Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    Оди во манастир. Таму ќе се смириш, и опоравиш. Сериозна сум, духовниот живот може ќе ти помогне да созрееш. Ова ти го кажувам од искуство, бидејќи и јас имам размислувано.
     
    На Hajdi22, Someonespecial и tessie им се допаѓа ова.
  2. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Повеќе ми изгледа дека чувствува омраза спрема оние кои според неа немаат проблеми и не ја разбираат.
     
  3. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Прочитај каде што вели декатоа што пишала е како нејзин оклоп на проблемите
     
  4. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    По пишаното се гледа дека е добра душа ама за жал добрите нај често се сами
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.862
    Допаѓања:
    325.848
    Пол:
    Женски
    .. А бидејки сите имаат проблеми ,ајде сите да направиме таков оклоп и да шириме мегусебна омраза
     
    На Hajdi22, Sanjichka007, SnowWhite8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Не е тоа оправдување, сите имаме проблеми па знаеме како за се однесуваме. Тоа се вика култура. А ова нејзиново повеќе ми изгледа на разгаленост и недоизграден карактер.
     
    На Sanjichka007 и joy1 им се допаѓа ова.
  7. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Најискрено не те разбирам, ја познаваш девојката па за тоа се коментариве или?
     
    На Sanjichka007 и joy1 им се допаѓа ова.
  8. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Да, токму така, проблемите на туѓиот грб не болат...затоа нејзините и се најтешки а уште е дете не знае уште што ја чека во животот па затоа плаче за другарки и дечковци:x

    Девојчево не е за во манастир, во манастир се оди со чиста душа, а со односов само ќе се расправа таму - само грев ќе направи ништо друго.:shake:
     
    На Sanjichka007, Nausicaa, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. piranha

    piranha Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Девојчево сака да биде центар на внимание, тоа надвор не го добива и ве најде вас тука. Не пишувајте ништо повеќе. Секој човек на планетава има свои проблеми, секој од време на време си мисли дека му се руши светот на глава, Хајди самата нека научи да се бори со тоа, како што сме научиле сите.
     
    На Sunshine.Sunshine, eloves, Sanjichka007 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Не ја познавам ама во потполност ја разбирам бидејќи и јас сум во иста ситуација како нејзе немам воопшто друштво и си седам меѓу четири зида и потполно ја разбирам бидејќи кој не бил во таква ситуација не може да разбере
     
    На Hajdi22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Чим само вие двајца на светов имате проблеми, најдобри сте и неразбрани од околината, запознајте се и споделете си ја маката. Ете ви решение
     
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    За што да плаче ако не за дугарки кој не бил во ваква ситуација не знае
     
  13. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Ова би имало смисла само ако си ироничен
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Не сум ироничен потполно ја сваќам бидејќи сум во иста ситуација
     
  15. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Да ми извиниш ама сите сме биле деца некогаш, и сите сме се карале со другарки и дечковци.
    АМА не сме сечеле вени и не сме сакале да одиме во манастир или на психијатрија.

    Има и пострашни работи во животот-ама како што кажа- КОЈ НЕ БИЛ ВО ТАКВА СИТУАЦИЈА НЕЗНАЕ!
    Па затоа мисли дека тоа што се скарала со другарки е крај на светот.

    Друга работа, во животот среќаваме милион нови луѓе, доколку дојдеш во ситуација никогаш никој да не ти остане пријател, макар и ЕДЕН единствен, тогаш проблемот во себе барај го а не во друг!

    Неможе сите да нечинат само вие цвеќиња за мирисање да бидете.
     
    На Ambitious, Nausicaa, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Не велам дека имам најголеми проблеми на светот, ама најмногу боли кога ти е толку тешко, молиш за била каква помош, ама нормално никој не те разбира.
     
    На macedonec15 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Ако не можеш да не разбереш не коментирај
     
  18. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Вие сериозно мислите дека некој ќе падне на провокација и ќе почне да се кара со вас? По коментариве се гледа дека сте деца, а си дозволувате многу слобода во комуникацијата со постари од вас. Како смееш да и пишеш да не коментира? Мислам дека треба да ставиме крај на конверзацијава, пошто почнавте да претерувате.
     
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Ahh...pak toa glupavo cuvstvo ah.
    Pak osamenost, pak taga,pak premnogu rabota I pak solzi vo ocite.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.707
    Допаѓања:
    23.129
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа идејата на Валерин, не само поради тоа што сум верник, туку и поради тоа што навистина самиот факт што обично манастирите се на места коишто се што е можно повеќе изолирани од бучната цивилизација и сите искушенија и негатива коишто ги носи, ги прави места на коишто непречено можеш да се поврзеш со самиот себе. Ќе си го смениш пристапот, ќе развиеш конструктивна култура на живеење и мисливе коишто те држат во канџи сега, ќе видиш дека со тек на време ќе те обземаат сè поретко.

    За почеток не се казнувај самата. Научи да не ја земаш секоја твоја грешка пасивно и трагично. Колку што разбрав некои грешки си ги направила и покрај тоа што си била свесна дека не се океј. Тоа е доволна казна самото по себе. Исправи се и делувај спротивно од тоа. Не посакувај заробеништво, врзување во болници, смрт... нема да ти донесе ништо добро и агонијава нема да престане. Посакај си среќна разврска и биди упорна во ставот дека ја заслужуваш како и секој жив човек, дури и најголем престапник, а не па збунето девојче коешто паднало во ужасна каша од лоши околности.

    Хајди, се надевам дека твоево што поскоро ќе помине, искрено се надевам, верувам дека ти е тешко и не сум почувствувала потреба да те осудам во ниту еден момент. Самата си доволно во ситуација во којашто се мачиш и осудуваш. Што и да ти кажеме ние сега паметно, не е извесно дали ќе допре до тебе на начин на којшто би ти помогнало, туку најверојатно ќе ја сфатиш тежината на зборовите кога одредена околност доволно ќе те здрма да си ги расчистиш мислите и кога ќе почнеш да читаш низ мислењата сопствени ретроспективно, од таа состојба, ќе сфатиш и самата дека за најголемиот дел од негативата си придонесувала и си ја провоцирала самата ти. Многу е важно со каква енергија му пристапуваш на животот.

    Дека и ние сме биле во вакви периоди, сме биле. Не сме си направиле ништо, ете сме, живи сме, здрави сме фала Му на Бога, но не дека сме ја сфаќале во целост онаа „здравјето и мирот нѝ се најбитни“, туку сме се нервирале со недели кога ќе сме дознаеле дека другарката нè извисила за да се најде со друга другарка пример, а тек па за симпатии што сме праеле, за какви работи сме се убивале од плачење... дефиницијата за што е крај на свет нѝ се менувала со годините па затоа денес и можеме од оваа перспектива да советуваме. Да сме во моментов во твоја кожа, не би ни биле способни да го правиме тоа, затоа што ја немаме истата моќ на расудување којашто нѝ ја овозможило искуството и пребродувањето на не толку убави периоди.

    И верувај, постојат луѓе коишто изгледаат како ништо да не им фали во животот, а се соочуваат со тешки ситуации. Но, разликата е во тоа што тие решиле да му тераат инает на тоа, да ја игнорираат претпоставката дека се несреќни и беспомошни колку што можат и да се трудат да се однесуваат како луѓе коишто имаат сè што им треба да се среќни, како да немало отфрлања, болка и тага пред само пет минути. На почеток е тешко, делува како да се лажеш самиот себе, но со тек на време гледаш дека победуваш во некои ситни битки коишто, со верба и сила, ќе те однесат до еден поинаков живот.
     
    На martine, joy1, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.