Не, треба да си најдеш такви другарки што не сакаат да се дружат и зближуваат. Овие не се такви и затоа те избегаваат.
Причина: Последица: Сфаќам анксиозност и знам како е да си затворена. И јас сум иста ама не очекувам другите да ги кројат своите животи водени од мојата анксиозност. Да, ако ти се другарки треба да имаат разбирање ама некогаш негативна енргија смета. Од друга страна мислам дека премногу размуслуваш и анализираш. Еве денес ти јави им се, утре побарај ги за кафе, па види нареден пат дали тие ќе се иницијатори. Со овој дел имам проблем. Требало да се јават. Можеби е најдобро да им кажиш дека ова ти засметало па пак види реакција.
Земи ги во предвид работите кои ти ги пишавме овде и кажи им како се чувствуваш. Тоа би било најдоброто решение, но не заборавај дека и ти треба да направиш компромис. океј е да не сакаш да шириш познанства штом имаш така одлучено но не можеш да ги спречиш нив да го направат тоа.
Не сакам никого да спречам во ширење на познанства ниту пак го правам тоа, меѓутоа не сакам да бидам приморана да излегувам со личности кои не ги сакам или да сум на иста маса со нив, а другарките ме приморуваат на такви ситуации и сакаат со сила да сме излезени сите, и јас со нив и нивните други познаници/пријатели а јас тоа не го сакам, барем не со секого и се дружам/излегувам само со одбрани луѓе. Во однос на делот околу операцијата, стварно ме боли шо не добив ни порака и сметам дека не барам многу освен основна грижа. За останатите работи кажани околу ситуацијата со другарките ги зедов во предвид. Ви благодарам на сите за мислењата
Толку ли немаш осет бе? Не можам да поверувам некогаш господ како може да ти го земе паметот и толку глупости да направиш Сега кога мислам што ти требаше тоа? Не можам да поверувам.. Само да нема ништо и брзо да помине , само тоа сакам..
Океј сум ама и некогаш не сум. Не знам. Многу се променив во карактерот и на луѓето околу мене им пречи тоа дека плескам вистина во лице, подрска и поладна личност сум. Ќе помогнам на човек ама онака, или ќе прекинам врска или пријателство без да се борам, некако ко сеедно да ми е. Пуштив личност што многу ја сакав да си замине, поради сплет на околности морав, ми недостига ама нема назад, тоа не е опција, не знам, шансите се мали за тоа, скоро никакви. Денес имам слободен ден, сама сум дома, имам менструални болки, лежам скупчена во кревет и сфаќам колку всушност сум осамена. У мојот живот се врати личност која ме повреди, ми се извини, имаме супер односи сега, ме викна на дејт, можеби ќе прифатам само за да не мислам на првата личност, нели клин со клин се бие? А и не мора ништо да биде, доволно е кафе и да го гушнам, да знам дека не сум сама и да почуствувам барем безбедност. Викендов сум на роденден кај другарка, пола од животот ја познавам, таму ќе има и други луѓе, ги познавам, со дел од нив сум седела на иста маса, но со мислите ќе бидам на друго место. И сега што? Ем ладна, ем ќе се смеам ради реда, ем ќе се почувствувам анксиозно. Работам на себе, ама некогаш кога сум нервозна ќе купам благо и грицки или некоја друга нездрава храна и ќе го прекршам правилото за исхрана. Вака сум после пожарот дома и операцијата на татко ми, среќа сега се е во ред но јас не знам дали сум? Се трудам, не дека не, заради себе. Минатите денови едвај чекав да се приберам дома за да плачам, и плачев на глас за да ми олесни се до следниот ден кога пак одново се морав. Не знам дали у иднина ќе можам се сама, досега ми успеваше, за натака, не знам. Ми остана само да се борам.
Никој жив не ме сака мене дома. Никој. НИКОЈ! 25 минути објаснувам дека НИГДЕ НЕМА ДА МЕ ПРИМАТ БЕЗ ДИПЛОМА! Они 2% не ме ебаваат, не ме разбираат. Сакам да умрам да ме нема! Сакам усвет да фатам и никад да не се вратам НИКАД! Затоа толку често се разболувам, од маки, од нервози. Од арно човек не се разболува. Некој ден инфракт ќе ме фати и ќе ме нема. И тоа сакам. Може поарно ќе е. Ќе одам ја на разговори сегде како теле некое ќе ги гледам ќе се брукам џабе ќе одам кога нема да ме примат без диплома. Ти ебам животов ти ебам.
Update за мојата ситуација: им кажав како се чувствувам. Едната од нив ја виде пораката и под итно ми рече да ја избришам, за да нема кавги. Секако тоа не ми го рече со убав тон. И шта чемо сад?
Како така да си ја избришела пораката? Тоа се твои чувства, нема зошто да бишеш. Не можеш да си ги избришеш чувствата. Што ќе произлезе од тоа е надвор од твоја контрола. На почеток сигурно ќе има бурни реакции, можеби ќе дојде и до расправии ама на крај мора некогаш да седнете и да разговарате, а не како деца да си ги игнорирате проблемите како што сакаат да направат тие.
Не, ми треба ќеш за други ствари. Ја у држава кај што се се завршува со врски не планирам да трошам време и да запишувам факултет. Не вреди.
Многу песимистички размислуваш ко за млада особа. Дека е лесно во државава не е. Дека се функционира со врски, да. Но има луѓе што работеле на себе и од ништо станале нешто. Работење на себе не е губење време...
Ако си полнолетна што не работиш нешто од типот во кафич, бутик и сл.. дур не најдеш нешто подобро. Или ако знаеш англиски да фатиш на брод работа?
Како што знам сега заврши средно, има многу млади што си наоѓаат сезонска работа по кафичи, сендвичари, базени, бутици. И со средно може да се најде работа, само ако се сака. Не знам што имаш завршено средно но може да бараш и на струката, доколку не си гимназија. Сега се знае за кои работни места потребно е да имаш диплома и за кои не, па не се сите луѓе со диплома. Ако се сака, се се може, другото е изговори.
Тоа е, животов така ме научи. Најдете ми работа кај што се работи без диплома, само да не е Комуналец пошто таму знам примаат и со прво одд. Сегде кај што бев по продавници, бутици сегде ми бараа диплома. Друго освен тоа незнам да работам, не сум способна.
Каква диплома за бутик девојче? Магистратура за продавачка да не треба? Ја имаш земено таа од средно диплома или без неа аплицираш, па затоа прашуваш? За такви позиции никој не бара факултетска диплома. И да немаш завршено средно, 16-17г деца на црно работат по кафичи, јавна тајна е тоа. Секаде келнери фалат, без диплома работат средношколци насекаде. Работа има ако толку ти е неопходна, се друго е изговор.