Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    13.015
    Пол:
    Женски
    @007 очигледно влече корени од детството. Да не те разочарувам, ама ваквите луѓе без емоции се прилично тешки. Стресови сите имаме, да. Ама нема оправдување да крши пред деца и баш дека тој не добивал љубов од своите сега треба да се труди најмногу и да се стреми кон нејзино изразување. Зашто само преку правење напори и искажување на емоциите се "преболуваат" минати ситуации. Мислам дека има и психолози кои работат со брачни парови, подобро е да барате некој таков и да работете заедно. Види на разговор.мк низ профилите, ама распрашај се убаво пред да почнеш. Или овде некоја членка може ќе ти сподели таков профил.
     
  2. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    126
    Се допишував со еден дечко подолго од 15 год. Тогаш бев девојка со некои 15 или едвај полни 16 години.
    Во меѓувреме тој се ожени и формира семејство но сепак остана во контакт со мене.
    Сега сум скоро 30 години сеуште сме во контакт, јас не сум мажена уште. Сакам да кажам дека ја изневери сопругата неколку пати со мене :)
    Отворено си вели ич не ми е сеедно ако се омажиш.
     
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.239
    Пол:
    Женски
    Место срам да ви е на двајцата, ти си се фалиш со тоа? Жал ми е за жена му и за твојот иден дечко или маж, со какви луѓе работа си фатиле или ќе си фатат. Не е убаво ова што го праите ама тебе путка те боли глеам.
    За греота.
     
    На inchixx, izabela.nik, anaja1 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. GasimGirl

    GasimGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Срамота.
    Кога го правел тоа прво да помислел на фамилијата, на жена му која го чека дома, и децата. Срам да ви е на двајцата.
    Не знам како ќе се чуствуваш прво ако расипеш едно семејство. Грижа на совест ? Или слабо тоа кај тебе, па и кај него...
     
    На miandrija, izabela.nik, anaja1 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    126
    И сега што да направам? Ајде кажи ми. Љубовта е таква
     
  6. GasimGirl

    GasimGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Не постои љубов. Љубовта е само една чиста хемија.
    Ако толку сте се сакале па зошто не сте се зимале од старт ? Зошто не те чекал на пример ? Или му се брзало да се ожени ? Тој тебе не те сака. Да не ме сфатиш грешно, ама ќе бидне работата што ќе бидне, ќе ти направи дете и на крајот ќе си го чуваш самата. Тој чим се оженил, никогаш нема жената да си ја остави за друга.
    Најубаво е да си најдеш дечко кој ќе те сака. Не си стара, имаш време. Некој со кој ќе си формираш ти семејство, ќе си делиш убави и лоши моменти и тоа е тоа. Нема нешто кое не може да се преболи. Ова чисто пријателски, другарски како сестра ти кажувам што ќе биде. Ќе ти поминат годините, и на 40 што ќе правиш ?
     
    Последна измена: 19 април 2024
    На miandrija, anaja1, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.239
    Пол:
    Женски
    Исто друга битна ствар, среќа не се гради врз туѓа несреќа ама кој да им каже.

    Воопшто не е правилно ова што го прават.
     
    На Feminka22, anaja1, L.i.n.a.a и 10 други им се допаѓа ова.
  8. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    126
    Благодарам
    Го ценам и почитувам твоето мислење. Имаш право секако. Не сум ни свесна самата како толку брзо летнаа годините ☺️
     
    На GasimGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Тука нема љубов.
    И да, ќе му е сеедно доколку се омажиш, вака само те манипулира да има каде да се празни ама ти заљубена мислиш у иднина ќе ја остави.
    Карма постои а ти продолжи да си го трошиш времето.
     
