Spoiler Целосно те разбирам како ти е... Поминав и поминувам низ се што опиша, немам срце да ги избришам од мојот живот, секогаш сум тука за нив, атер на долгите години поминати заедно, ама преку глава ми е да чекам да се јават за да пиеме кафе само тогаш кога мажите и дечковците им се на пат странство или се излезени некаде. Преку глава ми е што ретко прашуваат како сум, што секогаш тие се тема на муабет, како јас да немам свои проблеми. Ама знаеш што? Сите можат да не заборават и да се откажат од нас, но, ние не смееме да се откажеме од нас, не смееме да дозволиме да потонеме уште подлабоко во ова сивило во кое се наоѓаме, нема да речам темнина, бидејќи сме здрави и живи, имаме храна, постојат многу многу полоши ситуации од нашите, а животот е таков каков што е, вечна борба, денес сме горе, утре сме долу и обратно... Не може секогаш да биде лошо, еден ден и нас ќе не огрее златно сонце, а дотогаш и ќе паѓаме и ќе стануваме, и се надевам дека ќе извлечеме поука од секој испит на кој не става животот. Те гушкам најсилно, биди силна и сакај се себеси
Познавам неколку девојчиња што немале прв бакнеж на тие години, па дури и имам другарка од 20 години што уште немала ни дечко ни прв бакнеж. И јас исто се чувствував. Кога бев основно скоро цел клас имаа дечковци, девојчината излегуваа и зборуваа за тоа. Јас не сфаќав што им се брза до толку и бидејќи немав што да зборувам со нив, не ме ни дружеа. Потоа во прва година ми се пружи прилика, едно момче се обиде да ме бакне, но јас го оттурнав. Се каев искрено, не дека го сакав, туку ради тоа што можев да имав прв бакнеж. Ама подоцна знаеш што научив? Дека тој момент од животот се памти и подобро да го искусиш со некој што ќе ти значи. Не е ненормално што немаш дечко, напротив е многу природно, бидејќи си трезвена и не се понашаш ку*васто како некои. Едноставно си го чекаш својот принц на бел коњ и верувај дека кога ќе се појави ќе го знаеш тоа. Ќе го имаш и првиот бакнеж и првиот дечко и се' тоа ќе биде магично. Потоа ќе сфатиш зошто си чекала и ќе осетиш дека вредело. Значи едноставно, не се вознемирувај многу на оваа тема. Излегувај, дружи се и ќе биде се' во ред.
Имав прилики кога можев да се запишувам или излегнам со некого. Едноставно не сакав. Сакам да е со некој што стварно ќе ми се свига а не што би рекла мајка ми ради реда и за кефот на другите. Многу пати сум слушала коментари , особено од другарки , “ ајде ма време ти е”,” зошто толку бираш оди со било кој” итн итн… Немам таков поглед на светот и не сакам да одам со било кој. Мислам дека ќе почнам да размидлувам на твојот начин и начинот на мислење на другите членки што ми одговорија затоа што премногу е краток животот за да се замарам со реално гледано непотребни работи. Се ќе си дојде во свое време, како и секогаш.
тие што сте control freaks, како се справувате кога ќе ви се деси ситуација врз која немате влијание? мислам, јас си ја доведов до ова дереџе, ама и од претходно ми беше криво што не можам конците да ги држам во рака. Ме излудуваше тоа. и општо за некои работи, како губиток на родител во иднина, неќам ни да помислам на тоа бидејќи знам дека не можам да влијаам, а тоа ме боли. А не сум некоја што ќе седи и гледа.
И нема да седиш и да гледаш, барем во опишаната ситуација, чак и да не си контрол фрик. Ќе напрајш се во твоја моќ. И ќе се случи од то шо се плашеше. И после ќе работиш на себе за да се справиш и ќе научиш да живејш со болката. Иако е подобро совреме да градиме овие снаги, а не кога мораме. За свое добро. Како и да е, почни со ситни работи, да ги "пушташ од раце". Ко ќе сакаш да се вмешаш, види цел прашалник: зошто сакаш да се вмешаш, која е причината зошто мора да си во контрола, шо се случва кога не си во контрола, како влијае на тебе тоа шо се случва ко ќе не си во контрола, дали околината и блиските се ослонуваат на тебе или те напуштаат или ти не можиш да се ослониш на нив итн. Идеално е терапија оти овие прашања и многу други неосетно ќе си ги одговориш и ќе добиеш нов увид. И сега, а и во иднина, ќе можиш да се справиш со многу ситуации на ист тертип.
