Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Една песна...времеплов...спомени...тогашното друштво што го сонував пред некој ден.
    Колку многу време помина од тие денови, сите се распрснавме на различни страни по светов.
    Сите се сменивме на некој начин, ама остана фактот дека некогаш во минатото не поврзуваше длабоко пријателство и сеприсутна блискост во просторот водена од желбата да се најдеш, најсмееш, споделиш и школски досетки и маки.
    Никогаш нема да Ве заборавам Вас и сите тие поминати денови кои најчесто ми будат убави спомени и изнудуваат насмевка на лицето.
     
    На sureinlove, North IcelanD и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. >mima<

    >mima< Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Сакам годинава да си најдам еден нормален, асален дечко. Смачено ми е од мочковци со его до плафон и со IQ собна температура.
     
    На anggell, Trexane, Компир Манџа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Од секогаш сум му помагал на луѓето кои биле во тешка ситуација, сум сакал да се жртвувам за да им помогнам, без разлика дали ми биле познаници или не, секогаш сум се ставал себе си во први жртвени борбени редови за другите. А сега не можам самиот себе да си помогнам, никој не може да помогне, најтешката душевна фаза, овај внатрешен немир, сум го имал и ќе го имам во себе, уште од мали години, зошто сум преосетлива и чувствитечна личност која лесно и брзо се приврзува.. Душевната болка боли повеќе и од физичката болка. Сонував за внатрешен мир, чувство на безгрижност, чувство на љубов, топлина, искреност, само ова ми е потребно во животов, само ова. Од секогаш се залагав за овие принципи, се држев и се држам и ќе продолжам да се држам, срцето мие чисто како солза.. Но другиот проблем е тоа што од секогаш ја поседувам особината срам, од секогаш.
    Го добив се ова што го спомнав и сум среќен и благодарен, рака на срце, Господ ми ја исполни желбата, ти благодарам севишен а и благодарам и на личноста што ми го овозможи тоа.
    Но дојде тоа што ни најмалце го очекував, тоа чувство на срам ми направи да го прекршам едно од моите најважни карактерни особини до момент на самопогазување, дури ни самиот не се препознав. Но не можев, не можев.. Тој срам беше посилен од мене, бев решен да кажам дека е така, ќе кажев бев спремен, но за стотинка тоа чувство ме спречи.. што да правам, што да чинам, беше посилно од мене, посилен беше тој срам од мене, се повредив прво сам а потоа предизвикав и уште една болка кај најважната личност во мојот живот. Ми се сруши целиот сон кој го сонував, го снема како ѕвезден прав во ѕвездената галактика млечен пат.
    Сега се борам со се, како можеше ова да се случи, како.. Какво е ова искушение, сакав и јас да сум како другите среќен, иза прв пат бев како никогаш до сега, кој ѓавол ми го проработи тоа чувство на срам во мене, кој..
    Го изгубив мирот, спокојот, апетитот, желбите, и го имам само душа треперењето во средината од градите, штрекањето и тресењето, нормално анкиозноста си го зема данокот заедно со совеста.
    Не сакам да бидам сожалан, зошто ова сам си го предизвикав, а највеќе мие жал што истото го предизвикав и кај мојот втор најсакан живот.. Се покајав, и сам се проколнувам што дозволив чувството на срам да ме надвладее баш кога не треба.

    Верувам ќе се среди, ќе мора да поминам низ тесен и трнлив пат консолидирајќи и регулирајќи се што направив ради проклетото чуство, но само така се стига до рајската градина.
     
    Последна измена: 4 јануари 2025
  4. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Денес кога влегов во маркет прво побарав корпа за пазарење и веднаш добив претчувство како некоја личност ме гледа. Дигнав поглед и кога се гледам себе во форма на девојче само малку и беше посветла косичката во однос на мојата на таа возраст. Очите и беа полни со восхит, ширеа некоја топлина, откриваа низа нови светови штом пресретнеш сопствен поглед со тој, нејзиниот поглед.
    Се запрашав ист ли беше некогаш во минатото мојот детски поглед?
    Сум заборавила, а треба почесто да му се навраќам на детето во себе и искрено од се срце да го прегрнам и љубам, сакам.
     
