Од роднини луѓе бегајте подалеку, ти им правиш добро им помагаш ги собираш дома ги сакаш како свој братучед, повреден со скршена рака на боледување одиш да го гледаш братучед ти да не се фрли од зграда или да не се убие го чуваш како мало дете, а магарето има 40 години за на крај да се лути магарето оти сум кажал на старите мои дека удрил со велосипедот во кола и арно колата што застана, магарето не видел дека идело кола и го удрил и забите ги скршил, а другите роднини што му ги земаа парите ок се и добри се, а јас оти сум кажал дома ќе се лути на мене. А не кажува на мајка му дека пред мене запали тревка во станот и оти ми понуда трева. Полошо нешто од роднини и први братучеди нема, не сум лут туку гневен сум.... Сакаш да одиме на гробишта во 12 ноќта да облечеме бели мантили и да правиме буууууу и свеќи да земиме. Интересно ми е да одам ноќта на гробишта и да правам бууууу, некако крипи се а и забавни се. Уживај таму и не се замарај. Ако треба пријател за гробишта викај слободно и идам 6 месеца го знаеш и сакаш брак сериозна си? Пробај да живеете заедно година, две да видите како ќе се слажите а после брак, а така за 6 месеци брак нема шанси. Братучед ми се запозна со една женска, и даде прстен за една недела и за 3 месеци свадба правија за на крај после две години брак да се разделат. Бракот и разводот е животно прашање, ако не се слажите ќе си го уништите животот едни на други
Според мене Сивус, види што најмногу би те влечело. Правен над 5 години ќе ти требаат колку што знам и слушам од другари таму. Вака можеби ептен ќе се пронајдеш и плус е платено програмерството.
Знаеш кај ќе идеш, дека магарињата ќе идеш е таму да знаеш. Земи собери се, јака си силна си не дозволувај некој контрол фрик да те уценува и манипулира. Биди јака имај свое јас, и не помагај на никој и на тебе ќе дојде еден ден да бидеш среќна, само да знаеш дека тркалото се врти секој ќе си го добие заслуженото и тоа дупло ќе добие од што го направил, само треба да си најдеш мирот и спокој и гледај за себе не гледај повеќе за други, биди ладна, кој те цени, цени го, кој не фак оф и не се замарај. Силна си
Геј сум и многу ми е тешко. Поради тоа немам самодоверба ми се смеат луѓе како зборам или се понашам и не можам да најдам или задржам работа. Ми е жал бидејќи гледам разочарување во очите на моите родители и срцето ме боли од тага. Се плашам дека нема да издржам уште долго да се борам.
За ништо не е доцна во животот се додека си убеден дека го сакаш тоа што го правиш. Си поминал тежок период затоа е разбирливо подоцна да ги врвиш тие работи што се поминуваат после 20тата година. Ако сакаш да бидиш правник не е доцна, ќе го завршиш, само верувај во себе, но доколку не сакаш , се тераш со сила упиши академија види што те влече повеќе. Некој ќе се пронајди на 20 некој можеби на 50. Не е ништо изгубено се додека има желба
Дали можеби само мислиш дека гледаш разочарување во очите на твоите родители бидејќи ти не си задоволен со својата самодоверба? На начинот на кој е напишано, претпоставувам дека тие знаат и не ти направиле некаков притисок околу тоа, па претпоставувам дека само ти мислиш дека тие, а и другите луѓе така те гледаат. Она што другите го мислат за тебе е неважно бидејќи тие ќе го заборават до наредната жртва на оговарање, а она што ти го правиш е твој живот. Нека не ти е гајле што мислат другите за тебе. Прави колку што можеш, посвети се на работите колку што можеш и почни да работиш на самодовербата, а тоа ќе го направиш ако почнеш да не си замислуваш дека сите мислат лошо за тебе зошто сигурно не е така.
