Не знам што точно го плаши ама за утеха и јас сум плачела првите 3 месеци нон стоп дури наместо во креветче сум спиела на маса. После тоа се привикнав толку убаво ми беше, немаше учителка што не ме знае цела градинка ја шетав. Најверојатно е период на транзиција, ама треба и да се провери и што точно го одбива (мајка ми првите денови ѕиркала низ прозор да види како не гледаат)
Дали некој се соочил со социјална анксиозност и како сте се справиле со тоа? Сметам дека страдам од истово, имам проблем кога треба да разговарам со луѓе ( само со најблиски немам ), се препотувам, ми трепери гласот , се кочам од срам. Ми треба многу време за да се опуштам во разговорот со некој. Имам многу ниска самодоверба.
Една чашка ракија пред разговор и се ќе ти помине. Се шалам... Работи на себе, прво размисли што е она поради кое што имаш ниска самодоверба, има нешто што сметаш дека другите се подобри од тебе? Опушти се, никој нема на ништо да ти замери, а и да не ти е гајле што мислат луѓето.. Ако не можеш сама побарај помош од психолог. @SunnyGirl2 Мало е, се му е ново ќе се навикне. После градинка носете го да прави нешто што сака.. Или ако може дур се привикне порано земајте го нека поседи 1-2 часа. Возрасен човек се одели од некој сакан па му е тешко, замисли каком му е на мало дете што цел ден поминувало со родителите..
Имав еден период(имам и сега ама најдов ете некој начин да се справам) кај што исто ми се случуваше и тоа на битни настани каде што бев јас таа што мора да зборува и бев центар на внимание ми се случуваше како да немав здив да се доискажам како некоја такихардија чудно се осеќав, или гласот ќе ми трепери до момент да престанам со зборувањето и тоа е тотален хаос и борба... Ми помогна претходната психичка припрема во смисла го можам тоа јас и правилното дишење кое навистина помага во тој момент и мислите насочени на скроз друга страна во смисла размислувај на нешто што те исполнува па со самото тоа ќе се надополниш во таа ситуација да постапиш убаво.
Знам како се чувствуваш. Понекогаш и јас не сакам да разговарам со луѓе. Не сум сигурна дали во мојот случај е социјална анксиозност, но тоа и не е толку важно. Промената нема да се случи преку ноќ, но за почеток би било убаво да пробаш со медитација и да се обидеш да го регулираш дишењето за да се смириш. Кога ќе се смириш и ќе си кажеш себеси дека си безбедена, дека си добро и дека твојата вредност не зависи од другите луѓе, ќе сфатиш дека без разлика дали е секојдневен разговор, интервју или нешто друго, сè ќе биде во ред. Никој не е подобар или полош од тебе. Сите имаме свои силни страни и слабости, па нема потреба да се споредуваш со другите. Не размислувај : „Што ќе мислат за мене? Што ќе кажат? Што ако кажам нешто и се посрамотам?“ Кого му е грижа? Искрено, повеќето од нас се толку во своите глави што мислиме дека другите ни обрнуваат премногу внимание, а во реалноста, повеќето луѓе мислат на себе. Тие буквално ќе заборават што си кажала веднаш штом разговорот заврши, па не вреди да трошиш толку многу енергија и да размислуваш премногу за целиот процес. Едноставно обиди се да се опуштиш. Можеш да пробаш постепено. Ако си со луѓе, не мора да разговараш со некого со часови. Почни со неколку минути. Ако се чувствуваш добро, продолжи; ако не, едноставно напушти ја просторијата. Повторно, обиди се да се смириш, диши и кажи си дека си безбедена, дека твојот внатрешен систем е безбеден и дека не си во никаква опасност. Не брзај, дозволи си да се навикуваш постепено. Во ред е ако понекогаш се чувствуваш несигурна или ако разговорот не тргне како што сакаш. Биди трпелива и нежна кон себе. Само со трпение и внимание кон себе, ќе почнеш да се чувствуваш посигурно.
