Да мене ми е така и секогаш се прашувам зошто морало вака да биде.Се вртам на друга страна додека сме во таксито ,а тие ми маваат рака. Многу ми е тешко за колку ли убави моменти заедно испуштивме.Исто ми е тешко оти знам дека некои може и последен пат ми мава рака.Можен нема да видам некој до наредно доаѓање.Последен пат не стигнав татко ми да го видам жив .Еве тоа ме боли.За луѓето што ми се се . А знам дека нив им е уште потешко.
Јас пишав потполно те сфаќам што сакаш да и посочиш, да смири малку страсти и да не размислува со емоции, туку со ладна глава, здраворазумски и трезвено. Ама имај во предвид дека станува збор за смрт на мајка и имот лично од мајка и и роднините на мајка и, затоа ете и се раѓа револтот. Спомна некоја членка ако се европејски настроени, иако некако не ми соодветствува терминов, може ако се толку либерте нека засукаат двајцата ракави и заедно спечалат, купат или кренат сопствен дом, па кој сакаат нека го викаат и гостат во него. Во домот од мајка и што им припаѓа законски неа и нему, колку татково има право на глас и збор, толку има и ќеркава и сега за сега таа не сака маќеата да доаѓа на гости таму. Колку што тој сака да ја носи исто со право, оти гледа низ своја призма, толку и таа има право да не ја осеќа за добредојдена таму, исто гледано низ нејзина призма и видиш некако повеќево членки сме на нејзина страна малку повеќе наклонети затоа што сочувствуваме со неа. Емпатијата во нас ни вели дека сепак морално- етички таа е повеќе во право. На крајот од денот сепак секој со својот ум, размислување и животен стил. Можеби и малку да поолабави со емоции и го послуша твојот совет би било супер за сите, ама ете емоциите доминираат над разумот и во вакви ситуации најдобро е спогодбен компромис. На пример ќеркава вели добро тато ќе дојде таа на гости во нашиот дом на два-три саати и толку заминете си, ама јас добивам ова и ова... Се во животот впрочем се сведува на правење компромиси за опстанок на фер односи, а ако нема ниту компромиси, ниту ферска игра следи разделба. Ако се делат и нека се поделат со имотот, си продадат или докупат дел еден од друг и чисти сметки, долга љубов.
Ама коментирај си ти слободно и сите, од кај да знаеме која низ што поминала или блиски и поминале па знае. Затоа се тука различните теми да споделиме различни искуства. На крај не ни мора да си осетила или блиски ти осетиле, секоја личност си има право да сподели свое гледиште и размислување. Да баш истово го велам, споделуваш, читаш, учиш, растеш и се развиваш впивајќи различни мислења и согледувајќи различни перспективи, само не се согласувам дека треба да се осеќаш неповикана да коментираш.
Кога бев во МК една блиска другарка која живее блиску се договаравме за кафе и се немала време, е сега кога не сум во МК секој ден ми пишува кога ќе си дојдам да пиеме кафе, не сме се виделе. Ама јас не ќутам, и' кажав " како баш сега кога не сум таму ти текна кафе да пиеме". Се правда немала време и сега кога не сум таму наеднаш има време. А бе ајдееее... А кога и' требав секој ден доаѓаше кај мене, и тогаш работеше и беше мажена, само изговори, ништо друго.
Epten dobar sovet mi dade hahaha Ako tolku te interesira kukjata e moja. Ama ne mi e I do kukjata, sekako imam uste edna od strana na maz mi I prazen stan na raspolaganje. Znaci ima nesto so se vika oset. Ama ti mirisas od daleku na bezveze. Tatko mi kolku da me nervira me saka najmnogu na svet, I jas isto. Nikoj nikogo nema da ispade, bez gajle A mozebi imas uloga na makea pa vaka dobro stom objasnuvas. Kako I da e fala vi na site
Ако била твоја тогаш клучот на врата и проблемот ќе беше лесен, нема да ти иди во твојот дом. Не те нервира тој тебе него ти него, шо не можи да си го живее животот како шо треба секој да си го проживее, ама кој да ти докажи ти си знаеш се.
