Денеска ептен се разочарав на работа, ми текна сите имаат пријатели кои што излеваат, секаде одат, јас немам никој потполно сум сам без никој да ми се јави или да ми пише да ме повика да излезиме, сеедно ми е што ќе се случи со мене, немам веќе сили за ништо, тотално се разочарав, од што се разочарав на работа ми се насолзија очите што знам дека сум потполно сам и си замислив што ќе биде утре ако ме нема, како ќе реагираат колегите на работа, дома моите што ќе биде, со мачињата мои што ќе биде кој ќе се грижи за нив, едноставно сум приврзан за мачињата, знам дека е лошо тоа ама едноставно немам никој, имав еден пријател се запознавме пред неколку години се допишувавме на фб и наеднаш престана да пишува, сношти ептен тешко ми беше му пишав неколку пати да се уклучи за да ми пиши, го гледам вклучен на фб а не ми пишува, денеска му пишав на вацап, и после гледам дека ме блокирал на фб без никаква причина а и не знам зашто ме блокирал. Веќе дојдов до таа фаза што воопшто не ме интересира за утрешниот ден што ќе се случи со мене, не ме интересира ни за долгови што ги имам, ни за ништо. Веќе немам сила за ништо и за никого, премногу сум изморен од се веќе, неможам повеќе, крајно сум разочаран. И ви се молам не ми пишувајте пораки не ми се разговара, сакам сам да бидам со моите мисли.
И кога немаш никој, живеј за себе и сакај се себеси. Сите треба да се сакаме самите себеси прво, секако, тоа да е здраво, а не егоцентрично. Како се сакаме себеси, таков ќе ни биде односот и врските со другите. Прво тоа, после ќе се нареди и другото.
Најмногу ме боли тоа што пред сите се фалиш колку добар родител си, како си ме чувал како мала, како секаде сум смеела да одам, а само јас знам каков тежок живот сум имала дури и во мало имав граници од каде до каде смеам да одам каму ли подалеку. Ниту имав детство како нормално дете, ниту тинејџерство, ниту сега студентски живот како другите студенти.. Секогаш се прашувам дали згрешив што одбрав да студирам а не да работам и што поскоро да си започнам свој живот далеку од тебе и притисоците кои ги вршиш врз мене. Само едно научив од ова еден ден кога ќе имам дете ќе расте најдобро што може, ќе му подарам онаков живот каков што јас никогаш неможев да живеам..
Cist narcisoizam..begaj podaleku sto pobrgu mozes..tek koa ke ti izleze od zivotot ke svatis sto e disenje cist vozduh, pa makar i bilo toa osobata preku koja si dosol na ovoj svet
Периодов малку ми е тешко, и обично во такви ситуации сум позатворена, лежам по цел ден, не ми се зборува нит па вчера еве на пример немав јадено цел ден скоро. Мајка ми во такви ситуации веќе се навикнав не ме прашува ништо. Ама еве сега нешто се скаравме, и ми префрли како јас цел ден сум лежела ништо не сум правела на што се отворив и и реков како не ми е добро и наместо да ме праша како сум ми вика. Ми рече дека за тоа постоеле лекари, како можело мене да ми е нешто млада сум била. И ми дојде уште потешко. Никогаш не сум сакала да ги оптоварувам моите со проблемите кои ги имам и секогаш сум се труделе се сама во себе да си решам. Ама еве сега и тоа е проблем..
Се прашувам зошто ние жените кои никогаш не сме гледале колку дечкото има пари и имот секогаш се мажиме во најтешките фамилии, каде не смееш ни да седнеш, одма ќе ти најдат замерка за било што и оговараат по комшии. А тие к**вите секогаш се паѓаат во фамилии каде мажот ќе купи сопствен стан и живеат самостално, без никој да ги гледа, без жената да се плаши да стане во 10h, за да не ја збори свекрвата или ако нема ручек направено да купи и ред други работи. Стварно ми е тешко, не сум лоша особа, зарем заслужив вакво нешто...
И јас го вака носам, и сум спанка, мрзелива, уморна без многу енергија (главоболка,вртење немам). Редовно одам на годишен преглед, никогаш не ми е спомнато да го поправам, може висок повеќе ќе ми смета што знам. Секој организам си е различен
Би си ја искинала душата и срцето. Не знам да си ги контролирам емоциите и да држам до себе. Очајна сум. И правам грешки од нервоза. Губам енергија, апетит, нагло слабеам, се осеќам дека психички се уништувам а од надвор 90% од време сум насмеана. Мака ми е да де прекривам дека не сум океј. Најтрагично е што си кажувам дека морам да се фокусирам на себе и да работам на себе а не се нафаќам и го правам спротивното. Имав се што сакав и изгубив ради психичка не стабилност. Се осеќам како да имам биполарна болест. Се исклучувам константно.
Затоа што си чуствителна и се каеш ако си направила грешка. Тоа е доблесна особина на луѓе што имаат осет и се свесни за своите грешки. За жал се поретко такви луѓе има. Обично сите се безчуствителни и за се другите се криви.
Често сум обвинета дека не признавам грешки, пред многу одамна изгубив дечко што многу го сакав по моја гршека со години живеев со чувство на вина,се упропастив. И некако станав ладнокрвна према таа тема а сакам да го сменам тоа ама имам пречка
Што се случило? Се извини ли после тоа? Или доцна беше. Сметам дека ако дечкото те сакал доволно ке преминел преку тоа. Во секоја врска има проблеми но со разговор се се решава. Секој може да згреши случајно или намерно. Доблест е да знае да се извини а доблест на другата страна е да има разбирање. Е тоа се зависи од љубовта која ја чуствуваат. Ако има љубов ке има и толеранција и разбирање. Во граници се разбира. Се има граници па и човечкото трпение.
Што правите кога не сакате да сте во контакт со апсолутно никој? Многу ме исцрпуваат луѓето, најпродуктивна и најсреќна сум кога сум комплетно сама во секоја смисла. Што да се прави?
Otidi nekade Се извинив, сега сме на тоа дали треба да останеме заедно дали вреди и како. Јас не знам како ќе продолжам да живеам со тоа што го повредив...
Не се обвинувај за се има решение и прочка. Се случуваат грешки. Се надевам се ке биде во ред и дека ке се смирите.
Како да се превоспитам себе и да бидам поупорна, подисциплирана? Има ли некој што се справил со воведување на себе дисциплина во животот и како?