    На anaja1, L.i.n.a.a, BlackNight и 5 други им се допаѓа ова.
  10. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    126
    Сакам бебенце да имам :(
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Дорасипај се ,нека се разведе да не страда за тебе јер ако се омажиш за друг густо ќе биде.Ти мислеше ли на децата негови барем ,кога не те фати жал за сопругата?Еден ден може да ти се врати си размислувала ли за тоа или не ти е гајле?Мизерни сте и двајцата,жална глетка не се мажи за друг не заслужуваш друго освен овој да те мота додека си му интересна после ќе те оговара а сопругата секогаш ќе ја става на прво место а ти ќе си втора виолина така одат тие работи
     
    На Anyshka, anaja1 и GasimGirl им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.786
    Пол:
    Женски
    За да имаш бебенце, ти треба партнер прво. Тој не е твој партнер, тој е женет. Си потрошила толку години на ништо, наместо да се гледаш со женет човек, требало да си најдеш некој со кој ќе градиш иднина и семејство.
     
    На Anyshka, ~Maca~, anaja1 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Најсилниот удар го имам доживеано од најблиските, последно слушнав од нив дека мојот живот бил помалку важен бидејќи јас не сум имала деца. После ова веќе како човек да не биде осамен и отуѓен.
     
    На Gentlewoman!, GirlLove, sino.o.oka и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    Не судам за ничиј живот, ниту за твоите чуства. Само некои работи не ми се јасни. Ќе ти пишам како мене ми личи целава работа а ти слободно корегирај ме ако грешам.

    Велиш дека си вљубена во него, ама не гледам дека ти пречи одвоеноста од него. Не живеете заедно, се допишувате, контактирате имате повремено средби и секс. Зарем во тие 15 години не сте посакале да живеете заедно како секој вљубен пар? Пред неговиот брак, сега откако е во брак..зошто не се борите да бидете заедно ако вашата љубов е толку силна и искрена? Зарем не сакате да сте секој ден заедно и заедно да се будите? Велиш сакаш дете од него, а не велиш дека сакаш да биде тој крај тебе и да бидете едно семејство со тоа дете?
    Не сакаш отворено да ја изрзувате својата љубов и јавно?

    Малку незрело од твоја страна целото ова ми личи, извини што ќе забележам. Дури се прашувам дали стварно имаш 30 години, зошто вака обично размислуваат многу помлади девојки, по неискусни со врски или со некои свои несигурности. А и тие по некое време се заситуваат и почнуваат да бараат нешто повеќе за себе. Ти 15 години не осети потреба за нешто повеќе да добиеш од него? Од било кого?

    Тајноста дава возбуда во врската, делите заеднички една тајна што ви дава чувство дека вие имате нешто плус што другите го немаат.
    Може тоа што и покрај жена му сеуште контактира со тебе те прави да се осеќаш повредна, посакана, подобра од другата? Дека ете тебе мора да те сака повеќе штом пак ти се враќа.
    И се е тоа така се додека врската опстојува во тој балон над земјата.

    А земјата е следново:
    Не живеете заедно, не правите компромиси за да останете заедно, делите само убави моменти, не делите обврски, сметки, не делите исто домаќинство. А врската, онаа која е реална, а не фантазија, подразбира да се гледате и кога не сакате, и кога сте нерасположени за другиот, усмрдени, уморни, тажни, бесни, болни па тогаш и да се лечите еден со друг..да си ги миете еден на друг садовите и валканите алишта, да одиш ти по него и тој по тебе и кога не сакате да средувате, да одиш кај неговите роднини кои тебе ти се досадни, а тој да го трпи глупиот муабет на твоите, да морате да коегзистирате во ист дом и кога сте скарани зошто не можете да избегате еден од друг на првата кривина во врската и да морате да ги решите недоразбирањата, да не избега тој кај љубовницата кога ти не можеш да му дадеш зошто си трудна, во циклус или си му лута...да го видиш саканиот во најлошото светло, зошто тој има доверба во тебе да ти ја покаже таа своја страна и ти сеуште да го сакаш исто и после тоа и нема да ја злоупотребиш таа доверба што ти ја дал...
    Можеби си ги кажувате и лошите работи ама не ги поминувате заедно..врската ви е неоптеретена од нив и веројатно тоа ви одговара.