    На Neptun's fog, Trexane, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.124
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е овие дена едно што ми навираат спомени од последната година со тато,на 09 ти јануари го изгубив засекогаш:u:
    Друго што после тоа никако не успеав да продолжам...(tumbleweed)
    Додатно на се тоа е шо не можам ни традиција да истерам или си направам нешто свое. Од друг дел на Македонија сум и кај нас паричка се прави за Василица. Ај тоа туку и си има ред за делење се знаело сме вртеле тепсија сме си одбирале ама редоследот одел прво дедо Боже па куќа па тато ,мама и ние децата. Молитва пред почнување и секако немаше станување од маса,прво во едно тањирче стававме од се што има за Господ па после ставаше татко ,мама па ние... Овде седнуваме ,секој си зима свое ,свекрва ми ко најстара си наведнала глава ќути јас ако речам се лути. Лани сама спремив се и убаво ми беше ептен барем на душава ,годинава станала раното она да спрема па се налути дека излегов... :wasntme:
    Молитва ? Па не сакаше да одговори дали сака сок (facepalm) а не па да каже молитва. Ни за Господ да се оддели ни ништо. Се најаде си зеде тиква и отиде во соба ,мм си легна. Јас со телевизорот и фемина... И сеа јас треба да се помирам со тоа дека додека живееме заедно вака ќе биде :whew:
     
    Последна измена: 6 јануари 2025
    На Anyshka, SummerGirl, Maca Macka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Голема е болката кога некој недостасува, кога трајно си изгубила сакана и блиска личност, особено во период на празници кога најгласно говори молкум тоа отсуство.
    Ама биди среќна имаш покрив над глава, што да јадеш, љубов покрај себе- сопругот, не знам какви ви се односите се надевам си имате комуникација, живот и разбирачка и дека имаш љубов во себе и пред се си личност полна со чувства, емпатија штом знаеш да цениш што си имала некогаш, да знаеш во што лежи убавината на празнувањата.
    Во семејството, слогата и заедништвото.
    Пополека се ќе се средува, ама и да не се смени, ти гледај си да имаш раат и љубов во себе и со сопругот, вие сте примарно семејство.
    Извини што те цитирам, ама осетив голема болка во твоите зборови и посакав ако не утеха да пратам преку збор.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Машки
    Порано ко беа дедо ми и мајка ми живи на овој ден вртевме паре, откако заминаа, јас и баба ми не вртиме... таа си седи во станот, јас дома, сами. :(
     
    На SummerGirl и Vikktorr им се допаѓа ова.
  8. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.124
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам ,ако веруваш ме расплака.
    Многу ми е тешко дека таа година единствено станавме сите од маса а тато остана сам дури и ми пречета мисла на еден миг дека може му ме последна година а сите го оставивме наредени покрај шпорет ,три дена потоа мислата зла стана реалност. Што тешко ја прифаќам ден денес се борам...
    Ако е ок жената и немате меѓусебни проблеми иницирај да почнете пак кратки ни се заедничките мигови си осетил ,направете да вредат
     
    На eliesaab и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Машки

    Нон стоп сум таму и преблиска ми е, ама ете за празници вака се чувствувам празно. И на некој начин и двајца изгубивме желба... за да се прави нешто..
     
    На SummerGirl, Трагедијаупмм и carangigia им се допаѓа ова.
  10. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Татко ти знаел дека сите прослави со радост сте си празнувале, со љубов и почит и пред се сте почнувале со молитва. Не се навраќај на тагата, тој ја знаел вредноста на семјеството и љубовта што ја носи заедништвото и слогата во него. Продолжи по неговиот пат и по начинот на кои сте славеле, по традицијата.
    Ти за себе прослави си на таков начин за кој си учена и го знаеш.
    Можеби со тек на време тој адет ќе биде прифатен и во новото семејство, а и да не е прифатен ти направи си го за своја душа во име на твоите, започни со молитва.
     
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.124
    Пол:
    Женски
    Веројатно чудно и е да иницира она или не знам.. пробај се :)
     
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм , знаеш колку ми фали славењето и обичаите што ги имавме во домот на моите родители. И таму со стари, со баба и дедо ама се знаеше ред и празник.

    Овде свекрва и свекор, не знаат ни Божиќ, ни Бадник, ни Велигден кога е ама демек ајде ќе глумиме едно среќно семејство со заеднички оброци на празници.