Тажна сум... лута, гневна, разочарана. Имам дете од 5 ипол години кое е доста темпераментно, инаетливо и од такт ме вади во одредени ситуации. Неможам да се контролирам. Бремена сум 16 недели со второ дете и секој ден се осеќам се полошо бидејќи мислам дека нема да бидам доволно добра мајка да се справам со двете деца. Згора на тоа свекрвата само памети околу и се меша во се иако и зборуваме со сопругот и двајцата... Предмалку ми збори како снаата од брат и велела од каде сум била бремена 4 месеци кога воопшто не ми се познавало ништо, као демек јас лажам. Незнам како да се справам, се трудам да бидам смирена но ете не успевам, се нервирам и плачам
Samo na ignor I podaleku od toksicni lugje , uzivaj vo bremenosta I sekako deka kje bides najdobra majka na dve deca majkata ima ljubov za site deca .
На се секирај ќе си легнат коцките. Во слична ситуација бев плус стресови со здравје на мм и малку позлобни коментари од свеки...ама еве ме денес со сонце од бебе ,поголемата не се смири нешто многу ама не е како што очекував дека ќе е лоша со бебето се на се одлично сме.
И јас бев таква се додека не ме погоди една случка. А дотогаш .... Кarma never forgets, it just waits for the right moment.
Не верувам многу во карма.. Мило ми е и што и кога сакам не можам да бидам како нив.. Дури и да постои карма и да им се врати и да мора да почуствуваат од некој она што сум почувствувал јас од нив, мене жал би ми било за нив.. Ама не го сакам тоа во мене што секогаш другите ги става пред мене, дури и оние кои можеби и не заслужиле..
@srce-9 П.с за коментарите на свекрвата само отсечно пример Не знам со снаати да не треба да ве земам на гинеколог да прашате како ? Или уште поубаво избегнувај контакт еве јас со мојата во заедница па не и зборам ептен ако дојде некој за да не пукаат сеир
Луѓее, ве молам за совет. Работам во дом за нега на стари во странство, full time во смени, многу ме исцрпува повеќе работата ментално, но и физички. Јас сакам со стари лица да работам и барам алтернативи, а рекоа дека таму за нега барале затоа што им фалеле луѓе во таа област! Проблемот е што кога ќе дојдам дома паметот ми е само во работата, сум тотално апатична, немам енергија за ништо, не сакам ништо да правам само да спијам и сум многу понервозна од вообичаено, некогаш плачлива ако ми се собере. Кога имам слободен ден ми паѓа тешко да се опуштам, шетам ама не често. Или муабет со блиските. Тоа само краткотрајно помага. Што можам да направам? Имате ли совет за мене?
Колку време ти е вака? Совет или ќе отрпнеш и тоа што е на раб.ќе оставаш таму да си остане или менувај работа, со вакви емоции брзо ќе прегореш.
Ти благодарам за советот. Од пред еден месец ми е вака, а со работа почнав во август. Прво започна со драстични проблеми во спиењето. И негативна почнав да станувам, да заборавам важни работи... Или пак кога сум сама ми се случува погледот да ми закочи во ѕид или на паркет и дури после приметувам дека сум се загледала! Се трудам и тоа од работа да не го носам дома, за жал не ми иде секогаш. Пробувам да се опуштам со клипчиња на јутуб, разговарам, се трудам да останам позитивна, многу. Не знам што ми е, сакам сама на себе да си помогнами ќе го сторам тоа. Од момент на момент може да ми се промени расположението, а многу си ги контролирам емоциите.
Јас целосно те разбирам како се чувствуваш. Реално секоја раб.не е за секого, особено оваа твојава за почувствителни лица. Убаво е што практикуваш техники за опуштање, се надевам ќе вродат со плод наскоро.
@Лејди Гага можеби не е оваа работа за тебе, те исцрпува, не те исполнува. Преспецифична е, а и богами тешка, па не е чудно што се осеќаш вака. Доколку можеш мењај. Не вреди ниедна пара, ако ти причинува голем терет. А и ко шо сум те читала премлада си, па ваква работа за млади, шо знам, не ми иде..