Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Денес подобро е? Ако е, нема зошто да се нервираш. Ако има некое црвенило намачкај го со кисело млеко за да му ја извади температурара и после некое време намачкај го со крем и ич да не му ја мислиш, сите така растеле. Се случува. Добро е што ти текнало од твојот СПФ да ставиш, СПФ си е СПФ. Ова не те прави лош човек туку едноставно човек инаку не би се нервирала :)

    @Marija89_ Секој е различен. Некој не се јавува долго врмее но тоа не значи дека не мисли на тебе, особено ако откако ќе се јавиш муабетот си тече нормално. Кога згустило најмногу тогаш најмногу се јавувала, тоа дава до знаење дека мисли на тебе. Може сега кога имаш повеќе обврски мисли дека само повеќе ќе ти пречи и затоа не се јавува. Разговарајте почесто и дури и ти да си онаа која почесто ќе се јавува - направи го тоа. Идете на кафе, од околу потпрашувај ја, спомни и дека таа ти била добра тебе иако си имала тогаш поблиска.
    Разговор е решението. А тоа дека не ти се јавува често не го гледај како проблем. Некои луѓе не се јавуваат, не значи дека нема да се тука за тебе кога ќе ги повикаш. Ама важно е да ги повикаш зошто луѓето не знаат кога треба да се помогне или дали повеќе би одмогнале ако се вмешаат.
     
    На cresa-jagoda и Marija89_ им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.096
    Допаѓања:
    131.438
    Пол:
    Женски
    По тоа што го пиша, баш сте оддалечени.
    Нема што да речеш, ќе чекаш.И да те покани и да не те покани, размисли дали вреди да се нервираш ради неа.
    Ако не промени однос, откачи ја.
     
    На nevermet18, sj *O* и Marija89_ им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.096
    Допаѓања:
    131.438
    Пол:
    Женски
    Овде Мала те викаме, ама више не си мала. :D
    Можеш да работиш во маркет ако сакаш.Кај видиш шанса, пробај.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marija89_

    Marija89_ Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2021
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Секако ќе престанам комуникација ако се одлучи така зошто ми скурчи веќе, ама би сакала да ја знае причината и затоа барам начин како да и кажам да и дадам до знаење дека не е во ред.
    @NoirSerpentine :hug:
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.708
    Пол:
    Женски
    Зашто ми се тури у глава дека требаше да прифатам да работам со другарката иако не ми се свиѓа таа функција, и дека никад нема да најдам работа?
     
  6. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Сега на интернет по цел ден гледам огласи. Многу се потребни работници.
    Или ќе имаш инает за да најдеш или ќе тапкаш во место, друго нема
     
  7. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Те фаќа инает, затоа. Ама ако продолжиш да бараш работа, кога тогаш ќе најдеш.
     
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Абе отвори кариера.мк, има работа на секој чекор, особено ако си од Ск. Бирај каде сакаш, или ѕвони, или пушти цв. Не се преопретерувај многу со тоа, важно е да почнеш од некаде, да стекнеш некое искуство, па после можеш да сменеш струка кога и да посакаш.
     
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Па тоа што мислиш речи ѝ. Ако не те покани, факт е дека не ѝ значиш толку колку што мислиш, секако сте раздалечени малку, што и да речеш ќе се скарате скроз, барем кажи ѝ што ти тежи.
     
    На sj *O* и Marija89_ им се допаѓа ова.
  10. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Се мислев подолг период дали ми се причинува и се обвинував дека е до мене т.е. дека проблемите со моето ментално здравје направија да се оддалечам. Но сепак не било така.
    Веќе подолг период чувствувам дека моите другарки се оддалечуваат од мене (со исклучок на 2-3). Е сеа, некои од другарките не ми се од ист град, меѓутоа тие што се, сме друштво од 6 чупиња. Меѓутоа од сите нив само со 1 вистински се дружиме (ќе ја означам у). Периодов од веќе 2-3 месеци наназад имам приметено чудни дешавки:
    -Се договараат останативе без да нѐ известат мене и У, или пак У ќе успее некако да дознае и да ми пренесе
    -Останативе имаат тенденција да викнат за излегвање, личности без наша дозвола (особено моја, бидејќи не сум многу отворена за нови и непознати луѓе, а тие го знаат тоа)/личности кои комуницираат со сите освен мене и евентуално У (сите освен У почнаа да се дружат со лице со кое немам муабет но и да го викаат тоа лице за заедничко излегување, без мене да ме прашаат дали ќе сум ок со тоа)
    -Едната од останатите се вработи во меѓувреме, а јас и У последни дознавме (од кои У сосем случајно се слушна со неа и ја стави на спикер при разговорот, па така и јас дознав покрај У)
    -Бевме излезени во ноќен клуб, мене и на У не ни беше добро и излеговме малку на воздух, додека останативе бидејќи се чувствувале осамени си викнаа рандом машки да бидат со нив на масата, без да размислат како тоа би влијаело на мојата врска и на врската на У (ние две имаме дечковци и мојот дечко случајно на стори нѐ виде кај друг, но за среќа добро се заврши ситуацијата)
    -Кога едната од чупињата беше изневерена од бившиот, секој ден по неколку пати ѝ ѕвонеа другите, и на дневна база сѐ уште се слушаат исто толку. Од др. стр. јас пред некој ден имав операција на која тешко и трауматично поминав и само У ме побара деновиве и ми правеше муабет, вчера се видовме двете.
    Се чувствувам отфрлено, осамено и разочарано, единствено ѝм благодарам на У, дечко ми и на останатите 2-3 другарки кои не се од ист град, но се тука за мене постојано (и јас за нив). Меѓутоа би сакала да слушнам туѓа перспектива и совет околу мојата ситуација.
     
