Се чувствувам многу стресно овај период, треба да научам нов јазик, го гледам како предизвик но сепак тешко ми паѓа тоа шо имам страв од неуспех, дали ќе успеам, колку е тешко да научиш сосема трет јазик, англиски добро разбирам но дали ќе успеам во ова, најдов курс но колку ќе можам да се посветам, мислам дека не држам доволно концентрација, како да си помогнам и да гледам полесно на ова, се ми е тешко не знам зошто, почнав да учам но дали дека поминале години од време кога се учи јас мислам дека слабо помнам кога ги учам лекциите, како да можам да се фокусирам од каде да почнам мислам дека ништо не ми влегува во глава...
Се почнува од почеток исто како и македонскиот што ни е мајчин. Ако имаш со кого да комуницираш на тој јазик така ќе ја извежбаш и комуникацијата. И тоа се учи. Ја на пр разбирам англиски ок и можам да сфатам странец ама не зборам со луѓе и моите дома не знаат па тешко ми оди комуникација. Затоа не знам што да правам. Да отидам во странство ради тоа се плашам дека ќе се изгубам.
Ни јас не можев да комуницирам на англиски пошто не ми е секојдневно вклучено во работа, но се разбирам си читам на англиски да речам имам средно ниво, но кога испадна прилика да зборувам со странец подолго време сите зборчиња ми се поврзаа некако шо станав подобра од шо бев, но ова е скроз различен јазик и мислам ништо не можам да запомнам, како да не можам ништо да постигнам и сто пати се навраќам на учењето..катастрофа ко да имам некоја блокада и стрес без причина, јас и така малце појќе се плашам од предизвици и од нови работи, дали има нешто за подобро помнење??
Па има еден трик може да се користи и за јазик мене ми има помогнато за др ствари. Сум успеала така да научам.Некад нешто коа не ти влага у глава. Земи на лист нацртај си со различни боици сите букви како се изговараат и пишуваат. И ако најдеш у книжара од оние стикерите залепи си на ѕид и секој ден ќе ги гледаш кога ќе се разбудиш. И така ќе ги запомниш. Не за џабе рекле повторувањето е мајка на знаењето. Само што ова ќе ти биде сликовито. Ем забава ќе си направиш од учењето и така ќе ти се смени перцепцијата дека тоа не е тешко.
Ти благодарам ќе пробам. Од стално тешко ми оди јазик се друго можам да научам и кога полагав се си учев ама јазик некако не ми оди..
Обиди се да мислиш различно. Тоа што мислиш дека тешко ќе го запомниш направи забава од него. Така полесно ќе ти го свари мозокот. Секако дека ова не важи за сите проблеми во животот. Можда требаше лп да ти пишам. Напомена: ова е само за учење на предмети или јазици. Животот си има други правила.
Знајш кај е проблемов учам го повторувам, еве лежам сега пред спијање ни едно зборче не ми иди, на шо учам толку време, а морам да научам желба имам но се ми е блокирано и да станам сега го читам добро се навраќам а после ништо не помнам,,, нешто за помнење на природна база или шо да е магична напивка нека е. Може треба по релаксирано и многу да не се надевам па нема да е глупо и два пати исто ниво да презапишам. За проблемите во животот знаеш кога идат кога обилно мислиме на нив, секојдневно, не мисли и немаш проблем а забавата започнува кога упорно сами си се закопуваме во проблеми
Понекогаш се чувствувам заглавена, таму некаде далеку во минатото и во иднината, истовремено. Не знам колку е паметно најблиската другарка, ако можам сѐ уште да ја наречам така, да ја пуштам да оди од мене. Не знам па колку е паметно да ја држам до мене. Испреплетени емоции, чувства, спомени и болки. Сакам еден ден на моите деца да им ја покажам и да им речам еве, ова е вашата тетка не по крв, туку по душа, ми беше најблиска, делевме се, секогаш и секаде. Се смеевме, се поддржуваме, се тешевме и се охрабруваме една со друга. Од се срце сакам да го издигна тоа пријателство, што некогаш беше многу силно, а денес, па скоро и да не постои....
Немој апчиња да зимаш никакви. Само за нешто ако не си приморана. А било бил да не ти паднале на памет. Б6 и магнезиум се витамини. Тие не се страшни многу. Но, да знеш сите апчиња имаат ризици. Прво крвна слика па апчиња. И после пак крвна слика да знаеш до кога да ги пиеш. Зашто има и предозирање.
Е ова. И јас се осеќам како да живеам во минатото и иднината. Сегде освен во сегашноста. Патам по некои спомени и моменти што се случиле, а и размислувам за како би ми било за 3-5-10 години. Се' освен сегашноста....
@Harley Quinn исто и јас. Еден ден сум ок и се ми е добро, друг ден размислувам за минатото и како се ми одеше по план а сега како понатака детето ми расте дали ќе му обезбедам квалитетна иднина, дали сум способна, еден куп прашања во глава. Исто така ми е криво што не сум храбра да заминам од овде и да почнам мов живот. Едноставно не сум среќна и задоволна со животот тука во мк
Се пронајдов во ова.. Јас допуштив поради недоразбирање и гордост да не се смирам со сестрата по душа иако си немавме нешто погрешено чисти глупости, а љубоморни иако најблиски луѓе од околината не сакаа да не смират од завист. Си поминаа многу години и многу сакам некогаш да ја побарам ама немам храброст зошто си мислам дека можеби се сменила низ годините па ќе и биде чудно, а јас, истата сум како тогаш но не знам дали некогаш ќе одлучам да ја побарам чисто онака да видам како ќе ни оди муабетот. Ах, колку е тешко да се случат такви пријателства во денешно време, за жал и колку е празен животот без нив.
Се осеќам како вчера да немав процесирано шо се случи и денес почнувам да процесирам. На два пати плачки ме фатија на работа. Концентрација 0, глупи грешки напрајв ама it's neither here nor there. Сакам да земам со нешто да се преокупирам ама во исто време мислам дека не е фер. И сум многу лута, многу сум гневна.
Луѓе, минатата недела бев претажна поради трагедијата, ама од понеделникот чувстувам неопислив бес во мене, се контролирам 1000% за да не избувнам за глупост.
Демек немаш понуди за пријателство и пораки на Фејсбук? Сигурно имаш еден куп пораки на фејсбук и инстаграм па и да си најгрдата на свет, извини вака. Излегуваш на дејт или само си ги игнорираш сите? Женско да неможи да си фати дечко треба да не сака. Машко да фати женски треба 1000 корпи да помине. Ајде доста плачи и земи смешај се со народ малку! И не се споредувај никогаш со другите зашто незнаеш никој низ што поминува за да мислиш дека ти си нешто подолу од него!
Фрлаш претпоставки за некој кој воопшто не го познаваш, и се гледа дека воопшто не си разбрал што сум пишала. Имам и пораки и сум излегувала на дејт, и да сакам да сум во врска само ради тоа да не сум сама одма можам. Ама ваљда не е тоа поентата, ќе сфатиш еден ден можеби. Темава не е љубовни проблеми и совети па да ми се обраќаш со не плачи. Ајде терај си.