Епа ѝ реков јас, шо ако ја избришам пораката, кога и понатаму го делам истото мислење. Поарно сега отколку да пукни тиквата кога не треба. Шо е до мене сеедно ми е и да избувни расправија, ако некој вистински ме почитува ќе ме сослуша како човек. Едната сега на болница е, речиси сите се загрижија за неа, шо е нормално. И јас ја прашав како е, не сум суетна. Камо ваква грижа да имаше и за мене, ама тоа е. Најголемиот дел од овие чупиња се помали од мене, можда и не сме на иста бранова должина, треба да созреат, или пак јас да барам постари и посоодветни лица за дружба. Ако речам нешто-не чини, ако не речам-пак не чини. Не знам веќе шо и како да постапам без да ми преречат.
Да бе маче. Ја халуцинирам кога ми рекоа ти треба диплома, или сведителство за завршена година. И кога класниот ми рече у август сите дукументи ќе ви ги дадам. У право си. Халуцинации ми се прават. Да. Забегувам со паметот. Диплома за завршено средно образование, бараат и у продавница и у бутик. Не сум глува кога ми бараат, не халуцинирам.
Па ќе почекаш до август. До тогаш работи во некој кафич без диплома на црно како сите млади. Нормално дека без диплома од средно нема да си пријавена и вработена легално. За еден месец ли е проблемот. Ти како напиша, мислиш во бутик бараат да приложиш доказ за магистерски, не се изјасни убаво. Многу песимистичко гледање на животот и лошо изразување. Поработи си на тоа малку.
И јас поинаку ја сфатив. Па ќе почекаш да земеш диплома, тоа е за да можат да те пријават. Јас те разбрав дека со средно не можеш да најдеш работа. А вработуваат и сезонски по базени, кафичи, може да се распрашаш.
И со дипломата од 8мо може да се пријави како ниско квалификуван работник. Така работев како студент.
Не нормализирам ама за млади деца од 3та 4та средно вакви летни работи без да се пријавени им значат. Исто и на студенти што не сакаат стипендија или редовно студирање да изгубат, а им требаат приходи. Средното го направија задолжително па сироти деца се снаоѓаат. Ете не сите сакале да бидат со факултети и титули, имало луѓе што сакаат да работат млади. Тоа е грешка на системот, не моја.
Заради тоа што е толку нормализирано тоа работа на црно, кафичи и останати како нив имаат развиено таква стратегија што ги експлоатираат рабптниците. Им велат „пробно си“, овие им работат месец, два без пари и после тоа ги отпуштаат. Нормално дека не се сите такви, да не генерализирам. На една другарка на крај им кажа дека нема со што да се врати дома, а беше празник и дури тогаш газдава се сожалил и и" дал нешто ситно колку за превоз, ама затоа што беше непријавена немаше каде да ги пријави освен да ги пријави дека „вработуваат“ така ама за жал тие се покриени со тоа „пробно“. Да не зборувам за тоа дека работат, а не им тече стаж. Тоа што не смее да се работи заради студирање мора да се промени, а не да се наоѓаат дупки кои се неповолни за работниците.
Зашто да ти најдам? Не можеш сама? Секој втор кафич бара келнери и шанкери. ако ти е испод части имаш и во кол центар. Ама полесно е да збориш по форуми твоите зашто не ти давале Ќеш неголи да работиш, м?
Нигде не си покриен со “пробно”. Ако било кој те пријави во инспекција или ти дојде рутинска контрола од трудова можеш да се сликаш со “пробното”. Имаш 7 дена рок да го пријавиш работникот и ти доаѓаат повторно следната недела. Ако не ти е сѐ регулирано, казна. “Пробно” по закон не постои.
не биди толку осетлива. немаш диплома за завршено сеуште а си завршила? оди во школото и побарај потврда за завршено за да можеш да работиш, ако тоа е фрката. за се има чаре.
