Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. potatoface

    potatoface Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2020
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Се плашам да ги изгубам родителите. Сме се карале и не биле секогаш добри кон мене, ни јас кон нив, но на крајот тие се оние кои секогаш биле тука за мене. Секој ден си плачам кога ќе помислам дека еден ден нема да се тука. Мислам дека нема да можам тој ден да го преживеам.
    Многу ги сакам и сум среќна што се мои и се гордеам со нив и се надевам дека еден ден и тие ќе се гордеат со мене.
     
    На Mumoftwo30, Istata od vcera, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на тебе (знаеш за што).
    Сум ти била благодарана 1000 год. наназад и ќе ти бидам уште 1000 нови, и уште повеќе до крајот на вечноста.


    И голема благодарност на сите што повеќе не се меѓу нас, живите, ама живеат во нашите спомени, а на ваков или онаков начин придонеле денес да сме тоа што сме (за тоа што сум и која сум јас).
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    281
    Пред неколку години кога бев 17 ја изгубив мојата најдобра пријателка со која сум била во сите мои средношколски ситуации. Кога раскажувам за некои случки мора да ја спомнам и неа. Поминаа скоро 3 години како веќе не се дружиме и уште ме душата боли. Мислам дека никогаш во животот нема да најдам пријателка како неа, која и да ми е другарка никоја нема да е како неа. Се разделивме бидејќи таа упадна у многу токсична врска и ја раздели од целиот свет. Цели 2 години само беше со него и со никој друг. Евентуално раскинаа поради нејзини студии во странство. Сега сме со нејзниот бивш заедно на факултет и заедно на вежби. Не можам да ви опишам каква омраза чувствувам спрема тој психопатски манипулатор. Иако знам дека и она е крива што си дозволи воопшто такво нешто но, од толку добро девојче,весело и друштвено направи да помине цели 2 години само со една личност.
    Секогаш кога ја видам на слика или во град како да имам тежина на душата затоа што ми фали. Колку и да сум гневна на неа поради тоа што отфрли се само за да биде со една личност пак ми фали и пак сакам да разговарам во некои ситуации со неа. Мислам дека таа највеќе ме разбираше и најдобрите моменти во средно ми се само со неа. Јас и сега имам другарки и сум благодарна што ги имам но, никој никогаш нема да ја замени неа.
     
    На Mumoftwo30 и Istata od vcera им се допаѓа ова.
  4. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Се што ни се случува треба да го гледаме од позитивната страна. Далеку од тоа што не треба да гледаме позитивно на тоа што некој ќе ни се исповеда односно пофали што краделе кајсии како деца, седеле во училишниот двор до доцните вечерни часови и јаделе штотуку печен бурек еден часот по полноќ само што изваден од рерна. Мене ме фаќа страв од такви деликвенти изјави а, не пак да се фалам. Има една изрека за тоа што фалбата е 'рѓа. Не знам во што е штосот со таквите простачки изјави. Мислам подобро е да се зборува за есента. За нешто што човекот не може и не знае како да си го објасни. Нешто што противречи во поентата и толкувањето. Првото можеби е поинтересно затоа.
    И така годините си минуваат и си земаат замав. Времето си лета.
     
    На halfasoul му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Наназад многу години порано, многу се нервирав што немам деца. Сите околу мене се омажија оженија, другарките родија деца и зафатени се со нивното растење и чување. Викав по дома ми велеа "полиција ќе викнеме, ѕвонете на брза помош"...само ми оддекнуваше во ушите...многу ми беше лошо. Отсуствував од работа и морав да напуштам. Потоа почнав да менувам фирми но, приватните газди нон-стоп ме избркуваа не знам од што не сакаа ли пари да дадат велеа не сум работела како тие што сакале и очекувале. Некаде каде што барав работа не ме ни повикуваа не знам зошто исто така. И така многу долго време. Кога ќе каже проблемот ми е што јас не сум во тој свет на деца и внуци во којшто никој не е свесен што не сум ми велеа прво дечко требало да фатам па, момче па дури потоа деца да сум имала. Мене сето тоа некако не ми беше јасно и искрено не ги сметав ни другите за здрави како и самата себе. Но, некако последниве неколку месеци како да ми здодеа мојата ситуација , годините на репродуктивен период полека, полека но, сигурно изминуваат се смирив. Сестра ми се омажи па, сега ако животот не е триста шеесет и пет дена радост и смеа но, има убави денови. Почнав и физичка болка да чувствувам во половината но, тоа сега е минато. И онака не се чувствувам баш најдобро. На работа не ми беше погодено со колеги. Се лоши нешто некако. И така.
     