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.328
    Допаѓања:
    33.667
    Пол:
    Женски
    Ретко е можно сите 6 другарки да сте подеднакво блиски и да функционирате како еден. Повеќе на тоа гледам како друштво за дружба, муабет, излегување, одмор, споделување општи информации од секојдневието и толку. Не мислам дека некој од некого треба да побара дозвола за да викни трет чоек надвор од друштвото, а за тоа ако ти се лути дечкото, проблемот е во него, не во другарките.

    Нема зошто да се чувствуваш отфрлена, имаш блиски луѓе и имаш пријатели, покрај нив и познаници кои може а не мора да ти станат пријатели или блиски другари.
     
    На Stressed Out, anggell, СуперДевојка и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.155
    Допаѓања:
    17.559
    Пол:
    Женски
    Секој си тера по својот пат. Не може да очекуваш сите да мислат за тебе, треба да си флексибилен и да се прилагодуваш на друштвото доколку сакаш да се дружиш со нив, доколку не сакаш да правиш компромиси и не си флексибилна особа, ќе си тераш или сама или со една, две другарки што најмногу ти одговараат. Ако тие 3 другарки се сингл, не може да очекуваш да не се забавуваат, да не викаат машки во друштвото, само заради тоа што ти и твојата другарка имате дечковци. Или прилагоди се или одалечи се, со текот на времето се се менува.
     
    На Stressed Out, anggell, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Можеби знаат дека ти си затворена за нови познанства и затоа не те викаат кога излегуваат бидејќи на нив им е потребно проширување на кругот на пријателство.
    Тоа што викнале луѓе на маса не е нешто лошо, гледај од нивна перспектива, ти имаш дечко, а тие немаат и логично е да сакаат да се дружат (иако тое што имаш дечко не би требало и тебе да те спречи да се дружиш исклучиво пријателски). Можеби треба малку поотворено да гледаш на работите и со тие кои дошле на вашата маса е нормално да направиш муабет, не знам зошто дечкото би имал проблем со ова. Човечки и културно е да се разменат две реченици. Не значи дека веднаш ти ќе направиш нешто со нив. Малку ми е и смешно што велиш дека обичен разговор би влијаел на твојата врска кога едноставно можеш да кажеш дека тоа се пријатели на твоите другарки и таа ситуација е многу нормална.

    Тоа што не ти се јавиле кога си била во таква ситуација веќе не е во ред. Или барем да те прашаат како си и како имаш поминато. Се надевам дека побрзо ќе оздравиш :)

    Разговарај со нив за овие работи и за одредени работи и ти треба да направиш компромис и да попуштиш при ширење на познанства.
     
    На sj *O* и IRBBB им се допаѓа ова.
  14. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Не е дечко ми тој шо имаше проблем со тоа, туку јас и У.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.328
    Допаѓања:
    33.667
    Пол:
    Женски
    Девојче еве ти шо напиша
    Мислам ако тебе ти е ок да си во таква врска, биди, ама не можеш да им се лутиш на сингл, па и во врска другарки да се дружат и да викаат машки во друштвото.
     
    На Stressed Out и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  16. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Така, пишав претпоставка, не дека се случило. Ама напишав и дека не би требало да ти претставува проблем. Впрочем, зошто ти е тоа проблем? Шират познанства. Каде инаку би запознале нови луѓе ако не во ноќен клуб. :)

    Во ред, но зошто е ова проблем? Исто како претходното прашање :)
     
    На sj *O* и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Јас сум таа шо мислеше дека лошо ќе се реагира од негова страна, бидејќи имам анксиозност и секогаш мислам дека случките лошо ќе завршат. Но оваа случка коректно заврши. Едноставно до мене е тоа, не до дечко ми и не сакам него да се напаѓа во случајов оти нема причина за тоа

    Абе нека си шират тие познанства, не ми е тоа проблем, меѓутоа кога се со мене едноставно сакам да сме само ние, без други трети личности и сакам тоа да се почитува 8-| А настрана од мене и дружењето со мене, кој шо сака нека си прави
     
    Последна измена од модератор: 11 јули 2022
    На NoirSerpentine и IRBBB им се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.328
    Допаѓања:
    33.667
    Пол:
    Женски
    Сама си даде одговор зошто те избегнуваат.
     
    На Stressed Out, anggell, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Замолувам да не се прават забуни за мојата ситуација, немам проблем со дечко ми туку со другарките и ми треба совет стриктно околу односот со нив 8-|
     
  20. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Погоре си постави прашање зошто тебе поретко те викаат и зошто те одбегнуваат. Со ова прашање си даде одговор.
    Од една страна те разбирам и некогаш е потребно и убаво да си бидете вие како друштво, но не можеш да очекуваш секој пат да бидете само вие. Тие прифатиле дека ти и другата другарка имате дечковци, сега е твој ред да прифатиш дека и тие го сакаат истото за нив и најдобриот начин за такво нешто е запознавање нови луѓе.
     
    На mal.ecka и sj *O* им се допаѓа ова.