Разговарајте за да ви олесни душава Мислам дека сигурно имала и причина да му каже на татко ти. Не би му кажала ако е нешто што нема потреба тој да знае. Ова не значи дека ги кажува сите работи што и ги кажуваш на татко ти. Родител е,мајка, неможе да ти мисли лошо.
Разговарајте за да ви олесни душава Јас сум толку затворен тип на човек, што во последно време дури си имам проблеми да ,,разговарам'' сама со себе. Чувам толку многу работи, што и најкапацитетските простори би можеле да ми подзавидат, и сето ова резултираше со психичко истоштување, големо, огромно. Никогаш не можам да се соголам толку пред некого, тешко ми е да изнесам некои работи надвор од мене, било да се работи за најбанална некоја си работа. Убаво е да се разговара, убаво е да се ислуша и искаже, секоја чест на оние што го можат тоа. Јас сега - засега можам само да ислушам некого.
Разговарајте за да ви олесни душава Јас мислам дека сепак и татко ти е родител и има право да знае некои работи за тебе... Не зборувам за се, но за некои важни теми секако да. И да знаеш дека довербата во мајката е најсигурна, и секогаш од неа добиваш корисни совети
Разговарајте за да ви олесни душава Секако разговор со близок член од семејството ,со пријател/ка,во тешките ситуации од нашиот живот, може да ни ја олесни душата.Само внимавајте кому се доверувате и како ве советуваат. Денес за жал лугето не се толку сочуствителни се радуваат на тугата несреќа,притоа делејќи совети кои можат да ви донесат уште повеќе болка.Разговарајте и отворете им ја душата но само на личности кои вистински ве сакаат,сочуствуваат со вас,па дури и ве караат ако сте заслужиле...
Разговарајте за да ви олесни душава секој најдобро си знае сам за себе,најдобро е сами да донесуваме одлуки утре да не биде ама ти ме посоветува така ти верував а види сега како испадна,да си помуабетиш со некоја личност да и од доверба и од недоверба т.е.не толку блиска сепак ќе слушнеш мислење од друга гледна точка бидејќи секогас самиот тио треба да си стоиш зад донесените одлуки бар јас така мислам.
Разговарајте за да ви олесни душава И ја прашав мајка ми уште утредента зошто така и таа ми вика, е ако де што има везе, што се замараш толку? и ја и реков не дека се замарам туку сакав само да видам дали ќе му кажеш на татко ми, и толку. Инаку не беше некој голема работа, всушност другарка ми си фати дечко и таа има 14, дечко има 22 и веќе идат 3 месеци, па моите ги виделе заедно и ме прашаа кој е тој, од каде е , што и е ? а таа во меѓувреме не ни се дружеше со нас, почна да се одалечува, и не сакав да му каже на татко ми затоа што пред некој ден му реков на татко ми дека и е братучед и глупо ми беше, али нема веза...
Разговарајте за да ви олесни душава Јас иако сум комуникативна личност никогаш не можам да разговарам за моите проблеми да ги кажам пред пријателка,роднина едноставно неможам. Пред сите нив сум секогаш насмеана ведра мислиш рози ми цветаат,но маките неможам да ги изустам. ..понекогаш знам на мм да му се доверам... но не е тоа вистинското... Имам доста пријателки со кои додека сме во дуканите свои си пиеме кафиња и сме блиски но до линија/граница.Можеби е така бидејки пред мене биле кажани проблемите што ги имала другата,а тоа ми личи на праазен муабет...значи ако тебе некој ти се довери треба да го цениш и почитуваш тоа,што таа личност баш тебе те одбрала да ти ја отвори душата поради овие причини никогаш не би разговарала со некој за моите проблеми... Когаш тогаш и јас ке бидам на списокот за трач,а тоа не можам да си го дозволам. Се трудам сама да ги решам проблемите и сум успевала но морам да признаам дека ми фали некогаш како секој да кажам некому нешто но ете некако гордоста тоа не ми го дозволува.Мислам дека е многу поубаво што несум ничија тема и несакам некој да биде тема додека си пијам кафе....
