Имам проблем со родителите за кој сметам дека не можам да го решам само со телефонски разговор туку очи во очи, а тие моментално се во странство па мене ми останува со најтешкиот начин да се објаснам па дури и да повишам тон. Имам само подршка од дечко ми и другарка ми. Неодамна напуштив работа која ми предизвикуваше стрес, имав здравствени проблеми, косата ненормално ми паѓаше а се соочував и со несоница. Откако напуштив, аплицирав на други места, одев на интервјуа ( и утре сум на уште едно) моите ме напнуваат, се расправаат со мене, не им е јасно дека не е така едноставно како што мислат и според нив треба да ги барам истите тие повторно што ми правеа интервју досега за да знам на што сум а според мене тоа би била нападна и очајна постапка и преферирам да не го направам тоа. Како да им објаснам, што да правам веќе не знам. Изнервирани од претходно, сиот бес и лутина го исфрлаат врз мене. Размислував да се одселам од дома, но имав мали примања и други трошоци и засега тоа не е како опција. Од мал град сум, станови за под кирија има речиси малку а за цимерки, скоро ни малку. Сите на моја возраст, помали или повозрасни или се во главниот град или преферираат да бидат дома. Така да, не знам повеќе што и како.
Немаш ти проблем со родителите туку тие со тебе. Нарушени се емоционалните граници меѓу вас. Колку години имаш?
Станав некој што не можам да го препознаам во огледало, тоа насмеано, блесаво суштество никаде не можам да го видам веќе. Ако почнам да пишувам мислам дека ќе пишувам тука 3 дена и 3 ноќи и на крај нема да пишам ништо. Во се го гледам проблемот што ме донесе до овде а сепак во ништо. Кај се прави reset? Кај е копчето и има ли?
Некад мислам дека ќе останам сама засекогаш. И дека до негде и сама сум крива. И мило ми е шо сум свесна. Иам толку работи шо сакам да ги кажам некому, ама нема никад. Само на себеси си верувам. И само јас и јас го знаеме тоа. И верујте ми некад е тешко, колку и да збориш сам со себе, ти треба некад и некој друг, ама недоверба е у прашање. Некои работи сака моето срце да ги сподели, ама мојот мозок знае дека не смее
Се чуствувам празно. Како одминува времето, животот ми се сведе на работа, дома, работа, дома, обврски, работа. Пријателствата се проретчија, хобињата и интересите од младоста се сведоа на еден далечен спомен, а слободното време поминато во грижа на домот, обврски, грижа околу пари есапи итн. Пријатели со кои другарувам ги имам но секој е со својот живот и обврски. Еднаш во месец два ако се договориме да се видиме и да одвоиме време (предходно закажано за недела дена). Јасно ми е дека тоа е животот, не сме веќе млади и безгрижни па секојден до сабајле по улици и кафиња да седиме. А другарствата пак прекинале поради сплет на околности, или едноставно снемало заеднички јазик. Но, морам да признаам ми недостасува тоа време и тој елан. Кога се ми се чинеше интересно, секое хоби бев желна да го пробам, со многу луѓе другарував, шетав, патував. Немав пари ама ич, едвај кафе да си приуштам во денот, и само штедев штедев за да можам да си приуштам по нешто, ама многу поисполнет ми беше животот. А не го ценев, и секогаш си велев "кога би имала пари се би било совршено". Еве, сега пак имам пари, ама го немам останатото. Немам на кого да му се јавам спонтано едно кафе да истераме на сонце. Ќе пиеме кафе, ама понареден викенд. Што да речам, можеби едноставно па секогаш ќе ми недостасува тоа што го немам.
