Работава започна со то што ја испратив некој глуп „вештерски“ мим и дебилов шо ми глуматаше другарка почна да ме обвинува дека правам магии, поточно „сум ја пренесувала мојата несреќа на други“ на што јас одговорив дека е крајно болно да веруваш во такво нешто и кретенот почна да вреѓа на екстремно болни теми што сум и ги зборувала. Ми спомна дека само манијаци мене ме сакале алудирајќи на момент каде што бев бакната на сила и не требало да ме чуди зошто сум била сама на гробишта. Изгледа треба да очекувам да ме напаѓаат, еве не знам. Рече како јас со манијаци сум се дружела. То беше то за мене и и појдов на врата негде околу 10 ноќе, се криеше внатре дебилот. Кога знае да лае преку интернет нека дојде во живо, ама не може. Ајде то. Гневна сум уште. Исто ми спомна дека јас попрво би се отрула него да побарам помош, порано ми се ругаше за самоповредување што имам рани али и простив и пак се смиривме до сега. Требаше да знам дека нема да се смени никогаш. Од секогаш започнувала кавги без причина, прва вреѓа ама ако се браниш ти си лош, покварен, ужасна личност си. Иначе да, одам на гробишта да запалам свеќа на дедо ми оти не ми е преболен после 3 години и одам да ги нахранам кучињата скитници што седат таму. Магии не правам, само си кажувам позитивни афирмации и си палам свеќички, убаво ми е така. Верувам во плацебо ефект, не магии. Мимот во продолжение ќе го пратам. Како бе како една жена на друга може такво нешто да зборува? И посакувам се тродупло да и се врати. Ѓубре клето. АКО го читаш ова, факт е болесница си пиле. Си се шалев на своја сметка и често се шалам ама некои луѓе претеруваат. ЕДИТ: Знам доста ужасни работи што ги има кажано зад мој грб ама сум преќутела.
Како ли и сте станале другарки, а до толку ич да не те сфаќа? Нема што да жалиш за таква "другарка". И btw мимот ме пресмеа.
Фала ти на одговорот Не знам, на почеток се беше поинаку, ама не можам више да трпам. Очигледно нешто не е во ред со неа.
Времето ме бие ама никако не можам да почнам есејот. Треба да е општ, со личен инпут. И одбрав тема шо ме мачи. И сега не можам ни воведниот дел да завршам. Туку да ѕвонам на менторката. Да речам: "бести на ова работилница спомна ова и ова. Спремна сум да разработам со некој оти сама не ми оди." Ах загуби. Гонете се.
Како да се справам со мајка ми, заборава ама не признава, сме ја правеле болна. Не е заинтересирана за здравјето ич. Се убив по доктори трчање, врски чуда... Она неќе да иде, неќе витамини, неќе ништо. Иако на доктор и викаат што и како треба да провери, она си тера по нејзино. Еве сеа требаше да закаше контрола, ништо. Ако и кажам ме лаже дека вртела никој не и се јавил. Ама со заборавањево имам проблем. 3 дена по ред 10 пати рече демек риба немаме не купивме, и исто толку пати и кажав дека е у замрзнувач. А ако и кажеш дека прашала веќе, вика не. Јас не знам како да се однесувам а да не сфаќа погрешно. Страв ми да отидам некаде да не напраи некоја глупост. Буквално животот ми е закочен. Никој не ме разбира на каква мака сум.
Колку години е мајка ти, по ова што си го пишала сериозно заборава, штом не смееш дома да ја оставиш, и јас би била, некако да ја убедите на доктор, можеби ќе треба и глава да снима, лошо е што не признава. Може и од годините да е, ама не дај Боже и да не има некој проблем да се фати на време.
Абе јас одма би, ама не и не... И каде и да го кажам проблемот ааа почна веќе, епа тоа е годините. Матичниот нејзин ич не е заинтересиран. Често не можам да го добијам на телефон по две недели. За упати чуда се јавувам по 100 пати, па после сама бркам врски приватно... Она секад у принцип била ваква. Се ништо не и е. Ама сега после се што се деси летово, живеам у страв. Можеби за нешто и јас претерувам не викам не. Претешко ми е, ова се ми е додатно на анксиозноста.
Веројатно и пишувам на погрешна тема,но сеедно видов дека е за искажување на маки е. Си имам мака и јас,па ми треба совети ,ваши погледи и ваш агол како мислите и што би направиле. Имам 33 години,се нафатив да идам на Правен факултет тука кај нас како вонреден. Јас работам и на пола работно колку да имам некој прилив на пари.Со факултетот почнав негде 2020 година баш пред короната.Стигнав скоро да исчистам прва година,ми останаа уште две години но го влечам постојано факултетот,од сесија на сесија само го одложувам положувањето на испитите.Едноставно изгубив интерес и мотивација. Свесен сум дека учам за лично задоволство,не дека ми треба факултетот,иначе со средно сум образование. Здраствено не бев арен и моите 20ти години ги поминав по болници скоро 9 години само лекувајки се кажано до моја 31 година и затоа не завршив порано факс дури сега упишав. Да се вратам. Го учам Правен заради задоволство оти изгубив години заради други работи како лекување,сакам да се вратам во нормала,немам пријатели,ги откачив кога ми беше лошо они ги немаше,беа од интерес тука и да оговараат. Но се прашувам во себе,дали вреди да го завршам Правен, ме стигаат години,што ќе работам со три години завршено,додека стигнам и магистратура и пракса и лиценца ќе ме фати 40 години и више. Дали да го откажам факсот и да пробам во академиите како Сивус или Бреинстер за да добијам сертификати? Дали за програмер итн ? Да губам време да станам правник и да терам до крај со факсот до крај да изгурам шо сум почнал или да почнам скроз ново нешто за кое треба пари и пак одново студирање на академија ? Едноставно изгубен сум. На крстосница сум ,ок да гурам Правен но нема ништо да најдам работа кај нас,има со лопата колку сакаш адвокати да собираш,и да влезеш негде ти треба ужасно врски да се пикнеш.
