Секој пат кога се каеш за изборот, сети се дека и другиот пат е полн со свои крстови. Нема лесен живот, само различни битки
Да само карактер,јак инат ,кога ке се појави најголема криза треба да издржиш верувај тој момент е одлучувачки дали ке продолжиш или не.ако оставиш цигари а продолжиш со алкохол секако со поголем внес на истиот те зафача голема криза да запалиш и обратно поради тоа најдобро и двете да се остават заедно.
Само со голема верба во себеси и упорност, во потешките моменти ќе ти биде потребно на нешто да се потпреш, да веруваш, да имаш само-поддршка. @МикиМаусовка
Дали ве фаќа меланхолија, онака некоја нијанса ве провејува и си заминува? Всушност, тоа ми се секојдневни мисли, како и тежина од секојдневието, од вестите. Во овој летен период тоа се: пожарите, грижата за природата, за куќите на жителите, несреденоста на земјава ми е вечна една јанѕа, грижа што не попушта. Финансиски дел, мој личен, работа. Здравјето, постојана мисла. Некоја своевидна анксиозност и некоја надеж некој да ме забележи, нешто да ме поттикне, да почнам да успевам во нешто, да се оформам, да знам на што сум, Не можам да објаснам некогаш колку глупаво се чувствувам.
Ехее, и тоа како. Јас пак се прашувам во денешно време дали постои така опуштен, безгрижен човек? Еве и во моменти кога дома се ми е ок, сите на број, живи, здрави ама секојдневните лоши случки ме вадат од колосек. Кој нормален не би размислувал и не би се плашел? Сега па на лето што не спијам од жешко, мислите 200 на час Плус и интернетот, иако се ми е избришано од вести пак излегува, да не имам потреба од него за некои работи би немала фб. Сега вестите не реметат, а покрај нив се останато што се случува и не е нормално.
Мене во последно ме револтираат оние кои не се грижат за тоа како вистина се осеќа тој пред нив. А ако почне да се збори, одма излегува дека се жали(?). Ко да се научени стално да се наметнува една (лажна) позитива што јас лично не ја обожавам. Не велам дека човек треба да кука, ама се изгуби осетот. Друг (подлабок) муабет, друго чувство околу грижата за тој наспроти. Како чекај, што прави? Добар е, онака вистина добар? Што му се случува, што прави кога никој не го гледа? Сега мислам доволно е да се каже Тему, за да се влезе во шаблон оти тек тогаш сите уста не затвараат и ни прст пред себе не гледаат. Не сакам луѓе кои зборуваат за Тему. За кликање. За шопинг. За акање по продавници. За прости рекла-казала муабети, за ситничарење, злоба, завист. Дури и социјалните мрежи со својот примитивизам на пренесување новости не ме допираат толку колку негрижата меѓу нас како човечки суштества. Немање поддршка исто, како стално да се буцка некого намерно за да се направи потажен, понесреќен, поотфрлен. Ништо, кажете Тему и сѐ е супер. Освен кога не е.
Баш тоа што го кажуваш боли на еден тивок начин – не гласно, туку како тишина меѓу луѓето што се прават дека слушаат. Како да е срамно денес да се биде искрен, кревок или просто човечки присутен. Луѓето не знаат што да прават со нечии вистински чувства, па ги прегазуваат со клишеа, со празни муабети и со таа маска на ’се е супер’. А реалноста е – не е. И е во ред што не е. Само треба да се има некој што ќе те праша: ’Еј, вистина, како си?’, и да остане тука додека одговараш. Такви луѓе се сè поретки, ама затоа и поскапоцени. А другото – сјај без душа. Кликање, поза, лајкови наместо допир. Искрено, од неодамна живеам во странство и овде отворено се зборува па дури и со комшиите, нема илузии создавање пред тебе, а живеат десет пати подобро од нас. Но ете Балканчето тој лажен свет зошто го живее не ми е јасно.
Во последно време доста често, а не мислев дека ќе биде така. Живееме во свет на поларитети, колку што има лошо исто толку има и добро. Сиромаштија постои само заради човековата алчност. Ова што ни се случува сега е доказ на длабока несвест. Само кога би знаеле што си правиме и како делуваме колективно...
Не знам дали е за тука прашањето. Кога треба да одам на работа тоа го правам со сила. Тогаш сум депресивна. Со сила одам, со сила работам, се е со сила. Работата не ми е воопшто тешка и ги имам сите услови но ете не ми се работи. И патот кој треба да го одам до таму ме мрзи, немам ни желба да се дотерам ни да се нашминкам, одам колку да сум средена само. Работам сама па претпоставувам тоа да не ме прави депресивна зошто сум сама на работа, сега наскоро ќе почнам на друга работа ќе работам со луѓе, па се надевам ќе се средам. Само со одење на работа го имам проблемов... инаку за шетање прва сум. Пијам антидепресив ама како да не ми помагаат во случајов.
