Очигледно не ти е пријател. Не ти треба дружење со некој што толку погрешно те разбира и што е најлошо ти суди и те омаловажува. Батали! И уште нешто: секој тагува на свој начин. Не сме должни никому да ги правдаме и објаснуваме начините со кои се носиме со нашата тага. Штом на тој начин ти е полесно да се справиш со загубата, а при тоа не штетиш ни на себе ниту на друг, прави како што осеќаш и мислиш дека е потребно. Можеби не треба да биде борба? Ти си тоа што си. Другите ќе те прифатат каков што си или нема, зависно од нивните убедувања ( или подобро да речам зависно од нивните очекувања, стравови и латентнти тенденции). Мора да прифатиш дека така ќе се постават независно од твоите напори. Не мора никому ништо да докажуваш. Кој ти мисли вистински добро, ќе те прифати без осуда и желба да те смени. А што се однесува до родителите, мислам дека треба отворено да им кажеш што чуствуваш и мислиш и како го доживуваш нивното однесување. Мислам дека ќе имаат разбирање за твоите маки и дека ако им ставиш до знаење како ги доживуваш нивните реакции кон тебе, дека тоа ќе предизвика промена на подобро во вашиот однос. Отворена комуникација е секогаш подобар избор од ќутење и билдање негативни врз негативни емоции и фрустрации.
Еден ден ќе се обесам. Мислам блиску ќе е. Сите сте болни да ви се пљукам у тоа ретардираните мозоци -не зборам за некој од овде, да не ми опнете пријава
на 30 години да работи за 100 евра па за 200 и макс колку ќе му е плата 450 евра? не вредат баш факултетите (некои) за финансии. Доколку немаш врски или не си од некоја партија, фамилија не би учела правен. Подобро некој курс и нешто што за пократко може да се направат повеќе пари. И јас сум учела од лична желба ама кога ја видов реалноста во мк боље со среднод а останев @Macedonianbro
Малку е тешкичко, коа со месеци човек е напаѓан со глупости, измислици кои потекнувале од нечија интуиција а притоа самите они го праеле тоа.. И притоа пак човек се обидувал да остане без разлика колку тоа било тешко. Затоа сега ти мисли се, туфкај се, додека они ги заболе уво за се, убаво било додека трчаш по нив. Сеа си наоѓаат друга жртва... Така среќно и недопрено со проаѓаат од сето тоа.... Али ако, ако.... нека, проќиќе и ова срање. Ќе се појават луѓе кои навистина ќе имаат разбирање и ќе вреди посветеното време и чувства
Најверојатно те мачи бидејќи одиш во крајности. Не би рекла да не ти биде гајле и да ги отфрлиш сите, туку да ги преиспиташ личностите околу тебе. Некогаш за да си го зачуваме мирот ни се потребни помалку луѓе, а истите тие да се поквалитетни и една личност да вреди како за десет. Поставувањето на граници е здраво прво за твоето ментално здравје. Чувствителноста не е никаква маана туку дел од тебе. И во ред е да не ја покажуваш секому. Тоа што моментално немаш (или имаш сосем малку) чувства за нив не те прави лоша личност. Ако продолжиш да се чувствуваш несреќно со оваа постапка, значи дека се негираш самата. А тоа противречи и ќе те кочи многу понатака. Прво размисли на кој начин ги влечеш потезите и така ќе се поштедиш од многу грижи.
Па нормално, кога човек е добар му дозволуваат да го газат. Кога малку човек ќе покаже самопочит, одма станува одвратен, одма е етикетиран како себичен и што уште не... Баш тоа ми се дешаваше со месеци. Гледај да се однесуваш како тебе ти е убаво. Продолжи да бидеш тоа што си, да се грижиш за другите ама само кон правилните личности.
Не знам колку си години, ако си возрасен, патот и преку граница. Во странство никому не му е гајле за тоа. Овде сеуште вака никако функционира народот на таа тема. Со тек на време твоите ќе навикнат, дете си нивно. Веројатно скоро дознале. Ретко кој родител се откажува од свое дете за тоа. Јас сум мајка и никогаш помалку не би го сакала син ми поради определбата. Верувам и дека твоите, само што сега на почеток се во шок поради глупата средина.
Секое чудо за 3 дена, гајле ти е другите што зборат. Порано ми значеше туѓото мислење, што ќе кажат зс мене дали е добро или лошо. На 25 год полека полека сфаќав дека туѓото мислење не ми,е важно, важно ми е среќата моја. Најмногу ми беше важно мислењето што го има вујко ми и тетка ми, сега веќе и воопшто не ми е важно мислењето нивно, и да им се случи најлошо ич нема да ми биде жал.