Ако ти е желба да го завршиш заврши го Јас мојот факс го оставив на пола, за да работам, зошто со мајка ми живеевме од пензијата од татко ми која беше едвај 150 е. Немаше шанси да се плаќа факс, стипендија и кредит не ми следуваа зошто ќе ја изгубев пензијата. Но колку и да работевме и двете, мојата беше да имам за мене, мајка ми за трошоци... Во тоа време минимална плата беше 8000. И така, паметни од страна викаа ти си крива, неќеш да учиш, те мрзи. Само си бараш оправданија, ама никој не дојде да рече еве ја ќе ти помогнам да го завршиш(финансиски). Ова зборам за блиските кои се правеа дека многу многу ме сакаат и сакаат да завршам факс, за на крај кога останавме сами да ги снема. Но не битно. Тоа остана така... Јас се трудев секогаш да имам каква таква работа, да земам пари. А стаж ни ден. Затоа, гледај да го завршиш, да не ти остане и тебе болна точка тоа еден ден. Не знам кој како ќе ме сфати. Кај нас за жал се е во пари.
Реално и македонското општество стана лошо. Да станеш правник,економист,педагог, учител итн. НЕМАШ РАБОТА да најдеш,едино ако можеш да идеш некоја струка како информатика,машинско и даље. Буквално ограничен си. Лично немам проблем со финансии или да зависи некој од мене . Проблем е не сакам да работаж цел живот во маркет,кладилница или продавница . Сакам да имам факултет,да сум академски граѓанин ама која е поентата кога општеството не ти дава простор и ти ја прави дипломата буквално ништо . Надвор да одам да работам во странство,нема да ми важи Правен факултет оти важи само за законодавство што учиш за одредена земја .Пак одново ќе треба да учам факс. Коа ќе седнам да размислам испаѓа џабе фрлив за факс ,труд и пари.А години ме газат. Избезумен сум.
песимист си да не вредеше овде ич дипломата немаше да идеме на факс ние другите само у Македонија освен диплома треба и да знаеш луѓе и да си снаодлив сите да мислевме ко тебе, факултетите ќе беа празни
Не сум песимист,немаше на 30 години да продолжам образование.А луѓе за да знаеш шо викаш,треба да си партиска курва у партија зачленет оти така можеш да се истакнеш и најдеш работа кај нас,општо познато е,а јас не сакам и не сум таков како личност.
барај на приватно а за со Правен има работа овде почни ко практикант негде, дур студираш сеа праќај цв по огласи
Има работа за 50 евра како практикант. Реално со правен дури да почниш да заработуваш пристојна сума на пари години ќе поминат, а дечково има 30 и кусур, нема толку време за чекање. @Macedonianbro јас не би продолжила, со три години ништо не правиш, а од желба за факултет не се живее. Годините ти се такви каде што треба да размислуваш за работа со добри примања, со правен е тешко и за редовните студенти да најдат работа, а не пак за вонредните што се запишале подоцна.
@Macedonianbro не сакам да дадам совет, да не' послушаш и по години да се каеш. Најмногу поради тоа што кај нас за што и да се одлучиш ќе ти речат нема иднина, тешко е, не е доходовно и голем дел од нас бираме образование според тоа што ќе речат луѓето. Ама, од искуство на блиски кои завршиле правен, тие три години се баш за џабе. Мораш мастер, мораш правосуден испит, стажирања и шо не, не знам точно да не шпекулирам. Адвокатите најчесто и го наследуваат бизнисот фамилијарно, а за државно како што кажа и сам мораш партија. Знам дека е тешко да бираш и да се откажиш од нешто што сакаш да го учиш и работиш. Лично јас не би продолжила, ако имаш финансии и ако ти фаќа главата нешто друго подобра опција ти се академиите според мене. Има добри примери со луѓе кои завршиле академија и си нашле добра работа. Голем плус е што ќе можиш и напоредно да работиш. Стави си сам на кантар што добиваш, што губиш, кои ти се опциите. Со среќа што и да одлучиш.
Не знам дали темава е баш за тука ама ајде. Не знам со кого да разговарам имам мал круг на пријатели и не е дека можам со нив да разговарам на оваа тема. Се чувствувам како се да е против мене и дека за се сум јас крива. Заљубена сум во еден ист дечко веќе 3 години, од која 1ипол се влечевме ќе биде нешто нема да биде цела година беше оставен од мене на раат не зборевме не пишувавме ретко некогаш да се сретнеме, он сега има девојка пола година а мене ми пишува од време на време да се видиме иако го сакам не прифаќам да искочам од причина што знам дека ако направам нешто ќе ми биде криво зошто има девојка а од друга страна сакам да искочам со него. Плус проблем ми е што сестра ми ме напна психички за некои двајца нејзини дечки и не знаела што да прави, не сакала ни со еден нешто ни со друг и мене ме напна психички. Кога и да и кажам дека ни едниот не е за неа ме напаѓаат сите не сум сакала ја она да има некој сум била љубоморна. Психички веќе не можев да издржам без да разговарам и попуштив со нервите, многу нервозна сум станата, почнав да плачам иако јас сум човек што плачи само за нешто убаво или не дај боже нешто лошо, и сакам да сум сама, а кога сум сама само плачам и спијам. Се извинувам на ваков долг пост ама морав некаде да кажам.