    Последна измена: 4 ноември 2024
    На Oriental, christinnn, Istata od vcera и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Долго време носам осаменост во мене и немам на кого да се искажам. Бев најголем people pleaser поголемиот дел од мојот живот. Се лажев дека сум исполнета додека удоволував на сите. Се трудев да ги слушам родителите, да бидам добра другарка, девојка. Денес имам исцрпувачки страв и анксиозност поврзана со мислата дека можам да ги изгубам родителите. Не се одговорни за сопственото здравје, и се имаат запоставено себе си со години наназад. Ова ме вади од такт, а не можам ништо да сторам, тоа си е нивен живот. Они се единствените луѓе по чии правила сум живеела, но ми било возвратено назад и мислеле несебично за мое добро. Како растев бев дружељубива и се опкружував со другарки, но секогаш јас бев свртена кон нив - да ги ислушам нивните дилеми, да излезам каде што тие сакаат. Фатив дечко и секогаш се се врти околу него. Јас никогаш ниедна тегоба не сум споделила со жива душа, сум мислела дека нема да ме сфатат. Почнав да одам на психолог, пробав неколку пати и реков ајде професионалци се, но многу ми е скапо и не ми закажуваа редовни сесии.
    Во короната не излегов од дома и ги изгубив сите другарки - додека тие се собираа на седенки по викендички, јас се тресев да не се разболиме дома. За брзо сфатив дека моментот кога не сум актуелна и не одам на собиранките т.е не сум во тек, сум изоставена и никој нема да ми се јави. Просто веќе не сум им интересна. После пандемијата, пробав многу пати да се реконектирам, да излезам на кафе, но едноставно патиштата ни се раздвоиле. Не сум имала прилика да запознаам нови другарки.
    Дечко ми не ме разбира. Немам рутина во моите денови. Оддалечена сум од моите амбиции - ми делуваат бесмислено. Никој не би претпоставил како се чуствувам - милион грижи од кои не гледам излез и тапкам во место. Се надевам ќе биде подобро.
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    281
    Морам тука да ја раскажам ситуацијата која што ми се случи летоска.
    Мислам дека не е за олеснување на душа туку за искажување дека не со секој се оди на одмор.
    Имено, 4 другарки сме, се дружиме 3 од деца од прво одделение а со четвртата се знаеме од деца ама пред некои да кажеме 2 години оформивме контакт и се интензивно дружиме.
    Се договоривме летово ќе одиме на одмор, односно веќе помина летото сма добро нема врска. Избравме град, место, се. Прв ден доагаме на плажа се океј некако се трпи, вториот ден едната добива и не може да се капи во морето што нели е оправдано. После 2 дена добива и другатс и таа исто не може да се капи во морето. Третата другарка со која се дружиме некои можеби 2 години не и е ништо и одбива да оди на плажа. Првите 2 не одат на плажа од оправдани причини, третата не оди на плажа оти не и се оди. Јас останувам сама на плажата и секој ден сум сама. Двете другарки што имаат добиено се менуваат по 2-3 саати за да седат со мене на плажа што немаа реално никаква потреба тоа да го прават и сум им благодарна.
    Е сега, замислете си да мразите снег, зимо и ниско температури и логично дека за вас не би било погодно да одите на зимување, така? Зошто го кажувам ова? Епа затоа што кога ја прашаш третата другарка која е причината поради која таа не оди на плажа - одговорот - нејќам море и плажи, мразам жешко време. Така да таа помина цел ден во апартман цел одмор и се цело време противеше зошто излегуваме во 9:30-10:00 часот навечер оти таа немала што да прави по цели денови оти нели не дека сме дојдени на море и секој нормален човек оди и ужива на плажа читајќи книга и разговарајќи, било што.
    Сега кога нешто правиме муабет за дестинации кои сакаме во текот на животот да ги посетиме тас вели како едвај чека да оди на летовање на што јас ја прашувам “ за да седиш во соба сакаш на летовање?” таа тука се налути и признавам беше безобразно од моја страна ама стварно ден денеска не ја разбирам поентата на одење на летовање кога мразиш плажа,море и сонце и не ја разбирам потребата и како не и беше срам да ѓи гледа двете другарки како одат со мене на плажа а таа седи такс во соба оставајќи ги нив да “вријат” на плажата.
    П.С. во ни еден момент не побарав да одат со мене на плажа, јас можев сосема сама да одам, тие беа свесни и имаа совест дека ќе ме остават сама и затоа со договор се менуваа, јас тражев од дотичната што мрази море,плажа и сонце а дошла на летовање да доваѓа со мене на плажа. Толку.
     