Во претходнава година ми се случија премногу промени во животот, никако не би можела да кажам дека нешто стана полошо од претходно, но ете ништо не е исто. Дури и на хартија звучи како да е одлично, но јас сум на најдолната точка во животот веќе 6 месеци и никако не можам да се помрднам од овде. Кругот на пријатели ми се намали до некоја мера, но тој што го имам се зацврсти, а сепак не чувствувам како да можам да и верувам на ниту една другарка, за било која тема. Ниту пак сум сигурна дека во неволја би добила нивна безрезервна поддршка. Не чувствувам дека се тука за мене или дека можам да им се доверам а да не се осетам осудено зад грб. А навистина ги сакам многу и не би ги менувала за ништо. Освен тоа сум интроверт и тешко можам да започнам комуникација со непознати, особено лице в лице, онлајн ми е полесно. Очекувањата за факултетот и мојот успех таму беа поголеми од моите вистински можности, и затоа секој еден резултат со кој не сум задоволна ме уништува одново и одново, секојдневно се чувствував ништожно, безвредно и еднакво со нула. Најлошото во ситуацијата е што имам доста висок просек и ова што го кажувам е контрадикторно, но не можам да прекинам да барам повеќе од себе и да ги туркам сопствените граници се повеќе и повеќе, и сето ова придонесе да се чувствувам истоштено и физички и психички. Чувствувам огромен товар на себе, ми се уништи спиењето, сеуште не можам да се опоравам. Пробувам да работам на себе преку лето, но знам дека нема да вреди и на есен повторно ќе ми биде пеколно, секој колоквиум поминат во безброј солзи. Со моите бев премногу блиска и имавме преубав, другарски однос, но во последно време се оддалечив и од нив, се затворам во соба, не чувствувам потреба да споделам ништо со нив, дури и сакам да кријам се. Ниту со нив не се чувствувам безбедно да се отворам и да кажам што мислам, зошто ни тие не ме разбираат и секој разговор се претвора во кавга бидејќи јас не сум била истата од порано и тие не биле задоволни од тоа како се однесувам. И за крај, како да не ми беше доволно хаос, веќе некаде пола година сум во некаква си недефинирана врска, ни сама не знам дали да го наречам дечко или којзнае веќе како, но ете, иако со него ги доживувам најубавите мигови од животот досега и само тогаш сум вистински среќна и насмеана, сепак и во ова се чувствувам исцрпено, како да ми е преку глава и од него и од целата ситуација. Уште 2 месеци нема да живееме во исто место, па можеби и затоа е се ова. Но ми се смачи од чекање порака, од промислување дали тонот на пораката е различен, дали кажав нешто што не треба, дали е искрен со мене, дали се оддалечува или се приближува, кога ќе го видам. А знам дека го сакам, но проклето не сум сигурна што осеќа тој за мене, што му е намерата, во што се впуштам, дали воопшто се впуштам во нешто или носам розеви очила. Преку глава ми е дневното расположение да ми е одредено од тоа како денес звучат неговите пораки. Едноставно сакам да не мислам на ништо и да се исклучам од се и да бидам потполно сама. Пробувам да читам книги, ги негувам хобијата, барам нови работи, но ништо, ништо не ме прави среќна. Порано бев весел човек, насмеан, среќна ме правеа и малите работи, а сега не чувствувам среќа ни за големите работи, слушам депресивна музика, намуртена сум и сама со себе и со своите мисли. Никако да излезам од овој амбис.
Баш како што очекував. Точно една недела од како бев на разговор и ми рекоа чекај една недела да ти се јавиме. Нигде ги нема. Аш. Баш како што очекував. Тоа е. Ќе седам дома како говедо некое, ќе чекам да земам дипломите у август и тоа е тоа. Така ќе ми помине мене животов у 4 ѕида ништо нема да видам. Тоа е.. Најголемите курви најубаво си поминуваат у животот.
Тежок е патот за барање работа, искрено, да не те разочарам. Гледај на се' како на искуство. Ете беше на интервју, следен пат ќе си посамоуверена, ќе знаеш што да очекуваш, ќе бидиш поспремна. Најбитно е дека почна да бараш, посебно на таа возраст. Не се откажувај така лесно. Во меѓувреме усоврши некоја вештина, најди курс има бесплатни. Земи ја потврдата како шо ти рече и Лили, неа давај ја. Ако не ти е за пари, туку за да не седиш дома, користи додека е убаво времето. Излези во парк (читај, цртај, пишувај дневник) сама, уживај во распустот, ќе се тргниш малку од дома барем. И, млада си. Ќе гледаш допрва убави работи, ќе шеташ, само упорност и трпение, без самосожалување. Колку и да звучи досадно, така е.
Луѓе ми се мењаат планови од корен и тоа страшно ме фрустрира. Ништо не оди по планот шо го имав испроцедирано до најситен детаљ најмалку три четри пати...... У три лепи нека се гони!