Три години се во врска тоа не е малце, ниту пак врската е безвезе. Најверојатно оди кон брак и покрај притисокот шо го прави ќерката. Тие заедно ја граделе куќата и не можеме да кажеме кој како допринесол во трошоците и колку работел за да живеат некако, затоа нема мое твое во брак е заедничко, шо после смртта останува на едниот ако се откажале децата. И не можиме да знаеме шо е вистина кога вели е нејзина куќата тогаш може да се реши проблемот околу тоа тие да не доаѓаат таму. Ама мислам дека не може да ги делиш и разделиш и не знам и за прослави и се да го исклучиш едниот, тогаш треба и двајцата оти ако продолжи ни таткото нема да доаѓа, ако не смири страсти како шо велиш.
Убаво пишав, разумен компромис, кога ќе и спласнат емоциите, кога и дали некогаш... На крајот секој со својот ум, размислувања и начин на живот. За тоа со куќата сосем се согласувам истото го велам се дели помеѓу живиот партнер независно дали е сопругот или сопругата жив и детето или децата ако се повеќе. Така што во таа куќа дел имаат таткото и ќерката. Затоа на крај реков ако не иде со разум, поточно разумен компромис нека си седнат, си се договорат кој кому ќе му го отплати или не мора отплати, еве и опрости, подари делот, нивна работа на крајот и сите раат, мирни и спокојни. Како што разбрав таа- маќеата има живеалиште друго од каде што живеела со нејзиниот сопруг па таму ги гости или кани ќеркава и нивните роднини па нека си го нагости и викне партнерот, кој ако си се земат ќе си е домазетко. Нивна работа, уствари. Поентата е во куќата дел им следи и неа и нему и право на збор и избор што и како околу домот имаат таа и тој и утреден ако ја озваничи заедницата со маќеата во брак и таа како негов следен партнер и идните деца ако ги планираат да ги имаат. Тоа е се' околу потесно и пошироко проширените сегашни или идни семесјтва, накратко.
Ништо во овој мој живот не ми е дадено по лични или на мои блиски заслуги, купено, подарено. Ништо не ми е од небо паднато. За се', буквално и за најмалото тровче што ми паѓа кога грицкам нешто сама сум се борела и изборила гребејќи со сета сила и нокти до последно. Се' што сум стекнала и имам е резултат на мој личен напор, милиони напрегања, вложувања, согорувања на секој слободен атом вишок енергија во мене, се'. И се гордеам со тоа, цврсто стојам на тло и не зависам од никому. Секому можам достоинствено и со почит да му погледнам в очи ако и тој или таа така гледа на мене или да замижам или свртам глава кога е се обратно од наведеното. Јас живеам за себеси, јас самата лично си го одбирам и трасирам мојот пат и сега за сега одлично ми оди. И понатаму ќе биде се во ред, бидејќи и да не е и се сопнам од некое мало камче или огромна карпа, нема да ми биде ништо. Ќе станам и се исправам уште посилна од претходно и гордо ќе си продолжам по патот со уште едно ново и совладано искуство или лекција. Колку камчиња и карпи имаше само досега, само ме ојачаа и научија да се ценам повеќе себеси и секој вложен труд во тоа, едно тоа што го креирам, замислувам и полека малку по малку му давам лик и облик на нешто многу блиско, нешто многу познато налик на...
горе доле и мене вака ми помина годинава. Клиентите што ги имав минатата год. испарија, другиве кроз годинава исто ко кај тебе, некако нешто ќе се случи и нема да бидне соработка, се што работев на страна исчезна (а кога сме веќе за социјал медиа ќе ти пишам порака)
Колку само некогаш еден ден ,еден момент, може да Ви го смени животот. Ах да се вратат тие денови, таа јас, толку изморена а полна со енергија. И сфаќаш дека ништо не е поважно од здравјето. Од сега, секој ден во страв, секое утро предизвик Секоја ноќ прашање, ќе се повтори ли и утре истото... И кога мислиш дека пливаш со брановите, телото многу добро ги памти тие бранови И тој момент, кога во очај само клекнуваш на колена и се молиш, оти не знаеш како поинаку.
Ne e problemot resen ako go stavis klucot na vrata. Toa e uste pogolem problem. Nikogas ne bi ja zatvorila kukjata za tatko mi.