    На NoirSerpentine, Istata od vcera и MeowMeow им се допаѓа ова.
  8. Sinisa123

    Sinisa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    175
    После толку месеци во Загреб се вратив вчера во Македонија. Во сабота цимерот дали беше пијан или дрогиран цимерот почна да се расправа со мене без причина отиде до кујната го зеде ножот и малку ме пресече на ногата, отиде цимерот во купатилото и јас излегов надвор веќе беше недела после полноќ отидов до најблискиот сосед да викне брза помош и полиција и повика соседот, дојде брза помош и полицијата го приведоа цимерот мене ме однесоа во болница се јавив во фирмата уште наутро да кажам што се случило. Пола ден бев во полицијата да дадам изјава, што се случило, од работа ми најдоа привремен смештај и мислев дека се спасив и ќе си останам во Загреб. Во Понеделник (вчера) дојдоа во смештајот од фирмата и ми дадоа отказно решение, ме одјавиле од полицијата за смештај, оти сум го пријавил цимерот во полиција, а не сум требало да го пријавам во полицијата, само требало да сум пријавил на нив оти кога сум го пријавил во полиција сум им го уништил угледот на фирмата. И вчера полека се спакував и се вратив назад во Македонија.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    281
    Значи некој кога ќе умре и кога ќе го утепааѕ тогаш треба да се пријавува во полиција? До тогаш угледот е најважен. Боже сачувај
     
    На Anyshka, GirlLove, potatoface и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Sinisa123

    Sinisa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    175

    Да. дојдеа од фирмата ме известија дека работниот однос ми се прекинал и дека немам ни смештај ништо и дека сум одјавен од полицијата за смештај, требало лично на фирмата да се јавам да пријавам, а не во полиција. Јас можам да се вратам во Хр повторно, ама тој нема шанси да се врати во Хр повторно оти кога го пријавив во полицијата му направија досије во полицијата и на суд бевме. Само не знам како може да си ја земам пресудата од судот, кога сум во Мкд
     
  11. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    281
    Тоа не знам да ти помогнам во правна смисла. Само знам дека овој живот носи гадни моменти. Навистина мислам дека Хрватска за џабе е во Евеопска Унија кога си работи според старите балкански принципи, односно што ќе кажат другите и каков углед имаме. Сигурно да си бил “нечии” син твојата приказна ќе завршила поинаку ама за жал тоа е.
     
    На Anyshka и GirlLove им се допаѓа ова.
  12. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Нон-стоп ми викаат сите околу мене ништо не сум слушала не сум го следела муабетот, ме викаат "буца". Се ми викаат како нема што да ме прават. А, јас што да правам? Со сето тоа? Патем, имам проблеми со дебелината. Дебела сум. Не велам и висината игра улога и, матичниот гинеколог ми рече требало да ослабнам дваесет килограми и се ќе се среди со мене. Од причина што пред короната ми се случи да крварам три месеци без прекин и морав да побарам медицинска помош. Кога ги видам излезени со друштво јадат пијат по пицерии и ресторани јас не смеам залаче во уста да ставам оти одма се зафаќа за мене односно се претвара во маснотии. Божем се трудам да спортувам да пешачам, да имам физичка активност ама ништо. Многу јадам. Немам видлив резултат. Сега во последно време сум на диета и јадам само овошје и зеленчук и верувам ќе ги намалам вишокот килограми. Наутро само јадам леб оти пијам лекарства.
     
