Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Женски
    Не ми се дешава често ама денес е тој ден изгледа… ретко плачам,многу ретко ама има ден кога некоја ситница ме крши и сите ситуации, случки од последниот период ми се вртат пред очи, како сите бродови да пропаднале буквално се чуствувам, како секоја постапка да ми беше грешка…. Знам дека не барам многу ама ми изгледа како секојпат да барам на погрешно место, а некогаш е неизбежно, едноставно животот ме води натаму :u:
     
    На Maryy. и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  2. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    9.612
    До кога ќе си добра со сите не верувај на никој никој не ти мисли добро :)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам толку осамено... Дома сум, опкружена со толку многу луѓе, а јас сепак сакам да сум далеку и сама. Немам со кого да зборувам, немам на кој да се јавам, немам што да правам. Готово е...
     
    На st-el, GirlLove и Musicallinmylife им се допаѓа ова.
  4. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    284
    Ако таа минува низ ова што го ти опиша (верувам дека минува ама тоа др тема) навистина е страшно. Посебно затоа што е добро девојче, од добра фамилија и беше со добра репутација во училиштето и меѓу нашите и подалечните другарки. Сега се и е расипано, особено репутацијата во школото. Страшно на што може да те навлече една особа и како може да ти го смени целиот карактер и погледите на светот. Понекогаш си размислував дека ваквите тешки манипулатори се производ на приказните или се дешаваат на 1% на луѓето се додека не го осетив на моја кожа и не ми се исповедуваа уште 10 личности дека поминале низ слично или исто. Само ми е прашањето, што кога ќе раскинат? Сега некои ќе кажат, е можеби нема да раскинат, веројатноста за тоа е многу мала затоа што го знам нејзиното момче какво е, не го знам само јас туку цел град, многу лошо ќе биде по неа. Многу тешко ќе си најде другарки (претпоставка). Не знам, еден Господ знае што им се случува во врската и што ќе се случува понатака.
     
  5. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    9.612
    Сакам да умрам дефинитивно ;(
     
  6. gazoza

    gazoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Зошто? Имаш деца? Имаш фамилија? Потребна си им повеќе од колку што мислиш сега. Проблемите сега ти делуваат големи, но не се.
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Decibel

    Decibel Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Машки
    Why ?
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    9.612
    Да ти кажам во право си ќе им направам услуга на тие што ме мразат така? :D

    Long story :)
     
    Последна измена од модератор: 17 декември 2022
  9. Decibel

    Decibel Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Машки
    Oukej :)
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gazoza

    gazoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Никој не те мрази, така ти си мислиш. До мислите ти е.
     
    На Decibel и Marijana93 им се допаѓа ова.
  11. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    9.612
    Верувај не е така :) ме начекаа сега дека сум сама немам родители и удри :) ама ако ќе станам толку силна што од нив само пепел ќе остане :)
     
    На Garden of ____, ZeNoN и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  12. gazoza

    gazoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    На курс на две другарки им завршив приватно работа, сосема случајно дознавам дека се договориле денес за кафе со трета особа што речиси не се поднесуваат а и нејзе и имам завршено раб.
    И кога дознав бев као wtf?
    И третава особа беше као "ај ако сакаш дојди и ти" - со пола уста кажано.
    Викам не не наздравје нека ви е.
    Што убаво си се собраа ме здупија, искористија и сега чао чао.
    Наздравје да ви е, у грло да ви застане крв да мочате.
    А од утре ја знам како со вас.
    Секој пат беше "фала ти за ова те частам кафе". Нит к од кафе не видов, ме здупија саглам.
    Само за корист и после чао.
     
    На field, dea.18, Garden of ____ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    Знам дека обично почесто е некои луѓе кога ќе излезат да имаат анксиозност и неубави чувства.
    Кај мене некоја спротивност е. Кога ќе имам убав ден, ќе бидам собрана со друштво, ќе бидам на прослава, ќе си поминам убаво, тогаш ми е преубаво и сум пресреќна. Ќе помине некое време откако ќе си дојдам дома и ме фаќа тага дека сега ми следи досада и денови со ништо посебно посебно во нив и некако празно се чувствувам.
    Дали е нормално ова? Секогаш ми е вака. И секогаш тие денови си ги паметам како преубав спомен. Среќна сум само вака меѓу луѓе и кога има убави пригоди. Му се случува ли на некој?
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    284
    Немој да се нервираш за пролазни луѓе и пролазни работи во животот. Џабе си трошиш живци кога луѓето се такви и такви ќе си останат. Од ова извлечи си поука дека не секому треба да се помогне и не секој заслужува твоја помош. Не ти е до частењето на кафе од 100 ден во овој случај, принципот и начино на однесување е во прашање. Те разбирам ама немој да си ставаш се на мозокот. Излези си со твои другарки кои ти се најблиски и испиј го кафето, сто пати поубаво ќе си поминиш.

