И јас понекогаш така се осеќамкога на човек ќе му дојде преку глава, обиди се да спиеш подобро. Сонот е многу важен
Дали има некој сличен како мене.. Кога треба да патувам повеќе од еден час јас се чувствувам ужасно. Значи тогаш ме трефнува во кола паничен и почнува да ми се лоши. Посебно во ПМС, ептен тешко издржувам, во други денови за пола час, час ми се разминува ама како вчера на пример 8, 9 часа патување јас скоро цел пат бев со вознемиреност и паничен напад ме трефна Не сум имала сообраќајка скраја да е, брат ми имаше пред некоја година ама не беше нешто страшно само гребната кола малку. Не знам од каде ми е тој страв од возење. Ужас.. Скратени ми се многу уживања поради ова. Јас патувам не дека не, ама овој немир кога знам што ме чека, ми крати пола задоволство. Имам одбивност кон возење и страв и воопшто не се чувствувам убаво, како паниката ми расте во кола, баш тогаш ми доагаат во мисли сите стресови и лоши моменти што ги имам поминато. Некои и не толку тешки, мене во тој момент ми изгледа најстрашно нешто и добивам паничен Чувството е одвратноо. Одам на одмор, мене стрес ми е возењето Секогаш се напијам б витамини и магнезиум пред патување, ама џабе, во овие моменти тахикардии, стомакот ми врие, глава под стрес, аман Наскоро планирам и со психолог за ова, ама мислам дека секој страв ќе го победам овој нема
Имам еден дедо немал среќа многу и тој во љубовта се повеќе почнувам да мислам дека ја имам неговата судбина. Ама и многу убав живот си има, си шета, исполнет му е животот, за разлика од луѓето на негова возраст многу помлад е и по здрав, може и не е толку лошо да си сингл барем тоа ме теши. Секако она што јас го барам е многу ретко во оваа време и незнам кај да го барам и дали воопшто ќе го најдам... Изгледа многу тешко е да најдеш некој со кој ќе можеш да градиш нешто врз база на љубов, а не игри и корист. Може и ми се превисоки стандардите, искрено би била среќна и половина од тоа да најдам. Ме убива осаменоста, ме убива тоа што никаде неможам да си ја најдам среќата, тоа што неможам да си ја најдам половината на срцето. Се чувствувам како никој да не ме забележува, како да ми фали мене нешто и неможам да најдам каде грешам. Толку сум осамена што прифатив средба со некој кој што веднаш му ги прочитав намерите и знам дека ќе ме искористи или кој знае што сака од мене и ќе заврши за ден... Не сум сигурна дека сакам, ама и онака животот ми е катастрофа, никогаш и нема да се смени, се едно ми е дали уште толку ќе си го уништам. Може и лошо го прочитав дечкото, може друга му е целта..
не дозволувај осаменоста да те натера да го избереш погрешниот пат само за да не бидеш осамена. Друштво имаш ли? Другарки нешто... работи на себе вероватно имаш и работа. Посвети се на себе си а не на партнер. Излегувај со друштво забавувај се шетај во природа не се затворај во себе поради тоа што во моментов немаш партнер. Ако се чуствуваш лошо посети психолог но никако не дозволувај да си со некој (било кој) само за да не си сама
Ако сама со себе си осамена, џабе мислиш дека излегувањето со некого ќе те направи помалку осамена. Не носи избрзани одлуки и не прави (свесно) лоши избори. Тебе ти треба друштво, излегување и поддршка во процесот на социјализација. Дури често не е ни тоа решение, колку средувањето на односот сама со себе. Премногу си млада за да се плашиш дека ќе останеш сама. На крајот од денот, секој е сам (дури и со партнер). Никој нема да се избори место тебе со тоа што те мачи. Имањето партнер не те ослободува од тоа да се заземаш за себе. Нерешени стравови НЕ се заменуваат со имање партнер. Дури напротив, уште толку ќе се нурнеш во нив. Секогаш можеш да кажеш „не“ и не пишува никаде дека нешто мора т.е дека мораш да одиш. Така да, одбиј го излегувањето без грижа на совест и нека не те води стравот.
Немој толку сериозно да сфаќаш еден дејт. Излегувај и со "прави" и со "погрешни", во најмала рака ќе ја смениш монотонијата. Тоа не значи да прифаќаш нешто што не сакаш, туку скроз е океј да запознаваш луѓе чисто само за запознавање. Не оди толку далеку со длабоки размислувања од одма, остави малку работите да течат спонтано без да се оптеретуваш со судбини и друга половина.
Не најдов соодветна тема па решив тука да пишам. Веќе подолг период се соочувам со емоционално јадење/прејадување и не можам тоа да го контролирам посилно е од мене, накачив многу во тежина. Јадам кога ми е досадно, кога сум тажна или под стрес и.т.н. Дали некоја од вас се соочила со тоа и како сте го надминале?
