Веруваш душата на тацна си ја ставаш се отвараш, сите стравови тешки моменти од животот ги споделуваш. Добиваш нож во грб и користење на сите стравови против тебе....Животе!!!
Знаете како е кога за нешто се вложувате за да го остварите, сте фокусирани само тоа едно да ви успее и пак на крај ништо? Упорно се борите и сите околу вас успеваат, само вие не? До кога ќе се осеќам како подвижна несреќа? Како баксуз? До кога? Немам ни со кого да разговарам, сите ти се ситат, никој не сака да си подобар од него, мислам.... Едни комшии до пред 3 години буквално голтари беа, си заминаа во Германија, мајка, татко и син, сите таму работат, луѓето конечно кренаа глава во животот, детето си купи асална кола, реновираат сега дома овде, негов прв братучет што се преблиски, оди по луѓе и го коментира демек "аааа абе веќе они веќе колку имаат, до вчера за леб трпеа". Од вакви одвратни примери, луѓево си се затвораат во себе и не споделуваат ништо. Да споделам со другарка колку се мачам, колку се трудам и упорно не ми успева, она ќе е среќна. Каква другарка е тоа? Нека фала, благодарна сум што си го имам маж ми, па ми е и другар и маж и љубов и се'.
Јас сум се дружела со другарка кога немаше тоалет имаше полско WC, и сега кога има свој стан, секакви машини за сушење алишта за миење чинии се, исто ја сакам и тогаш и сега, карактерот ми е важен предобра личност е и не ми е важно дали има или нема.
Не успеваат сите во се'. Можеби изгледа така но тоа се или мал процент или многу добро кријат што им е крајната цел па изледа како да се задоволни од она што моментално го имаат или секоја ситница која ја прават. Мајндсетот им е малку поразличен. Не дека не те разбирам и тебе и сфаќам зошто ти е така. Ситница која одредени мои другар или другарка ќе го направат, јас можам да заглавам со недели. Некогаш навистина ќе ми дојде преку глава ама нема откажување.
Ај кажете ми мислење кога ќе поканиш некој да се видите на кафе или на прошетка и ќе ви кажр НЕ МЕ ПЛАНИРАЈ, што значи тоа НЕ МЕ ПЛАНИРАЈ, дали да не ја замараш или моментално не може....
Јас за мене ќе ти кажам. Ако го употребам тоа "не ме планирај", значи дека си имам нешто друго поинтересно или побитно за правење отколку да дојдам на кафе со тебе.
Едноставно има обврска некоја и не може да дојде. Не биди упорен прашај и осети дали сака или не сака да се види.
Секако значи не би дошол или дошла ,значи не ми ставај обврска за одење некаде а ако дополнително каже и други реченици како смислување банални изговори ,или оправдани ја значи дека не сака со тебе да дојде во превод би значело не ме викај со тебе ,нема желба тоа е тоа
Сакам да почнам/продолжам неколку проекти кои ги водам сама, студентка сум, невработена, имам време, ама баш зашто имам слободно време не успевам да бидам доследна туку си викам има време, почнувам па оставам, секогаш има некој изговор во главава. Помош лујге, совети се добредојдени
Можеш да си направиш распоред. Земи си една убава тетратка и во неа направи го планот кој го имаш зацртано за денес. Паралелно, можеш истото да го направиш и во некоја апликација на телефон ама ако телефонот лесно ти одзема внимание, тетратка или тефтер е подобар избор. Напиши ги активностите кои треба да ги направиш па потоа ако треба координирај ги по бои: тие што треба веднаш да се направат обележи ги пр со портокалова боја, тие што не се приоритет и трпат измени обележи ги со сина и кога ќе завршиш некоја обврска означи ја со зелена. Ова пример само, ти како сакаш организирај си ги. Ако многу заостанеш, а сакаш да си кушиш нешто (пр книга или блуза), не купувај се' додека не ги реализираш најголем дел од заостанатите обврски. Ова е само пример, ти можеш како сакаш да смислиш. Разгледај на тема bullet journal, тоа можеби ќе ти даде инспирација.
Потцртување на главно а помага и тишина и концентрација,седни прво читај одоколу или разгледај па после дури седни асално така ќе се намамиш да почнеш прво седни проучи што ќе сработиш ментално да го обработиш полесно ќе ти биде речи си морам и ќе стекнеш ем навика така а слободно време ќе ти мине узалуд а така ќе бидеш корисна .Гасење на сите електронски уреди и простор за мирна работна атмосфера ти треба само
Ова повеќе ми е како прашање, можеби имате некој совет. Дали кога не спиете дома, на пример на одмор сте опуштени? Јас воопшто не сум. Ако не сум дома во мојот кревет, мојата дома навечер сум напната, некогаш и немир може да ме трефне, ова на лето обично. Самата помисла дека не сум дома ми ствара паника, не знам зошто Многу сум домашар и највеќе сакам да сум дома. Немам проблем со панични да добивам ако шетам и тоа, панични добивам само на лето, во ПМС, а и вообичаено анксиозна сум секое лето од жешкото. Него прашањето ми е како да се справам со ноќите кога не сум дома? Тогаш знае да ме трефне паничен во тек на ноќта. Додека шетам немам проблем, или на плажа си уживам, проблем ми е спиењето на друго место. А почне да се стемнува и време за спиење мене очите филџани. Ако ви се верува јас за одмор мкнам перници, навлаки, се за да малку си олеснам ама не бе не ми е убаво на друго место да спијам и крај. Како да си помогнам во ноќите, многу си ја мразам оваа особина што сум таква домашна птица ама јас сум веќе изградена личност и ептен тешко ми оди со менувањето оваа лоша навика. Се ближи одморот а јас самата помисла на ноќите ми ствара немир. Кога имам паничен дома средувам нешто, си наогам занимација а таму што да се прави. Најчесто куфери средувам. Е затоа го мрзам летото. Во текот на годината еве зимата бев странство не ми беше толку изразен анксот, не бев дома ама издржав машки, летно време луге јас сум подвижна катастрофа. Вода тече од мене, тахикардии ме мават, трчам во веце па уште и ноќта ако не ја минувам дома, ужасс
Се гушам. Постојано се гушам. Секој ден, секоја ноќ. Не спијам мирно. Анксиозна сум. Немам мир. Не знам до кога ќе молчам, до кога ќе голтам жаби и кнедли, ама веќе попуштам и мислам дека во скоро време ќе пукнам. Во сопствениот дом, каде што сум родена и израсната, не се чувствувам како дома. И не е тоа од скоро. Од секогаш е било така. Најубавите години ми минаа со затворена уста. Никаква слобода. Секој твој збор е загушен, мислата ти е забранета. Ако кажеш нешто, веднаш се смета за бунт, за водење инает, се смета дека сакаш да поставуваш нови правила дрн дрн. Слушаш, гледаш и дишеш зло. Душата ти гние. Се бориш, ама отровот е посилен од тебе. Се прашувам каде се границите? До кога ќе трпам? Кога ќе си ги спакувам парталите? И каде ќе одам?
Како и многу други, можеш да излезеш од таа средина и ќе одиш каде сакаш, секако, ако ги имаш потребните работи за такво нешто, а тоа е работа и желба. Луѓе си заминуваат во други градови, држави, континенти. Возможно е. Штом сметаш дека средината во која се наоѓаш ти е граница и не можеш да излезеш без пасошот кое е премолчувањето, а со разговор веќе имаш пробано да ја решиш ситуацијата, тогаш можеш да почнеш да разгледуваш опции.