат својот потенцијал. Сепак, имајќи предвид дека можат да работат и ентериер, можеби доста од нив се пронаоѓаат и имаат слобода да се покреативни во оваа област. Нека ме поправи/дополни архитект, можеби грешам.

    На крајот од денот, кога ќе одбираш меѓу двата факултети треба да ги земеш предвид сите фактори и твоите преференци. Дали се чувствуваш како покреативна или како поаналитична личност? Од она што можев да видам, студирањето на архитектите се сведува на многу цртање (техничко цртање, иако има можности и за ликовно цртање) и правење макети/модели на објекти. Всушност, тоа е тоа што им го отежнува факултетот - трпението потребно за да правиш макети и роковите за нивно предавање за оценување. Имаш слобода да си креативен и имаш многу работа „со раце“. Од друга страна, на Градежен имаш зачудувачки многу теорија за учење (раскажување на лекции) како за технички факултет каде што би очекувал да имаш претежно пресметки. Но, исто така имаш и пресметки, многу домашни работи кои треба да се завршат во одреден рок, имаш исто доста цртање, особено во подоцнежните години...

    Во однос на тоа кој факултет е потежок, тоа е вечното прашање, вечната дискусија меѓу архитекти и градежници :D. Генерално луѓето велат Архитектонски дека е потежок, ама мислам дека многу од нив не знаат ни дека постои Градежен или мислат дека се исто, затоа што не е толку народски популарен факултет; повеќето луѓе не ја знаат разликата меѓу архитект и градежен инженер. Јас во претходниот пасус ти напоменав што мислам дека е тешко кај едниот, а што кај другиот факултет. Во секој случај, ако си решена да одбереш меѓу двата факултети, очекувај дека ќе си презафатена со обврски. Јас лично не познавам никој што истовремено и работел и студирал, освен ако немал некој заостанат предмет и празен семестар или слично. Ама со редовно слушање на предмети и настава, не.

    Ова ти го споменувам затоа што не ти ја знам финансиската состојба или еве особено ако немаш поддршка од твоите, да не размислуваш за паралелна работа со студирањето со цел да си понезависна, а и да си го оствариш сонот и да студираш тоа што сакаш. Според мене, невозможно е да студираш на овие факултети и истовремено да работиш, првично затоа што пола ден го трошиш слушајќи предавања и вежби, каде што присуство најчесто е задолжително, а потоа дома треба да работиш на домашни работи за кои имаш строго дефиниран рок кој мора да го почитуваш, треба да вежбаш задачи за колоквиуми и испити и плус да учиш теорија. (Секоја чест ако некој успеал и да работи и да студира). Тоа значи дека 4-5 години ќе мораш финансиски да зависиш од твоите. Ако тоа е во ред, супер.

    Друго што би требало да знаеш во склоп на ова е дека особено Архитектонски факултет е прилично скап факултет. И ние даваме доста пари за учебници, лисја, печатење на различни формати на хартија, мораш да имаш и не-скроз-обичен лаптоп за да можеш да работиш на софтверите, инаку ќе ти кочи, ама особено кај нив мислам дека имаш доста вложување на различна опрема за цртање, како и материјали за правење на макети. Така што, имај го и тоа предвид.

    Огромен пост доцна во ноќта, ама се надевам дека ти дава подобра слика за тоа што би те очекувало во иднина :f:.
     
    Последна измена од модератор: 1 мај 2022
    На cresa-jagoda, boomsleng, Just_a_kid и 5 други им се допаѓа ова.
  15. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Патам од постпородилна депресија и анксиозност. Пред неколку дена за прв пат почнав да посетувам психолог. Си дадов малку надеж. Ама еве денес е еден од лошите денови. Кога си опкружен со луѓе околу тебе што ти ја цицаат и таа малку енергија што ја имаш тоа е . Мислите ме убиваат. Пробувам да работам на себе ама не ми оди. Се чуствувам осамено.. сакам се ова да заврши да го надминам периодов, да имам некој силно дс ме гушне и да ми каже се ќе биде во ред ќе помине. Тажна сум многу… многу
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Amoricka

    Amoricka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2021
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Se iznaplakav pustiv pesni tazni i sami solzi mi idea se sto poveke placev uste poveke mi se placese i taka edno vreme nemozam da go prebolam ijako go nemam videno uste malce 6 meseci i gotovo dusa me boli znam utre deka ocite ke mi oteknat mnogu
     
  17. Cherryblossom9

    Cherryblossom9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    90
    Здраво и јас сум во слична ситуација веќе 2-3месеци.. ме интересира како се справуваш со сето ова и дали го преброди периодов дали има позитивни промени? :hug:
     
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Ме излажавте.
    Не е само лош период.
    Уште се осеќам така депресивно.
    Неисполнети ми се деновиве, празни.
    Дури два пати плачев незнам зошто.
    Ми се спие легнувам и не заспивам.
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Цо е бе? :hug: ти кажав шо да праиш
    Попуњавај време зада ти е исполнета душата
     
  20. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Незнам.