Абе ок тоа, ама дали имаш некој да ти чува детето? Оти по ставот на твојот маж, заклучувам дека он мисли дека е мажот во куќата и оти он деца не чува. Тешко е и факс и работа и дете да гледаш. Освен ако немаш некој грб како мајка, сестра, било кој да ти се смилува да ти помогне да успееш во животот. Не е баш лесно да одиш на работа, да си дојдеш и детето цел ден да го гледаш, плус домашни обврски да правиш, и навечер кога ќе си претепана да седниш да учиш. Па и одозгоре и он ќе те напнува за секс.
Чекор по чекор. Многу обврски наеднаш може да ти дојдат премногу. Пркни го малку детето па после другото. На пр. вработи се штом е малку потпораснато, па кога ќе се стабилизираш и со тоа и ќе почне дете да може да седи во градинка или да се чува со друг возрасен, запиши и факултет вонредно.
Не знам дали е за тука ама да пишам. Планирам да си земам електричен тротинет, само многу ми е страв да го возам, а имам голема потреба....Премногу луѓе за превоз сменав за на работа и смачено ми е веќе. Тротинет е супер идеја, само што сообраќајот е хаос, работното место ми е малку подалеку од градот, не можам постојано да плаќам такси, а истовремено ми е страв да не паднам сред пат или да не ме удри/собери некој со кола...Гледајќи наоколу колку често се случуваат таки работи, а пред неколку години и мене ме удри кола. Не знам како да го надминам стравот.
Здраво на сите! Па бидејќи не најдев друга соодветна тема, тука ќе напишам. Пред да се роди малото, значи бев доста смирена личност, имав толеранција за се. Ама откако се породив почнува се да ми оде на нерви. Детето е веке една година а јас сама го чувам(уште не оде во градинка). Имам доста помош од мм, организираме се кога треба да чистеме дома или ако имам некоја работа да завршам па он го чува. Е сега доста ме нервират коментарите од типот како дете се чувало, па како јас сум го лошо чувала. Па како на ниеден не сум погодила, требало со малото тамо да идеме, кај мојте требало да одеме секој ден (иако не сме у исти град). Трудам се 2/3 пати неделно ама некогаш не можам. Некогаш идам 1 па ме најде кавга. Доста пати им кажам дека ке дојдам а они "е сега ли идеш, нели може утре..." Не знам ни шо да правам, ни како да се однесувам, се е не погодено, се нешто фале. Некогаш си имам мисли дека си имам своја фамилија, дека треба да си гледам дето и сопругот. Едноставно ако можам на друг да помогнам океј ако не ништо. Ама па си мислам колку сум себична само за нас да гледам. Станувам доста нервозна и не гледам никаков излез веке. Почнувам да се гушам со овие работи и некогаш не можам да обрнам доволно внимание на дето. Почнувам да мислам дека пред него се беше океј, а сега...
Еве ти го одговорот. Сама си го даде. И не, не си себична ако си гледаш за твојата примарна фамилија. Ова уште еднаш да не си го помислила. Ради другите идиоти кои све прават за да ти одмогнат место помогнат, ти ќе се потресуваш и ќе мислиш дека детето ти ги создава проблемите? Ај прибери се. Одјеби ги сите кои психички те истоштуваат и уживај во животот со твоите најблиски. Чим помош и поддршка од сопругот имаш, немаш гајле.
Сум видела мајки (и на редовни и на вонредни студии) кои успешно завршија факултет. Ако ти се учи факултет, разгледај си ги опциите и запиши се кога ќе ти е изводливо. Маж ти не е во право. Баш со факултет ќе си ги зголемиш можностите за наоѓање работа, а особено ќе ти треба добро платена ради детето. Само да учиш и да те бива. Туку, малку повеќе да ги отвориш очите. Звучи како маж ти да сака да те укочи, да те затвори дома. Не му дозволувај. Игнорирај ги другите. Да не ти е битно што велат. Излегувај со детето на прошетка. Понекогаш и сама (или со пријателка), а детето нека седи со татко му. Да си оттргнеш мисли.
што кога во домот се конзервативни, мислат ќе го држат девојчето во кафез цело време, иако има 21-22 години, не и дозволуваат да оди некаде, велејќи и дека немала другарки...(за мене се однесува ова) толку ми е срам што ќе полудам, смачено ми е од досадава. Кога пробувам да кажам дека и јас имам право, како и сите останати, што гледам мали деца од 10 години шетаат до полноќ...Јас писателка треба да станам, но озбилно многу ми е тешко сама, не знам каде да го поставам прашањето извинете...
Зошто вакви заостанати размислувања... Па уште и прашуваш кој ќе го чувал. Па кој ќе го чува ако не тие кои му се родители? Не е само еден родител! Не сфаќам, во што е проблемот за некој кој немал можност порано, одложил и сега сака да заврши факултет да не го направи тоа? Немал секој можност са му обезбедат пари од дома за да запише факултет. А дури и да имал можност, не значи дека било вистинска одлука во дадениот момент. Работите се менуваат, а луѓето треба да се адаптираат. Одамна требало да почнеш да се бунтуваш против ова. Сега веќе требало тоа бунтување да има напредни резултати. Разговор е првиот чекор. Често разговарање на оваа тема и не разбирам, зарем некој те заклучил дома па да не можеш да излезеш? 22 години се голема бројка за да си дозволиш да слушаш дека не смееш да излегуваш од дома. Оние кои студирале во други градови (барем поголем дел) веќе на 18 се изелиле од дома за да можат да студираат и овие години веќе оформиле некои навики и се осамостојуваат (секој со своите можности, секако). Ако веќе ништо од ова погоре не помогне, ќе треба да одлучиш дали моменталната ситуација во која се наоѓаш е најдобра за тебе и што ќе се случи ако продолжи да биде вака. За жал не си единствена за кои родителите мислат дека не може и во обид да го заштитат му прават полошо, ама мора да помогнеш и ти со своите постапки за да докажеш дека не е онака како што размислуваат. Не знам како и што правиш ама почни сама да си ги правиш сите работи (мислам на јадење, средување документи и сл) со цел малку посамостојно да делуваш. Ако ништо и од ова не помогне, почни да размислуваш за работа и преселување со цимери или слично.
А да си положиш и да возиш кола. Најпаметно е и за во зима и за во лето. Оти јас планирам тоа да го направам. Пробав со тротинет и на мене ми е страв и не купив, а точак како мала уживав да возам сега и на точак не можам ни да се пуштам, долги години не возење и не можам некој страв имам.
Јас завршив мастер со бебе. Ама треба многу труд и мнооогу поддршка од партнерот што ти ја немаш. Без поддршка од него ништо. Џабе ќе си ги фрлиш парите и ќе си го баталиш на крај факултетот. Разговарај со него и објасни му колку ти е важно тоа. Ти дур учиш, тој ќе треба да ги преземе обрските околу домот и детето што со таков конзервативен партнер значи само кавги и уште повеќе психички товар на мајката односно тебе.