Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Те памтам од порано дека имаш проблеми и еднаш напиша дека се плашиш многу мајка ти да не почине а да не дочека внуци од тебе зашто немаш девојка. Сега ете проблеми со татко ти и брат ти.Мораш да сфатиш дека колку и да правиш се ти по дома, дали ќе реновираш или ќе ги чуваш твоите повеќе од брат ти , не значи дека повеќе ќе те сакаат и почитуваат од него.
    Секогаш по некое не пишано правило повеќе се сака тоа дете што е далеку од дома и не го гледаат често. Ова многу често го има во фамилиите не си единствен. Не можеш да го натераш татко ти поинаку да размислува за жал, туку он да бил фер немал да те натера вака ти да мислиш, чуствуваш и тука да пишуваш за овој проблем.

    Единствено што можеш е да се потрудиш да си го средиш својот живот , можеби некаде во странство далеку од нив, или барем на печалба да заработиш нешто повеќе.
    Во Македонија толку е -за жал луксуз е да се реновира нешто а камоли да се одвоиш од твоите со една македонска плата, нема за сметки и храна да ти стигне а па уште ако треба не дај боже кирија да се плаќа.
    Можеш и со македонски пасош да работиш по Европа накај Хрватска, Италија, Словенија-верувај многу наши работат со наш пасош во тие земји-немаат и тие работници и мајстори(ова за Италија и Хрватска од сигурни извори)
    Што работиш?што ти е професија? знаеш ли занает?посебно ако имаш некакво искуство со внатрешно уредување ( гибс картон, глетување, малтерисување, кречење) за во Италија можам да се распрашам ако сакаш.Поздрав
     
    Последна измена: 14 јуни 2023
  2. Diesel.

    Diesel. Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Некој за разговор во лп?
     
  3. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Машки
    Некој со суицидни мисли?
     
    На xxAngelxx му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Diesel.

    Diesel. Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Некој за разговор
     
  5. Aerodromka

    Aerodromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    117
    Ako saka nekoj da razgovara neka pisi.Tuka sum.
     
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Мислам дека си влезен во улогата на жртва. Почни да ја слушаш Ана Бучевич на јутјуб. Ти си независна особа, постави граница помеѓу тебе и твоите родители и помеѓу тебе и брат ти. Секој е личност сама за себе. Работиш? Можеби само имаш премногу слободно време за размислување. Сите социјални мрежи избриши ги бидејќи и свесно и несвесно не тераат да се чувствуваме како сите други да се посреќни од нас. Оди на работа, уживај во животот, цени ги малите нешта, размислувај позитивно. Не се споредувај со брат ти. Вие сте одделни личности. Сите сте возрасни. Во странство секој сам функционира. Така треба и сите да функционираат.
     
    На Mumoftwo30 и Cvekarka им се допаѓа ова.
  7. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    3.135
    Пол:
    Женски
    Некој за разговор?
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jovana-95

    Jovana-95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Некој за разговор?
    Смачено од живот
     
  9. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    3.135
    Пол:
    Женски
    Ако можи да пиши некој лп
     
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Денес мислам дека беше the last straw. Не можам веќе да ја поднесам колешката. Скоро половина година работам овде, а таа многу повеќе, но е помлада од мене.
    Како и да е, кога и да сме заедно на смена (секогаш сме само две), константно трпам психичко насилство. Навреди, понижување во врска со работата, исмевање на сметка на физичкиот изглед или на карактерот. Поголем процент од времето молчам сѐ со цел да не поттикнам некаква реакција од нејзина страна. Ќе искоментира зошто нешто сум направила на одреден начин, не требало така (ова не се случува со другите колешки, а и да погрешам нешто ситно, никогаш не добивам "напади" од нивна страна). Ќе искоментира како "сум ја отепала од работа", цел ден премногу работела, додека на мене останала полесната работа, што воопшто не е така. Најчесто на мене го остава потешкото, али како и да е, јас не се бунам од работа, ништо не ми е тешко, секогаш си го соработувам својот дел, не оставам на друг. Кога работи нешто, најчесто го работи само тоа додека не го заврши до крај, или во превод, нејзината работа е поважна, па не може да услужи некого. Тогаш јас морам да трчам, истовремено да ја си вршам работата, и да внимавам на муштериите, дали сум потребна на каса, на фрижидер или за нешто друго. Паузи прави по едно барем 5 пати на ден, а јас едвај наоѓам 5 минути за да јадам.
    На нејзините коментари и навреди премолчувам и голтам жаби, зашто ако одговорам ќе биде уште полошо, односно ќе ми се изнавика уште повеќе. Да напоменам, не е дека не си ја вршам работата како што треба. Баш напротив, сите други колешки и шефиците ме имаат пофалено дека напредувам брзо, дека за брзо време ја научив сета работа и работам онака како што треба. Исто и муштериите се задоволни, со никој се немам замерено (за разлика од колешката).
     