Разговарајте за да ви олесни душава Можеби чудно но јас во најтешките денови кога сум ги имала, кога сум имала проблеми не сум споделувала со никој. Секогаш проблемот си го решавам сама, се трудам сама и маките со никој не сакам да ги споделувам, пред се затоа што тоа се злоупотребува, нема вистински луѓе. Баш денес така ме брцнаа, луѓето ги копка како јас се чувствувам, јас сум човек што не избувнувам за ситници дури и за поголема работа треба ептен на живец да ме нагазне човек освен во ПМС е тогаш тешко оној кој ми е во близина може да си окрка без причина . Исто така и кога сум среќна, има луѓе абе вриштат, скокаат а јас си вриштам во себе од среќа. Дури и ретко плачам, душата и кога ми пука, јас и пред самата себе се стегам а камоли пред некој друг. Што да правам таква сум затворена. Уште да ме прашаа денес а ти имаш ли срце, имаш ли чувства - Кој јас ?? Ма нееее, јас чувства од каде тоа кај мене, а што е тоа?
Разговарајте за да ви олесни душава Подобро ќе се чувствувам ако кажам некому кога ми е тешко, од колку да го чувам во мене. Често пати и тука на форумота знам да си напишам и во истиот момент посмирено се чувствувам. Јас мислам дека речиси повеќето практикуваат проблемот да го споделат со некој, за полесно да може да се дојде до решение или па само за да се добијат утешителни зборови, кои некогаш многу значат
Разговарајте за да ви олесни душава Подобро ќе се чувствувам ако кажам некому кога ми е тешко, од колку да го чувам во мене. Често пати и тука на форумота знам да си напишам и во истиот момент посмирено се чувствувам. Јас мислам дека речиси повеќето практикуваат проблемот да го споделат со некој, за полесно да може да се дојде до решение или па само за да се добијат утешителни зборови, кои некогаш многу значат
Разговарајте за да ви олесни душава Кога се работи за разговор тука сум нула. Јес да си имам така лев карактер но комуникативна сум имам неколку другарки веќе повеќе години, секогаш сум тука за да ги ислушам, но јас да споделам проблем, тага,„тајна“... нема шанси Едноставно неможам, незнам дали е каратер,затвореност, добра или лоша особина, но не постои една единствена другарка која знае мои тајни,проблеми или што и да е. Некако се чуствувам слабо, беспомошно кога споделувам проблем ,како да не сум способна да си го решам сама,всушност и мразам некој да ме види како плачам(што досега мислам и дека не ми се случило во присуство на некого ) Во времето на симпатиите и оние први го сакам-ме сака најблиска бев со еден другар , тој некако ми влеваше многу повеќе доверба од другарките , но ни тоа не одеше предалеку, се ограничувавме само на “љубовта“, сега пораснавме се одалечивме . Иако другарот го изгубив, другарките останаа, но само за излегување,јас целосно се затворив во себе, сите проблеми си ги решавам сама, и така Можеби е добро, можеби и не, но јас навистина не чуствувам потреба од рамо за плачење
Разговарајте за да ви олесни душава Кога некој сака да разговара за да си олесни или да побара совет, јас сум тука секогаш за своите најмили. И така ми велат со мене им било најубаво да разговараар да ги сослушам и да им дадам совет. Колку пати се случувало ќе ми се јави некој да ми се заблагодари бидејки му олеснило и сум била во право. Но кога мене нешто ме мачи го чувам тоа во себе. Несакам да ги раскажувам моите проблеми на никој, ниту на мајка ми. Ако ми е многу тешко ќе се исплачам за да ми олесни, потоа ќе си скројам во главата како да ги решам проблемите, ќе ги избришам солзите и како нова сум.
