Ме потсети на мојава слична ситуација.Исто и татко ми е од срце, но нема друг излез и да не контролираш.Јас лани многу сакав да контролирам и се граничеше со токсичност.Дури и сега сакам да контролирам но тоа се граничи со стрес и се испукувам некогаш на форумов. Можеби треба да поминеме низ вакви тешки периоди за да не исчеличи животов за понатаму во животов.
Треба да сватиме дека некои работи се поголеми од нас, дека не можеме да ги контролираме, природата е поголема од што мисли човекот, зависи од ситуацијата во која се наоѓаш. Не сум контрол фрик, само давам мислење.
Депресивна сум и не се плашам за животот, напротив сакам да се разболам и да ме засакаат сите. Патам по љубов, ама не, жртва вечно за сите ќе бидам... А си болен одма поинаку се понашаат. Пред 2 дена стомак ме стегна и одма се омилкувавме, денес ќе се дериме еден на друг и ќе се дрецкаме од земја. Епа тоа е. И ај сега, како да не сакаш да си болен?! Си викам нека ме стегни пак, па и посилно нека ме стегни и да видиме дали ќе е важно кој е во право, а кој не. Јас сфатив многу работи периодов, созреав, ама тој очигледно не. Му годи да е мазен од сите.
Не се сакаш себе доколку сакаш да си болна да те сакаат. И тоа е сериозен проблем на кој што треба да работиш. Останатите не треба да ти е гајле што прават, ако ти се токсични и те прават несигурна, неисполнета, несреќна тогаш откачи ги. Викаш ако си болен нема да е важно кој ќе е во право? Ахх, само не дај Боже да си стварно болна тогаш нема да го мислиш ова, ќе имаш желба една Што би ми било гајле да ми се случи нешто сите да ме сакаат два месеци, три и после?
Тешко, многу тешко. Секогаш сакам да ги имам конците во раце. Секогаш одам по план, дури ни дете не планирав пред да бидеме стабилни, никогаш не се потпирав на она ќе се снајдеме кога ќе дојде. За здравјето на сите се стресувам, на моите уште и водам контрола секој ден како се, дали се јадени, дали им треба нешто. Мажена со дете сум. Арно ама секогаш не иде по план.. Во рок од 5 месеци за влакно ќе ги загубев двата родитела.Ужас, не знаев каде се наогам. Мајка ми често е со мигрени, па вирусот ја кутна па убаво не стресе. Ама татко ми никогаш не бил болен, додуша не знае ни да се жали. Последните два месеци на стомак се жалеше ама никаква болка, ништо, само бавен метаболизам, се до пред 10 дена кога од тоа ништо падна во кома со внатрешно крварење. Ќе полудев, не знаев каде се наогам, џабе било моето трубење на доктор, гледај се, прави вака, прави онака. Едноставно не можеме да имаме контрола врз се. Ова убаво ме освести. Фала му на Господ добар е сега, се опоравува, за ден, два ќе биде дома. Траумите ќе останат, уште не можам да се приберам од шокот ама тешко дека и ќе бидам приберерена некогаш. Едноставно грижата е таа за тие што ги сакаш. Посебно кога на некој животот на конец му висел уште толку се зголемува подоцна грижата. Некој кој минал низ ова добро знае. Еве маж има постари родители, никогаш не биле сериозно болни, кога не му се јават веднаш не паничи, ама тоа е затоа што никогаш не имал мака со нив. А јас ако не ми се јават во рок од 5 минути добивам паничен напад со паники, со тресење со тешко дишење. А капак на се со мојата болка ќе се снаогам како знам и умеам, ама како на дете да објаснам за баба и дедо со кои е премногу приврзан? Кога татко ми се разболе, првиот шок беше како јас без него, а второ што помислив како ќе кажам на син ми, ќе се скрши, како ќе ја излечам неговата болка? Од сето ова сфатив дека кога дојде, се снаогаме како знаеме, сега да ме праша некој како преживеав тие 3 дена, Не знам и навистина не знам. Еве и маж ми вели тогаш,, не беше со нас". И навистина не бев, бев физички ама психички не. Кога не бев физички со нив се акав по патеките каде немаше луге да се изнаплачам ама ете преживеав Се поминува, затоа не треба пред време да се стресуваме. Моето постојано што ако им биде нешто, постојано во мисли, ете навистина им биде, едвај живот спасија. Затоа морам да менам мисли. Кога ќе дојде ќе се справувам како знам и умеам. А сега сакам да го живеам животот со нив во мир и љубов. Тоа е животот, се рагаме, живееме и сите еден ден умираме. Како ќе преживееме? Има сила и тогаш која не турка, потешко е ама живи сме, а болката е болка, ако не е таа нема ни да осетиме дека сме живи и дека сме осетиле нешто од животот. Животот никогаш не е рамна линија, има убави ама и лоши работи.