    На Mumoftwo30, Manako2 и GirlLove им се допаѓа ова.
  13. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Постојат многу други задоволства и убавини во животот освен храната, така што ако ти е досадно, јави се на некој близок, разговарај по тел или излези прошетај наместо да јадеш неконтролирано. Најди си хоби, посвети се на тоа место грицкање нешто нон стоп. На сите ни се јаде и пица и слатки ама одговорност кон себе (и индиректно кон своите најблиски е да се има мерка). Има жени што ослабеле и повеќе од 20 кг погледни за мотивација дека се е возможно, телото е фер - чиста математика calories in vs calories out. Сакај го своето тело, тоа ти е единствено тело што го имаш и негувај го со љубов. Под негување подразбирам здрави намирници, нутритивно богата и непроцесирана храна и намален внес на рафинирани шеќери. Ако ти е проблем да готвиш секој ден, прави meal preps однапред. Наместо да испробуваш рандом диети, фокусирај се на балансиран, одржлив пристап. Овошје и зеленчук се супер, лебот е ок во умерени дози, ама здрави масти и протеини се must и му требаат на твоето тело дури и кога слабееш. Заради нагло изгладнување и недостатоци во нутриентите доаѓа до прерано откажување или пак јојо ефект при диети. Не знам која висина, возраст, тежина си, но со 20 кг вишок барем првите 10-15 се симнуваат лесно (без броење на калории - а за после ќе ти треба една кујнска вага), до умот е да се убедиш.
    *Исто така перфекционистичкиот пристап се или ништо ("од денес не каснувам ништо нездраво до крај на живот") не функционира! Ако ти се јаде некоја твоја омилена храна дозволи си ја 1-2 пати неделно.
     
    На Alizée10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Благодарам за советите и размислувањата а, од утре сигурно еднаш до двапати неделно ќе си дозволам и нешто омилено од моите јадења а, тоа е сендвич од една блиска сендвичарница што ја имаме во градот. Газдарицата ми е идол и затоа кога купувам сендвич купувам од таму за да и направам промет а и убави се и се исплаќаат. Инаку човек треба да си биде сам свој лекар. Не треба да си дозволи да се нервира за глупости. Ќе побарам на јутјуб и за непроцесираната храна и подготовките за оброци. Вежбам на отворено во природа со љубов кон чистиот воздух, слободата, сонцето, водата, планината...
     
    На ecotte12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.953
    Допаѓања:
    15.948
    Пол:
    Женски
    Искрено, не можам повеќе, се трудам и психички и ментално не издржувам.... До тој степен што се разболив.

    Кажете некоја работа кај што толку нема психичко замарање.


    Сакам бар месец дена, можи два, да одморам од се и секого и нов живот да почнам.....
     
    На halfasoul му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    4.028
    Пол:
    Женски
    Тоа е,животот е едноставен ама ние луѓето го комплицираме
     
    На NoirSerpentine, GirlLove и Bratot им се допаѓа ова.
  17. jasjasjas3

    jasjasjas3 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали би се дружеле со другарка која искрено не заслужила да биде ваша другарка, онака површно само за излегување , од шо немам со кој досадно ми е сама дома, па морам со неа… ?
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Да, јас имам една таква. Само за излегувања се дружиме и топ ни е онака лабаво.
     
    На GlamG му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.180
    Допаѓања:
    13.002
    Пол:
    Женски
    Јас лично не, зашто не треба да правам работи кои вклучуваат збор мора. Ако морам нешто, тоа значи дека се форсирам.
     
    На sino.o.oka и Youknow им се допаѓа ова.
  20. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    281
    Лично да, не мора со секој што се знам или дружам да ми е близок и 100% да му верувам. Некои пријатели се за на факултет, за на диско, за ручек ,а некои се за сите твои моменти во твојот живот и тие на една рака не се бројат.
    Не може да имаш и да се знаеш само со 3 луѓе затоа што некој има друго верување од тебе или едноставно не е човек од доверба. Ако не е човек од доверба ќе зборуваш за твојор омилен парфем , за ташни , за времето , има милион и една тема. Затоа што знам многу луѓе кои едноставно не можат ништо за себе да задржат ама вака површно немаат зла намера и не се лоши, само устата им многу работи и функционираат на тертипот што на ум то на друм.
    Е сега, зависи што мислиш под тоа не ти е искрена другарка? Искрена другарка не ти е таа што ти оди со дечко ти позади грб? Секогаш има исклучоци, ама ако е за онака за кафе, факс, диско јас би се дружила, ем ширам познанства ем имам со кој 2 реда муабет да направам.
    Јас имам една другарка со која што одам само на диско и ни јас нити она знае нешто за мене или јас за неа па најубавите излегувања ми се со неа и ми е топ кога сум со неа, не секој во животот ти е ветен да ти биде најдобра другарка и да ти стане дел од твоето секојдневие и интима.
    Само гледам тие што ми се такви пријатели да ми одговараат,ако не ми одговара воошто ни по карактер ни по апсолутно ништо тогаш не се дружам со таа личност туку само направам 5 редс муабет кога ќе ја сретнам чисто од култура ама никогаш не ја повикувам на кафе, едноставно ништо не ми одговара во врска со неа и не можам 1 убава работа да набројам.
     
    На Maca Macka, NoirSerpentine, Peperutka17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.