Јас морам некаде да се олеснам ако разговорам со некој близок нз како ке ме сфати... значи изминативе 2 години со коронава животов ми се смени напуштив од работа скоро година дена бев дома додека најдам друга во меѓувреме од моите другарки им се случуваат работи во животот како на пример една чека бебе, др се пресели странство, трета си го реновираа станот со дечко и, друга си најде работа во др и почна да си живее со дечкото и ете неќна се вери мене ништо не ми се случува тука па тука на работа дома терета ај со тоа некако ми мине времето. Да напоменамм во долга врска сум моментално дм е во странство и работи ама на моменти толку се чувствувам осамено и отфрлено како да ме мрази цел свет.и згора на се дома ми почна да ми вршат притисок како ајде кога свадба кога деца....................има денови па и недели кога никој не прашува мене како ми е и реално не сум тип кој се жали
Зошто сум ваква? Зошто се и сешто ме нервира? Зошто постојано сум нервозна? Зошто немам воља за ништо? Зошто немам со кого да си споделам се што ми лежи во душава? Зошто сум сама? Како да си помогнам, не знам ни самата..
Мн неубо се чувствувам, поради тоа пто сум на породилно и тоа што и со короната ради бременост мислам дека пропуштив шанса за унапредување на работа. Мојата колешка ја унапредија од една страна и љубоморам а не е фер кутрата ја работеше и мојата работа цело време дури бев отсутна, а од друга страна и колешката се дистанцирала некако од мене одвај и да ми кажа за унапредувањето а не е таа виновна пто јас еве времиња не одам на работа. Ама јас си ги имам моите дечиња и мн сум среќна со нив. Си се тешам самата што време за унапредување и шанса ќе имам и потаму сигурно а имање бебе сигурно не ке можам или ќе е потешко кога би била постара. Мн безвеза се осрќам незнам стварно а од друга страна си велам колешкава заврше и втор факултет кој јас пак ради мажачка деца немав време да го завршам тој втор факултет. Знам немам право ни да и љубоморам ниту да се бунам, го задлижува ова унапредување многу повеќе од мене, ама сепак криво ми е некако
Да, сево ова е резултат на манипулативната врска во која си дозволувам вака површно да помислам дека си била, врз база на твојот коментар. И самата си свесна, ќе ти биде потребно време али веруј ми ако ти е воопшто утеха некаква, ќе ти пројде
Ми треба мислење/совет. Како се однесувате кога сте повредени од х личност, а да напоменам дека - не сте гневни, не се лутите едноставно сте се нашле ни криви ни должни среде ситуација. Притоа, не добивате извинување. Како би се поставиле при наредно комуницирање?
Мислам дека никој не ме сака. Нит има корист од мене во светот. Нема ни кој да ме гушне, нит поддршка ни бутур. Немам ни другарки. Се затварам пак во себе. Нит сакам нови луѓе да запознаам.
Сфаќам дека на никому не треба да му ги кажувам моите приватни проблеми, па дури и на најблиските во семејството. Најмногу поради фактот што никој не ме разбира колку ми е тешко понекогаш. Свесен сум за тоа што го правам, но повторно ги правам истите грешки. Сите ми забиваат нож во грб - најмногу од тие на кои најмногу сум им верувал. Не можам да опишам колку глупаво се осеќам. Најголемата вина ја имам јас секогаш.
Се чувствувам толку многу осамено како никој да не ме сакаа,како сите со мене да се од корист како да ме мразат сите, како да сум им иританта со самата моја појава,кога седнувам некаде во кафич или било каде не се осеќам воопшто пријатно сакам што побрзо да си отидам пошто мислам дека изгледам ужасно, имам многу проблеми во главата целото мое семејство само ме напаѓа ме критикува, не знам што понатаму кој пат да го одберам, сакам да заминам некаде далеку кај што не знам никого и да започнам нов живот сосема од почеток, не ми се дешава ништо во животот на моменти си велам зошто ли живеам...