Дотерувањето врска нема со тоа што си сама, па и јас сама кога сум била во канцеларија сум се дотерувала за себе. И баш мерачки онака сум одела, сум се правела. Никогаш не сум била депресивна, баш напротив. Демек ако си само меѓу луѓе треба да се дотеруваш. Ти вака потсвесно мислиш, затоа и така доживуваш. Грижата кон себе, ставот кон себе скоро и да нема никаква поврзаност со другите. @jasjasjas3
Имам другарка, една од најблиските ми е. Се знаеме повеќе од 10 години и многу ја сакам, но во последно време некако (свесно) се повеќе се оддалечувам од неа поради повеќе причини. Прва причина - Стои заглавена во минатото и ги вергла истите муабети веќе години наназад како ништо не и чини, како се некој друг и е крив или ја изнервирал за некоја банална работа, фокусот и е секогаш на жалење, шири неверојатна негативна енергија а очигледно не е свесна за тоа или така и одговара да биде жртва цело време, не знам и не можам да сфатам. Не работи на себе, не сака да мрдне и да излезе од комфор зоната, готован е, се да и е однапред на неа смислено и наредено а она само да се појави кај што треба, сите муабети што ги прави се ЈАС ЈАС ЈАС... префокусирана е на себе а за другите ја заболе уво. Овде се надоврзувам на втората причина - ако ти треба нешто или некаква услуга да ти направи, ќе има милион прашања, потпрашања и изговори и на крај одговорот секогаш е не. Секогаш трга од СЕБЕ, дали на неа тоа ќе и одговара а не го зима во обзир фактот дека тебе ти гори под нозе и дека ти треба она да истапи и да се покаже како другарка. Пример - веќе неколку пати ја прашувам да ми го причува кучето кога треба да одам некаде а не можам да си го земам со мене, знае колку ми е битно и џабе е, едноставно нејќе. Од сите другарки она е најслободна, зборам во поглед на обврски и слично, буквално ништо не прави освен што иде на работа, 2 пати у неделата на вежбање и толку. Нити искача, нити деца има, нити дечко има... И викам ќе ти дадам клуч од дома, седи кај мене олабави се, прошетај ја неколку пати и дај и да јаде и толку е, нема филозофија. ЏАБЕ 1000 пати имаме разговарано, и имам кажано многу работи отворено и све ок вика да свесна сум, ама нема никаква промена кај неа а веќе 5-6 години поминаа и јас стварно не можам веќе. На некој што не сака да си помогне ти колку сакаш помагај му џабе е, немам време ни енергија да ги зборам истите муабети и да ја слушам за истите работи да ми се жали постојано... Чисто да ми олесни пишувам, не сакам погрешно да бидам сфатена дека јадам г***а за неа ама ја претерува веќе. Што да правам, дали сте биле во слична ситуација? Не сакам да и го свртам грбот, ама полека ги губи луѓето околу себе го приметувам тоа а почнувам и јас полека да се оддалечувам.
@rainbowec секој помалку или повеќе е заглавен во минатото, некои прекриваат додека други вака гласно се жалат. И тоа апсолутно е избор на личноста. Јас не сум дружела напорни личности, ако приметам дека не ми годат, без разлика дали се имам дружено десет, па и повеќе години; но исто имам сфатено дека нема потребна сето добро или лошо поврзано со таа личност да го вадам на тацна (после донесената одлука), ако некогаш се најдам во друштво кое во некој временски период таа личност дружела (или дружи, небитно). Од ова второто гледам дека всушност ѝ се лутиш зашто не може/не сака (сеедно) да ти излезе пресрет. Дали ако ти услужува(ше), првото погоре ќе минеше? Имам милениче кое веќе спаѓа во категорија големо и никогаш не сум чекала/мислела/обврзувала некој да ми го чува. Ти тука малку ја извреѓа ко демек ништо не прави (нема дечко, нема деца, пу само работи и скраја да е, вежба). Пак ќе напоменам, тоа се нејзини избори, исто како тоа што имаш милениче е твој избор. Претпоставувам дека сега летово е проблем кој да го чува. Затоа има транспортер, пасош и дополнителна документација, пет френдли студиа и сл. Така да, колку што мислиш дека она не ти е другарка така и ти не си ѝ нејзе другарка. Чувањето милениче спаѓа во добра волја на некој/а што сам/а се нуди. Ама дека мора оти ти е другарка 10 години - не, не мора. Ништо не се мора ако не се сака (без разлика на тоа колку време се знаеш) оти сето усилено не е вистинско сакање, туку класично изнудување. Не навлегувам во тоа какви ви се дружењата/муабетите/длабочината, ама исто перцепцијата на „мора да ми се најде/услужи/да ми направи услуга/да ѝ вратам услуга“ не е другарство. Барем тоа е моја перцепција за дружењето и општо „наоѓањето“ човек за нешто.