Разговарајте за да ви олесни душава Zdravo Znam deka ova ne e tema na razgovor tuka ama veruvajte mi nemam so kogo da razgovaram. Se izvinuvam ako precam so ovoj post i ako smetate deka ne e vo red slobodno izbrisete me. Do sega sto pati go napisav ova i sto pati go izbrisav, prostete mi isto sto mozebi nekoi raboti sto ke gi napisam se nepovrzani. Tesko mi e da priznaam sto mi se slucilo, tesko mi e da zboruvam i pisuvam za ova. Se sluci pred 10god malku podalecen clen na mojata familija i negoviot drugar me silovaa. Cel grad razbra za toa isto i site moi rodnini i prijateli i posiroko sekako. Znaci vaka bese. Cel grad razbra deka vsusnost "jas od odmazda (ili ne znam sto) sum gi namestila niv dvajcata deka me silovale". Mnogu zazaliv sto prijaviv vo policija. Mislam deka daleku podobro ke bese ako istiot den koga se sluci toa da si go odzemev zivotot i da zavrsese se. Ne mozam da razberam koj bi mozel voopsto da pomisli deka malo devojce sto voopsto ne znae nisto od zivotot da odi vo policija i sudovi i ne znam pred koj bilo i ne bilo da zboruva intimni raboti za toa sto mu se slucuvalo toj den. Ni samata ne znam kako preziveav toa vreme. Koga ke izlezev na ulica imav cuvstvo deka site me gledaat kako da sum celosno gola, zatoa ne odev na uciliste, izleguvav so nekoi glupavi luge i se opivav da zaboravam na se. Odev kaj glupav psihijatar sto vo isto vreme mu bil psihijatar vo pritvor na silovacot. Poveke od polovina od familijata se svrti protiv mene. Protiv mene!!! Maleckoto siromasno devojce protiv dvajcata vozrasni luge od koi edniot vo rodninska vrska.Devojce od 30kg protiv 2ca mazi od 80-100kg. A jas seuste pamtam kako da bese vcera.Ne mozam ni da vi opisam sto se slucuvase toj den. Seuste gi pamtam zborovite, dopirite, pogledite i moeto molenje i placenje... Prodolziv so mojot zivot ponatamu. Izbegav vo dr grad i se obiduvav da se lazam deka ne bev jas toa deka bese samo los son.Mogu retko odev vo rodniot grad. Seuste se cuvstvuvav kako na toj den. Ne mozev da gi poglednam sosedite vo oci i nemav nikakov kontakt so moite prethodni "prijateli".Se dodeka ne go vidov silovacot po 10 god na sosema drugo mesto. Koga pominav pokraj nego prviot pat mislev ne e toj nema sansi da e toj iako nozete mi se presekoa i sekoj moment mislev deka ke padnam(zamislete toj e sloboden i podnesuva zalbi da dojde slucajot kako zastareno delo). Vtoriot pat sosem slucanjo pominuvam pokraj nego i me gledase pravo vo oci. Ne mozev i jas da go trgnam pogledot od nego. Me gledase so istiot toj pogled kako i toj den. I posle nekolku dena od toa seuste mi e strav da gi zatvoram ocite zasto go gledam istiot toj negov pogled. Si povtoruvam deka sum silna deka ke uspeam i nema da podlegnam na depresijata i da posegnam po mojot zivot (vo minatoto mnogu pati probuvav da go napravam toa) Navisitna se izvinuvam ako ja promasiv temava ama veke so denovi se izmacuvam. Mnogu mi e tesko sto sum nemokna da storam nesto. Ne mozam da pobaram nikakva pomos od nikoj. Vi blagodaram za se...
Разговарајте за да ви олесни душава Story. Девојко немој во никој случај да посегнуваш по својот живот. Не вреди за двајца манијаци да се скратува живот на млада невина девојка. Премногу значење му даваш на случајов и токму тоа те прави послаба. Почни од почеток,живеј го животот онака како што заслужуваш. Работа, момче, нови вистински пријатели. Тие нови личности и тој нов живот ќе го избледат стариот,а лоште спомени ќе бидат само спомени и нема да влијаат на твоите сегашни чувства. Најголемо злосторство е злоставување на жената,силување. А овој случај е еден од најлошите, ти си излегла виновна не само пред судија и полиција туку и во очите на своите родители и своите "пријатели". Тоа само ти покажува дека не биле оние вистинските, а за родителиве немам коментар,страшно. Но повторно ќе ти кажам... Животот продолжува понатаму. Господ гледа,никогаш не го заборавај тоа,како што тој не го заборава твоето страдање,па порано или подоцна го наплаќа. Знам дека е тешко да се почне од нула но мораш затоа што животот е еден а ти доволно си патела за сега да бидеш најсреќна до крајот на животот. Поздрав и се најдобро.
Разговарајте за да ви олесни душава Навистина длабоко ме трогнаа твоите зборови, твојата досегашна судбина. Но знај дека мораш да одиш напред иако животот бил суров кон тебе. Немој да мислиш дека на сите нас ни е се во ред. Секој од нас има некоја рана што го пече, некој голема, некој мала. Само не се сите храбри како тебе тоа јавно да го кажат и да побараат помош. Тоа е првиот голем чекор што си го направила. И затоа јас и сите ние овде на форумот сме заедно со тебе, не си сама ја имаш нашата подршка и ќе се трудиме од се срце да ти помогнеме. Знам дека ќе имаш помош од најразличен вид, и не губи надеж.Би сакала и јас да сум силна како тебе па да си го отворам срцето и да побарам помош. Јас сега самата се борам на еден свој начин, па ќе видам дали ќе успеам. ТЕ ПОЗДРАВУВАМ И ТИ ЈА ПОСАКУВАМ НАЈГОЛЕМАТА СРЕЌА НА ОВОЈ СВЕТ. САМО НАПРЕД, ТУКА СМЕ ЗА ТЕБЕ !
