Во мојот случај јас не сакав со него деца/брак и го знаеше тоа, знаеше и зошто. Неважно, сите имаме потреба од љубов и поддршка, меѓутоа е важно со отворени карти и искреност. Инаку, осаменоста се менува со фрустрација, врската, бракот/вонбрачната заедница не ги решава проблемите сами со себе што ги имаме.
Зошто постои некој што да си игра со чуства? Не ги разбирам љуѓето што се трудат и сакаат да се заинтересираш за нив и потоа да си играат со тебе. Зошто? Сигурно си патат за внимание и имаат ниска самодоверба, друг одговор немам. Очигледно нешто не е во ред со нив, не со мене… кога некој ти дава знаци дека му се допаѓаш веројатно како и секој друг тоа и си го мислиш и нормално возвраќаш како се чуствуваш…кажете ми само дека не сум наивна толку туку сум едноставна и не сакам игри, туку сакам искреност.
Прашај се зошто? Озбилна тема за размислување е, ако сакаш. Не негирам дека е природен тек на работите кога ќе ја имаш личноста која ја сакаш до себе. Значи тоа тргаме на страна. Сега си сингл и си незадоволна затоа што постои потреба што е незадоволена, за која мислиш дека маж може да ти ја реши. Прашањето за размислување ми е - дали за таа потреба да биде задоволена решението е навистина маж, или можеби други средински фактори прават да мислиш дека е тоа решението?
@CameliaMiller да, ама сте знаеле од старт дали сакате деца или не. После други работи најверојатно излегле. @herbst-girl и јас сакам дете и дом, ама тоа е.
Не сме знаеле од старт, мали бевме, ни полнолетни не бевме За останатото така си е, отворени карти, подобро сам човек отколку во погрешна врска/брак. Сега на овие години сум и доста подиректна бидејќи знам што сакам, така е и со сегашниот, поправки и оправки немам време ни желба за никого.
Во ред, прашањето беше за подлабоко размислување, сакам и јас дете, тоа не значи дека ќе го родам оти ете сакам. Ќе го родам кога нема осаменоста да ми е причина, туку искрена желба и простор во срцево за да му се посветам. Затоа те прашав, пошто пред година-две сличен муабет правевме во некоја тема, дали со себе имаш расчистено за што најконкретно ти треба маж? Мислам, едно е со некого да си веќе и е логичен чекор следен, сосема друго е поради лична празнина да бараш од друг да ја пополни. Оти второто нема да се случи, личните празнини не може никој да ни ги пополни освен самите ние, ни маж, ни деца, ни куче, ни маче. Едноставно внимавај да не се омажиш за да се омажиш - и бидеш цел живот несреќна мислејќи дека е проблемот во него, брат му, свекрвата итн. а всушност сама со себе ги немаш решено своите проблеми. Се надевам разбираш што сакам да ти кажам.
Сори што влетувам у дискусијава. Зарем не може маж/деца/маче/куче да помогнат у процесот на пополнување на тие празнини? Зборам ако е правата особа нели, за маж поготово. Заедно да растете, да се развивате што се вика, да ти помогне да ги залечиш раните ако ги имаш преку поддршка, искрена љубов, почит, разбирање, утеха.. Нели подобро е коа не си сам и имаш ветер во грб и можеш да сметаш на некој? Едно маче и куче што ти праи у живот, како ти се менува во позитивна насока, не па да имаш човечко битие до тебе кое максимално ќе те разбира и би ти се нашло за се и со негова помош би станала и подобра личност на некој начин. Само, финтата е да се најде таква личност, што е реткост.. Инаку, не викам дека па по секоја цена треба одма да се бара некој кој ќе те теши, таман работа тоа. Се слагам со вас кои пишавте дека чоек првин треба сам со себе да си расчисти но ако дошол моментот и среќата се насмевнува, верувам дека многу подобро ќе се преброди лошиот период со некого и преку негова поддршка отколку комплетно сам ако си.
@Mrs. right Љубовта, партнерот, бракот, децата, итн, се процеси кои треба да се одвиваат природно и хармонично, а не поради општествен притисок. Односно, @herbst-girl остава впечаток дека нема никаков проблем. Ама поради мислења од околината, самата си наметнува дека кај неа постои празнина која можат да ја пополнат само маж и деца. Тоа едноставно не оди така. Од притискање, лесно се завршува со погрешен. Значи треба да си среќен и исполнет со моменталниот живот. Па во иднина ако се заљубиш, со тој партнер понатаму природно да си ја надоградувате љубовта како сакате. Едноставно нема причина to beat herself down. Ако сака може и да си го манифестира идниот сопруг и свекрва Ама тоа не значи дека треба да очајува и да вели ја гледале со поинакви очи Like who? Луѓето кои цел живот во туѓ двор гледаат, I suppose
Да, да, секако, се сложувам скроз. Се надоврзав во однос на пополнувањето на празнините што човек ги има во себе. Дека ако налета на вистинската личност, со негова помош и поддршка би можел полесно да искочи на прав пат па дури и целосно да се преобрази во потполно нова личност, да си се пронајде себе си и да почне да живее баш онака вистински. Фала Богу дека треба скроз спонтано да тече заљубувањето и планирањето на семејство, а не исфорсирано, затоа реков не по секоја цена да се бара некој за да те утеши. За мислењата од околината ич не треба да се грижи, како што рече луѓето само во туѓ двор глеаат, и секад им е поинтересен туѓиот живот отколку својот. Ко да не знаат дека воопшто не им е гајле туку само си пукаат сеир, да имаат за што да оговараат и да се обидат преку тоа да си полечат малку свои лични фрустрации и комплекси. Па така не знам зашо и у денешно време уште се замара некој со ова, место да се опушти и релаксира, да си ја прифати ситуацијата и да се стреми кон подобро, полека и без брзање, едноставно да ужива во животот, во секој период од истиот.
