Ретки луѓе има со кои може да се разговара. Сите викаат сам треба да се избориш . А баш некогаш треба пријатели кои ќе помогнат за да се издигнеш повторно.
@Blesok има луѓе, дури имаат корист од тебе. Само исклучок се оние што сами се измачиле во животот, макар што ти треба (повеќе) среќа за да ги имаш до тебе.
Така е. Додека имаат корист. Ќе начекаат добра особа па ќе ја искористат. А да се имаат прави осови до себе е реткост.
Работатс ми станува се по стресна и по стресна. Нај тешко ми е да работам со луѓе. Доаѓаат 200 различни карактери на ден. Ми личи како некои да доаѓаат оф дома со намера само да ти го уништст денот или да се расправаат. Во телеком работам . Имам мало дете и многу ми треба работа а да барам друга се плашам од промени.. ми влијае на менталното здравје работата а на никоја работа вака не ми било да доагам дома нервозна од работа. Не знам како да ги филтрирам будалите да ми извините на израз
Ми олесна ли на душата после денес? Не знам, поим немам.... Секој ден нова шпанска серија во глава. Досадно ми е веќе.
Најтешка работа е со луѓе да работиш.Сега кај мене не доаѓаат 200 ама и тие 20 што доаѓаат се многу напорни.Ако ти се пружи шанса бегај ако не тоа е тоа ќе мораме да се навикнеме,нема друго чаре.Sorry
Те разбирам како ти е, јас работев на каса во маркет, секој ден се наоѓаше некој што ќе ме извреѓа, ќе ми се дере и јас после работа плачев дома. После тоа некако се навикнав на сето тоа, ако некој ми се испонашаше некогаш игнорирав, а некогаш бев уште покултурна према него и ништо не си ставав на срце. Тоа се муштерии, не ти се ни роднини, ни мајка ни татко, ако му се расправа нека се расправа, ти остани човек, услужи го како што треба и нека крши глава, веќе нема ни да го видиш.
Ми треба лек за низок притисок, кафе, електролити, сокови, солено, ништо од ова не помога. Некогаш горниот е само 100, а некогаш паѓа и на 90. Не можам ни да дишам правилно тогаш, чувствувам дека срцето ми се напрега со брзи отчукувања и веднаш ми се приспива. Од први септември треба да почнам со работа, а со ваков притисок не знам како јас ќе издржам. Никогаш сум немала ваков низок притисок, секогаш горниот бил 115-117 и сум се чувствувала одлично. Заморот и вртоглавиците се друг проблем. Се ми е проверено и немам причина да се сомневам на нешто друго. На матичната и кажав за ова и воопшто не ме перцепираше, ми рече пијај кафе и дружи се, а и кажав дека ниту кофеин не помага, ни газирано, ништо. Со вакво понашање не ми се ни оди на лекар. Ако си млад по дифолт ништо не ти е. Помош?
Солена вода. Ќе си раствориш вода со сол лажичка и ќе пиеш голтка по голтка. Мене само тоа успева да ми помага и тоа не секогаш. Јас до повраќање и грозници стигам...
Ми треба во форма на таблета, знам дека имало ама ги повлекле од продажба во Мк. Не ми е проблем, ќе ги порачам од странство, само ми треба името.
Ако најдете некој лек односно апчиња за низок притисок и мене означете ме. Мене со години ми е 90 со 70/65, не знам веќе како стојам на нозете.
Никако... Ко ќе видиш дека е за на кавга дојден за инат не давај да види дека се нервираш уште толку се нервираат така. Јас со години работам со луѓе чак и под закани ,само да не сетат дека се нервираш или ти е страв.
Во последно време толку ми е краток фитиљот, брзо раегирам, одма ме нервира сѐ. Не е со сите луѓе, ама е со повеќето, не знам дали ми е реакција на односот на луѓето пошто ми се преку глава или до мене е, можеби од стрес, можеби од преоптовареност со сопствените мисли. Не можам да се контролирам дури како раегирам, што зборам. Цел ден вчера вака стресно, ама бев продуктивна до максимум за денес да не можам да станам од кревет
Јас бев вака како тебе и матичната ми рече секоја вечер по еден дијазепам од 2 мg.Ама мене не ми помагаше контра ефект имав,уште понервозна ме правеше.Сега сум подобра ама самата од себе,може ти е период ќе ти помине,зборам за мене ми беше период каде што секој ден имав некој стрес и додека бев под стрес немав ништо.И после тоа вака како тебе само урлав со сите се расправав.Ама периодично ми беше самото си помина од себе.Може период ти е а можеш и ти да пробаш со по еден дијазепам, пробај може убаво ке ти влијае на тебе
Не сакав да пишам во темите за бременост, бидејќи не сакав да им ставам такви мисли и на другите.. Кај мене проблемот е следниот : Чувствувам константен страв дека нешто ќе тргне наопаку со бебето. Бремена сум веќе 10,11недела. Уште пред да ми потврди гинекологот бременост, се плашев да не е вонматерична. Пазам буквално на се, да не се напрегам, кревам тешко, се улежав од страв. Утрово не заспав од пет часот бидејќи се разбудив за до тоалет и не чувствував никаква мачнина, не се осеќав надуена и помислив дека е пометување.. Досега два пати сум била на гинеколог, се е во ред, нормална срцева акција, малку помала големина на плодот но се било тоа нормално. Како се справувате вие со стравот, со тие мисли..? Ме закочуваат нормално да функционирам..
Не знам дали е социјална анксиозност, или едноставно не ми се слушаат глупи муабети. Ама до тој степен е стигнато, да чувствувам вистински замор после тоа. Бев излезена со една блиска личност, ај да има дружење, ајде вечерно исто така. Неколку дена по ред и психички колабирав. Толку очајно, бедно размислување, абе тинејџер мислиш има поразвиен мозок. Цело време другите како живеат, како се облекуваат, кај одат на одмор, што просто си мислам дека се дружев со уште еден дебил на кој цел живот му е скролање на Инстаграм. Опуштање со разговорот, цела интимна историја ми ја раскажа, иако сто пати имам кажано не сакам да слушам. Имав такви другарки, ги разидов патиштата со нив, најмногу заради ова. На едната, во кафич седнати морав да и кажувам да намали тон оти се слуша, непријатно е. Иако не сакам психолошки да ги расклопувам, знам дека сите имаа проблем со физички изглед, па вака изгледа импресионирани дека конечно некој покажал интерес. Ако не беше трагично, ќе беше комично. Напасно однесување, да одам со тебе ваму, да дојдам таму. Не фала, сфатив зошто те избегаваат. Гледав едно видео од психолог, имаше кажано ако сакаш да си ги заштедиш нервите, на одмор оди сам/а. И навистина, не вреди да се трпи толку многу.
Што правите за да си ја вратите мотивацијата? Како се справувате со креативен блок? Со што успевате да се мотивирате себе во тешките денови?
Не се ослонувам на мотивација, затоа што денес ја имаш, утре ја немаш, ако нештото ќе ми направи да се чувствувам добро, го правам