    И сега кога веќе ќерка почнува да расте и да може да учествува во прославите, не е којзнае колкава ама на 2 години, доволно голема да е со нас на маса, ние прославивме Бадник со турски серии.
    Да, не можеше серијата да се запре на 15 минути во мир да вечераме.
    Молитва е мисловна именка, седење на маса сите уште повеќе.
    Наместо да служат за пример и за нас помладите и за детето кое допрва учи, свекорите зедоа од храната и си седнаа пред Тв да не пропуштеле од епизодата. Тоа е битно.
     
    На Anyshka, SummerGirl, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Машки
    Баш го редактирав мислењето не сака ни таа... ја потсеќа на порано...
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    569
    Пол:
    Женски
    Убаво ми рече една пријателка, во животот ми требаат само 100метри да бидам оддалечена од свекор/свекрва. Најубаво и најздраво е да живееме сами, се разбира кога се има услови за тоа. Подалеку е поубаво, башка женава се препороди кога се преселија во свое еднособно станче. Среќни празници, ти посакувам повеќе убави моменти оваа година.
     
    На MeowMeow, Miss_S, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Ах колку недостасуваш...фалите сите, многу фалите.
    Ви пратив поздрави и честитки, се надевам пак ќе се видиме во иднина иако не сум полна со надежи дека вие сите ќе дојдете, најверојатно јас ќе ве посетам.
    Фалите многу, знаете.
    Се надевам и ние и тука ви фалиме и ви фали и ако не на сите, на Вас двајца барем.
     
    На carangigia и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.180
    Допаѓања:
    13.002
    Пол:
    Женски
    Има луѓе кои и од брат поблиски ќе ти бидат, само трпение. Не знам зошто се изложуваш на соблазнување на слики од профили. Ти направил услуга на некој начин иако не изгледа така. Што му водиш сметка дали ќе е сам или не. Тој тебе ти води? Не. Гледај твојот пат да си го исправиш, да си најдеш тоа што си бараш. А еден ден сам ќе си создадеш семејство - мисли на ова, место да се огорчуваш. Ич немој да ти придодава некој отстрана сол на рана, па да ти се меша. Сечи, ако треба поостро. Твојот пат, не заборавај.
     
    На Sinisa123, Трагедијаупмм и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.124
    Пол:
    Женски
    Извини не сум видела ,веројатно и е болно. Јас бев таква првите 2 години обичен ручек не сакав да седнам да јадам (за ручек се чекавме сите и секогаш јадевме заедно секој си имаше свое место. После брат ми седна на неговото ,ја меразев таа постапка) ги мразев судбината ,Господ ,лекарите секој оној кој сметав дека придонел... јадев и после 10 мин максимално го повраќав. Празник кај шо требаше сите заедно - набрзина завршував шо треба и станував... А потоа се преселив ваму ,можеби ако сум уште таму пак ќе ми е така....
    Арно рекла ама се зезнавме прво сами ние она ветуваше одделно ќе седи ,ние изградивме се и сеа мм не сака да слушне за селење.... она да се селела бидејќи нема ништо направено како нашла од свекорите така оставила на нас...
    @Miss_S Ццц ,среќа кај нас барем турски серии нема :)
     
    На Stark и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм , ни гледаме ние турски серии, ни пак често имаме оброк пред Тв. Посебно пак не дете да заучувам дека е правилно пред Тв да се јаде.
    Ама тие се дење, ноќе пред Тв и нема сека на 60+ години поправање на навиките и учење.
     
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.124
    Пол:
    Женски
    @Miss_S Те сфатив да ,уште во првиот пост...
    Ама м8јава не гледа или барам јас не сум ја видела пошо у нејзината соба си има тв а јас тооолку ретко влегувам таму шо не ни можам да приметам шо гледа.
     
  20. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува по толку време конечно откровение, конечно затворање на тоа што веќе одамна е започнато. И зачудувачки е што и тогаш и сега во истото време, како да добивам нова шанса за истото нешто и овој пат силно ќе ја зграпчам и мудро изиграм. Некако така ми наговести и сонот што вчера вечер го сонив иако малку ме потресе, ама ми укажа дека сум загрижена што значи ми значи оваа нова дадена можност.
    Не ми се верува се уште...се прашувам реалност е или не? Ќе се разбудам од сонот или не е сон туку тоа е само мојот сегашен живот?
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.