Можно е да имаш посттрауматски стрес. Тоа се вика тригер што ти се случуваЗеми апче за смирување, тоа веќе поминало што ти се случило, многу ми е жал, неможам да си замислам низ како хорор што поминуваш. Потруди се да не те кочи минатото толку многу Нема да ти се случи повторно, само си трауматизирана. Само мисли си дека ќе родиш живо и здраво дете и ти посакувам што поскоро да ја добиеш радосната вестти посакувам многу сила, издржи. Јас искрено се надевам дека се поминало добро на гинеколог
Да, и јас си мислам дека веќе имам пострауматско стресно нарушување. Одамна имам некое незначајно искуство со анксиозност, ама ова што сега се случува е неспоредливо и многу подлабоко го чувствувам. Многу се трудам, само излезена сум, не се затварам дома намерно, обврските ги терам, работам, гледам филмови, серии, имам голема поддршка од сопругот, ама... Длабоко во мене сум целосно претопена во она што се случи и тие слики се во мене, пред мене, како филм. Одам на психотерапија долго време, овој период имам чувство дека нема ефект. И денес, станав со некој огромен немир во мене. Сонував дека уште сум трудна и се чудев како ми е уште стомакот на мене кога знам дека сум се породила. Инаку, добро поминав на гинеколог.
Гледаш, ти реков, се добро ќе помине Ако психотерапијата нема ефект би ти препорачала да одиш на психијатар или психотерапевт што е стручен на темата траума /загуба. Освен што ќе ти препише лекови, ќе ти каже како полесно да се справуваш и да ја надминеш траумата. Тоа не се надминува за еден месец, треба време Твојот сон доаѓа од потсвеста, можно е, бидејќи му делува како да сакаш повторно да забремениш Само немој толку многу да го потиснуваш проблемот, да, точно е дека не треба да се затвараш дома, но одвој си време за себе и да тагуваш. Плачи ако ти се плаче, викај, сето тоа е нормален процес. Еве јас да споделам искуство иако мојов случај не се споредува со твојот: Кога ја изгубив баба ми не си дозволив да плачам, плачев ама само малку и после тоа сфатив дека неможам ни да плачамНе си дозвололив да тагувам и да плачам само за моите да не ги секирам. Иако многу тагував по нејзе со никого не зборував за тоа, дури ни со моите дома. После се си продолжи, јас одев на работа, иако често имав вртоглавица, плачев а незнаев што ми е. И сеуште ја немам преболено бидејќи таа ненадејно починамногу голем шок беше за сите нас.
Ах за плачење плачам, никогаш во животот не сум плачела олку. Но, не сакам да си дозволам сосема да прекинам со останати активности оти знам дека полошо ќе си направам. Ти благодарам за споделувањето. Жалам за твојата загуба. Во незборувањето со блиските го гледам најголемиот проблем. Таква култура сме веројатно, не знам ни со кои зборови да се изразам, избегнуваме емоционално обоени разговори. Така, наместо да зборуваме и да се поддржиме со најблиските тоа го бараме и го правиме по форуми, а поддршката од нив е многу важна во процесот на справување со загубата. Со мене, никој не разговара од ова тема, тоа е ставено под тепих, како да не се случило никогаш. Некои ми рекоа дека така побрзо ќе заборавам, некои дека тоа не е ништо страшно, некои дека неможам да очекувам сите да сочувствуваат со мене итн.