Mnogu razumno razmisluvas, no najmalku stanuva zbor za podelba na kukji I imoti. Poveke se raboti za oset I dostoinstvo. Poentata bese deka nesakam da kanam nekogo vo imot na majka mi, makar bila Angelina Jolie. Kolku I da sum sebicna. A sto ke se sluci nekoj den neznam. Btw, nejkaat da se vencat radi drugi pricini, a deca nemozat da imat zasto se 60plus.
Никаде не си згрешил, добрината која ја правиме секогаш се враќа, само не секогаш во таква форма каква што ние очекуваме, и од тие луѓе од кои очекуваме, и во периодот кога ние очекуваме. Понекогаш добро е да видиш со кого си имаш работа, колку и да е болно во моментот..и на време да се дистанцираш од тие што не те вреднуваат. Само трпеливост, верба, надеж и се ќе си дојде на свое место.
Јас се убаво те разбрав, затоа и така сфаќаш дека разумно размислувам бидејќи е навистина така. И јас како и повеќево членки спомнав погоре превагнуваме повеќе кон твојата страна бидејќи емпатијата во нас не тера да сочувствуваме повеќе со тебе. За поделбата спомнав на крај на краиштата ако не се може понатаму вака, затоа и спомнав не е до парите да откупите, нека се подари, отстапи за раат во куќа. За тоа дека ти е одбивна те разбираме многу членки од темава, само неколку се обидоа да те насочат да гледаш и од негова перспектива низ која тој бидејќи си ја засакал неа сака на тебе и роднините да ви ја пласира. Е сега како што ја опишуваш каква е, тебе не ти чини, а и да би била совршена мислам пак не би ти чинела, оти го валка споменот на мајка ти сакајќи да ви се натури во куќата. Види комплицирано е бидејќи и ти и татко ти си гледате само од своја перспектива и не наоѓате заеднички јазик и разумен компромис. Спомнав што подразбирам под тоа разумен компромис, да тато ќе дојде тука на саат или два со тебе и ќе си заминете во вашето живеалиште ама јас добивам ова и ова...што си сакаш ќе си побараш.
Утре ден петти октомври, јас ќе славам, а душата ќе ми се пара за тебе. За тебе и оној октомври, за нашето последно видување и асален разговор како зрели и разбрани индивидуи. Еднаш и никогаш повеќе, а имавме многу да си кажеме, ама некогаш е поубаво молкот и тишината да покријат се што некогаш беше зборлесто, радосно, изворно живоносно...
Денес беше прекрасен ден, прославата топ. Него не беше до толку и само до тоа, туку ми приредија сосем непознати личности такво изненадување што не го ни помислив на крај памет, камо ли да го очекувам. И ме извадија од патики, ова на позитивен начин е напишано за вадењето. И да со право се уште верувам во добрината на човештвото. Знам дека не е убаво да си идеалист, ама ете посилно е тоа од мене и овој ден се покажа на дело дека сепак убаво е да се сонува со отворени очи, бидејќи соништата навистина понекогаш и се остваруваат. И да ден сабота го пропуштив како ден за благодарност па ќе отиде таа во недела, а и така си ветив себеси и си планирав или саб. или нед. да ми се денови за заблагодарување некому. Епа ви благодарам на сите вам што ептен пријатно ме изненадивте.
Многу не убаво чувство денес т.е. вчера доживеавме со ќерка ми. Се собрале другарките и решиле да и се скараат, иако ништо лошо нема направено. Се чудам од кај толку злоба и таков вокабулар од деца на 13 год. Правње на вибер групи и оговарање, без ништо направено. Страшна работа што се се случува во училиштата, на што се спремни некои деца. Измислување на работи и муабети кои никогаш не се алучиле. На ова време изгледа децава ќе немаат вистински другарки и другари. Родителите уште и силни, безобразни и дрски. Ама се надевам дека доброто ќе го победи злото
Мака ми е, око не сум склопила цела ноќ. На многу прашања не можам да си дадам одговор, ме јадат одвнатре. Чувствувам немир константно, иако сега би требало веќе да се опуштам барем малку. Како ништо да не ми иде. Душата не ми е раат.