    На Istata od vcera, Stark, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    675
    Пол:
    Женски
    Лелеле незнам како ја трпиш и зошто воопшто ја трпиш.Сварно зошто ја трпиш не ми е јасно,газдарица ти е,шеф ти е не ништо обична вработена како тебе и сите други.Па и газда да ти е ако мене ме слушаш немој на никого да му ќутиш.Зошто ако купиш ке те научат како таква и на глава ке ти серат.Немој никого да трпиш поготово за нешто што ти е надвор од тоа работно место на пр.како си облечена,дали си средена утре задутре ке си земе за слобода и маж и деца да ти вреѓа ако купиш.Никако.Прво оди кај газдата и пожали дека имаш проблем со неа,ако не се поправи ке побараш ако има друг дукан или неа или тебе да ве префрлат или различна смена да ве ставаат да не се гледате а ако не ти успее тоа или ако се однесува полошо со тебе како навредена дека си се пожалила НА КЛОЦИ најискрено искуби ја како кокошка.Ич не му се замарај само не дпзволувај некој да се подигрува со тебе па макар и газда бил.Работа за жена има насекаде пак ке си најдеш.Не се замарај отера се кај што нетреба
     
    На Осе, SnowWhite8, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Додека седам вака поразена од сите страни… буквално физички немоќна и ограничена, има само едно нешто што сакам да го направам, а тоа е да избегам. Било каде. Само да исчезнам.
    Посакувам да имав некој што ќе ме разбере и ќе ми помогне во тоа, ама за жал немам. Оние кои најмногу треба да ми помогнат се оние кои најмногу ќе ми одмогнат. Доста ми е од манипулации, лаги и малтретирања….Доста ми е. Доста ми е од тоа се да гурам под тепих и да трпам… Уморна сум. Буквално, и физички и психички и на секое можно ниво. Пробувам да смислам некоја стратегија, некое решение, било што… мозокот ми работи 3000 на саат, ги анализирам сите можни опции, од кој се би можела да побарам помош, како би изгледало тоа? ниедна опција не е доволно добра. Каде ќе одам? Каде ќе одам кога буквално не можам ни да одам? Каде ќе одам кога нема никој близок што би ми помогнал? Во вакви моменти сфаќам дека сум сама. Навистина сум. Посакувам да се појави некое решение, макар нека е и привремено.. ама ништо не ми доаѓа на памет. Посакувам да се појави некој што ќе ме спаси од овој пекол, ама се повеќе сум сигурна дека таа личност не постои. Никој нема да дојде да ме спаси. Само јас сум тука. Тука сум уште. Жива сум. Дишам. Има надеж. Ама има ли време? Ќе дојде ли времето кога ќе бидам добро? Може тоа што нема никој да ме спаси е добро. Може се ова се случува за конечно да дигнам бунт и да се спасам самата себеси? Не знам… знам само дека боли, многу боли. И знам дека сум уморна од сето ова.
     
    На xxAngelxx, PaLaVa, INNERBEAUTY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MOON;

    MOON; Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    25
    Не можам веќе...се плашам што ќе донесе иднината..се плашам што ќе биде за една недела, месец. Се осеќам виновно што ќе го пишам ова ама тешко ми е, тешко е да имаш врска со личност што се бори со анксиознотќст и прима терапија...Разбирам дека не е лесно, пробувам да сфатам како треба да се однесувам, знам дека треба трпение ама и мене ми доаѓаат моменти кога не можам да издржам веќе. Од се убаво наеднаш се се руши...цела година се мачиме заедно со оваа состојба а нема никакво подобрување. Ме боли да гледам како личноста што ја сакам тоне и тоне, една е*ана година се е исто само се врти во круг. Како да се губи блискоста помеѓу нас, се поретко споделува работи со мене, го нема тој однос како што го имавме. Ме боли ситуацијава, боли и тоа многу да гледаш како можеби се уништува нешто убаво затоа што на другата страна и е сеедно за се, не покажува емоции за ништо. И јас веќе паѓам психички...дојдов до степен да имам некои панични напади поради тоа што гледав, стравови и не наоѓам разбирање за мојата ситуација...Ама пак се трудам, се трудам со надеж дека нештата ќе се подобрат иако сето тоа психички ме исцрпува веќе...
     
    На MG3 и Ani45 им се допаѓа ова.
  14. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Колку банално работи ми биле тешки и сум плачела. Значи тон небитно ситници, сега кога ме снајде ова, се сфатив себе си и што е уствари зборот живот.
    Секој ден е нов/ уникатен и посебен, и кога нема кој секогаш с вртам кон господ. Себично малку нели, ех живот животе немам што да кажам освен дека стварно си живот…
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. xplady

    xplady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Денес изгубив многу важна личност во мојот живот. Не заборавајте да ги посетувате вашите баби и дедовци, родители и роднини додека се живи. Се каам што пред три дена бев премногу ''зафатена'' да и одговарам на повикот, а после и немав време да и се јавам. И така сега само ќе можам да си замислувам дека ќе се појави нејзиното име на екранот.

