Некогаш мразам што имам добра душа. Многу пати сум посакал на некои луѓе, што иако знаеле и со намера ми нанеле болка, да им се одмаздам, да отидам и дупло да им вратам. Сум го имал најдобриот план за одмазда, таа желба некогаш ми стои многу долго и така се враќа секогаш кога ќе се вратат сеќавањата на таа личност, ама некако секогаш истите мисли ме запираат "можеби не сакал, можеби згрешил, можеби не знаел, можеби не бил свесен, а што ако тоа многу го повреди, што ако тој/таа не доволно силна за до издржи тоа како јас" и секогаш истото се прашувам "зошто имаш толкава емпатија и љубов кон луѓето што за тебе немаат ни трошка? ". И секогаш ама секогаш прв ќе трчам да помогнам или да ги тешам луѓето што се радувале кога јас сум пател и ми требала нивна помош. Понекогаш толку многу сакам да бидам од оние луѓе без чувства, без емпатија. Многу верувам на луѓето, и се заборавам себеси за да трчам по другите, толку многу што секој кој што знае ми ја користи таа слабост, а јас сум толкава будала што и да знам дека ме лажат јас одам и помагам.
Делумно си во правосо некои човек не заслужува да биде добар, а не па некои што те искористуваат и ќе те трауматизираат за цел животТрпиш, молчиш, ама не се издржува. И јас едно време имав многу злобни луѓе околу мене: Трпев, игнорирав, ама еден ден ми пукна филмот! Толку издржува психата. Кога е човек наивен е убаво, има предности, не значи наивен автоматски глуп чоек... Веруваш во добро едноставно Ќе ти дадам совет: Го разбирам твојот гнев и фрустрација, меѓутоа никогаш немој да се одмаздуваш, колку и да те повредил некој. Тоа е знак на незрелост, зошто ти да се спушташ на тоа ниво? Прекини секаков контакт, игнорирај или реши проблем со разговор. Одмаздата не е решение, туку ќе ти донесе многу проблеми со кои подоцна ќе се каеш Убаво е да се помогне на некој, ама не премногу затоа чувај се
Сакав да го кажам истото, одмазда никако, па уште со правење планови со се. Едноставно луѓето се несовршени суштества, нешто прават намерно, нешто ненамерно, некој толку и знае. Сето ова не вреди твојата енергија да ја трошиш за горчина и одмазда. Убаво кажано:
Имам една бивша другарка сликарка која многу се дружевме порано но за жал прекинавме со дружењето според нејзе ја сум направила 4 грешки и затоа прекинавме да се дружиме, сега случајно отварам во нејзин профил и гледам направила уметничко дело а во тоа уметничко дело не опишала мене и нејзе мислам опишала ова е едно другарство (мислам не ги сликала нашите ликови) нашите 4 грешки ги опишала во тоа платно со тие бои, позитивни и негативни моменти се тоа низ платното, јас искрено бев изненадена не очекував вакво нешто. Прашањето ми е што значи тоа да ве слика на платно некој што сте му биле пријател?
Јас лично го доживувам тоа како убав момент. Кога некој ќе те претвори во уметничко дело, значи дека оставил силен печат во неговиот живот. Иако вашето пријателство завршило, факт е дека си ѝ била доволно важна за да се инспирира и да ја преточи вашата приказна во боја и форма. Уметноста често е начин човек да изрази чувства што не може со зборови – и убави и болни. Така што, за мене тоа би било знак дека сепак вашето другарство имало смисла и оставило трага и дека на некој начин сакала да го „зачува“ тој дел од животот. Ако ти е важно повторно да се зближите, сликата може да биде добра поводна точка за разговор. Ако пак не сакаш да се враќаш назад, можеш само да ја цениш како еден убав гест што кажува дека сте имале вредно пријателство.
Не знам, а и ваљда никогаш нема ни да дознаам. Пошо кај ќе најдам другарки што ќе ме сликаат на платно?
Луѓе ги кажувале најубавите и најромантичните работи, направиле многу за да веруваш дека те сакаат за на крај да речат само "lol no forget about that jk". Женети мажи со фамилии ти лајкаат објави на инста од пред некое време и ти пуштаат реакции на стори. Слушаш муабети од други дека мажи во врска/брак што си ги објавуваат љубените во секој момент дека им пишуваат на трети личности дали се слободни вечерта. Опседнати мажи што не можат да прифатат "не" за одговор ги убиваат поранешните партнерки ко да им е хоби. Комшиите над тебе во брак одвреме навреме ги слушаш како урлаат за бог знае што. После сѐ ова стварно треба да си позитивна личност, и малку наивна со розови наочари за да продолжиш да веруваш во љубов. Секоја чест на тие што ја пронашле и што не спаѓаат во категориите погоре (и што се надевам нема некогаш во иднина да спаѓаат). Но мислам дека отрпнав од сѐ. Одамна не сум се почувствувала онака на фаза на заљубување вистинско, кога нештото води некаде. Како сосема да ми заледија чувствата. Можеби е траума, или можеби уште не се појавил тој кој би покажал и докажал како се сака. Или можеби двете. А ќе се пукам попрво отколку пак да се најдам свесно во ситуација каде што нема да ме ценат, поарно е да е сам човек наместо тоа. Но животот е непредвидлив, којзнае што ќе биде. Спојлер Disclaimer: Things said during PMS might be regretted later.
Денес е еден од најтешките денови во мојот живот. Моето мало, само две годишно внуче, мора да ја помине најтешката операција за тумор на мозочето. Само неколку дена пред неговиот роденден ја добивме оваа страшна вест. Срцето ми е тешко, болката е неизмерна. Ве молам, добри луѓе, да се обединиме во молитва и позитивна мисла. Да му посакаме сила, храброст и исцеление. Верувам дека ќе излезе како вистински херој од оваа голема борба.
Не можам да поднесам негативни луѓе што се во животот гледаат на негатива и сакаат само да ги жалиш. Get lost
Можеби му треба сесија кај психолог. Јас најчесто ако гледам дека ми се понаша така, им велам да си закажат за да си поразговараат.. Може си имаат некој проблем.
Јас ништо повеќе не им велам туку ги бришам од живот не можам да се замарам со луѓе шро сакаат да бидат сожалувни и само глумат жртви. Имав таква другарка значи пробав да и помогнам гледам ништо не превзема само сака да кука ајде кукај си на други само игнор и толку.
Ти си знаеш како е најдобро. Имам и јас "жртви" со се погодено во животот и пак се жалат. Се погодено, до фамилија, деца, коли, веспи, дома мебелот со тонови, државна работа и пак не му чини.
Господ да е со негода го чува и пази. Туморот е ѓаволска, проклета болест што не му ја посакувам на никого, а камоли пак на дете! Знам дека е претешка ситуација, но сега несмееш на најлошото да мислиш, ќе се излечи внукот твој, бидете силни!
Тажна сум. Детето не може да се привикне на градинка. Цело време плачи морам да го земам и со тоа навечер нен спие плачи,штрепа... Не можам веќе... Глава ме боли..душата повеќе.. и мене ми се повраќа од ситуацијата. Има 22 2мсеца не зборува мн. ,има страв и не знае да се брани...