Зошто се тогаш пријателите? За да ти се најде кога треба, ако @rainbowec ја трпи да се жали и слуша, треба и таа да се најде за нешто. Конкретно за кучето сметам дека нема простор за лутина од причина што не е мала одговорност а и не сака секој животни. Конкретно јас не би чувала ничиво куче, најмногу зајак што сум причувала. Околу тоа што постојано се жали, едноставно отворено разговарај и кажи и дека си тука за неа, но кажи и дека решение не се наоѓа со жалење. Подобро барајте решенија. И барај си да се разговара на други теми. Ова доколку сакаш да го задржиш пријателството. Ако не, сосема намалија блискоста.
@JasBee11 од цел пост ја сфатив дека ја трпи за да има само кој да ѝ чува куче. Ако слушањето токсични личности треба да нормализираме за возврат на услуга (во случајов куче), тогаш не е пријателство. Еве ако сака да ја слуша, ќе ја слуша и без да мора кучето да ѝ го чува. Ама ако вистина ѝ е токсична по нејзини критериуми, мислам дека одамна ќе прекинела комуникација.
@JasBee11 Секако дека сакам да го задржам пријателството, со неа имаме разговарано на темата многу пати досега но како да не слуша, во моментот ќе ти каже да разбирам за што ми збориш во право си ама па и во некои работи си е толку уверена и убедена што мислам дека тоа е веќе избор, mindset. @eliesaab скроз погрешно си ме разбрала, моментот со кучето го дадов како пример а има уште милион други ситуации каде што требало да ми се најде а не го направила тоа. Не ја извреѓав, туку сакав да кажам дека од сите другарки она е најслободна во поглед на обврски, а не дека ПУ САМО РАБОТИ И СКРАЈА ДА Е ВЕЖБА. И НЕ, не сум таков човек само од корист да се дружи со некого, да било така одамна ќе сум прекинела комуникација со неа. Не суди вака кога не ја знаеш целата ситуација и само од еден пост да донесеш таков заклучок. За ниедна работа до сега не рекла ок кажи што треба, без условување и наоѓање изговори зошто не може да ти се најде. За разлика од мене кога и да требало било што сум и се наоѓала, дали за муабет, дали за друштво, дали за помош. Епа извини ама пријателството е обострано. Кога ќе се чуеме на телефон, многу често се случува да се јави да си каже што има а мене воопшто да не ме ни праша како сум и што ми се дешава, туку да заврши и да каже еј ај ќе се чуеме. И кога сме седеле, многу пати ја приметувам дека кога јас и зборам нешто како да не е присутна, не ме перцепира што и зборам па затоа после извесно време кога ќе спомнам нешто од тој муабет што сме го правеле она ништо не знае, прв пат слуша за тоа. Не сум јас тип на човек што некого цени само за услуга, а ако ти си донела таков заклучок тоа си е твое. Сепак не ме познаваш, не сакам да бидам погрешно сфатена туку пишав за да си олеснам, нели темава за тоа е.
Сепак, пријателството се темели на взаемност, разбирање и поддршка. Ти тоа го знаеш – останува само да почнеш да го применуваш во однос со неа. Особено сега, кога ситуацијата веќе е стигната до тука. Кажи ѝ искрено, но смирено – секојпат кога нешто те повредило. На пример, тоа што никогаш не те прашува ништо за тебе. Не дозволувај таа да те потцени или игнорира. Ако не те праша како си – кажи сама: „Еј, добро сум, фала што прашуваш.“ Нека ѝ стане јасно. Ако се налути – нека се налути. И тоа е дел од зрелата комуникација.
@rainbowec нит осудив, нит ништо туку не одговора моето сфаќање оти пријателството не е давање/враќање услуги. За кое и образложив дека тоа е мое сфаќање општо кон пријателствата. Зошто продолжуваш да се дружиш е побитното прашање покрај сиве недостатоци, ситничарења, жалења од нејзина страна? Ова му доаѓа како ми пречи, ама ај ќе се дружам оти некогаш ќе ми запотреби за нешто.