Многу битно прашање е ова. Да, треба да пополни барем приближно дел од тие празнини, исто и обратно. Врската е заедничко исцелување на, пак ќе се повторам, мал дел од тие празнини. Значи никој не бара драстично во целост да ги снема, ама битно е зашто знаеш дека е взаемна грижата и врската се носи на повисоко емоционално/енергетско ниво. Ова само жена ќе го сфати, маж за жал не - зашто просечен маж мисли дека само преку сексот се завршила неговата улога во врската.
Нормално, куче имав и 2 мачки, еве ме со 2 мачки. Ми топлат срце, ги сакам, помагаат во залечување, меѓутоа "тешката работа" односно соочување сам со себе и адресирање на вистинскиот проблем е многу важно, поважно од лепење фластери на рана. Премногу луѓе се во брак за да бидат во брак, несреќни не оти партнерот е лош, туку оти ја преместуваат фрустрацијата своја на него. Очигледно е дека сме способни да остануваме во токсични односи по секоја цена, прво себе ми беше најтешко тоа да си го признаам, а со тек на време и појасно да увидам и кај другите. Стравот од осаменоста е голем, затоа и реков мислев ќе умрам од осаменост. Ама во осаменоста ако си дозволиш, ќе се запознаеш себе прво, ќе работиш на себе и своите рани, ќе станеш родител на детето во себе и ќе научиш да се радуваш на својот живот. На сите ни треба некој, поентата е дали сме со некој за да не сме сами (што е погрешно долгорочно) или сме со некој затоа што навистина се сакаме и взаемно си ги збогатуваме животите.
Не знам што ми се случува, но дефинитивно знам дека не е на арно. Имам многу мал круг на пријатели кои ги сметам за најблиски, ама веќе подолг период се осеќам како јас да го „форсирам“ пријателството или како само јас да се трудам да одржам контакт, да викнам на кафе, да почнам разговор и сл. Се повеќе несогласувања, кавги, а станува збор за повеќегодишни пријателства. Кога ќе ми пишат, секогаш сум достапен, што и да правам паузирам за момент за да вратам, кога јас ќе пишам се дешава да чекам со саати за одговор а тоа ужасно ме иритира, особено ако поставувам некое прашање. Ова најмногу се случува со најблиската другарка, ме иритира и тера да се дистанцирам. Деновиве многу ретко пишувам прв, ретко враќам одма и сето тоа го правам намерно за да пробам сам да се сменам, но не, сега едноставно се осеќам осамено, депримирано, ко да немам никој. И еве, веднаш приметија дека не пишувам толку често. Исто често знае да се случи да сум зборувал за нешто, да сум опишал некаква ситуација и слично, за после некое време да се деси другарката да ми зборува за истото и морам да потенцирам „јас за ова ти кажував пред неколку дена“, па има некои изговори од нејзина страна дека не го видела и сл. Разбирам дека не е секој достапен во секој можен момент за да ми одговори, но од некоја причина добивање одговор после саати и саати ми ствара ужасен немир и не знам како да се справам со тоа. Пред 4-5 месеци прекинав пријателство со многу близок другар и не знам, може тоа ми делува негативно психолошки, можеби имам страв од губење на пријатели после тоа, не можам ни сам да се разберам искрено. Не знаев каде да го кажам ова, а сакам да излезе од мене, па нека биде тука.
Луѓе дали знаете колку страв имам, мислам дома како ќе биде мајка ми сама, ја ќе заминам за Хрватска по работа, таму како ќе биде, дали ќе ме пречекаат да не ме оставаат сам на улица да бидам а имам потпишано договор за работа, дома како ќе биде, да не ми се случи нешто по пат лошо случајно, како ќе се снајдам, мајка ми ја гледам дека плака и ја сакам да заплакам ама сакам јак да бидам да не се предавам, не знам како ќе биде дајте кажете некои таблети за смирување (диазепам,хелекс, трамадол не) дајте некој совет, кажете нешто.
@Sinisa123 Хрватска е, ќе се снајдеш. Ај немој лоши мисли, гледај таму убаво да си минеш. Ќе запознаеш нови луѓе, ќе си заработиш пари, на крај краева интернетот е тука. Ќе се слушате и гледате, нема простор за паника.
@Sinisa123 само храбро, само оние кои ризикуваат, успеваат... И јас се пронајдов во твојот пост, секогаш предвреме мислам, анализирам... Ако не собрав храброст и не ја напуштев претходната работа која здравје ме кошташе, сега и болна и без работа ќе бев... Само храбро, смелите луѓе успеваат, нека Господ ти го покаже и осветли патот...