Јас плачам и тоа многу се додека не се испразнам од целата нервоза, бес и став. Тоа ми е ,,издувен вентил,, кога сум мн нервозна и во паника. п.с Не е добар совет
имам издувни вентили, ќе ги искористам. Само тешко ми е, кога не можам да влијаам на нешто. Поготово кога е и за мене тоа. као, не чекам животот да ми ги намести коцките, него ако можам, сама чу. Ама тоа до негде ич не е добро, бидејќи така работите не течат природно, него се засилени.
Те разбирам во целост. Вчера имав ситуација каде не можев ништо да направам. А во принцип сум мн борбена и независна личност баш поради тој контрол фрик. Најтешко е кога не можеш да влијаеш врз некого или нешто. На крајот од денот ако е за некоја утеха кажи си дадов се од себе но некои работи не зависат од самата мене, ако така требало да биде нека биде. Се има своја причина што кога тогаш ќе ја дознаам зошто не било до мене.
Некогаш, така и си викам искрено. Пошо морам да се залажам некако, иако потсвеста ми збори во глава ми вика ,,шо се лажеш’’. Јас сум искрена сама со себе, за многу работи се иам соочено со себеси, ама за некои ете не можам.
Фрустрира премногу, ама во таквите ситуации мораш да бараш што е позитивното во сето црнило што ти се гледа во моментот. Си дала/си добила отказ супер, ете можност да бараш подобра работа, а додека да ја најдеш па и малку да се одмориш. Си раскинала врска пак супер, ете можност да најдеш подобар од претходниот и да бидеш посреќна, така и за други работи во животот. Некогаш мора да се излезе од конформната зона, за да се наиде на нешто подобро во животот. А колку и да сакаме да ги држиме ние конците за жал не можеме, ама па така би бил ептен досаден животот, ако ништо не се случува друго освен тоа што сме го зацртале
Извини ако е прелично. Родителот е болен или хипотетички? Инаку и јас сум таква но со тек на годините сфаќаш дека не е све во твоја моќ и едноставно тоа е животот. Само оставаш да си биде тоа што треба да биде, што можеш ќе промениш, што и да ти смета сиг ќе се бориш до крај. Но, мислам дека тоа со тек на години се учи(ако не се лажам немаш повеќе од 23/24години) а тоа со времето си доаѓа да не се скока сегде прв, да не се трошиш и да сфатиш дека не си семоќен
не е буквално болен, ама не смее да се разболи, два стента у срце, шеќер, притисок блабла и пандемијава ме измава на психа... разбирам што сакаш да кажеш.. 21 имам иначе, и таква сум, борбена, за се` рипам, бунтовна, мислам се` можам
Ти или доктор ќе го советувате дека треба да се грижи за себе, ќе го потсетувате. Но, сепак не е дете. И кај мене дома татко ми има фамилијарна историја за карцином па не сака да оди на прегледи превентивни. Сите си ги сакаме родителите најмногу на свет ама не можеме да ги превоспитаме да кажам. И јас сакам правда, сегде рипав, скока се бунев ама знаеш дека немало ништо подобро од мир, да се правиш наудрен, да оставиш некогаш да мислат дека си глуп, да ги оставиш да се осеќаат во право дека се, дека се паметни, да не те боли уво? Не можам да претпоставам за какви ситуации збориме ама и јас на 21година одев со глава во ѕид и кога требало и кога не. Ќе видиш зрелоста е многу убава, па сега за нешто што се замараш тогаш ќе ти е смешно.
Единствено треба да се помириш дека во твоја контрола се можеби половина од работите. Другото е игра на среќа, шанси, претходни случувања, непредвидени влијанија итн. Мораш да се соочиш со тоа инаку ништо не правиш. Имам приметено дека често истрчуваш на форумов, претпоставувам дека и во живо си таква, но ако се трудиш прво да ги согледуваш рационално ситуациите и да ги анализираш пред да реагираш, можеби тоа ќе ти помогне. Бидејќи кога ќе дадеш време да размислиш, ќе сфатиш на што и до кој степен можеш да влијаеш, а што не е во твои раце.
Еве ќе ти одговори адвокатката на форумот . Во животот секогаш размислувам јас дадов се од себе ако не може да се направи ништо тоа е тоа јас дадов се од себе исто и на тоа не можам да влијаам така требало да биде. Истото е и во правото твое како адвокат е да дадеш се од себе па и да не го добиеш случајот или да има околност на која не можеш да влијаеш, ќе си кажеш единствено јас направив се што можев но ете така требало да биде.
Ништо. Седам и сфаќам дека сето ова е надвор од моја контрола и единствено нешто што можам да направам е да набљудувам што се случува. Туѓите емоции, случувања, проблеми и влијанија не се моја грижа. Се додека ситуацијата не е по моја вина, душата ми е чиста, и се што се случува ќе помине..