Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    7.052
    Пол:
    Женски
    Пак заклучокот ти е погрешен на крајот, али и тоа е ок, твое мислење.
    На крајот да се согласиме дека имаме различни размислувања на една тема, и тоа е тоа. :)
     
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    57.589
    Пол:
    Женски
    @rainbowec те сфаќам, пријателството треба да е двострано, не значи тоа само корист или услуги, но не можи едната страна да се вложува многу повеќе од другата, а другата да не мрда од место. Те сфаќам дека ти значи таа ко личност, не велам да прекиниш сосема контакт со неа. Но добро би било да се "спуштиш" на некое ниво подолу, односно колку таа се вложува толку и ти. Исцрпувачки е кога ти сѐ правиш за да одржиш пријателство, а другата страна не сака ни за мала работа да се потруди со некакви глупи изговори. :) Себично е многу од нејзина страна, само таа и нејзините проблеми се центар на светот, а за тебе не помни вчера што си и кажувала. I've been there, сум толерирала свашта порано. Можеби ќе сфати дека луѓето се оддалечуваат од неа бидејќи постои проблем кој треба да си го реши. На возрасни луѓе не можиме да им помогниме за овие работи, треба прво сами да земат иницијатива да си помогнат.
     
    На JasBee11 и rainbowec им се допаѓа ова.
  3. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    7.052
    Пол:
    Женски
    That's my point.
    Не сум само јас таа што ги чувствува и приметува овие работи, туку и другите другарки и луѓе околу неа.
    Полека се оддалечуваат, чат пат се слушаат а се поретко се гледаат. Јас не сакам да се откажам од неа, ама не сакам ни енергија и време да вложувам таму каде што не сум ценета. Можеби ќе сфати (се надевам) можеби не, најмногу за нејзино добро затоа што ќе ги изгуби луѓето околу себе.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Машки
    Животот ме научи да се прилагодувам и да прифаќам дури и работи кои не ги сакам или никогаш не ми биле приоритет. Секогаш, луѓето кои најмногу сум ги сакал си заминувале токму тогаш кога најмногу ми требале. Но, некако, животот постојано ми нуди замени, луѓе слични на нив, на кои сум се прилагодувал, колку и да ми недостасувале тие вистинските.
    Поради тоа, денес можам да бидам среќен правејќи ги другите околу мене среќни. И не дозволувам ниту еден од оние кој останал покрај мене да зажали што останал.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.830
    Допаѓања:
    15.712
    Пол:
    Женски
    Не знам какво сакање е тоа да се зачува другарство, што и не личи на другарство.
     
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.045
    Допаѓања:
    130.989
    Пол:
    Женски
    Не вложувај труд во некоја која не ти го дава истото. Другарството треба да биде двострано.
    Не мора одма да се откажеш од неа, но за почеток оддалечи се привремено. Ем за свој мир, ем за да видиш дали ќе ѝ текне зошто останува без луѓе.
     
    На Sweetymk, joy1 и rainbowec им се допаѓа ова.
  7. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    7.052
    Пол:
    Женски
    Ок у реду, поинаква перцепција имаш од мене за тоа што е другарство, те разбрав. ;)
     
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.830
    Допаѓања:
    15.712
    Пол:
    Женски
    Не е саркастично, ама дружете сте ако веќе ви одговара и сте се нашле.
     
  9. ItsmeH

    ItsmeH Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Оф,од каде да почнам не знам .....

    Претешко ми е,многу ми е тешко.
    Ме повреди човек кој го сакав со цело срце,со цела душа.
    За него ќе направев се.
    Без да ми каже збор или два,ме обвини како да сум јас крива за се.
    Ја сврте ситуацијата против мене,а само сакав да знам дали е добро. И не беше воопшто,ама отсечно ми даде до знаење дека јас сум била само уште една играчка во неговите раце.
    Додека го пишувам ова срцето ми се крши,и плачам како некое мало бебе.
    Сум била искористена
    Физички
    Емоционално и накрај психички.
    Тортура до тортура ми имаше направено и накрај излезе дека јас сум таа што "сака да разори СЕ"
    Ме стави во ист кош со претходниот психички случај (твојата ех девојка) поради која за малце ќе завршеше приказната фатално.

    којзнае што се има случено и како си ја изиграл кутрата девојка.
    Едната страна ја знам,и верував во тоа што ми го имаше раскажано.
    Верував во тоа дека ме сакаш искрено,ама не било така.
    Само ме искористи ...
    Совеста ме јаде секој ден,ноќ
    Секое легнување се прашувам дали си добро...
    Секогаш ти давав нови шанси,глупава јас.
    Секогаш бев тука за тебе.
    Те будев,те сакав,те поддржував.
    Освен почит не барав апсолутно ништо друго,ама ништо.
    Зошто ми ја префрли цела вина мене,зошто?
    Зошто последно ми кажа такви тешки зборови,и ми напиша ОК ЗБОГУМ
    Од сета таа љубов ми остави само болка,за да можеш ти да живееш без совест? :)
    Јас си ги знаев моите граници,ама ти не.
    Јас не ти кажав ни збор.
    А ти ме остави како некое ѓубре.
    Зошто тогаш се преправаше дека ме сакаш?
    Зошто ми помогна,а сега ме донесе во тродупла полоша ситуација?! ...
    Којзнае во какви игри ме имаше сместено. Ама изигра на многу кукавички начин.
    На многу кукавичкиии нааачин,ако си маж,ќе беше секаде маж,а не само во живо,а позади телефонот пичка.