Барав некоја тема за другарства ама не најдов баш нешто што ќе одговара на тоа што ме интересираше, па можеби тука е посоодветно. Ме интересира за вас во средни 20ти што сте, каков ви е контактот и пријателствата со другарки што се иселиле и другарки од факултет? Порано со другарките цело време бев во контакт, на социјални мрежи, ќе си пишувавме бар 15 минути во ден-два минимум неколку пораки, па и повеќе сме контактирале, но последниве години се е многу сменето општо некако. Освен една најдобра другарка со години со која цело време стварно пишуваме и си збориме, се си кажуваме, секогаш е тука за мене и јас исто за неа, другиве често се случува и reels што ќе пратам да изигнорираат со денови и да не ми вратат ни на тоа, а вака да пишат први па ич не им текнува. Не дека сакам да се лутам, но многу ми е чудно на факултет на пример цели денови сме блиски се дружиме, се и сешто си кажуваме, кога ќе заврши сесија, цел месец никој не ми пишал освен јас прва некогаш што пишав и тоа краток муабет и толку, не гледам иницијатива и од другата страна. Од други градови ми се колешките, да бевме од ист град јас немам проблем и за излегување некого да викнам. На моменти се почувствував како само кога им требало да ме бараат и толку било. А, сите седат уклучени на интернет и не е дека 10 минути никој нема време бар во 5 дена да пишат на кратко. Со другарките што се дружиме со години и што се иселија, кога ќе си дојдат тука ќе се видиме и се е нормално, но вака со месеци сфаќам дека само јас нешто си кажувам за себеси, а тие ништо не споделуваат, дознавам за нешто по 6 месеци дури кога ќе дојдат тука. Како од најблиски другарки пред неколку години, одеднаш да сум станала тотално небитен лик во нивниот живот. Од една страна свесна сум дека сите си гледаат за себе, сега се години кога и кај повеќето веќе времето слободно да си го проаѓаат со дечкото е приоритет, не со другарки како порано и не сакам да очекувам многу од никого, знам дека е период за одмор особено лето и се. Но, кога подразмислив сфатив како повеќе од месец дена само јас прва барам голем дел од луѓето и ако престанам да пишувам целосно тие контакти веројатно ќе прекинат. Вака имам прекинато порано некои пријателства, но тоа биле поретки случаи. Сега и ептен блиски иселени другарки со повеќе од 8 години дружба почна да ги снемува, што искрено малце ме шокираше. Толку ли сите отуѓени станаа, да немаат време за другарка во неделата 15 минути да направат муабет...
И мене ми се случува да не вратам, некогаш ден може да фати, стварно..или не ми се допаѓа шО ми праќаат или немам желба за пишување. А и онака, општо...ретко отварам во последно време инста.
Па не е само ден работата. А и сум риплајнувала и на стори да се најдеме во муабет, да прашам како се, ќе вратат, краток муабет и по 5 минути завршува муабетот, а претежно се приметив и дека јас водам иницијатива за муабет. Седат на инста, ставаат сториња и слично. Сме збореле и на messenger, не е само инста. Веќе и прекинав reels да праќам пример кога некој со денови не вратил на тоа...
И мене ова ми се случуваше порано, скролаат по цел ден, гледаат рилс ама за културен муабет немаат време. И сфатив дека си имам работа со празноглавци што од толку дремење на инста немаат што да кажат во real life и така полека се проретчија. Сега си правам муабет со блиски само на вибер ама гледам онлајн комуникација да ми биде само договарање за гледање. Мразам долго допишување.
Преку глава ми е од све. Буквално од сѐ. Собрано ми е све. Кога не очекував све ме стигна и ми тропна на вратата.
Нешто слично и мене ми се случува... и не сакам да мислам дека е нормално. Не е животот само кариера, материјално, дечко/маж... животот повеќе нешта го прават да е вреден. И јас гледам кај мене дека обично јас сум иницијатор, ама пак од друга страна, полесно ми е да си ја гризнам гордоста и да задржам конекции со луѓето што ми значат и кликнуваме, отколку да ги изгубам. Имам дечко и пријатели кои ги имам преку него запознаено, и искачаме стално, се дружиме, забавно е, но сепак тоа се заеднички пријателства. Никогаш не сум одобрувала вака целосно посветување на дечкото... да ќе ти посветам време, ама и за мене ќе си одвојам еднаш во недела со другарка кафе да испијам или да правам било што, што ми било од претходно кога сум била сама. Сум имала кратки прекини на врската, и не е убаво кога ќе те удри реалноста дека ете, на тоа што се „потпираш“ цело време може многу лесно да го снема.. од тогаш јас сум си на прво место. Се посветувам и на врска и на кариера, ама си ги чувам и луѓето до мене, макар и јас била инцијаторот поголем дел од времето, не ми смета тоа воопшто. Во долгите пријателства има нешто скапоцено и си ги ценам. Грб ми даваат, некоја потпора дека ете што и да се случи, тука биле и ќе бидат. Не мора време да поминувам само со луѓе од кои моментално имам „некаква корист“ како што се заеднички пријателства со партнер, колеги моментално од работа и слични конекции...
Исто мислам како тебе. Имам долга врска, но во неделата најчесто 3-4 дена поминуваме со него, секако имам време и за со другарка да се видам, а и тој со другари, не сум тој тип секој ден со дечкото да сум. Машките ги забележувам општо како повеќе да си ги ценат и чуваат пријателства, дечко ми повеќе од мене е во контакт со другарите и секоја недела или преку две недели се гледа со нив. Додека кај мене се случува и еднаш месечно или на 2 месеци да се видам со некоја другарка, бидејќи се немаат време или често е дека нешто со партнерот имаат договорено. Ако не иницирам излегување, па ретко и кога некој ќе спомне за излегување. И јас прегазувам гордост и не сакам да гледам на тоа дека само јас прва барам некого, често и ми викаат многу си комуникативна, друштвена, лесно со тебе човек прави муабет и се здружува... Само, ете некогаш и мене ми е криво само јас да сум таа што ми текнува на другите да ги побарам и се чувствувам како будала, а не како "комуникативна".