Се осеќам како да сум маѓепсана преку ноќ,работите што сакав да ги правам порано дега не сакам ама баш воопшто,,,,,,депресивна и анксиозна до крај со панични напади и под притисок по цел ден,измачување….. не можам веќе
Знам дека имам многу ниска самодоверба и не знам како да си помогнам. Вишок килограми, акни, нечисто лице, хормонален хаос и стрес си го направија своето. Никогаш не сум имала преголема самодоверба за себе, само сега многу грдо се осеќам последниве години. Откако раскинав врска се прашувам како во иднина со некој нов ќе соберам храброст да имам секс во смисла да ме види гола, некој срам во себе имам... На одмор да одам на плажа со дечко исто ми прави стрес пример. Знам дека многу крупни девојки си имаат нормални врски и дечко, но во мојата глава си мислам дека ќе биде глупо да ми ги види некој стриите, целулитот. На бившиот што дека му верував и целосно се предадов, на крајот страшно ме изнавреѓа и уште повеќе лошо ми падна мислам. Забележував дека гледа згодни девојки по пат, само си викав нормално е, машко е, зошто би бил со тебе ако не те сака, излезе ме изневерува. Претчувството ми било точно дека не сум му привлечна... После тоа како да си "докажав" дека не сум убава и тоа ме сруши. Така и на физичко како помала секогаш ми беше неубаво и мразев да се пресоблекувам, не сакам никој да ме гледа. Кратко не знам од кога немам носено, во лето секогаш носам долги фармерки, долги фустани, на плажа секогаш ми е непријатно и се покривам со пешкир ако седам... Не знам како да си ја поправам самодовербата и нормално да живеам. Пробав и да ослабам, сум пробувала ама и тоа поради хормоните тешко ми оди. Сега ќе имам доста слободно време пролетта, бидејќи ќе имам празен семестар и нешто си ветувам да слабеам и вежбам, дали ќе стојам на зборот не знам... Некои денови многу внимавам што јадам, некои денови под стрес ќе изедам секакви глупости. Се немам здебелено и си стојам иста килажа веќе година/две, не одам во плус, заради тој баланс некогаш да пазам многу, некогаш да не пазам. Како и да е, пред се морам на самодовербата да поработам, а потоа и на слабеење, никогаш не сум имала убаво мислење за себе. Не сакам да постирам слики, не сакам да се сликам, често на улица кога ќе видам средени и згодни луѓе ме фаќа срам да стојам помеѓу нив, си мислам колку ли грдо јас изгледам, секогаш ми било вака... Се затворив дома и никаде не ми се оди, одбивав ноќни излегувања зошто немам што да облечам, ќе видам сите облечени миничи, дотерани, а јас немам таква облека, ни пријатно се чувствувам така облечена..
mila , site sme ubavi na svoj nacin , nikoj ne e sovrsen.. kamo da mozese fizickiot izgled da nosi sreka i da odrzuva vrski , site ke bevme nakiteni so razni drangulii i zapomni deka nikoj vo zivotot ne e nezamenliv , se se slucuva so pricina .. nekoj ima podobri planovi za tebe
Да бидеш дрска, тоа е лекот. Многу е добро што си свесна за сѐ, дефинитивно си на прав пат. Да излегуваш, да се изложиш на тоа некој да ти каже нешто, да ти се потсмева (сигурно ќе се случи) и одма треба да добие вербален шамар, на најдрзок можен начин. Ќе видиш дека луѓето ќе почнат да те почитуваат, а ќе почнеш и самата ти да се почитуваш, после самото клопче ќе си се одвитка природно. Биди bitch и уживај си во животот, оти е еден и краток, и за слаби и за дебели. Ќе се кае шупакот што те изневерувал. Секое добро
Не знам, многу глупо се осеќам. Требаше да почнам тука на работа во една фирма, не ме викнаа а немам ниту одговор. Мои другарки аплицираа за Германија за работа преку лето, јас не аплицирав и ете сеа немало место за со нив. Водам уште еден спор со мон, за оброкот. Не знам дали ќе го добијам. Згора на сѐ раскинав, се коцкал зад мој грб. Ме гледал во очи и ме лажел. А здравјето..попара. Се осеќам како да ми минува времето а јас донесувам погрешни одлуки.