Знам дека сѐ е возможно, али треба време. Ја не сум сама. За мене најмал проблем, одма би отишла на другиот крај на светот. Али имам дете. Од една страна, поради него морам да издржам овде (додека не заштедам некој денар за почеток), од друга страна баш поради него сакам што побрзо да се ослободиме од овој затвор. Не сакам да порасне онака како што јас пораснав. А немам право на глас ни во врска со него. Тие го чуваат додека сум на работа...
@nevermet18 имаш многу храброст во тебе штом веќе помислуваш на ова и ти посакувам успех во она што го имаш замислено и што побрзо да ти се оствари сето тоа!
Премори се и нема да мислиш, плус земи магнезиум и б6. И ја така порано хајајаја онака ќе легнам се е океј и ќе почнам да мислам ќе се избедирм и нема да можам да заспијам.
Што правите за да ја совладате љубомората за туѓиот успех, поточно фрустрациите од сопствениот неуспех?
Прво си простувам за неуспехот, си образложувам самата на себе што се сум сторила, сум се потрудила ама ете едноставно тоа било надвор од мојата моќ. Потоа разложувам на ситни делчиња што тие луѓе вложиле или дале за да го добијат тоа што ги добиле. Дали доколу мене ми се дала таква шанса, ќе сум дала се од себе за да го добијам тоа посакуваното... А на крај се ставам во кожата на тој другиот што успеал и сум среќна за него, се молам за негова среќа и благодет. И си повторувам тој го има тоа, тоа и тоа... Јас го немам, ама имам тоа, тоа и тоа... Мене ми помага Се надевам доловив јасна слика колку шо можев
Правиш колку што можеш за да си се задоволиш себе, а не за другите. Својот неуспеш го трансформираш во успех.
Па ако ми е близок ќе го седнам и ќе кажам тоа што ми е на душа и како се осеќам. Инаку мислам дека сите се почуствувале така, не знам тоа не го сфаќам како фрустрација него нормална човечка реакција. Знаеш вака провизорно ти делува сите се напред/ само успеси редат/ само среќни моменти а ја ништо, ама реалноста е дека имале и они моменти падови за да дојдат до тој успех.. Си викам цени ги малите нешта ќе дојде и твое време … Вака некако го процесирам сето тоа..
Не сфаќам, зошто да го седне за да му каже дека му пречи тоа што реди успеси кога овде во прашање е сопствено чувство на кое самиот треба да работи... Да не го сфати некако погрешно? Затоа што никако не ми влегува во глава зошто би требало да разговара со некој ако тој некој е успешен во нешто... „Еј, многу ми пречи ти што заврши факултет и купи нова кола“... ова е завист и треба само таа индивидуа да си работи на сопствениот успех, а туѓиот успех да го претвори во мотиватор, а не да му биде демотивација.
Затоа што ќе сфати дека нема потреба да е љубоморна во тој фазон ми беше пишано. Сум имала мисла/ две и бедирање гледајќи блиска личност како”напредува”, па така се осеќам комотно да позборам со неа за се што мислам и чувстувам. Преку тоа сфаќам дека сум океј кај сум, начинот на кој функвионирам и работам да ги добијам тие нешта , што некој друг ги има. Можеби чудно ти е , ама вака од слушење/зборење со пријатели што имаат се на светов пак се не им е идеално, пак имаат некакви проблеми, или пак пријатели што немаат многу а сепак се плус у живот во некои работи(од мене) , пак имаат некои реални животни проблеми. Затоа реков нормално чувство, го осеќам, процесирам , размислувам и продолжувам. Бар јас, нели пошо прашањето беше како вие ја совладувате љубомората.
Воопшто не ми е чудно ама мислам дека тоа е common sense дека и тие луѓе имаат проблеми зошто секој ги има. Иако идеално би било да ги немаат и нема зошто на некој друг да му се правдаат за било што. Ти можеби така функционираш но за мене ова би ми било многу разочарувачки ако некој, особено некој побизок ме седне да разговара и ми каже како се чувствува, наместо да се радува. Нормални се и успеси и падови, но се' додека на туѓите успеси гледаме со завист, никогаш нема да тргнеме кон сопствените успеси.
Не знам дали е период или меланхолија или пак депресија. Немам желба за ништо ,би плачела и би спиела. Не можам ни двете! Не сум се бањала три дена и немам ни желба ,не ми се збори со никој. Не можам да ја слушам ни малечката. Кога возам си замислувам самоубиство (пример како би било да се акнам во ѕидов ,или да летам на црвено и сл.) знам дека немам храброст за тоа но ете така си замислувам...
Во последно време се ми е собрано во душата, се осеќам дека нема личност која што може да ме разбере како се чувстувам, нема личност која што може да ме сослуша и да ме разбере, секој ме сфаќа погрешно, сите гледаат само од точка на нивна перцепција, пробувам да се борам самата со себе, ама борбата полека ја губам, пробувам да глумам дека се е океј со мене и да ја кријам тагата за себе ама таа почна да се претвора во лутина која што сите ја забележуваат. А единствено сакам да најдам барем една личност која што ќе може да ме разбере, да ме прифате таква каква што сум и да бидам среќна најпрво самата со себе, а потоа и со таа личност.
Комуницирај со него/неа, кажи му дека сакаш разговор и дури после одредено време ако е неопходно и апчиња ама пред нив мора да има разговор. Нагласи дека разговорот е поважен за да дојдеш до суштината зошто се чувствуваш така. Ако не ти се допаѓа и имаш можност, оди кај друг/а. Ако си во можност и нема во твојот град, обиди се со некој од друг град.
Исто. Нема ништо полошо, стануваш немоќна до момент да тонеш внатре во себе, бараш луѓе со поглед за да те сфатат и никој не ти нуди помош. Напротив, сите уште толку те шутираат по грб.