    Нему секако дека му одговара, зошто сето тоа веќе го добива од другата. Него му е наредена работата.
    Тебе тоа искуство ти е скратено.

    Згора на тоа отворено ти кажал дека сака да ти биде скратено, зошто него немало да му било сеедно ако ти се омажиш со друг?!
    Демек мисли му ја да не го налутиш или што?!
    Што мислиш зошто не сака ти да се омажиш? Дека многу те сака? Или е љубоморен и тоа пак значи дека те сака?
    Што мислиш?
    Дали така се докажува љубов?
    Ако толку е небитен бракот, зошто ти не треба да го искусиш, а тој останува во брак со друга?
    Двоен аршин некако, а?

    Според мене или ти имаш проблем да се врзеш и посветиш сериозно на една врска штом тоа ти е ок или не ти е ок ама те ставил под свој ред во изминативе 15 години.

    Животот не е љубовно романче.
    Вонбрачно дете не е некој романтичен плод на забранетата љубов.
    Тоа е вистинска личност, со свои емоции, потреби и од тебе ќе бара се. Ти ќе треба да му обезбедиш нему, а не обратно...тоа дете ќе порасне и ќе праша кој му е татко и зошто тој не живее со вас. Ќе сака да знае дали има полубраќа и полусестри. Дали сакаш дете во такви услови?
    Детето нема да те чека да си го средиш животот или себе самата. Нема да ти ги реши проблемите, само ќе ти креира дополнителни предизвици.
     
    Последна измена: 23 април 2024
    На capuchino, Anie93, boo3 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Тој не мисли на сопругата негова и децата, зошто таа би мислела?
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Тој мисли затоа и не се разведе ако толку ја сакаше членката што е во врска со него тоа ќе се случеше.Проблемот е што тој мисли на себе најмногу ,на второ место е семејството а на последно нашата членка.Ете тоа е проблемот а таа не е сериозна и лета со брзина на светлината во пропаст.Ако се расчуе дека тој ја вара жена му со нејзе ,кој ќе изгуби се кажи ми ?Таа секако ,како што е наивна ќе му верува уште на овој човек ,плус ќе биде покажана со прст и ќе не може да се омажи а тој ќе си седи се уште во брак со сопругата.Таа не мислела уште од почетокот дека не се нанесува болка таква на едно семејство,имала избор да не биде втората во животот негов.Себично од негова страна што ниту и дава надеж за прво место во животот,туку и гледа да ја има за резерва затоа и кажал дека нема да му е сеедно ако се омажи а таа попусто се надева дека тоа е доказ за љубов .Тоа е тоа,убедена е дека тој неа ја сака не сопругата.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ane_na_Bisera16

    Ane_na_Bisera16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2020
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Што би направиле кога некој ќе ве остави на "seen" и не ви враќа повеќе ништо.
     
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    11.154
    Пол:
    Женски
    Ништо, што може да се прави. Некој што не се замара со мене зошто јас да се замарам. Како што не сакам да ми се наметнуваат не сакам и јас да се наметнувам.
    Можеби во моментот не можеле да вратат, ама ако воопшто не вратат не гледам зошто јас да се трудам.
     
    На Anyshka, sino.o.oka, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  19. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    502
    Се пронајдов неколку пати да чуствувам дека не го сакам моето дете.Правам планови секогаш маж ми да го чува јас да не сум дома.Кога ќе дојдам ми е мака, уште кога одам накај дома ме фаќа чувство на одбивност дали е ова период?
     
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    11.154
    Пол:
    Женски
    Не е дека не го сакаш, за него имаш љубов и ти не си свесна колку. Можеби си преморена или депресивна?
    Дали скоро си породена? После порагај на сите чувствата ни се измешани. Можеби ти треба само одмор. Можеби ти треба разговор со психолог.
     
    На sino.o.oka и BlackNight им се допаѓа ова.