Сабота или недела ми е како ден за изразување на благодарност, затоа сакам да заблагодарам на една личност што долго време ја немам видено, а ми ги отвори очите за убавините и моќта на природата и за важноста на редовното трчање во природа . Ме поттикна и мотивира да пробам и видам дека можам, да трчам од крај до крај. И така денес како се имам изнатрчано охохоооо, нема лабаво кај мене Туку покрај тоа што дојдов да напишам благодарност дополнително дојдов да ви предложам нешто. Да излезете и прошетате деновиве, природата е облечена во есенско руво. Прекрасно е се наоколу во разнолики бои. Прошетајте по можност во најблиската околна шума или ако немате шума било кој парк. Изгубете се помеѓу дрвјата и нивните високи стебла и пуштете си ја на глас мој предлог е Kyrie Eleison. Јас најчесто ја слушам во овие две варијанти: или Молчете, слушајте, шетајте помеѓу стеблата и ќе ја осетите боженствената сила на природата. Не мора и да верувате во таа сила или во било што, само послушајте, прошетајте се и опуштете се. Осетете го спокојот и мирот во природата и погледнете ја нејзината есенска убавина.
Многу промени ми се случија во животов во последниве години, ама ако треба да истакнам една тоа е што постигнав нешто што ни на крај памет не ми се појавуваше ниту како мисла, е не како појава или како поим дека го можам. Да сум го можела, се уверив самата јас во тоа и сите што посведочија на промената. Денес со горда блага насмевка и многу љубов гледам кон себеси, кон сите, дури и кон зрнцето прашинче на кое налетувам по патот по кој темелно и пополека газам секојдневно и си трасирам траекторија на движење за себеси и за сите сегашни и за идните што ќе дојадат и поминат по неа. Ако се прашам себеси дали беше лесно? Не воопшто не беше и пак ќе биде тешко, ама знам дека можам, можам сама да пребродам се. Можам сите бури во мене да ги смирам со еден нежен тивко изговорен збор, со еден топол поглед полн со љубов...пишувам и не ми се верува, дека јас го пишувам ова, но не до толку што јас пишувам туку за содржината на пишаното, дека успеав. Сега пишувам за да споеделам, за да знам, за да се потсетам од кој и крај на земјинава топка кога ќе пристапам на оваа тема, да знам што постигнав. Ете така во една студена ноемриска неделна ноќ една душа споделува сведоштво за тоа како од изгубените повторно се пронајде себеси. Пред да заспијам сега знам и да ме нема, немам за што да се пожалам или жалам, комплетно сум реализирана, исполнета и задоволна со тоа која сум и што направив. И кога ќе ми текне која ми беше појдовната точка, а каде сум сега, немам зборови точно да опишам што чувствувам, само посакувам сите барем еднаш во животот да ги вивне во височини тоа чувство на едноставна леснотија во постоењето, во живеењето.
Во иста ситуација сум, со скоро сите се раздалечив за сега само со уште една другарка да излегувам, криво ми е да прекинам контакт затоа што имаме мн поминато заедно, ама фактор ми е и стравот дека ќе останам скроз сама. А реално таа повеќе не е тука за мене, не дека ми згрешила нешто, ама конекцијата ни е некако избледена и таа повеќе и не е баш заинтересирана за мојот живот воопшто, па пријателството ми делува еднострано. Јас од друга страна сум била вложена за нејзините проблеми и до ден денес ако нешто сподели со мене секогаш сум тука за неа, но таа искрено ме има разочарано пред некое време кога сфатив дека при било каква криза кај мене таа испарува, ја нема ни да се јави са праша како сум. Не ми беше сеедно за нашиот однос, но со тек на време се навикнав, престанав да имам доверба за било што да споделам и сега ја барам кога стварно имам потреба од социјализација, да испиеме по некое кафе и да правиме површен бош муабет за шопинг, фризери, кај имало концерт последно, и такви разговори чисто "информативни". Лично, стварно не ми одговара ова затоа што после секое кафе се осеќам уште по осамено, милион работи ми лежат на срце и ми тежат на глава, имам потреба да се искажам, а со некогашната најдругарка сега имаме муабет на ниво на некои стари познанички без никаква подлабока конекција... сепак се уште не сум се одлучила да променам нешто, како што кажав немам храброст да останам скроз сама.
Топ работиче, си чистиш, си молчиш и бркаш работа и никој не те замара. Често по фирмиве чистат после тековно работно време па не ги ни начекуваат вработените. Чистачкава кај мене во фирма сама си работи, никој не ја замара. Не.
Ама ова твоево е друго. Ти имаш некое очекување од другарката за тоа како треба да изгледа вашиот однос и дека сакаш подлабоко да се поврзеш со неа, па и да си споделувате и приватни работи. Тогаш јас да сум на твое место не би се дружела со неа. Ама кога немаш никакви очекувања од другарката и излегувате само да си направите бош муабет, да смените околина и двете е тоа е веќе друг муабет. Јас кажав погоре дека имам таква другарка и супер ни е на двете бидејќи немаме големи очекувања за пријателството туку онака лабаво си се дружиме чат пат.
