Yup.. мене секој пат. Од мала сум таква, дури некогаш плачам така ќе ми се потресе душата. Како доза на осаменост…
Не знам баш дали за овде припаѓа мојот проблем, ама ми стои како најсоодветна тема. Имам проблем со работата, откако ме преместија пред 10тина дена јас не сум воопшто среќна, не ми се оди на работа, а ја работам работата од моите соништа, баш тоа што го сакам. Но, со самото преместување јас ја изгубив и желбата за работа, размислувам и да напуштам, но не знам дали ќе ми биде правилна одлуката, сега откако добив решение. Сите ми велат седи, ќе се навикнеш, таква прилика друг пат нема да добиеш, а мене ми е толку многу тешко, што мислам дека не ме сфаќа никој. Ве молам за совет.
Утре ми е роденден. Петок со друштво ќе славам, ама на една му се одело Скопје и нема да дојди. Истата таа за на одмор минатово лето најде апартман чија газдарица имаше деменција и не ни кажа за тоа на нас останатите. И направи други глупости за кои не би сакала ни да зборувам сега. Само глупаво се чувствувам шо и тој еден мој ден воопшто не го почитува, и со отсуство и со подарок и со сѐ. Јас не заслужив вакво "другарство". Не знам како да ја откачам.
Запознав еден. Сака брак. Сакам и јас. Веќе 6 месеци се знаеме и контактираме и многу е добар. Ама мене не ми кликна она нешто.Имам 29 години. Сака за Нова Година да бидиме заедно. Нешто ме копка. Се плашам. Од се ново. Лептиричи цветичи немало веќе, битно да те разбирал и почитувал. Детево е супер до мене е... Што да правам? Што ако за брзо ми предложи брак...
Јас сум ваква за секоја поголема промена, многу тешко се навикнувам додека се навикнам сум несреќна. Во некои ситуации се навикнував а во некои не. Таква бев и средно кога запишав, и за факултет и одма ќе се отпишував, иако запишав тоа што сакав а и за работа сум била. Мајка ми секогаш ме советувала за такви ситуации да издржам барем некој период. Ти си таму само 10 дена, пробај издржи некој месец, колку и да е тешко сети се дека работиш работа која ја сакаш. Со тек на време можда работите кои те прават да не ти се оди на работа (дали било тоа колеги кои не знаат пријателски да се постават, негативна работна атмосфера, злобни луѓе околу, лошо работно време, или можеби некои глупи нелогични правила), можеби тие фактори ќе престанеш да ги приметуваш или можеби ќе се сменат па се ќе биде добро. Ако не се менува ништо, јас да сум на твое место би напуштила, штом имаш цел во животот и поле на работа во кое знаеш и сакаш да успееш се е полесно. Работата не смее да те прави несреќна, не вреди психичкото здравје да се уништи за работа, а исто така ако си млада и дома не те чекаат деца за кои мораш да работиш и да трпиш нешто, сега е времето да менуваш средина додека не ја најдеш соодветната за тебе. Сепак, првичен совет пробај изржи некој месец, па после одлучи. Се најдобро ти посакувам и верувај те разбирам
Да, осаменост некоја. Чудно чувство. Ми помина после еден ден, само не ми е јасно зошто така се чувствував, што е коренот на проблемот.
Од каде да почнам....катастрофална година, и полоша од таа претходно. Не знам што ми се случува, но веќе недела дена не правам ништо,се будам рано а не мрдам од кревет по цел ден, иако имам обврски. Немам желба да излезам од дома, не ми се разговара со никого. Толку многу проблеми ми се насобраа, толку разочарувања од самата себе, од некои блиски што не знам дали некогаш ќе се стабилизирам. Колку бев успешна на сите полиња, колку бев расположена и среќна, а сега од претходната јас нема ни трага...Како поминува време сфаќам колку сум созреала заради сите тие работи и се чудам зошто и како сум поднесувала некои луѓе. Претходниот период многу плачев и се нервирав, а сега некако сум рамнодушна. Не сакам да е вака, а веќе не знам што да преземам...
Моите кога се караат тоа ме гаѓа Не можам да ги слушам Не дека се вреѓаат, се колат не знам шо Него ми е жал коа се караат така Комплицирано е Ќе се искараат, и после никому ништо, се понашаат нормално, спијат заедно, весели се. Ама кога се караат мене ме боли душата, жал ми е шо се караат и не можам да ги слушам. Се мислев да идам на психолог, ама тоа нема да им помогне на нив за да прекинат. И двајцата се такви рчкала. Мајка ми е поголемо (ете на кој сум). А татко ми па исто неќе да му се приговара И не знам некогаш се расправаат еве околу тоа шо да се руча, и мајка ми кога ќе му рече ,,па ја изгледа немам право да коментирам” мене ме боли тоа до степен шо сакам да се убијам. Не сум чоек шо збори за семејни проблеми, секогаш сама сум ги носела Ама више доаѓам во друго ниво, и морам да почнам да го вадам тоа. Знам дека не е срамота да се збори за тоа, само неќам не знам зашто А ми треба Осеќам дека ќе пукнам за брзо Ме гаѓаат такви работи Ете кажав Сеа шо да праам Не сме такви онака да седнеме и ја да им праам parenting на моите. Некогаш така коа се караат ми иде да искочам од соба да им се испоиздерам Ама си седам на страна Пошо они и на нож да се, ако се испонашам на некој од нив стануваат бфф магично и јас сум кривата на крај
Ако е тоа чаре Топ Пошо стварно ми е мука да ги слушам Жал ми е Постари се у постари години Место да уживаат они ко дечишта се Сфаќам дека нерви попуштаат ама не може да се караша толку за храна и глупости Они зс глупости се караат
Годинава ми почна исто како и минатата, Истата песна. Денес денов пекол уште од рано сабајле. Некои сонови глупи. Се разбудив у ниедно време како во лава да ме брцнале. Ко океј, сфаќам карма и сето остало , заслужено беше, ама ако ништо друго сум човек на кој уште му останала грижата после се. Многу научив од грешките и драмите што порано ги предизвикав. Камо уште да имав шанса да го докажам тоа на личноста која искрено и го должам тоа. Искрено многу жал ќе ми биде ако остане сѐ на тоа да си ги чувам само убавите спомени со рацете у џеб. Штета големите лекции скапо чинат. На крај краева се обидувам да поправам сѐ пошо многу ми значеше сѐ и сеуште ми значи и ќе ми значи. Сепак ти благодарам и за толку доколку стварно си решила да ставиш крај. Извини
Ќе успееш во целите ќе одиш за минатото да остане минато. Ќе одиш за да оздравиш Ќе одиш за да заборавиш
Толку ме боли за животот на мајка ми. Колку трпела трпела трпела за да има мир во семејството. Ја заслужува целата среќа на овој свет, а ја нема. Толку посакувам некогаш да соберела храброст и да се разведе ама останала во токсичен брак ради мене за да не останам без семејство. Знам дека треба да учам од туѓите грешки ама не знам, ме боли и просто не ми е добро од самата помисла низ што поминала, а е таков невин ангел. Душата ме боли.