тоа ми е така скриена желба да одам на гробишта и да направам крипи ситуации ахахаха, гледав од македонските народни приказни понекогаш кога снимаа на гробишта и од таму добив идеа. Да и јако би било замисли одиме на гробишта и правиме крипи ситуации и следната ден во весник да пишуваат за нас "двајца возрасни влегле во гробиштата и ги плашеле луѓето" јако би било
глејте да не се исплашите и вие Јас не би одела навечер на гробишта, не дека некој што е веќе починат ќе стани, ама ми е морничаво ептен, и не е баш ок да се плашат луѓе кои отишле таму, сепак треба да се има почит и за мртвите и за живите, али вие си знајте
Toa sto si gej si e tvoja licna opredelba Ako si gej ne si zarazen Ama nam opstestvoto ni e malce zaostanato i za zal ako nemas moznost da zamines od drzavava ke mora da se soocis so kratkite horizonti na opstestvoto
Имам потреба од туѓо мислење. Во принцип секогаш сум била чувствителна особа. Секогаш сум се сочувствувала со останатите и сум сакала на сите да помогнам. Но, на крај секогаш јас бев лоша кога нешто не беше по нивно. Па одлучив да пробам да се сменам малце, да бидам поладна. И тоа во последните месеци лошо почна да влијае на мене. Се однесувам ладно кон сите, фамилија, дечко, другарки… Си мислам во себе, дали уопште имам чувства за нив. И тоа ме прави несреќна, бидејќи не се замарам со ништо и со никој. Како да ми недостасува нешто… Што мислите вие за оваа состојба?
@Little girl моја претпоставка е дека само така површински тебе ти изгледа. Пример од мене: ако јас мислам дека нема да ме погоди одредена ситуација и ќе ја дочекам сосема ладнокрвно и без вознемирување, кога ќе се случи таков момент се случува сосема спротивното. Нели велат, додека не снема нешто, не забележуваме дека не ни фали. Деновиве барам еден уред низ дома и никако да го најдам. Пред еден месец воопшто не ни помислував на тој уред, а сега ми е постојано во глава. Може споредбата на чувства не е најсоодветна ама мислам дека доловува на што мислам. Си мислам дека е така и со твоето. Воопшто не мислам дека немаш чувства, само си дојдена до зен момент каде ти е удобно. Но ако сметаш дека оваа состојба не ти одговара, секогаш можеш да се обидеш да ја промениш
Тоа што не се замараш со ништо ако значи дека не правиш ништо смени. Прави што сакаш и со кој сакаш, по толку време угодување на сите и невозвратена може е добро да си малку себична, да се ставиш во прв план, ама да правиш нешто што сакаш и со кој сакаш.
Значи дека ти треба да поработиш на твојот став,и едноставно си разочарана, да се биде ладен не го решава проблемот ако некој тебе те обвинува иако не си виновна. Биди јасна и гласна до она што ти сметаш дека е точно/вистина. Кој како со тебе , така ти со него, не си ставај се при срце не секој заслужува. Тоа е животот
Најдов дел каде душата си ја оставам. Целата поетичност и проза се на перфектно место и никогаш не сум била посреќна. Место за заеднички мир
Се осеќам толку несфатено, одбацено, пропаднато. Се ме стигнува и се ме боли. Сите болки во мене наеднаш се будат и ми прават хаос во душата. Сите трауми излегуваат на виделина... Се осеќам прелошо. Посакувам да можев да си кажам дека ќе биде подобро ама не си верувам, за жал. Ништо не е добро. Се повеќе и повеќе верувам дека никогаш нема да успеам да бидам среќна. Имам премногу болка во мене. Минато, сегашност, иднина... болката е насекаде. Ме боли се што било, а ме плаши се што доаѓа. Посакувам само еднаш некој да се бори за мене како што јас се борам за сите вас. Само еднаш некој од вас да ми покаже дека ме цени. Сите пробувам да ве разберам иако немате оправдање за ништо. На сите ви давам 1001 шанса зошто ве сакам. На сите ви е тешко, а мене како ми е? Зошто никој од вас ниеднаш не се запрашал како ми е мене? Зошто тоа не е важно?? Ве имам навикнато дека со мене може со лошо, дека секако ќе бидам тука.... и тука сум. Уште се борам на сите фронтови. И пак не сум доволно добра. Пак не чинам. Би ве интересирало ли кога би ви кажала колку ми е тешко? Пукам. Чувствувам дека пукам. А кога целосно ќе експлодирам, пак јас ќе сум крива и за тоа. И да трпам, и да ви траам за се, и да се карам... пак сум крива. Секој ден станувам со надеж дека денес нешто ќе биде подобро, ама не е. Тешко ми е на душата, премногу товар имам за носење. А Сама го носам. Не можам веќе.... Се е премногу болно .