Се плашам од луѓето, се плашам да излезам и да се соочам со луѓе. Ми се смачи од осудите, предавствата. Цел живот се мачам и се трудам да си ја остварам целта. Не заслужвам да ме споредвет со расипнички. И баш кога ќе ти е најтешко, личноста што со години ти била твоето најмило ќе те осудува. Зошто сум толку осамена во толкав свет?!
Не можам вака да живеам. Имам милион грижи. Не можам да се фокусирам на една мисла во моментот, истовремено ми се вртат неколку, се збунувам и на крај заборавам. Ги мешам работите. Немам памет веќе ни за најмали ситници, камоли па за нешто поважно. Не можам да дишам. Ме стега градниот кош. Постојано. Пробувам да дишам, не можам. Сакам да направам драстична промена, да почнам сама (со син ми) , од почеток, подалеку од сите што ме кочат. Ама не можам. Страв ми е. Ништо не е сигурно. Не можеш да знаеш дали утре ќе имаш за една корка леб, како можам да бидам сигурна дека ќе можам да обезбедам сѐ што му е потребно на син ми? И не е само тоа. Има толку многу прашања што не се осмелувам да си ги поставам на себеси, а камоли пак јавно да ги споделам.
Дали е сигурно само и единствено од медикаментите? Да провериш и крвна слика за секој случај? Недостаток на железо обично прави ваков проблем. Обиди се прво со менување на начин на исхрана, може ќе помогне.
Џабе исрахана испробано е. Крвна слика правев за нутриционист и се е во ред освен холестеролот. Јас не сум имала проблем со тоа. И тоа ми е од апчињата. Се е од ад. Пред да се разболам и да ги пијам сум седела и до сабајле на журки и не ми било ништо. Значи се е од тоа. Најлошо е што не знам како да се спасам кога се испробав.
Дали си разговарала за ова со психијатарот?Да ти намали доза,да ти ги промени АД? Ќе бидеш добро душичко.
За се е разговарано. Нема чаре. Трпение губам. Баш гледав да се потсетам колку време сум во ситуацијава и ми излезе 4 години. Поточно 4 години измачување. Не знам до кога. Ми ја тестира чудовиштево силата. А не можам ништо да направам со тоа што ми се спие. И со помала доза пробав ама ми станува полошо. Не оди ништо.
Кога каењето е поголемо од љубовта...или сепак не е !? Кога го запознав мирен , сталожен се разбиравме со поглед едноставно! Немаше страст но преку к** ми беше од страсни а нестабилно врски и мажи... Ветување дека еден на друг си сме се и никогаш никој нема да ни се замеша... живот во заедница (околу тоа сте ме читале и имам уште многу да кажам ) каде што тие ветувања станаа ,,гола вода". Одеднаш( кога се роди малата) јас ништо не знам , мајка му треба да ме научи... Неколку лоши епизоди , моменти во кои би си заминала без око да ми трепне , ако имав каде или ако немав дете... бидејќи сама можам да спијам и на клупа со дете не. Поради промената на односот станувам љубоморна, немам воопшто доверба во него . Понекогаш се фаќам себе си како размислувам дека воопшто не требаше да се впуштам во врска а не па во брак со било кого... дека целиот проблем е во мене...јас сум ненормална, контрол фрик. Тие зборуваат за нејзино добро јас терам инает... и сл. Многу лоши мисли. Сакам да излезам од овој круг!
Толку ли е тешко да разговараш како возрасна личност и да кажеш: не ми се допаѓа ова/она, не сакам веќе да се гледаме итн? Полесно е игнорирање и заминување без збор. Дури и кога ќе прашам дали има некаков проблем, одговорот е дека се е океј и повторно следи ghosting. Секогаш е истото...
Како јас да се читам... Жално уште ако кажиш дека свекрвата е плус проблем тука.... Е тогаш тешко нас.. Ти посакувам се да се среди да сте среќни
Svekrvata mi e dusa covek i sekogas zastanuva na moja strana koga ke se skarame so mm. Ja sakam isto kako majka rodena da mi e.