Јас сеуште се соочувам со тоа и некоја храна ме прави среќна кога сум под огромен стрес, ми помогнува да се опуштам. Мислам дека е тоа на нервна база. Знам дека тоа не е добро и дека помага само во моментов. Не можам да ти дадам паметен совет како тоа да го надминеш, бидејќи и сама го немам надминато. Прилично се хранам нездраво. Пробувам полека со спортама не е лесно... И има денови кадешто мајка ми готви здрави или вегетаријански рецепти. Не знам што совет да ти дадам, извини.
Многу тензичен ден. Ке ликвидирам некој до вечер жими Господ. Не можам да го издржам овој притисок. Некој нека ми пише ЛП ако може?
И јас сум вака, а имам возачка дозвола веќе не знам колку време. Откако имам положено немам седнато да возам, додуша живеам во центар на град и не се појавила реална потреба. Си реков дека нема да си стварам притисок и дека ќе возам кога ќе се појави зорт (и еве кај и да е ќе се појави...), и јас планирам на психолог за истото. А што се однесува до патувања , не ми се стресни кога друг вози, ама 8-9 саати се предолго за било кој. Можеби да пробаш со драмина, јас ги пијам при летови со авион, само сигурно знаеш успиваат
Мислам дека некако почнувам да го мразам татко ми. Кога ќе се прашам сама дали го сакам, не можам ни да размислам самото ми доаѓа НЕ да речам. Не можам да гледам напред, пример да се одселам, зошто и мама не можам да ја оставам. Психички сум уморна. Не ме тепа или нешто такво, ама психички.. Се да му е погодено само за пиење. Не оди по кафани, ама дома се пијани. И немам грб мама мене ми се жали, место јас неа. Тоа уште повеќе ме повредува. Ме боли зошто мислам дека и во општеството сум забележителна. Пример, на моја бивша другарка (сега не се ни дружиме), мајка и и вика немој така, нема осетено татковска љубов а јас никогаш не сум се пожалила на никој. Дали е толку забележително? И тоа разговаравме дека не сакам врска, дека има време за се... Не се сеќавам што друго разговаравме и како дојде до тој дел, ама многу се повредив. Кога разговарам со други луѓе, кога ќе дојдат подлабоки теми, се спомнува дека и кога одиш со некој важна е фамилијата. А јас се срамам од татко ми. Кога и да пробам да разговарам со него, ми се дере. Како тој бил крив за се, сега сум нашла, а не разбира дека тој е голем проблем, и јас барам начин да го решам. Си купив и кола, и ја давам на мама да ја вози до работа кога е слободна, зошто другата е потешка за возење. Сега тој си зеде навика таа кола да ја зема, за кога ќе си бега од на гости мама да го вози, да може да пие. А мама никогаш за ништо не му се спротивставува. Ако и се дере и неа се плаши, тоест не сака да започни голема кавга за да слушам и гледам јас. И јас имам почит па тоа во себе го стегам и не можам да му се спротивставам. На битни места секогаш се пијани. Некогаш дури и ќе каже некоја глупост, јас чувствувам огромен срам и сакам да си одам. Поради него не можам ни со роднини да одам да се видам, зошто секогаш нешто ќе направи или ќе каже нешто, или ќе се испијани. Немам од кој пример да земам за да сакам некого. Секој проблем што сум го доживеала во животот, што требало родител да го реши јас сама го решевав. И тоа не обичен проблем.. Затоа што не можев на никој да се потпрам. Тој мисли дека ако работи доста е тоа да биде татко. Ова не го пишувам за жалење, туку како обид да си дозволам себеси да издишам. Ми требаше место каде што можев да не бидам тивка повеќе, затоа што молчењето ме гуши.
@Vitkano само слаби луѓе наоѓаат утеха во алкохолот. Ма се дават, мислам дека им годи таа состојба на нешто измеѓу свесно и несвесно и никако да сфатат како влијаат на блиските. Повредуваат, ама немаат како да им дојде на ум оти мозокот не им е ист. Испран им е. Не можеш да спасуваш луѓе. За жал, секој има своја лична битка. Ти, татко ти, мајка ти. Дури не почне нешто одвнатре да ги тера, сето е џабе. Ти барем си свесна, затоа гледај ти да се средиш. Те гушкам.
Како повозрасен ќе кажам само дека најверојатно го има погодено моменталнава ситуација со поскапувањава, со високи сметки, со отежнатиот начин на живот. Доколку се увиде на некој начин што поточно го маче и зашто пие толку можеби ќе има некое решение за да престане да пие.
Прифатив дека не можам да го сменам. Се трудам да ставам граница ако не прифаќа разговор, не разговарам. Не реагирам бурно, зошто искрено ни самата не знам што го мачело него за да одлучи да бега во алкохол. Многу тешко е да гледаш некој што го сакаш како полека се уништува, а со тоа и тебе те влече надолу. Се надевам дека еден ден ќе ме разбере некој и ќе ме прифати мене не според тоа каков е татко ми, туку според тоа каква сум јас. Се надевам и дека ќе знам да изберам во животот што не сакам за себе, а и што не би сакале моите деца да доживеат. Ти благодарам од срце. Те гушкам и јас. Не пие од сега, а немаме финансиски проблем. Само сега сум многу повозрасна и почнав да ги гледам тие работи..