Разговарајте за да ви олесни душава Ви благодарам за поддршката на сите Знам дека секој си има една болка и рана во животот. Не барам да ме сожалуваат, само сакав мојот проблем да го поделам со сите вас со цел малку да ми олесни. Јас веке успеав до некој дел да створам нов живот за мене. Последниве неколку години имав нормален живот. На моменти и бев среќна. Само сега многу ме загрижува што повторно силовачот сака да ме уништи. После сите закани од него јас успеав... А сега се ова што сум го створила во овие неколку години сака да ми го сруши како кула од карти.. Многу се плашам... Не се плашам за себе туку за личностите што се сега покрај мене. Единствените што незнаејќи ми помогнаа да станам подобра личност од таа што бев. Неговиот другар што ме силоваше се помири со судбината (имаше подобри докази за него) а "роднината" не. Значи "роднината" упорно тврди дека не бил тој. Упорно ја раскажува својата "приказна" по медиуми и по судови. Зошто еднаш не помисли што ми направи мене и не го прифати фактот за тоа што се случи? Тој е еден болен, перверзен психопат. Иако знае што направил го лажи своето семејство и се наоколу. Само кога крај на сето тоа? Повторно повторувам дека мене не ми е страв од судии, полицајци, можам да се изборам со сите тие личности и пред сите нив да кажам дека јас бев Жртвата...Мене ми го одзедоа детството и целиот мој живот.Иако јас сум таа што оди со наведната глава, јас се страмам а не сум направила ништо лошо. Единствено е што барам е да ме остават на мир да продолжам со мојот живот овде. Не сакам и овде да ме гледаат со тие очи.. Не сакам и овде секогаш кога ке поминувам да викаат еве ја силованата. Јас се помирив со мојата судбина и со се она што ми се случи...Минатото не можам да го избришам, ама сакам да не ми се меша во иднината. Повторно ви благодарам на сите за поддршката Бите силни и борете се лавовски со сите сили за вашата среќа Јас донекаде успеав, продолжете го успехот сега вие!
Разговарајте за да ви олесни душава Мојата најдобра другарка го имаше доживеано истото како тебе. И нејзе и беше тешко да пројде низ ова, но верувај за се има решение. Не вреди да си го одземеш животот ради тие гадови. Неможеш да го вратиш времето назад, неможеш ништо да смениш од тоа. Но, со поддршка од пријателите и од семејството ќе ти биде многу полесно. Мојата најдобра другарка имаше потполна поддршка од сите и го помина се тоа со нас. И беше тешко многу, често се случуваше се во неа да се сруши и да помисли на самоубиство. Се случува и таа да се потсети на тоа што и се случило и не и е лесно. Продолжи со животот, не ги слушај приказните кои што тој ги тврди, а немаат врска. Ми се допаѓа што собра сила ова и тука да го раскажеш. Верувај во себе, во своите цели, и никогаш не се откажувај. Пред тебе е цел живот!
Разговарајте за да ви олесни душава Story,со самото тоа што пиша верувам ти е полесно и мило ми е што си продолжила напред,силна и храбра си ти тоа го боли твојот роднина ,психопатите неможат да поднесат силни личности затоа те гледа така право во очи зашто се надева да види трошка страв но покажи му дека нема ни грам страв во тебе иако не си се одбранила тогаш.Tој е сигурно е и манипулатор ќе каже се и свашта за да се одбрани ,и да не ти е жал што си пријавила ќе плати за се еден ден ако не заради законот,има горе некој кој се грижи за сите сметки на земјата .A многу е важно што јавно е откриен случајот за тие двајца монструми недај боже да посегнат по други девојки.
Разговарајте за да ви олесни душава Се зависи од тоа за каков проблем се работи. Со другарки многу ретко ја споделувам маката. Сметам дека не постојат вистински пријатели и не можам лесно да се доверам. Додека пак дома на родителите им кажувам се што ми лежи на срце. Добро, не баш се од детал, до детал, но воглавно знаат дека сум реална и многу често разговарам со нив за да ми олесни душава. Единстевно кога се работи за љубовен проблем знам лесно да изгувнам и на секој да кажам, па дури и по форуми совет да побарам А, за други работи строго НЕ. Сепак во денешно време не можеме да веруваме на секого и да им се доверуваме И, по дифолт сум малце затворен човек што не може со секој и секого да се спријателува. Тоа е карактер. И, мислам дека многу подобро е така, отколку со секого да верглам.