    Се каам што не ја посетував почесто и не и кажав никогаш дека ја сакам. А ја сакам, Господ ми е сведок.
    Почивај во мир бабо.
    Те сакам.
     
    На Lavender4, The.E.T., Mrs.Precious и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Sinisa123

    Sinisa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    175
    И јас ја изгубив баба ми во 2004 година и тоа во Јануари месец на 15 и до ден денеска ми недостига. Мислам тогаш бев 13 или 14 години и тоа беше шок за мене, за 6 месеци и дедо ми почина оти сам беше. И помина толку време и години и уште ми фали баба ми да ја видам и да ја гушнам. Порано одев на гробот секој ден седев и се мислев што да правам, последно лани бев на нејзиниот вечен дом и некако само што полека одев почнаа солзите сами да течат без да можам да ги сопрам, не сакав мајка ми да примети и некако немам сила да отидам да ја посетам и да си направам во себе муабет надевајки се дека ќе ме слушне. Пред да почине баба ми дојде претходната година на роденден кај мене и се сликавме и таа слика ми остана успомен и си ја врамив во рамка, и понекогаш си ја гледам сликата мислејки како да го вратам времето да може да поминам барем уште малку време со баба ми и дедо ми, и да ми го направи нејзиното омилено јадење кофтиња и пире. Уште од тогаш кога ја изгубив баба ми паднав во шок, не знаев што се случува околу мене мал бев, никој не ми објасни и после толку време се уште сум во шок не ми се верува дека ја нема. Кога одев кај нејзе на гости си беше седната пред вратата и чекаше внуците да и дојдат да преспијат кај нејзе, колку пати сум спиел со баба ми на истиот кревет со нејзе и до денеска си го чувам ќебето баба ми што спиеше за успомен, не давам никој да го фрли или да го земе. Ептен ми фали баба ми, слаба точка ми е. Се сеќавам ќе собереше некој денар и ќе ми дадеше не беа многу пари околу 50 ден ама знам дека ми ги даваше со љубов. Имам и убави чинии за слатко да извадиш за гости и за вазна за бомбони уште си ги чувам и на никого не ги давам тие чинии и вазната, бе ми се оди оти знам дека ќе заплачам а не сум од тие луѓе што искажуваат емоции и плачат
     
    На Istata od vcera, Ouravanture, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  17. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми пише?
     
    На sunshinebabe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.381
    Допаѓања:
    20.673
    Пол:
    Женски
    И јас ги изгубив баба ми и дедо ми пред три години, во таа кобна 2020 година и тоа во рок од три месеци починаа и двајцата. Не можам со зборови да искажам колку голема празнина чувствувам во себе. Барем на сон нека се јават.;(
    Почивајте во мир и знајте дека ми фалите до болка.:u:
     
    На Lavender4 и xplady им се допаѓа ова.
  19. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Машки
    Последниот дедо ми умре неколку дена пред нова година 2021,92 год точно имаше искрено не ми е жал потешко ми е за баба што умре 2006та ја изеде жената не знам како дојде до 70год... Тешко ми е за бабиве што се трпеле... Многу би сакал да можам да разговарам сега со нив...
     
    На Trexane и xplady им се допаѓа ова.
  20. Sinisa123

    Sinisa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    175
    Бидете позитивни луѓе, не е се така лошо како што гледаме. Ако имате лош ден, не значи дека ќе имаме лош живот засекогаш, секогаш треба да гледаме на позитивната страна. Секој пат треба да гледаме на позитивната страна и да се надеваме за поубаво утро и за подобра иднина да имаме. Понекогаш знаеме да западнеме во депресија ама треба да излеземе од таа депресија и да бидеме јаки и самоуверени. Го послушав советот отидов во планина скоро час и време бев поседов малку, си ги средив мислите и си мислев "сум бил будала што се нервирав и запаѓав во депресија за џабе, за се има решение, само треба да се најде решението, знам дека еден ден се ќе биде во ред и ќе ги немам овие грижи што се со кредити, трошоци и све. Уште сега си правам план за одгодина да отпатувам некаде на страна да заработам и да се прошетам, а можеби и ќе останам таму. Сакав да аплицирам за странство за работа, ама не кочеше мислата "што ќе кажат роднините" оти дека ќе започнам работа, напуштувам и не се задржувам на едно работно место, ама одлучив веќе да не се грижам за секој еден, туку да гледам за себе и да си направам за мене да ми подобро. Само јака верба, самодоверба и упорност треба да имаме за да успееме. Порано правев однапред планови, за еден палн ако не ми успее, да имам резервен план, ама не знам што ми стана и некако лани и оваа година не можев да направам резервен план. Затоа оваа година така ќе ја поминам без грижи што ќе донесат овие 6 месеци ќе прифатам без нервоза и без ништо, а од година со нови сили и уште појаки да си ги оствариме целите. Бидете поздравени и луѓе држете се не запаѓајте во депресија не е се така лошо како што изгледа.
     
    На Осе, NoirSerpentine, Pacifist и 1 друга личност им се допаѓа ова.