Во право си и за ова дека машките си ги одржуваат пријателствата. Чист пример е моево друштво од средно. Јас не живеам во градот во кој пораснав, но од цело друштво од детство што го имав само едно девојче од друштвото остана бидејќи е пар со другар од истово друштво. Другите ми останаа само машка екипа и кога и да си отидам дома со нив искачам, понекогаш и нивните девојки се таму, ама се случувало на кафе да седнам и само со машка екипа. Цела среќа дечко ми знае дека од деца се дружиме и никогаш немало и нема да има нешто со нив, па не ми прави проблеми. Мене ми се битни тие пријателства, батерии полнам со нив. Ќе ме потсетат на деновите кога немавме ниедна грижа на овој свет и убаво ми доаѓа да се оддалечам од секојдневието, некако посреќна сум.
Така било и на времето. Зошто толку жениве попрво очи ќе си ископаат него да истераат пријателството.
Не си сама, иста приказна и со мене. Многу пати сум иницирала и на крај престанав и поради тоа што престанав да иницирам, со некои од нив воопшто се немам ниту еднаш чуено со месеци а со една скоро 2 години (конкретно со оваа секој втор ден бевме заедно). Само со една другарка сме во контакт и она иницира ама штета што сме далеку и со еден другар. Друго све во неповрат отиде. Порано ми беше криво, сега се навикнав и сеедно ми е.
Мислам дека многу случаи се вакви на овие години. Во 20тите има најмногу привремени луѓе, ќе запознаваш и ќе губиш контакт со многу од нив. Лично јас имам другарки една од детство, една од средно, и некои сега од adulthood. И нормално сите се на различни страни со различни обврски, но наоѓаме време да се дружиме кога можиме (и секако тоа е за викенд). Немам онака друштво на едно место и кога ќе ни текни да излезиме на кафе или сл. Не знам дали е до времето или годините, или двете но ова некако го прифатив дека е додека си млад и без обврски. Имам и некои што се повеќе познаници отколку пријатели, и со нив не се гледаме пречесто, но ми прија дружбата. Исто така мнооогу луѓе со кои така сме изгубиле контакт, од сите периоди на животот, бидејќи многу кога ќе тргнат по некој пат, и ако не сте биле особено блиски се губи контакт. И секако оние пријателства кои се распаднале for the plot. (Мада ко ќе се сетам вака, од моја страна не сум ставила никогаш крај на пријателство, секогаш била другата страна што повлекла). Морам да се согласам дека луѓето се многу здивени сега, и можеби ќе звучам ко бумер ама навистина изгледа it's the damn phones. Ќе скролаат рилс цел ден ама нема да пишат некому како е. И фактот што имам блиски луѓе што се бројат само на прстите од едната рака пак ме прави среќна, бидејќи тоа е привилегија во денешно време. Не е само дејтинг светот појден во неповрат, ми се чини голем дел и пријателствата се. Spoiler Инаку исто да спомнам во овој пост кога веќе почнавме да зборуваме за пријателства, ако некоја е од Битола и ѝ фали да излези и да се дружи, нека ми пиши слободно.
Mislev deka samo kaj mene e taka ama po poslednive komentari gledam deka i drugi devojki minuvaat niz istoto, i nekako polesno mi e,svakam deka mozno e i da e do samite godini. Sme porasnale sme se oblukuvale kako karakter, sme fatile razlicni pravci vo zivotot so razlicni luge,nekoj maz deca nekoj rabota vo stranstvo ili ednostavno sme izziveale se i eve deneska sabotno na primer ne izlegov nigde gi prasuvam site kaj si sp eve doma odmaram,znaes site porano na edno mesto zaedno u maalo na klupa a sea site po doma sami na telefonot..ili mizerni stanavme so tehnologijava ili ednostavno porasnavme nemame veke 23 26 tuku site sme +30 i kako babi sakame doma pod kebe da gleame serija so caj ili kafe nego da sme nadvor negde
Најлошо нешто е да се споредуваш со некого а и не знам зошто е потребно. Гледај си за себе. Постави си желби и планови. И почни постепено да работиш на нив. И малиот чекор е знак дека движиш. Ставај фокус исклучиво на себе!!!