Не знаев во која тема да прашам. Ме измачуваат лоши соништа, кошмари поврзани со личност од моја фамилија која е почината веќе неколку месеци. Личност која почина од рак. Имав година, (поточно две) исполнети со стрес дома, стрес на работа, анксиозност и депресивни моменти. На сето ова јас месеци наназад ги имам кошмарите од погоре и се будам со срцебиење, не можам да се смирам, се будам на секој саат преку ноќ. Чарето е психолог, психијатар? И со фонд да работи или приватно сеедно. Ве молам за совет.
Истото го поминав и јас откога почина татко ми… значи го утепав од сонување секоја вечер со месеци, некогаш со плачење се будев од језиви сонови. Треба да си одиш на психолог, мене ми помогна. Се ти е од стресот, колку и да мислиш дека си оке и дека си опуштена, стресот си работи и одпосле се појавува. Мене психата ми беше исцрпена од случувањата. Посети психолог, имаш и на државно се е до термините како ти одговараат.
Здраво драги девојки. Сите имаме минато но јас станав љубоморна, се разволев од минатото на маж ми, од неговата бивша девојка. Живеела една година кај него. Најдов слики нивни заеднички. Тогаш цела се стресов, ми се тресеа раце, нозе, едвај дишев, се грчев. Постојано ми зборуваше за неа, каде оделе каква била. ... Научив многу гадни работи з анеа што тој не ги знаел. Таа ми пишуваше пораки од лажни профили со навреди. Почнав д аја сонувам ноќе. Инаку од дома ја избркале неќела да се земат. Јас полудувам. И хормонски дисбаланс ми се направи.
Мрш у пичку материну цел свет угоди им на сите ја оболев од вас бе мене кој ќе ми го врати здравјето? Само што се смеете за болеста да знаете ќе ви се врати дупло оној горе гледа
Не ме остаде кога ми беше најтешко. Мајка ми ми сврте грб, ме клоцаше и викаше дека се глупирам, но ти беше тука. Не сакав да живеам, ама ми кажа дека заедно ќе живееме. Ме штитеше од сите, беше мојот херој. Со години се прашував зошто сум толку несреќна, се молев барем еден ден да се насмеам искрено, да бидам и јас среќна. Господ ми те прати тебе, секој миг поминат со тебе ми беше нова среќа, нова радост, нова причина за живот. Дури и оние денови кога се каравме јас бев среќна, бидејќи знаев дека ќе пројде и пак ќе ме гушнеш. Со тебе замислував иднина, дури секој детал го имав испланирано. Да, треба да уживам во моите години, да правам лудости... Но не секој може да живее во сегашноста. Наоѓав утеха во нашата иднина и само чекав да дојде тој ден да бидам вечно твоја. Додека живеев во моите фантазии, мислев дека ти мене ме губиш, но не сфатив дека всушност јас тебе те губам. Не сфатив дека ја губам мојата среќа, мојата причина за живот. Бев толку маѓепсана од идеата дека сме еден за друг и дека ништо не може да не раздели. И не, не сакам некој да ми рече "не е крај на светот", "не е последен", "ќе најдеш друг", "ќе помине" итн. Немој некој тоа некогаш ми го рекол! Само јас знам низ што сум поминала и што се' тој направил за мене. Само јас го знам мојот живот и никој друг. Мразам осудувања, оговарања, наметнувања... Имаше пред тебе и со тебе... Не ми го дели животот на три дела, немој... Никогаш нема да има после тебе, после нас... Можеби болката еден ден ќе помине, но ти никогаш најмил мој. * Нема да прочита, а нема ни да ме разбере, но ете... ми тежи на душа
Секоја недела доаѓам дома со надеж дека сум ви недостасувала, дека ќе ме изненадите со нешто убаво, но изгледа се излажав на никој не му е гајле за мане, никогаш не ви било, никогаш нема ни да ви биде, можеби и поубаво ви е без мене...
Трнав да пишувам во темата. Го прочитав твоето мислење кое е всушност тоа што сакав да напишам, од збор до збор.. Во последно време се потешко ми станува.. Сакам да се чувствувам исполнето.. не барам многу..