    А овие батали ѓи, здраво-здраво, чао-чао, не мора да се караш и да им ја кажуваш причината зошто си оддалечена од нив затоа што луѓето точно знаат што прават,што направиле и што ќе направат. Ќе си се свестат еден ден.
     
    На gazoza му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gazoza

    gazoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Нема да се карам, нај идиотски ќе се понашам со нив.
     
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    16.445
    Пол:
    Женски
    Јас не знам какви ви се тие другарки со кои едвај се знаете, се чудев и во друга тема, некоја што си ја запознала за два дена одма ти е другарка. Тоа се познанички, пријателки, а не другарки.
    Те замолиле, си им завршила работа, но тоа не значи дека сега треба да ти се клањаат, не те терале со сила.
     
    На H.VAGA, NoirSerpentine, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. gazoza

    gazoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Не се знаеме само два дена.
     
    Последна измена од модератор: 20 декември 2022
  18. Sinisa123

    Sinisa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    175
    Дали ви се случило да немате на никој да се јавите после толку време, и да немате со кој да излезете на едно кафе и да прашаш како си? Познат си имаш луѓе што те познааваат ама едноставно немаш со кој да направиш разговор и знаеш дека си комплетно сам. И таа единствена пријателка што ми беше еве 3 години не ми пишува ништо, едноставно се правам дека сакам да ја заборавам ама се мислам зашто прекина контакт со мене и никако да пише да даде објаснување зашто не ми пишува воопшто. И на инстаграм не ми враќа, фејсбук деактивирав, и повиците ми ги блокирала. Мака ми е едноставно да знам кај сум згрешил, дали е до мене што луѓето околу мене ме одбегнуваат и не сакаат да бидат пријатели со мене, гледам луѓе што нон стоп им се јавуваат на телефон да се виделе на кафе и да си направат муабет, а кај мене нема ништо никој не се јавува да праша кај сум, што правм, од порано се прв се јавував ама престанав да се јавувам прв и некако се прекина целиот круг на комуникација. Се смеам од надвор ама од внатре сакам да вриштам на цел глас, понекогаш главата ми е во хаос ама се обидувам да ставам граница до кај може да се отиде да не направаам нешто. Немам на што да се радувам повеќе, се со наведната глава, скиселено лице одам, внатре ми е тешко на душата сакам да кажам ама едноставно кога ќе сакам да кажам немам храброст да кажам и си премолчувам, само од мака тешко издишувам и си ќутам ништо не кажувам. Понекогаш си мислам дека најдобро ќе ми биде да ме снема и така немам никој на овој свет и таа личност што ја имав се откажа од мене, едноставно си мислам дека сум роден да бидам сам на овој свет без ниту еден пријател, комплетно, тотално сам да бидам, на мене ми е повеќе зашто таа личност што се дружевме 3 години да прекине секаков контакт со мене брз да ми каже зашто
     
  19. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Ако неќе , неќе. Посвети го твоето вимание на некој друг или пак на себе си.У Мое искуство не секогаш прекинување на пријателство е стриктно заради “нешто лошо направено од деугага страна”, него едноставно се разидуваш, растете на различни страни и некад е боље да го пуштиш некој и на “незавршено”.
    Си се обидел , едноставно не сака ок, нека не сака. Ако ти е полесно пиши и реферат испразни душа и продужи даље. Не е на одмет и муабет со писхолог ако се осеќаш ептен лошо.
    Батали ја работи си на себе, свои интереси, занимации пополни време и веруј животов наоѓа начин да ни тутне некој кога најмалку очекуваш.
    Животов е убав другар и му требаш на овој свет, рече имаш познаници ете барај начин како да се доближиш, нормално да не е тоа нападно , наметливо него она чил мубет, пријатен..
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    9.612
    Па дали нема нема никој, а ако им кажеш нешто дека те мачи ти кажуваат сите имаат проблеми ништо не ти е е тоа е врвот :|