Денеска полагав колоквиум анатомија. Имено, бруцош, прва година, од дентална медицина бил грешно известен за полагањето анатомија на дентална. Мислел дека е во една просторија но, на крајот испадна дека е во сосем трета. Односно да посочам, кога влегов на полагање, детето влезе и праша каде е колоквиумот анатомика за дентална медицина, асистентот му објасни дека ова се простории на општа медицина и дека тука полагаме ние. По извесно време мојот колоквиум заврши и детето го видов како седи уште на клупа и чека. Нешто во мене ми кажа да дојдам до него и да му помогнам на било кој начин затоа што разбирам дека е бруцош и дека може да е загуби плус кампусот не е ни мал. Кога дојдов до него, видно растресен и видно вознемирен што ќе го пропушти колоквиумот анатомија, го прашав зошто не нашол каде да полага и тој ми рече дека е изгубен и декс не знае ниту каде се амфитеатрите ниту каде се другите асистенти а немал ни колеги толку блиски за да контактира со нив, немал повратен одговор на пораката во генерациската група и на известувањето напишано од асистентите пишуба колоквиум на дентална медицина во 12h ама во просториите каде полагаме ние општа, што не е возможно да е така. Толку ми падна жал и јас го посочив каде да оди и во еден момент една колешка излегува и вика по него дали бил тој што не знаел каде да полага и дека го бараат , толкаба среќа имаше на неговото лице што мене ми се насмеа душата затоа што се ставив на негово место. Сите сме биле бруцоши и сите сме биле загубени. Другарката / колешката ми замери зошто сум “трчала” по некој што е изгубен во просторот и времето и како таа никогаш немала да му помогне. Еве не знам, јас никогаш не сум била таква, едноставно никогаш. Да видам човек на улица како се мачи, ќе му помогнам. Никогаш нема да бидам рамнодушна, дури и спрема странец. Сите сме биле во животот изгубени и не сме знаеле каде одиме, но со текот на времето сме де научиле. Така е и со ова дете, ќе се снајде, треба некој да го усмери каде да оди. Ни јас не сум знаела и јас сум се губела но, среќа па сум снаодлива ама не секој е снаодлив. На некој луѓе им треба малку поголема помош и тоа воопшто не е срамно, не секој е силен карактер и не секој знае како да изреагира во секој момент. Сите прв пат живееме и утки се прават.
Kolku ubav post i zivotna prikazna polna pozitiva.Ako sakas spodeli konretno za ubavinata sto ti se slucila vo posledno vreme.Pretostavuvam si ja nasla vistinskata licnost .Obicno ovde vo temava se poveke negativni iskustva.
Lošo vreme loši lugje naokolu zavidlivi zlobni pakosni koristoljubivi ne znam so da kažam točno da pozavideš na toj što umrel, u pm vekje od site.
Денес дознав дека една личност за која имам негативно мислење и да не кажам дека кога сум во нејзино присуство се чувствам неудобно аплицирала за работа во фирмата каде што работам јас.. Не сум злобна, ама не би сакала секој ден да ја гледам, и сакам да не ја примат, има толку многу фирми, мора ли баш на истото место каде што сум јас да работи, нека оди таму нека работи на друго место малку ли има фирми, па уште и ист сектор, подалеку од мене..
Точно такви времиња дојдоа и такви луѓе донесоа со нив, ама не се фокусирај на негативноста ќе те јаде од внатре и полни со исто. Тој што завидува на починат, свака му част, не биди ти тој, јас... Сепак те сфаќам што сакаш да пишеш како демек се спасил од жививе, ама тој што размислува така не е во право. Животот е навистина прекрасен.
Прво не знаеш дали ќе ја примат воопшто. Јас пак во слична ситуација се имам толку многу израдувано дека обратно од тебе имав позитивно мислење за неа, па ми се одби од глава. Ми работеше зад грб не за се, за едно нешто поради кое и ден денешен не и е прифатен френд риквес од неа кон мене на фб, едноставно избришана ми е од живите. За твојов случај ако ја вработат, па пак не гледај негативно, пред се имаш оформено слика за неа, не ти е нова па да мораш да ја запознаваш. Си имаш некоја претстава каква е и ќе си комуницирате ладно, официјално, само во склоп на работата и ако не сакаш повеќе културно ќе и ставиш до знаење. Ама ако ја вработат, почекај па види Те сфаќам, така се чувствуваш моментално.
Мене ми е убаво на работа, имам пријатна работна атмосфера, позитивни колеги, не би сакала таа слика да си ја нарушам со тоа што меѓу сите нив ќе има човек што не сакам да го гледам и да комуницирам со него, за тоа ми е највеќе, не можам во таа слика што ја имам за нашата атмосфера во канцеларија секој ден да вклопам лик како неа.. Идеално би било да не ја примат, ама ќе видиме..
Јас те разбирам затоа што сум го осетила и слично, дури и исто, ама и во случај да ја примат, не и обрнувај толку внимание. Колку повеќе ќе и се фокусираш толку ќе се дистанцираш од твоите работни задачи и ќе си ја гнасиш убавата работна атмосфера. Остај другите да ја проценат, можеби па и се сменила па и тебе да те изненади, ама ако имате како колектив исти или слични сфаќања и гледишта и високи работни етики и стандарди ако таа не ги задоволи би имале исто доживување и другите за неа како и ти, па за се друго чр службата би се прогрижиле да проработи или за друго нешто ќе се најдат.
Денес ми беше тежок и напорен работниот ден, а и времето си повлијае и си го направи своето. Се прибрав ручав и легнав и не се разбудив некаде до кај 22 часот и сега ќе бидам трета смена. Јас и бувовите, вечито будни, тие сме.
Знам дека ме гледаш таму одозгора и знам дека знаеш дека станав исто ако не и подобра од тебе во она нашето. Многу ми фалиш до мене, ама знаеш и гледаш дека доаѓам се поблиску до тебе таму во височините. Јас станав ти, ти отсекогаш беше јас. Ти благодарам за се што стори за мене и се некако имам чувство, а се се надевам дека не е лажно, дека уште правиш. Само би ти побарала потруди се малку повеќе за едно нешто, пушти од твојата среќичка во вреќичка. Ќе ми значи најмногу на свет и кога ќе ме пронајде среќичката ќе знам ти ми ја прати таму од горе. Ох многу недостасуваш...