    не знам кој да жалам
    Дали тебе или себе
    Ама едно знам,не барам веќе да ме сакаш,затоа што јас кон тебе осеќам само гадење,после се разбрав дека сум ти била само обична забава,пополнување време или којзнае.
    Едно барам
    Да си ја прифатиш вината,и да ми ја тргнеш совеста која ме мачи со денови и ноќи. Да се извиниш.
    И да си признаеш ДЕКА МЕ ИСКОРИСТИ.

    и да знаеш
    Јас стојам зад секој кажан збор и ситуација. Не играм кукавички како тебе.
    Ќе се видиме пак
    Некогаш и некаде :)
     
  10. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е до пмс па толку емоции ме тепаат, ама вчера си плачев кога мислев на темава и реков да прашам дали и други вака се чувствуваат или ја сум будала тешка.

    Со другарка имавме тема на муабет дека и фалат нејзините многу откако се преселила и омажила во друга земја, дека годиниве брзо идат и нашите се многу остарени од порано и ќе бидат се постари, дека тие детски денови со браќа, сестри, дружби секој ден со нив се поминати и сега целосно друг и бил животот.

    И после тоа ме фати мисла некоја и некако "страв" за тоа, јас и во студентски денови со нив живеам, се немам одделено ич и многу сум блиска и со родителите, и со брат и сестра, особено после пубертет, па и сега сите пораснаа и баш се дружиме, ја сум прво дете и порано тие беа мали за мене :D.
    Си замислив како веќе ги гледам родителите се поостарени, па како ќе ни биде сите кога ќе си створиме и наша фамилија, сега сме толку блиски, а дали ќе сме во иднина не знам така со брат ми и сестра ми, и си се изнаплакав.
    Му спомнав и на дечко ми и вика и него слично му било некогаш кога ќе помислил на темава, исто и тој е доста близок со неговите. После ми вика не се секирај, секогаш ќе си блиску до нив и кога ќе се земеме, кога сакаш ќе си ги гледаш твоите, плус ти нема у друга земја да си, што држи вода така и ќе е во мој случај.

    Мене повеќе жал ми дојде што ги замислив така остарени родителите и еве веќе 2-3 дена мислата ми иде таму. Што ми го спомна другаркава муабетот, што ме растажи еве не знам. :D
     
    На Eunoia, JasBee11, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    7.052
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на сите ни паѓа тешко од помислата дека родителите ни стареат и дека за жал ќе дојде денот кога ќе ги изгубиме. И на мене често ми доаѓаат такви мисли за мајка ми, за кучето, општо дека животот е краток и дека колку ни е пишано толку ќе сме тука, ама затоа секој ден кога се будиме треба да сме благодарни за секој еден нов ден што го живееме.

    Јас никогаш не мислев дека ќе изгубам родител толку рано, ама никогаш не знаеш што носи денот и што те чека утре... Поминаа 2 години откако го изгубив татко ми, многу брзо се случи се во рок од 3 месеци од "здрав прав" го снема, никој не знаеше дека има рак, немаше ни симптоми ни ништо се додека одеднаш не бувна како гром од ведро небо... многу брзо прогресираше и веќе беше касно било што да се направи... само го гледаш како полека го снемува пред твоите очи, и го чекаш моментот кога ќе си замине... ;( ;( ;(
    Уште не ми е верно и не мислам дека некогаш ќе ми биде.

    Затоа пак ќе кажам, ЖИВОТОТ Е КРАТОК, да си го чуваме здравјето и да се грижиме за себе, да си ги цениме луѓето што се дел од нашиот живот и да бидеме благодарни што се будиме секој ден, секој ден да се трудиме да го живееме со полн здив.
     
    На Eunoia, Mumoftwo30, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Не си будала, воопшто. Овие мисли што ги имаш се сосема природни, особено кога човек е емотивно поврзан со своето семејство. Јас лично не го чувствувам тоа на ист начин, бидејќи моите не ми изградиле баш таков однос – никогаш не сум се поврзала толку длабоко, па можеби и не ми недостигаат на тој начин.

    Но, од кога станав родител, чувствувам сосема друг страв – страв да остарам додека уште им требам на моите деца. Од прва рака го знам тој внатрешен копнеж и потреба за родителска близина, и сега најмногу се плашам дека нема доволно да бидам тука за нив, зашто знам колку значи тоа.

    Твоите мисли и чувства се доказ колку си емпатична и колку ти значи семејството, и тоа е многу убаво нешто. Не е лесно да се прифати дека времето си тече, дека луѓето стареат, но токму тоа ни помага да ги цениме моментите што ги имаме сега. И баш тоа што си свесна за тоа – значи дека нема да го земеш здраво за готово времето со нив.

    Си ја отворила душата искрено и топло, и верувај, многу луѓе се пронаоѓаат во ова. :l:
     
    На Eunoia, rainbowec и marsilia им се допаѓа ова.