Денес сватив дека не треба да сум толку добра со сите ако сам не си помогнеш да ти биде како што треба никој нема да ти помогне не се сите како мене јас да правам се и сешто за нив, а за мене никој
Сите тие што си ги отфрлате другарките заради вашите дечковци заслужувате посебно место во пеколот. Најгрозната работа која што можете да ја направите е таа. Имав другарка скоро 10 години ( имам 18 моментално,значи од многу мали се дружевме). Во јануари си најде некое момче, јас и го кажав искреното мислење за него затоа што дечкото оди со која стигне и претходната девојка ја има изневерено со 100 особи и кога раскинаа таа немаше другарки 2 години (дури сега си најде) и детето буквално беше во депресија. Мојата другарка без разлика на тие сознанија излегуваше со него. Потоа забележав дека таа се одделува од друштвото. На пример, излеземе во 21:00 таа во 23:00 е дома (имајте на ум дека и двете сме деца што сакаат да излегуваат до покасно да речеме 2:00, кога е таква ситуацијата и излегувањето) ,а кога ја прашавме зошто си оди толку рано, кажуваше дека и се спие. Еднаш на еден роденден излегуваше на секои 10 минути да разговара на телефон,а се враќаше после 30 мин. И тогаш на тој роденден си отиде во 23:00. Сега моментално е декември. Погодете од три пати што.. повеќе не се дружиме нити пак е во друштвото. Кога се видуваме на улица таа не не поздравува, ја поминува улицата на другата страна. Цело време е со дечко и и во школо сите ја зафркаваат затоа што има муабети дека прават ногу незгодни работи на часовите со дечко и. ( седат заедно, учат заедно, цело време се заедно и само тој и е пријател и воедно дечко ) Ја знаат и професорите,а богами и децата. Ја зафркаваат и цело време ги викаат заљубени голуби.Многу ми е криво, ми беше најдобра другарка а сега воопшто не се ни дружиме ниту пак комуницираме. Се додека некој не е изгубил некој што му е премногу близок не знае за што зборувам. Плус, таа не беше особа што си ги остава другарките заради дечко и, затоа сега ова ми е многу чудно и просто не можам да си поверувам. Не ја пушта на одмор со другарките, дури си дозволил да не ја пушти на одмор со родителите, па избувнал скандал. Овие работи ги знам затоа што летото се зажела на една заедничка другарка ( нејзината единствена другарка и дечко и дозволува да се дружи со неа затоа што и таа има дечко и излегуваат цело време на double dates, значи ни со неа не смее сама да излезе) со која што заедно излеговме пред некој период и таа почна да збори лични работи за нивната врска пред пуна маса. Толку многу ми беше криво и ја тргнав на страна и и реков уште еднаш ниту збор да не е рекла за тугите проблеми затоа што не е убаво да се правиш на некој другар и потоа да му ги исмеуваш неговите постапки пред пуна маса. И на сите што ги слушнаа тие разговори им реков да молчат и да не кажуваат на никого, се надевам дека не се излегле други муабети и дека тајната е колку толку одржана. Неизмерно ми е криво и нејќам да гледам како си го уништува животот за едно машко во најубавите години. Баш токму овие се годините кога треба човек да има ем дечко ем другарки и да прави баланс и да му е преубаво и да биде време за паметење. Заборавив да напоменам дека ќе оди ист факултет како дечко и.. во ист град.
Не се грижи за вакви пријатели, прво вие сте да кажеме деца, секој прави грешки, се осознава себе, можеби и е прва врска па и она учи и греши. Тоа си е нивни живот. Ако не сака да се дружи, не сака. Немаш потреба на овие години да се оптоваруваш
Знам дека си револтирана ама твојата доскорешна другарка е жртва на дечко и. Не треба да и посакуваш пекол, таа веќе е таму. Дечкото како што пиша очигледно е болно љубоморен тип кој е манипулатор и има психички проблем. Другарка ти сеуште не е свесна дека се заплеткала во пајакова мрежа. Се надевам дека ќе се свести самата и дека ќе се тргне со време. Можеби таа те избегнува но тоа е дел од неговите начини на контрола врз неа- да ја изолира од сите околу неа. Ако сите другарки и го свртат грбот, тој ќе ја има со сето внимание само за него и полесно ќе и влијае. Еден господ знае што и збори и со што и ја полни главата. Ќе и треба некој што ќе биде на нејзина страна, што ќе и помогне кога ќе сака да си замине од врската.
