@Vitkano Не си должна да го трпиш, ако имаш услов да се иселиш од таму, исели се. Мајка ти може да се разведе и привремено живејте заедно, ако он почне да ве вознемирува пријавете го во полиција. И не си ти виновна што тој не знае да биде татко каков што треба. И слободно влези си во врска, дружи се не бегај од пријателства поради тоа што се срамиш од него, нема зошто ти да се срамиш. Оној што те сака ќе те прифати таква каква што си и. И на крај сепак тој што се дружи со тебе се дружи со тебе не со твојата фамилија.
Medicinskiot fakultet vo Skopje takov kakov sto e, so ovaa generacija i rabotite sto se pravat na neferski nacin mi ja ugasnaa celata motivacija i mnogu me iscrpi ova psiholoski
Немам на кој да кажам дека сакам друга. Да беше жива баба ми, неа ќе и кажев, барем таа можеше да ме разбере, вака ќе си чувам за себе.
Чувството кога некој,во кој си ја имал последната надеж,ти сврти грб е .... гаден АМА Не може да трае доживотно Еден ден секако ќе помине #тешење
Живеам на различен континент од сите кои ми беа блиски. Сум во контакт се разбира овде имам пријатели ама не е тоа тоа се чувствувам осамено и тажно особено сега во бременоста можеби се хормони не знам.
Сакам да споделам некои животни лекции кои ги научив на потешкиот начин за жал, но никогаш не е предоцна да ги знае некој и пред да се изгори. Последниве години како да не ми дадоа одмор од некакви случувања, но сакам да верувам дека конечно се помирив откако сфатив некои работи. 1. Bare minimum труд од некој треба да те згрози, ако не те згрозува, време е да поработиш на самодовербата и самопочитта. 2. Некој кој упорно вика дека е емпат/чувствителен, но во реалноста тоа е само за своите чувства а не за другите, е нарцис/манипулатор. 3. Пријател со сите е пријател со никој, и пријател кој се претвора во непријател поради мало несогласување бил цело време непријател. 4. Никогаш нема да си збунета за маж кој има сериозни намери со тебе, оној кој е навистина заинтересиран би напрајл сѐ за да не те испушти, ако не те третира ко принцеза значи не те гледа ко таква. 5. Никогаш нема да искусиш омраза од некој кој е на подобро место од тебе. 6. Патетични драми над 25 години е срамно, пушти ги и најди си го мирот. 7. Да си го заштитиш мирот значи исто така да се помириш со фактот дека не им се допаѓаш на сите. 8. Ако имаш слаби граници и си наивна, луѓето можат и ќе го искористат тоа. 9. Сама не значи осамена, но осаменоста ме третирала подобро од секој маж. 10. Луѓето често не бараат совет, туку валидација. (Листата може да ја дополнам по потреба, because you never know )
Имам 20 години и искрено немам пријатели. Сум имала онака по некоја другарка како помала но сега немам никој. Кога сум во друштво тешко се вклопувам во муабет, секогаш сум јас таа што не збори. Се осеќам како да немам среќа а не дека не знам да се дружам. Не знам во што е проблемот.
Зависи од тебе дали ќе можеш, колку си упорна и колкав зависник си.. Инаку мислам дека не е проблем бидејќи јас кога постев сега за Велигден одеднаш престанав да користам ајкос и од тогаш решив да не користам повеќе и немам никаков проблем.
Пробај и некупувај кутија за резерва за во случај да не можеш, реши ги оставам и не мисли на нив. Ако мислиш дека не можеш од еднаш, тогаш на по малку, пример секој ден по едно цигаре помалку..
Изгледа сите факултети се такви и повеќето од студентите се исто така нефер. Не се разочарувај, не е до тебе. Заврши си го за сопствено задоволство и не обрнувај премногу внимание на лошите односи бидејќи не можеш да ги решиш. Системски е проблемот Ова не е ништо страшно. Секогаш има време за нови познанства. Некогаш не мора да е до тебе, туку така да ти се погодило. Има повеќе причини зошто е така, а во последно време зависноста од телефони го прави ова многу почеста појава од претходно. Ако мислиш дека не зборуваш во друштво, сети се на тоа и почни. Со малку повеќе храброст ќе немаш проблем со зборување.
Тоа што не збориш е од срам или во ниедна тема неможеш да се вклопиш? Имаш време за нови пријателства