Да се во ред знам дека сме мали ама понатаму во животот кога ќе ја погледнам ќе се сетам што е направила и како се изглупирала во наши години и тоа глупирање и оставило последици. Мислам дека сите вие што сте постари од нас може да се присетите на една личност која што изреагирала многу погрешно и ви го завртела грбот во наши години, не ви е битно и можеби сега е детско ама битно до ден денес и го паметите. Мислам дека никој веќе не е ни заинтересиран за неа. Едноставно никој не сака другарка што те заборава тогаш кога ќе си фати дечко. Не кажувам дека не и треба помош но не ја сака. Пробав уште на почетоко да и укажам дека се оддалечува и дека не и е добро понашањето и ми рече дека сум љубоморна пошто таа има дечко а јас не. Од тогаш не сум ни пробала да го спасам пријателството затоа што не може само едната страна да се труди. Ако и е добро со дечко и, нека си тера ама да не очекува помош од никого кога ќе раскинат затоа што никој нема да сака да и ја пружи таа помош. Можеби ќе си најде некој другарки што ќе ја тешат понатаму ама сигурно ние нема да и бидеме тие другарки. Ни го заврте грбот кога ни беше најпотребна и тоа нема никогаш да и го опростам. Без разлика каков и да е дечко и секогаш постои решение да раскине и да побара помош од најблиските дека и е лошо во врската. Не е решение да ги оставиш сите што ти помогнале во многу ситуации и да си тераш со психопат и манипулатор што пола град знае каков е. Ми е жал што ка зафркаваат сите и со прст покажуваат ама индиректно ја бранам колку што можам за да не и се рашират муабети.
Таквите се многу добри манипулатори и на почетокот ќе мислиш дека премногу те сака, дека сета таа контрола ја прави од љубов и грижа, полека полека те одвојува од сите, не само од друштвото, туку и од родители и роднини, демек сите нечинат, само тој ти мисли добро во животот, а ако се освестиш и сакаш да го оставиш продолжува со манипулации, за да не го оставиш сета вина тебе ќе ти ја префрли, а тој ќе се покаже како тој да е жртва, па дури и дека ќе се самоубие ако го оставиш, односно ти набива грижа на совест и тапкаш во место во токсична врска. Па уште и ќотек ќе јадеш и за тој ќотек ти ќе бидеш кривата, дека ти си го испровоцирала со некој збор или постапка, инаку дека не е тој таков и дека нема да му се повтори, сè до следниот пак додека пак нешто не му текне некоја причина во неговата глава да те удри. Па и тогаш пак си велиш, тој ме сака, ама јас сум крива и тешко е да го оставиш, затоа што знае како да те манипулира. Е другарка ти баш со таков си има мака, затоа немој да и се лутиш, туку биди покрај неа ако еден ден се спаси од него. И речи си не дај Боже јас на таков тежок манипулатор да налетам.
Не можам да бидам покрај неа затоа што таа тоа не го дозволува. Веќе неколку месеци не сме во контакт и не изминува нс улица.
Така се однесува, бидејќи тој е тежок манипулатор, знам дека сега не дозволува да бидеш покрај неа, бидејќи тој и го полни паметот со глупости и сама кажуваш скандали и правел за одење на одмор со родители, еј со родители. Затоа ти велам дека ако еден ден се освести и сака да го остави ќе и треба твојата поддршка, во тој момент биди покрај неа, имај разбирање, не ја осудувај што потпаднала под негово влијание.
Се надевам дека еден ден ќе се освести, ќе биде касно но битно ќе се освести. Криво ми е ама мислам дека сам секој си ка одредува судбината каква ќе му е. Ако и треба помош слободно нека пише ама јас не планирам да спасувам некого што не сака да биде спасен и не обвинува дека сме љубоморни на нејзиниот дечко и се расправаше со нас со месеци. Пробав- не бива и не сака. Мислам дека е најубаво да си продолжи секој со својот живот како му одговара. Ако е среќна да живее во агонија тогаш и јас сум среќна за неа. Се најубаво и посакувам ама не знам баш најубавото дали ќе го види на овој начин. Нејзино си е. Плус никој не ја сака назад другарката што ги оставила најдобрите другарки за пролазна работа. Сите чувствуваат револт,а не чувство дека тррба да и се помогне. Најнормална работа е така да се чувствуваме. Да не сум пробала да и дадам акл и да и кажам да се свести па да кажам ајде јас не сум пробала да ја посоветувам ама вака??? 10 пати пробав ,а 11 пат да глумам Исус спасител наш, не ми е во план.
Те разбирам. Така е - ако таа се трга од тебе, ништо не можеш да направиш. Не можеш преку себе да газиш, секој си има свои граници. Инаку тој муабет дека си и љубоморна секого би навредил, само имај во предвид дека тоа се зборови кој тој и ги кажал и всадил во глава, таа само ги повторува. Сакав само да ти кажам дека девојчето не е за лутење, за жалење е. Многу луѓе не разбираат како можат жртвите на манипулаторот да сменат однос кон сите околу себе заради него. А можат зошто тие себе се имаат погазено прво. И не се ни свесни дека е така! Зошто манипулаторот им труби секој ден колку се они лоши, манипулатори, лажговци, неспособни, безвредни итн. (т.е. се она што се самите манипулатори). Постојано и постепено им ја всадуваат оваа погрешна претстава за себе во главата, да помислат дека е виситината, точна и нивна. Истото го прави и со мислењето на жртвата за другите луѓе во нивниот живот.